Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тензично на северот на Косово

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 31 јули 2022.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Како би биле раат? Само уште поголема тензија би имало и повеќе жртви. Во Косово живее огромен број на луѓе кое едноставно не сака соживот со србите. Повеќето од тие на кои што им го продале и претходно живееле таму, само неколку ниви понатака.
     
  2. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Косоварите националисти србите бетер само земи гледај нивни емисии ќе видиш каква гнаса од народ се како ни се подсмеваат и не нарекуваат северно македонци според нив цел балкан сме срби и ние и босанците, албанците хрватите... Во ништо не се поарни од грците и бугарите. Да имам некаква власт би потаманил вакви крволочни народи со иредентистички идеали. Добро им правеше Тито сите на Голи Оток одеа ваквите усијани глави гладни за војна.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    13.047
    Да имаше на Косово 80% Срби би биле раат. Сега се 6% за жал. Немоќни се. Ако си му продал една нива, мораш ли уште 5 да му продадеш, па и дворот и куќата и после? Ете го епилогот денес.
     
    Последна измена: 8 јануари 2023
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    9.296
    Пол:
    Женски
    Сите болесници националистички се опасни по околината и како такви треба да се затворат во посебни психијатриски установи.
     
    Последна измена: 8 јануари 2023
    На Anah, Angie1432, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    13.047
    Се е џабе за Србите на Косово. Возот за нивни спас е отиден одамна пред 1999 година. Има доста филмови на таа тема, како се менува демографијата и како чекор по чекор трпат терор. Србија многу се вооружува, ама на крајот од денот тоа ништо не значи за Србинот на Косово, затоа што ни Петковиќ не смее да отиде кај ранетите деца во Грачаница, за Вучиќ да не зборуваме.

    Ми кажува еден русофил овде дека Русија ќе помогнела на Србија, па имала Москва ракети, директно од таму ќе ја срамнеле Русите Приштина. Ооффф, леле. Јака им душа. И мислам дека овие тепачки се случуваат затоа што Србија не воведе санкции на Русија, а веќе е опомената неколку пати. Ја видовте ли заканата од Анонимуси?
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Има некои поединци како и кај нас што ги мразат србите исто и кај нив има такви што не мразат нас.
    А, за тоа што сите не викаат северно македонци ние самите сме криви кога официјалното име на државата ни почнува со Северна. Сепак се србите наш братски народ и тие се единствени од нашите соседи што каде во светот и да сретнеш србин те почитуваат.
    Албанците имат голема омраза према нас и кај нив постои поговорка: Во еден македонец се кријат два србина. Па, сега ти процени колкава им е омразата.
     
    На Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    13.047
    Toчно дека има Срби што се исмеваат со нас, но колку се тие? Во 100 Срби ќе сретнеш 2? Сочувствуваат со нашите проблеми. Не сметаат за браќа. Кога одам во Србија сите сосетки на роднините ме гушкаат и се радуваат што ме гледаат. Сите ми честитаат Ден на независност - 8 ми Септември, Илинден, знаат дека ми значи. Дури и ако Македонија победи на фудбалски натпревар, ми честитаат и се радуваат.

    Србите не требале да го продаваат Косово. Ова не е мој став, ова е став на многу Срби.
     
    На Rama, Окситоцин ❤️ и Ursi им се допаѓа ова.
  8. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Кога-тогаш ќе морат да се помират со тоа, немаат друг избор, но знам дека боли.
    Мои пријатели викаат дека не ги боли толку што им ја земале земјата туку кој им ја земал, неписмени терористи.
     
    На Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    13.047
    Добар дел се веќе помирени. Знам Србинка што собираше хуманитарна помош за српските деца на Косово. Се шокирав дека кај Витина и Гњилане имало Срби, ама тоа се по две села, буквално заборавени, отсечени, за греота. За да одат во градот мораат да поминат низ албанските села. Мораат да почитуваат туѓи правила, тие се малцинство, оставени на милост и немилост. Така не било пред 150 години, ама денес е, од пуста лакомост за пари. Жално е што страдаат луѓе од колективната неодговорност. Дома стануваш гостин, кираџија, затоа што комшијата сакал да лапне пари, да оди во Белград. Тројца ќе земат некое евро плус, 10 други продаваат испод цена, а другите стотина даваат имоти скоро за џабе. Имаше пред две три години текстови на српски Курир, Телеграф дека по ист принцип веќе се распродаваат селата околу Лесковац и Ниш.

    http://www.kutaknet.com/index.php/a...avaju-se-i-masovno-kupuju-kuce-na-jugu-srbije

    https://www.intermagazin.rs/alarmantno-upozorenje-albanci-kupuju-sve-do-nisa/

    https://standard.rs/2016/08/04/kosovski-albanci-sve-vise-kupuju-nekretnine-u-nisu-i-okolini/
     
    На Окситоцин ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Сеа можам да јадам трици
    За тоа шо се деси на децата, неам коментар. Треба да си умоболен да напраиш такво нешо. Кој и да е. Дали косовар, дали Кинез, дали Французин. Болно е да ПУКАШ во ДЕТЕ бидејќи е ДРУГА ВЕРА. И тоа на најубавиот празник во нашата вера
    Многу ми е кривп само шо Косово е под капа на НАТО, и ни ОН ни никој нема нишо да превземе
    Треба да се направат страшни протести
    Вчера сум го колнела онака празнично, бел ден да не види
    Пошо е болно ова
    У Америка вака коа читаме дека се колат на празници сите се као ,,омгг страшно” а сеа сите ќе ќутат пошо се плашат
    Да дае Господ да му се врати пута 4
    На најблиското и најмилото
    Кривп ми е шо не можам у потополност да се искажам пошо пак ќе јадам бан
    Ама ако не можам овде, можам на Него и се надевам ќе ме послуша и ќе му врати на психопатот мило за драго *4
    Ѓубре болно скапано
     
