1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенката линија меѓу љубовта и омразата

Дискусија во 'Разделби' започната од Theodora, 30 јануари 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    „Тенка е границата меѓу љубовта и омразата.Сум читал за тоа,сум слушал песни за тоа,ама всушност никогаш сериозно не сум ја разгледал поентата на тоа.Гете пишува во „Страдањата на младиот Вертер„(не знам точен цитат ама отприлика)„Како едно чувство кое во еден момент ти пруза неверојатна страст и те исполнува целиот мозе во др.момент да биде извор на неверојатно страдање и болка„...Кревки се човечките чувства.Прашање е дали е мозно некого вистински да сакаш,па потоа вистински да го мразиш?
    Јас не би рекол дека ја мразам,никогаш не би мозел да речам.Макар што повеќепати сум го помислил тоа,
    дури еднаш и реков дека е ку*ва...ама не го мислев тоа.Сепак,почувствував како се наоѓам на таа граница.Ако љубовта е острица,јас почувствував како одам по неа,барав рамнотеза.Мозе да паднам на две страни,измеѓу нема решение.Сето тоа поради таа неверојатна болка која таа мене ми ја нанесе.Не е таа крива,не сакаше да ми го направи тоа...ама ми го направи„
    Ова го презедов од еден хрватски сајт „Љубовта...и останатите ѓаволи„,го напишал дечково по разделбата.Што мислите дали љубовта мозе да се претвори во омраза?
    Мене ми се случило да се претвори во рамнодушност она што сум го сметала за љубов,мозеби не сум предодредена за омраза,колку и да сум повредена не сум ја осетила,па сега не дека сакам :),сум осетила гнев,потреба да го повредам некако,ама ми поминува за среќа .А вие?
     
  2. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Прво се јавува чувството на несреќа,чувство на избледеност на чувствата помешано омраза ,со чувства на гнев кон самиот себе и гнев кон другиот,постојано преиспитување на самиот себе и наоѓање на дополнителни причини за да се замрази другиот -оној кој не повредил....Мислам дека егото е тоа што во одреден момент не прави слаби и не тера да чувствуваме омраза...човек кој си го сакал од дното на душата неможе да го мразиш колку и да се трудиш да речиш и да се правдаш пред сите останати дека е така ,сепак љубовта само бледее се претвора во нешто недостижно со таа личност и нешто што заминало во неповрат и што е дел од минатото и служи како спомен или потсетник за она што било ,аможело да биде оло нешто од кое сме морале да се откажеме заради наше сопствено добро .............Јас имам милион причини за да мразам ,но секој човек кој себе си се полни со омраза вистински никогаш нема да биде среќен и да си дозволи на самиот повторно вистински да се заљуби....................
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    До вчера го сакав, а сега сакам да ми служи како боксерска вреќа. Многу сум гневна на него и никогаш повеќе не сакам да го видам. Се мразам и самата себе, бидејќи и јас сум крива што дозволив да ме повреди. Не знам дали некогаш ќе ми помине оваа омраза. Секогаш кога помислам на него ми се иде да скршам нешто.
    А и можеби ова е привремена лутина, не знам.
    За некој што си го толку сакал, ништо чудно цел живот да имаш чуства. Омразата е чуство!
     
    На lostbabygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мислам дека неможеш да го мразиш. Си била со него, си поминувала прекрасни моменти си го сакала,те сакал, но те повредил. Можеби од почеток ќе осекаш болка и гнев и мала доза на одбивност но сето тоа ќе е се додека не го преболиш. Кога чувствата ќе ти се средат, кога ќе престанеш да го сакаш и да мислиш на него е тогаш настапува рамнодушноста. Онаа омрза што ја чувствуваме на почетокот тоа е последица на гнев, реакција на болката што ја чувстуваме но според мене не можеме да мразиме некого кој сме го сакале со целото срце и мислам дека одкако љубовта ќе исчезне настапува рамнодушноста и повремената слабост.
     
