Тензично на северот на Косово

Discussion in 'Политика и настани' started by cresa-jagoda, Jul 31, 2022.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    7,736
    Likes Received:
    35,039
    Gender:
    Female
    Јас немам сретнато погаден и пољубоморен човек на Балканов од србин. И албанците се нацистички настроени али овие србите се бог да чува. Какви брача какви глупости.
     
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,741
    Likes Received:
    19,373
    Gender:
    Male
    Нормално дека Србите ни се браќа, посебно се виде тоа со пандемијата кога никој друг освен нив не ни помогна, и стварно е жалосно се ова што им се случува со Косово.
     
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,600
    Likes Received:
    55,712
    Gender:
    Female
    Постојат мноштво Срби кои се мајтапат со нас, не нарекуваат ЈужниСрби, Бановина и што ти не, ни го одзедоа манастирот Св.Прохор Пчињски, и окупатори ни биле во минатото и што ти не.
    Ама од денешна гледна точка, мноштвото од тие истите Срби не сакаат, ни дадоа вакцини за Ковид, пченица за леб, ни ја почитуваат народната песна, не ни ги крадат песните ко братјата Блгарчета, на youtube кога читам коментари на наши песни од Србите 90% се позитивни, за разлика од другите соседи.

    Не е тоа темата, ама гледам дека сте се надоврзале повеќето за тоа какви биле кон нас Србите.
    Жалосно е ова што се случува на Косово, без разлика што мнозинството од населението се Албанци, немаше потреба да им се дозволи да создаваат држава во држава, ама ете светот им дозволи, сите ги признаа и готово, сега за жал, како и секогаш, невиниот народ ќе ги трпи последиците.
     
    Tanjamm and daylight like this.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,426
    Gender:
    Female
    ај малце реално
    ако вртите по историја, никој со никој не се сакал, или се сакале од заедничка/нужна корист
    можда се некои земји онака шо се држат братски стварно и тоа е тоа
    заборавате дека политиката е доена изнад се`.
    можете да вртите по историја и Википедија до утре.
    Тие шо биле непријатели у минатото, утреден за заеднички интерес може бфф да се.
    глејте малце поблиска историја
    шо се фаќате за Балкански војни, доселување од зад Карпатите, коа тие народи, таа политика, тој мајндсет, се МРТВИ
    ОДАМНА
    глејте сеа шо се дешава
    и реално, у денешницава, од сите комшии наши, само Србите се океј со нас.
    Порано да, биле окупатори, биле за сите, не за нас
    и Турците биле, па глеате турски серии како навиени, така?
    и Грците не` натераа да смениме име, па на секој празник, продужен викенд, ГП Богородица е оптоварена до бескрај


    темава е нешо сосема друго
    као не знаете да дискутирате без да мешате лонци
    темава е за Србите и косоварите у КОСОВО
    не за нас и Србите или нас и косоварите
    овде е више за моќта на посилниот
    тоа и владее у светот одамна
    Србите се помал број на население таму, и овие више збеснуваат и ги дупчат у здрав мозок пошо се ретардирани.
    Колку грама мозок у глава треба да имаш, за на таков голем празник да пукаш у ДЕЦА?
    овде станува више збор за нетрпение
    а косоварите си имаат земено сила, пошо САД и НАТО им го штитат гзот, и тоа е многу добро штитење
    пошо знаеме кои се САД, кои се НАТО
    ама тоа ќе трае се` дур Косово им врши работа
    еден ден, НАТО ќе си најде ново место овде за своите трупи, САД ќе си најдат ново лежиште за носење на дрогата. И Косово ќе иде у заборав
    ама се` дур косоварите им го лижат гзот на овие, ќе постојат и ќе го праат ова шо го праат
    а Србите мора да си поќутуваат пошо до ден денес се осеќаат последици низ Србија од бомбардирањето на Белград
    иам читано колкав процент на млади луѓе се со последици од бомбардирањето
    зборете ми колку САД и НАТО се добри, јес јес, коа ќе си го видам тилов
    факт е дека ова шо се дешава таму е болно, ама за жал нема кој да им помогне, исто како и нам
    овие се снајдоа, се бутнаа под закрила на најјаките, НАТО и САД А, Косово НА.
    И чиста работа.
    а ние, и Србите шо не не` сакаат ни у ЕУ, ни ваму ни таму, него не` користат како задња рупа свирала, можеме само на Господ да му се молиме и ништо поише
     
    Tanjamm, sonuvana and Billy Idol like this.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,350
    Likes Received:
    4,437
    Како размислуваат за Косовоскиот проблем дел од српските интелекуталци и политичари?

