Темпоромандибуларно пореметување (TMD)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Emotional123, 1 октомври 2017.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    40.002
    Пол:
    Женски
    Дислокација на вилицата и дисфункција на вилицата.
    Дали некој го има овој проблем?
    Како се дијагностицира? Кај кого?
    Дали сте имале ваков проблем?
    Дали може да предизвика поголеми и посериозни проблеми?
    Јас имам веќе долги години проблеми со вилицата. Големи- огромни болки, стискање на вилицата, болки во ушите и вратот и сл. Бев кај многу забари и никој не ми кажа НИШТО. Читав на интернет колку можев за ова ама сакам да знам кај нас во Македонија како иде постапката и кај кого да се обратам.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Треба да се најде причината за оваа состојба. Може да биде вродено, може да биде и стекнато. Вродена сублуксација на зглобот има кога зглобната јамичка е плитка и при посилни движења доаѓа до изместување на чашката.
    А почесто е стекната - причини се изгубени заби и нарушена оклузална рамнина, т.е нарушен и неправилен загриз што доведува до преоптоварување на едната страна и проблеми со зглобот. Се решава кај специјалист протетичар, со изработка на мостови/протези или кај специјалист ортодонт, со фиксен апарат за правилно поставување на забите.
     
    На irenna и Abeja им се допаѓа ова.
  3. АндрејМ

    АндрејМ Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Чувствувам дека ми е морална одговорност да ги предупредам сите коишто сакаат да стават фиксни протези или можеби истовремено имаат проблем со зглобовите НИКАКО да не одат во ДентаЕС во Кисела Вода кај др. Елена Василевска Ѓеоргиева. Да го раскажам моето искуство.
    Во ДентаЕс дојдов поради проблем со десниот виличен зглоб. При отварање зглобот прескокнуваше и пукаше при нагло отворање. Имав огромни главоболки, болки во ушите и носот и трнење во рацете. Дојдов кај д-р. Елена и ми дијагностицираше дисфункција на дискот во зглобот. Почнав третман со вежби со пластични стапчиња и воден сплинт Аквалајзер после коишто движењето на зглобот значително се подобри. Потoa ми зема отпечатоци од новата позиција на вилицата (со прилично произволно мрдање на вилицата од нејзина страна на лево) и по неколку дена ми даде тврд сплинт и со него ми направија мерење на џвакалните мускули и движењето на вилицата (електромиографија и кондилографија).

    После првата ноќ носејќи го сплинтот, утредента се разбудив првпат после 2 месеци без главоболки. Но тоа траеше само 4-5 дена. Следните 4 месеци следеше хорор и агонија. После неколку последователни состружувања на сплинтот, состојбата не само што не се подобри,туку и се влоши. Имав огромни главоболки, жештина во лицето,болки во слепоочниците, образите, болка во носот, болки при џвакање храна, болка во двата вилични зглоба што ја немаше претходно и неколку пати неделно ненадејно зуење во ушите, што беше застрашувачко. Исто така станав чувствителен на пискави, високофреквентни звуци. Секој ден се будев со огромни болки во лицето, квалитетот на живот ми се сведе на нула, се претворив во зомби. Почнав да пијам диазепам, хелекс, ибупрофен за барем малку да си ја смирам болката. Секој ден беше борба. Очигледно нешто не беше во ред со сплинтот, но продолжив со третманот уверуван од помладите доктори дека се е во ред со сплинтот и дека ќе се подобри состојбата.

    За тие 4 месеци докторката Елена ниту еднаш не ја видов, ниту најде за сходно лично да ме прегледа, секогаш ме препушташе на помладите доктори. На еден преглед беше присутна во ординацијата на само 3 метри од мене во другата соба, но реши да го користи помладиот доктор како курир и преку него да ми даде инструкции да правам пак вежби со стапчиња, што немаше никаков смисол. Не ѝ беше гајле ни да стане од стол и да ме види. При крајот на 4-тиот месец одлучив да не го носам повеќе сплинтот и состојбата некако како да ми се подобри. После 4 месеци конечно ја видов пак, за да утврди дека умниците што не биле покриени со сплинтот еруптирале, или пак останатите отишле подоле во коската, умникот удирал во горната седмица бидејќи горе немало умници (утврдува после 4 месеци!) и тоа создавало (или не) проблем и уште многу други работи. Кажа дека сега знае зошто ми е подобро кога не го носам сплинтот. Како да треба дури да ѝ бидам благодарен што сам сум одлучил да не го носам?! За тие 4 месеци агонија што ги преживував, требаше да ја следи мојата состојба и да ме прегледува регуларно, така ќе забележеше било какви промени на полошо, и (веројатно) нешто ќе превземеше. Консултирајќи се со други 3 ортодонти, добив мислење дека сплинтот е сосема погрешно направен и ги држел зглобовите и мускулите во неприродна положба.

    Исто така во третманот за којшто платив влегуваше контролна електромиографија и кондилографија, коишто не ми ги направија иако им побарав неколку пати. Значи она за што чесно сум платил не го исполнија и се правеа наудрени. А сумата не беше мала. Севкупно ми земаа со прегледи над 35000 денари.