    На Magnolija, julie77 и Theodora им се допаѓа ова.
  5. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    можно е !!! кога сакаш некој од дното на душата, кога ќе направиш се за таа личност, без разлика што и да е, ти имаш створено некоја идила, некој си перфектен живот/перфектна слика за како би ти бил животот твој со таа личност....НО, таа личност не е тоа што ти некогаш си мислела....те разочарува, те повредува како никој порано !!! што се случува тука со твојте емоции? Откога ќе бидеш повредена од личноста што си ја сакала ВИСТИНСКИ, поминуваш низ повеќе фази....најпрво мислам дека е фазата на " ќе се смириме " - што уште можам да ја наречам фаза на одрекување на реалноста, фаза на не соочување со реалноста, фаза на надеж. Во оваа почетна фаза сме сеуште во заблуда што всушност се дешава и со самото тоа одрекуваме да прифатиме дека сме биле повредени, одрекуваме да прифатиме на еден начин дека личноста која што не повредила НЕ Е ЗА НАС !!! . Од кога ќе помине оваа фаза, веќе доаѓа фаза на ДЕПРЕСИЈА !!! Оваа е таа фаза кога почнуваш да се жалиш самата себе, да се сожалуваш, како твојот живот е најтежок итн итн итн...Во оваа фаза можам да кажам дека стауваш паразит...Не можеш да спиеш, не можеш да јадеш, не ти се работи ништо, не ти се оди на факс/работа, единствено нешто што сакаш да правиш е да лежиш во кревет...затоа и се вика фаза на депресија...Во оваа фаза е КРИТИЧНО И МОРАЛНО, да излегуваш што е можно повеќе, да бидеш опкружена со позитивни луѓе, другари и другарки, И ДА ПРОБАШ ДА СЕ СКОНЦЕНТРИРАШ НА НЕШТО!!!!! во обратен сулчај, може да навлезеш многу длабоко во депресијата.....После оваа фаза, е фазата на прифаќање!!! оваа е таа фаза кога веќе се соочуваш со проблемот, го гледаш појасно и порационално, сваќаш дека таа личност не е за тебе, согледуваш дека не е крај на светот, почнуваш да излегуваш и забележуваш дека има многу риби во морето ;) Оваа фаза трае кратко, бидејќи служи како еден мост помеѓу љубов и омраза!!! При крајот на оваа фаза си 80% психички опоравена од шокот...единствено нешто што не ти е опоравено се ЕГОТО И ГОРДОСТА!!! Овие две работи се ОДГОВОРНИ за омразата, особено ако си личност што има цел во животот и што си ги цени својте квалитети и самата себе. Егото/гордоста се повредени, излегуваат и они од шокот, но его како его и гордост како гордост, неможат да заборават така лесно, па ти веќе чувствуваш чувство на омраза, на одбивност, на лутина,бес, гнев кон таа личност што те повредила...ти веќе немаш почит кон таа личност, не сакаш да ја видиш, не сакаш никаков контакт со таа неморална личност.....Сето тоа кога ќе се собере, ти чувствуваш омраза кон таа личност заради пеколот кој што го имаш поминато заради неа !!!!! .....


    цел овој процес и период трае околу 3-4 месеци, зависи од тоа каков и колку ти е цврст карактерот
     
    На Згодната, bejbi.91 и sesilija им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мистери,секоја чест за тоа како си ги опишал фазите низ кои се поминува после разделбата :clap: .
    Кај некои овој процес трае и со год. не само неколку месеци сум читала за тоа.
    Ама,сепак за омразата не се согласувам.Едно е веќе да не го почитувам,да е нула во моите очи не само морално,туку како човек најпрво,но омразата ја дозивувам како крајност-да посакаш до крајот на зивотот да страда секојдневно,да остане без потомство не знам такви некои нешта.Јас не сум сигурно најдобрата личност на планетава,ама дотолку не успевам да развијам омраза,со текот на времето простувам,иако не заборавам и цел гнев ми бледее,на крај се губи...
     