    Српскиот академик Теодоровиќ за Косово и за ирационалниот однос на српските полтичари кон Косово и залажувањето на граѓаните на Србија. (од 5:25 до 15:00 минута):

    „Србија го стекнало Косово низ војна 1912, низ војна и го загуби 1999„ (октомври 2022)



    Вук Драшковиќ, водачот на СПО (Српски Покрет Обнове) некогашен потпредседател на Сојузна Република Југославија за време на бомбардирањето од страна на НАТО 1999 (поради Косово), поранешен министер за надворешни на Сојузот на Србија и Црна Гора (2004-2006), пратеник во парламентот на Србија и писател:

    „Го мотаат народот со Косово„ (2012)

     
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,367
    Likes Received:
    2,968
    Gender:
    Female
    Косово и Метохија се дел од српскиот идентитет. Впрочем и во самиот корен на името се огледа тоа (кос,метох).Силната средновековна српска држава,која траела неколку века, имала прочуена кралска лоза, која оставила премногу манастири и прекрасна епика на која светот се восхитува, доволно говори.
    Но,тоа не значи дека Албанците немаат право на Косово и дека не треба да бидат негов дел. Населението треба да биде мешано и српско и албанско, како што низ векови и било. И Србите и Албанците се бореле против турската окупација, во периоди дури и заеднички. Ова сега е окупација, меѓународно противправна. Тоа што многу земји под притисок го признале како независно, утре може да се измени. Да е така едноставно, не би имало толкав притисок околу признавањето и од српска страна. Власта во Србија распродаде скоро се,останува да се стави конечниот потпис. Дали ќе го стори тоа или во страв од народен бунт сеуште ќе пролонгира во исчекување на можна нова светска прераспределба, останува да се види.
    @daylight постираш ставови кои се небитни и во Србија ги сметаат за предавнички.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,350
    Likes Received:
    4,437
    Разговор со Милан Ст. Протиќ - поранешен амбасадор во САД, Швајцарија и Лихтенштајн, поранешен градоначалник на Белград (2000/2001), некогашен директор на центарот за Српски студии во Белград, фамилијата по потекло од Косово, сопругата србинка од Косово.

    „Косово е загубено„ (ноември 2022)
    Интересно е од 10:40 па натака.



    Тоа се говорници кои мошне јасно ја расветлуваат целата тема, а која на многумина во Србија им е нејасна, а во Македонија уште помалку. За предавнички ги сметаат оние кои се самите најголеми предавници на српскиот народ и култура, оние кои се богатат на несреќата на обичниот народ. Небитни им се на оние на кои им е битна територијата но им е сосема небитно како живее српскиот народ на Косово но и во Србија. Тоа што го кажуваат во видеата (не знам колку ги ислуша) е мошне битно и реално, издржано и би водело кон подобрување на животот и безбедноста на српските граѓани кој воглавно, е полош и од оној во Македонија последните 30 години.
     
    Tanjamm likes this.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,367
    Likes Received:
    2,968
    Gender:
    Female
    Не почитувам луѓе кои плукаат по сопствениот народ. Притоа изнауживани се на сметка на истиот. Бивши дипломати, глобалисти, јаки вербално, но лична корист секогаш и за туѓ интерес.
    Можеби и меѓу Албанците има слични, не знам.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,350
    Likes Received:
    4,437
    Претседателот на Р. Србија вчера ѝ се обрати на јавноста два дена по средбата со петтмината од ЕУ и САД, изгледа дека се прават подготовки српската јавност да ја соочи со реалноста - многу интересно да се ислуша:

     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,275
    Likes Received:
    15,134
    Го слушав. Тоа ти е исто како да го признаваат Косово. Фактички штом и досега преговараат, исто ти е како да го признале. И слушајќи го Вучиќ за странските инвестиции, зависноста од Западот, треба да сфатиме дека сме мали, немоќни, никој и ништо. Години минаа, ама штом не можеме една економија да стабилизираме без странски пари, пак сме нула. Ова е капитулација на Србија, само завиткана во обланда. А на Србите на Косово? Господ на помош.
     