    Краен резултат: кликањето, прескокнувањето престанаа, вилицата сега се движи глатко, болката во ушите престана, но останав со болка во слепоочниците, образите и позади носот веќе цела година, секој ден. Загризот ми остана целосно исчашен и немам стабилна платформа за гризење што ми создава болка во мускулите на лицето. Дури после една година успеав барем малку да ја смирам состојбата со користење ласер и со носење функционален апарат од друг ортодонт. Докторката во мојот случај покажа тотална негрижа за мене како пациент и ми создаде огромни дополнителни проблеми коишто бев принуден да ги решавам на друго место. Хроничната болка со месеци којашто сѐ уште трае драстично ми го намали квалитетот на живот и ме доведе во состојба на тешка депресија (за која земам антидепресиви) и добивам повремени панични напади. Изгубени години и месеци од мојот живот заради нејзината целосна неспособност. Не сакам никој да ја преживува агонијата што ја преживував јас. Избегнувајте ја оваа таканаречена докторка по секоја цена!

    Исто така, моја другарка која носеше кај неа фиксни протези, од целосно здрава личност заради Елена, сега има болки во слепоочниците, болка во виличните зглобови, не дише добро, дишењето преку нос и е отежнато, има вртоглавици, болки во вратот, постојано 24/7 зуење во уши (тинитус) и тоа и се случува секој ден веќе 3 години! Буквално животот и е упропастен.

    Одете си на максилофацијална на државна клиника, или на ортодонција, таму ги имаат сите методи да се справат со оваа состојба.
     
  4. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Мислам дека медицинската писменост е многу важна работа и вилици во никој случај не се за на стоматолог туку за максилофацијална хирургија.
     
    На АндрејМ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flyinghigh32

    flyinghigh32 Нов член

    Се зачлени на:
    Недела
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Иако коментаров е стар една година, сакав да споделам дека и јас имав многу слично искуств со ДентаЕс. Дали би сакал да споделиш кај кој доктор беше за да ти помогне да се среди штетата која ја направи “доктор” Елена?

    Јас пред неколку години носев фиксни протези, и нормално после тоа ми дадоа сплинт. Првиот сплинт беше одличен додека не го искршив и морав да добијам нов. Откако добив нов, сѐ тргна наопаку. Почна да ми се отвара загризот, да добивам болки…Кога отидов кај помладиот доктор (кој како што знам не е ни ортодонт) на контрола, ме убедуваше дека не е до новиот сплинт туку до мене, поставеноста на јазикот, итн. Исто ко тебе со пластични стапчиња пробувавме да се врати загризот во првобитната состојба но можеби само за 80% се поправи. Тоа мораше да биде доволно добро демек, и потоа ми зема нови отпчатоци и добив нов сплинт демек на нивен трошок. Загризот повторно ми се отвори. Ми зборуваа како е до умниците, можеби ќе треба да ги стругаме или вадиме, за што јас целосно бев против. Умниците ми се здрави, прави, немам намера да ги фрлам.
    Повторно истата песна, ми направија нов сет, овој пат мешавина на фолии и сплинт. Овој пат ми наплатија паметните. Еве сега загризот пак ми се отвори и повеќе нема да ги носам, и ќе барам да ми се вратат парите, мада не верувам дека ќе се согласат.
    А и да, заборавив да спомнам дека додека носев протези младиот доктор при една контрола толку многу ми ги затегна горните бракети на кецовите што едниот од забите почна да умира, посиве и ме болеше на топло и ладно. И тогаш ме убедуваа дека е до мене, дека сум го удрила порано па сега се појавува. Требаше уште тогаш да кренам узбуна, но кога ќе ти се удружат сите заедно и ти прават еден таков геслајтинг јак, тешко е да ја согледаш реалната слика во моментот. За среќа, тоа се случи при крај на носењето протези, па кога ми ги извадија протезите забот некако сам од себе успеа да заздрави. Којзнае дали тоа ќе има трајни последици понатаму.

    Јас за среќа немам психички проблеми од ова цело патешествие освен стресот, но и јас имам проблем со главоболки и болки во вилицата понекогаш, во спиење силно ги стискм забите, и пречувствителни ми се ушите на звук.

    Да бевме асална држава, одма треба да се тужат овие. Сакав да го споделам и моеве искуство, не си само ти што ти се случило ова, а сигурно има и други. Треба ДентаЕс support group да основаме. Тоа се луѓе алчни за пари кои не гледаат човечко здравји и се крајно некомпетентни. Арам да им се парите.
     
  6. АндрејМ

    АндрејМ Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Здраво, за почеток те советувам твоево искуство што го напиша тука да го постираш на нивната локација на Google Maps и на Facebook, за да можеш да информираш колку што е можно повеќе луѓе и да ги спасиш, да ја избегнуваат таа надрилекарка и воопшто таа ординација. Околу пола саат после тоа можеш да очекуваш телефонски повик од "доктор" Елена кајшто ќе почне да ти плаче на телефон колку сите доктори биле против неа, колку она била способна, какви нови технологии донела во Македонија, а сите и љубомореле итн итн...

    Истиот гаслајтинг што го спомена ми го правеа и мене, така што целосно те разбирам низ што имаш поминато. Кога бев на максилофацијална хирургија на државна клиника, докторот сам погоди од каде доаѓам така оштетен и спомна уште не ми е јасно како не ги затворија тие ДентаЕС, како не им пушти некој инспекција до сега. Можеби можеме да продискутираме дополнително за како да ги решиш проблемите што се уште ги имаш.

    Доколку сакаш дополнително да дискутираме, пиши ми приватна порака на мојот профил. Поздрав.