    На Lollipop_123, Окситоцин ❤️ и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    391
    За жал милум или силум ќе му ги продадеш и двор и куќа и се. Истото се случуло и во македонски места и села со мешано население. Знам пример каде силум луѓето мораа да им го продадат имотот . Ова во село близу Арачиново по 2001 година.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    13.047

    Жена која денес е во пензија, а потекува од Липково ми кажуваше дека додека живеела таму, како дете, татко и Македонец одлично знаел албански јазик. Се дружел со Албанци и отишле во селска чајџилница, арно ама таму дошла група од друго село, кои не го знаат дека е Македонец, не го познавале и таму говореле „Македончето е сиромашно, без пари, глупаво е, се ќе му земеме на Македончето“. 2001 година се оствари тоа. Додека се делиме на националисти, либерали, вмровци, комуњари, други не стрижат како овци.
     
    На Rama, dea.18, Resana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Понекогаш си мислам жално е за србите но, ним им земаа само дел од државата нам ни ја земаа целата и уште им даваме.
    Татко ми, ми кажуваше како лепеле огласи по портите на македонци без да знаат: “Куќата се продава”. И, секој ден да ти додаѓаат 20 фамилии да ти бараат да ја продадеш еден ден ќе ти “скисне”.
     
    На Rama, Tanjamm и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    391
    Ги пукаа луѓево во двор за да мораат да си ја продадат.
     
    На Feminka22, Billy Idol и Ursi им се допаѓа ова.
  15. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Не само што не нарекуваат северно македонци не нарекуваат и Јужни Срби не не признаваат како нација и народ ако се прават добри соседи и као демек сочувствуваат со нас во суштина не е тоа така. Не ги мразам јас на национална основа дека се срби туку општо мразам шовинистички народи. Хрватите иако не граничиме со нив се милјарда пати подобар народ најцивилизирани од сите балканци.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.486
    Допаѓања:
    127.340
    Пол:
    Женски
    А, бе каков братски народ? :rofl:
    Не носете ваков заклучок само ради познанство со ретки исклучоци.
    И тие ни грабнаа територија и нè владееја.
    Сите соседи нè мразат.
    Само Србите не се лесни за читање бидејќи се најголеми експерти за преправање на Балканов.
     
    На diskreten32, Wideperpetual и daylight им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Ама немало... Косово е приклучено кон Србија за време на балкансите војни 1912/13 и било (неуспешно) колонизирано со срби и црногроци за време на Кралевина Југославија (1920-те и 1930-те) што е и историскиот зачетник на повеќето денешни тензии. Косово било некое време дел од српската средновековна држава (во чиј состав во добар дел била и денешна Македонија) де факто до 1389 (Косовска битка) и формално уште некоја деценија после тоа. Пред тоа било дел од Дарданија.
    Можеби... Она што меѓутоа српските русофили не го разбираат е дека истите руси би го срамниле и Белград ако проценат дека им е од интерес или ја загрозува безбедноста на Русија. Засега тоа не е случај. Но исто така ни Приштина не ја загрозува Русија, напротив добродојден аргумент е во поглед на Украина. Логиката е: Ако можевте вие западните сили предводени со САД така со Косово, можеме и ние русите така со Украина. (руското МНР 1999 во порака до САД рече дека ќе го запомнат многу добро преседанот со Косово).
    Тоа е став на срби кои не само што не си ја познаваат историјата (наместо тоа веруваат во косовскиот мит) туку повеќето и никогаш не биле на Косово и немаат намера да се преселат таму туку си живеат во својот белградски, новосадски или нишлиски комфор.

    Секој нормален косовски србин кој се грижел за својата безбедност и благосостојба одамна се иселил од Косово доколку бил во можност. Не слушнав некој од богатите српски политичари загрижени за Косово да изградиле таму некое училиште, болница... или да дадат пари за обновата на уништените верски објекти во погромот 2004. Наместо тоа лелекале низ трулиот запад за парична помош од туѓинци за обнова на она што е српско недвижно културно наследство.
    Ама па како било? Пред 150 години тоа било дел од османлиското царство (заедно со Македонија) и туѓинците ги диктирале правилата, и за албанците и за србите.
    Оние кои тука имаат роднини или деловни врски или доаѓале на шетање, да, имаат респект. Навистина многумина се, и драго ми е поради тоа, но има и такви кои не се, и иако верувам дека се малцинство не би рекол баш дека се само неколкумина. Читајте ги коментарите од читателите на српска „Политика„ кога има тема за Македонија, да видите колку се братски. Дел од нив имаат магловита претстава за Македонија (никогаш не биле, не прошетале тука), дел ја гледаат како загубена српска територија која изобилува со српски манастири (Марков манастир, Лесновски манастир и тн.). Да не зборам за нивното мајтапење со македонскиот јазик (Македонијататата со маскататата на главататата и тн.).
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    13.047
    За тоа колку ја прошетале Македонија, има такви кои доста виделе и шетале и обратни случаи кога не биле воопшто кај нас. Пак од соседите како сакаш сврти ја работата, Србите ни се најголеми пријатели. И приватно и службено кога да сум се обратила до Срби од Србија и Република Српска, се било ок, средено навреме, со почит, разбирање, култура на ниво и со порака „среќна работа“. Таму јас не се чувствувам како туѓинец. Тоа што им се случува е жално. Со врзани раце се.
     
    На NoirSerpentine, Rama, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
  20. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Одреден дел од Србите се прилично антимакедонски настроени.