  7. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Омразата е чувство силно исто како и љубовта...да,можеш да мразиш некој што си го сакал најмногу,баш поради таа причина што те повредил премногу и што УШТЕ НЕ СИ ГО ПРЕБОЛЕЛ. Секогаш кога чувствуваме омраза,всушност сеуште чувствуваме љубов,ама сеуште сме повредени,лути и гневни и неможеме сами да се помириме со тоа дека чувствувме љубов за некој што толку не повредил и самиот гнев ја претвара љубовта во омраза...е кога веке омразата ке премине во рамнодушност (или уште подобро во сожалување :devil: ) е тогаш девојки официјално сме излечени :)
     
  8. DzamPolat

    DzamPolat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    0
    И го мразам и го сакам!
     
  9. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    А бе не сте нормални еј, тенка била линијата меѓу љубовта и омразата. Постои само омраза а љубовта ја измислија партизаните за да сексаат без пари :devil:
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    не постои омраза тоа е само недостаток на љубов !!!
     
  11. Kate.8

    Kate.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Од неодамна имав разделба со дечко со кого бевме заедно 9 години.првите неколку месеци беше многу тешко омразата не даваше да превземам ништо,никаков разговор за тоа што знам , ме држеше укочена.сега можам да ги одделам омразата и љубовта за разлика од тогаш кога ме надвладуваа кога сакаа поради извесни притисоци.љубовта ке остане скриена засекогаш во срцето и нема да може никогаш да биде допрена од омразата,бидејки тоа веке се случило во најголема мера ,место за борба во љубовта има само ако ја заштитиш од омразата , во мојот случај "да ти не виду очи. " не сум станала рамнодушна за овие 6 месеци и не сум се излечила бидејки љубовта живее само повод за омраза ке нема веке никогаш.
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не би го нарекла тоа омраза туку гнев! Чувството кога знаеш дека на нешто толку убаво му дошло крајот, немоќ и беспомошност, а истовремено си лута на целиот свет, а најмногу на него затоа што те повредил. Спротивност на љубовта е рамнодушноста.
     
  13. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Епа кога ќе се разочараш од некој што ти значел премногу,едноставно ти го срушил светот,нормално дека ќе го замразиш :worried:
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Јас не би рекла дека е така. Ако некого вистински и силно сакаме, се му простуваме. И продолжуваме да сакаме. Љубовта никогаш не може да се претвори во омраза.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Има граници што може да се прости. Ако некој ги преминува тие граници, дефинитивно не треба да му простиме.
     
    На Dust и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секогаш треба да се прости, но зависно од постапката, да се размисли како ќе се одвива понатаму меѓусебниот однос. Може човек да прости и да премине преку тоа, да продолжи да сака, но може и да прости но да стави крај на љубовта. А дека љубовта може да се претвори во омраза, не би рекла. Барем не ако било вистинска љубов.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да де, ќе те претепа па ќе му простиш :D Се може да се прости :D
    Ќе те вара и ќе му простиш.
    Ќе ти навреди цела фамилија и ќе му простиш.
    Ќе те засрами во некој битен момент, битно се сакате, се може да се прости и никогаш нема да го замразиш :D
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Нели за љубов беше муабетот? Ако има љубов не може да има било какво насилство, неверство и слично.... Ненамерни грешки се прават кога има љубов, ама ова што го наброја веќе не личи на ненамерна грешка и на љубов... да не мешаме различни работи...
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Некој од љубов тепа :wasntme:
    Прашај ги XXXXX-те жени жртви на семејно насилство дали не го сакале партнерот
    Љубовта е тежок поим за дефинирање, не знаеш на каков психопат ќе налеташ. Љубовта не е секогаш обострана и секој различно си ја сфаќа лубовта.