Со други зборови, нека ги толчат?! Епа така не се опстанува драга моја Тања. И што велиш, да се прилагодат треба , а ќутењето било злато? Ако има поголеми ќутолози и прилагодувачи од нас, да ми кажеш. И што фајде видовме? Мир? Благосостојба? Соживот? Ништо! Се' изгубивме, само гаќите на газот ни останаа. А секој оној кој ведне глава и вели "ќути, има и бетер", ќе остане и без гаќи (стара македонска). А на Србите од срце им посакувам да успеат да се изборат за своите цели, со разум и мудрост.
Ако пукне на Косово, значи се договориле да пукне. Ваљда Украина не е доволна. Како замислувате вие дека се дешава тоа пукање, се собрале двајца самоиницијативно и избегала од контрола ситуацијата?
Ако гледаш така,тогаш не се противи ако некој ти рече дека и Украинците треба да се прилагодат на ситуацијата во Украина.Не треба , ама иста си како таквите, затоа велам. Украинците во Украина ги жалиш, Србите во Косово не.
Србија нема никаков политички,воен,меѓународен потенцијал нешто да направи на Косово мимо знаење на ЕУ. Уште еден театар за мачкање очи во српската јавност на Вучко е ова. Каква војска враќање,какви бакрачи.Единствено му е гајле да остане на власт,за Косово па ич. Не дамо Косово е минато,треба да им каже на србите, па полесно е да се креира сценарио.користејки методи од 90 ' год.со банди вооружени од разноразни криминалци,кои се први на барикадите лесно се мешаат меѓу обичните срби.Така Вучко со години ги решава проблемите во четирите општини на северот,да тапкаат во место,да се подгрева,а не да се реши. Во меѓуврме српска политичарка од Косово му порачува https://www.danas.rs/vesti/politika...srbi-na-kim-se-moraju-osloboditi-kriminalaca/ Од 01.01 им поскапува и струја и храна мора со нешто да ја залажува јавноста,а со што ако не со креиран театар.
На Косово нема војна. Косово и Албанија сакаат да потпишат договор за взаемна одбрана. Србите се 6% во Косово, а Украинците се скоро секаде мнозинство во Донбас. Таа е разликата. Една шака Срби, косоварите и без војна ќе ги раселат. Јас ги сакам Србите, ама тоа не ја менува вистината дека се премалку на Косово, а со тоа ниту воено, ниту демократски на избори не можат да издејствуваат ништо за да имаат поквалитетен живот. Едноставно за Србите на Косово возот замина, а Украинците се борат да не бидат како Косово. Колку и да ги сакам Србите, колку и да ги жалам, тоа не значи дека тие 100.000 Срби на Косово ќе пружат воен отпор на косовските Албанци кои се над 1.5 милиони, како што Украинците пружаат. За тоа НАТО, па НАТО. Демек ако речеш дека Украина е на Украинците, па ти мора да си фан на НАТО, САД и не знам кого, ама само си ја кажал вистината која е општо позната. А или си од СДСМ, а нели Мицкоски во очи му кажал на рускиот амбасадор дека ја поддржува Украина?
Ама не Ама не е мудро заради апсење на Србин, да одат да ги маваат ЕУЛЕКС. Можеле да одат пред косовската полиција да протестираат. Вака сите им рекоа нема да толерирале напади на ЕУЛЕКС. Дури и криви испаднаа. Грешка на Србите е што продавале имоти од Приштина за да живеат во Белград. Еден мој колега Србин вели дека првите што почнаа да продаваат имоти и да бегаат од Косово се за добар ќотек. А Македонците од српската лекција ништо не научија. Често одам по Србија и тамошните Срби велат дека Србија нема интерес да војува за Косово, таму српскиот народ го снемува. Да можат да продадат и избегаат, веројатно и тие 100.000 би избегле, затоа што тој терор не се трпи. Знам една косовска Србинка земала само неколку илјади евра од продаден имот од Косово и со 4 деца и мажот заминаа во мало место, да живеат во гарсоњера.
Sekako deka kje bide tenzichno, balkanski primitivni pleminja na dugme, podlozhni na manipulacii. Sekoj den se pod hipnoza od vestite za Ukraina, a nishto ne nauchija.
60 % од земјиштето на Косово, катастерски е српско...на СПЦ , приватна своина или во сопственост на српски фирми. Преку 80 % од него е узурпирано....не знам дали е можно некој да не се надева, дека еден ден мора истото да му биде вратено или платено макар... Не верувам дека Вучиќ ќе потпише независност....не толку од патриотизам,туку од желба за власт. На Србија и останува да чека нова геополитичка поделба на светот, бидејќи моментов не е баш добар за нова војна на Балканов. Инаку очекувано, Русија повикува на почитување на резолуцијата 1244 и и дава поддршка на Србија , а Украина ги поддржува Албанците....всушност светот увелико се поларизира и се завзема страна...
Србиве се кренале за протестен марш за подршка на Србите на Косово. Е не ќе чмаат ко нас дур им серат на глава и држава им заземаат.
На роднините на маж ми им ги заземаа имотите на Косово за време на војната од која мораа да избегаат и да сакаат да ги вратат не можат. Затоа тие што биле малку " попаметни" ги прододале зашто виделе дека нема спас или ќе ги продадат или вака за џабе ќе им ги земат.
Aко ти дадат 10.000 евра за имот кој чини 20.000-30.000 евра, со тие пари можеш да се преселиш само во некое српско село или во некое мало српско гратче, каде немаш ни редовни автобуси, ни работа, ни болница саглам, ништо. Јас знам таков случај. Само да избегаат, отишле на неколку часа возење од Косово, на друг крај на Србија. Да седеле сите, да се држеле и да не продавале имоти со децении, Косово ќе беше српско, можеби и ние ќе студиравме во Приштина на пример, ама реалноста не е таква.
Ништо нема да биде по наредби функционираат и Србија и Косово. И двете држави се пиунчиња на шаховската табла.
Зборувајте ми дека Србите биле националисти, уф да, и тие се опасни ко нас на тастатура, инаку радо го дадоа јабана Косово, ко ние малтене цела држава што си ја дадовме. Во Косово денес, на Бадник, од страна на албанец застрелано е 11 годишно дете, и неговиот 21 годишен брат, само затоа што береле Бадникови гранчиња Среќа е што децата се во добра здравствена состојба. Малку беше што Манастири им рушеа, сега сакаат да не остане ни едно православно традиционално нешто за кое луѓето можат да се држат и да го почитуваат истото за време на нивните свети празници.
Велам јас, слабо учиме и српскиот и македонскиот народ. Слабо учиме од грешките. Да не го продавале Косово, сега раат ќе си беа. Јака им душа на тие што се останати на Косово. Да не можеш ни празник да истераш на мира. Слободата не е гратис, некој се борел за слобода за да ние денес имаме држава и да можеме слободно да изразуваме мислење. Државата како поим мора да се сфати сериозно и да не се ПРОДАВА. Нива по нива, куќа по куќа, отишло Косово. Признато или не, што менува тоа за српските деца што вчера можеа да ги убијат. Имале среќа да преживеат. Жално. И да, некој ќе ми каже Македонците и Србите националнисти биле. Како не.
Нема смисла на празник овакви работи Само тоа ќе речам сеа за сеа Ќе се воздржам од понатамошни коментари денес
ова веднаш ме потсети на 2001г кога во Тетово (ако се добро сеќавам) од автомобил во движење, застрелаа момче на игралиште што си играло кошарка ... Тоа е таа жичка, нивен начин на делување. *трауми од детството