Здраво. Дали некој имал искуство со телоген ефлувиум. Јас од крајот на Март имам дифузно опаѓање на косата загубив 70% од косата. Посетив многу доктори никој не знае која е причината. Хормони, тироидна и железо се е во ред. Земам суплементи, здраво се хранам. Пробав Алпецин, домашни шампони со лук, ампули и триста чуда, пробав и рицинусово масло ништо не покажа никаков резултат туку косата повеќе опаѓа. Појдов и во клиник 101 каде ми дадоа некои тоници кои се доста скапи но и тоа не помогна. Ве молам ако некој имал искуство со ова или познава некој кој поминал низ ова нека ми пише. Ми треба сугестија ако познавате некој добар дерматолог во очајна состојба сум.