    Luciferka, daylight and Ursi like this.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    5,065
    Likes Received:
    26,620
    Gender:
    Female
    Screenshot_20230122-184039_Facebook.jpg
    Ваква вест ми излезе во неделата беше ми се чини . Ако ова е точно .. не знам како може КФОР да го премолчува ова . Да сум во ваква состојба , има сите национални телевизии да ги повикам и Америте и сите кои продаваат демократија , да објаснат дали вака изгледа таа нивна демократија .

    А верувам дека и од другата страна има вакви случаи , не само од страна на Србите . Затоа што екстремисти има кај секој народ , па така и во овој случај .
     
    Tanjamm likes this.
  12. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Популарен член

    Joined:
    Jun 6, 2021
    Messages:
    1,135
    Likes Received:
    2,788
    Gender:
    Female
    Косовскиот дел? :wasntme::D
     
  13. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Joined:
    May 15, 2020
    Messages:
    399
    Likes Received:
    540
    Gender:
    Male
    Одреден дел од нивната интелектуална елита.
     
  14. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Популарен член

    Joined:
    Jun 6, 2021
    Messages:
    1,135
    Likes Received:
    2,788
    Gender:
    Female
    Нормално дека ќе се кога не толку работи направени, македонија заради дуи води антисрпска политика.
    Ама како што ние не се согласуваме со тоа, така и таму има луѓе кои не се соглесуваат со тие политики.
     
    Tanjamm likes this.
  15. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Joined:
    May 15, 2020
    Messages:
    399
    Likes Received:
    540
    Gender:
    Male
    Мислам на оние кои сметаат дека сме измислена нација од Тито,слична теза имаат како Бугарите.
     
    NoirSerpentine likes this.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,275
    Likes Received:
    15,134
    Пак избодено момче во Косово, кај Витина. Србин. Ги нема овие наши либерално настроени граѓани да не убедуваат дека „сите сме исти, сите сме сиромашни, на сите им пречела корупцијата, па дека сме имале предрасуди итн“. Не, тие што имаат време да напаѓаат Срби и да ги бодат со ножеви, не се баш гладни, голи, боси, туку се аздисани, агресивни, невоспитани, криминогени и нив им пречи и последниот Србин, сакаат да го протераат, макар бил еден. Косово е изгубено секако. Сите други бајки се неважни кога ќе ти збрцаат нож во грб. Видовте ли некаде некој Косовец, Албанец да ги осуди нападите на таа една шака Срби на Косово? Нема да видите. Не се тие како Македонците и Србите, си молчат, си гледаат само за својот етникум и друго не ги интересира.
     
    Hacon likes this.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,350
    Likes Received:
    4,437
    Видовме, и тоа не еднаш, само што не знаеме албански па да разбереме што сме виделе. Тоа дека албанците имаат некакво единство е мит. Погледнете ги меѓусебните препукувања на албанските партии во Македонија но и во Косово, а за самата Р. Албанија да не збориме.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,275
    Likes Received:
    15,134
    Го видов видеото што си го постирал. Убаво си кажа човекот. Не е предавник, само ја кажува вистината.
     
    daylight likes this.
  19. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,741
    Likes Received:
    19,373
    Gender:
    Male
    Да не се лажеме сега ниту препукувањата им се реални, ниту пак видовме осуда на нападите од нивна страна, но затоа го видовме нивното единство кај Рама.
     
    Tanjamm and sonuvana like this.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,350
    Likes Received:
    4,437
    И истото го гледаме кај сите други, само што сме позапознаени со неалбанските неединства, па мислиме дека кај албанците е нешто поинаку.