1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенка коса

Дискусија во 'Коса' започната од girl1985, 5 октомври 2010.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Сигурна сум дека меѓу нас има многу кои имаат проблеми со тенка , а згора на тоа и ретка коса. Јас сум една од тие и секојдневно се справувам со маката што да превземам за да ја направам со поголем волумен и да ја згуснам некако... Внимавам и затоа најчесто ја фенирам сама, со четка од природни влакна и со слаб фен. На одредени периоди и воопшто не ја фенирам, туку ја оставам така сама како што ќе се исуши, но така не се чувствувам баш средена. Од пред некое време почнав да го користам и Фитовалот како превенција и пијам Б-комплекс таблетки. Ја испитав крвта па железото и хемоглобинот ми се во нормалните граници бидејќи пред година дена беа доста опаднати па веројатно затоа и ми се проредчи вака косата а згора на тоа имам тенко влакно. Имате ли вие некаков совет или нешто што применувате и навистина ви помага? |(
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ако ти значи нешто, пробај го Вош‘ен‘Гоу шампонот. Има ефект ;)
     
    На Stam и girl1985 им се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Wash&go сигурно ке ти помогне,ставај си и маска 1жолчка,1лажиче јаболкова киселина и 1лажиче рицинусово масло,оваа маска е за побрз раст на косата,чувај ја на косата 2часа пред да се искапиш и се става 1неделно.се надевам ти се допага советов :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ivonceto-od-Bitola

    Ivonceto-od-Bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И јас имам ретка, тенка и права коса. Најмногу мака мачам да добијам волумен како и сите со сличен проблем, така што имам испробано многу производи за волумен. Иако често сум барала совети од фризери и други стручни лица кои се разбираат од тој, да го наречам проблем за нас жените, сепак мислам дека некој особен производ нема да направи да ни порасне повеќе коса или пак кој знае колку да го здебели влакното. Исто така често ја бојадисувам косата, вадам праменчиња и за чудо некогаш ми станува погуста после тоа, а од сите производи што ги имам користено за волумен, најзадоволна сум од производите на Авон и тоа од шампонот и регенераторот на Аdvanced Techniques за волумен и од истата линија (што за жал ретко ги има во каталозите, а се според мене најдобри) за руса коса, бидејќи освен тоа што се по боја сини (за да ги неутрализираат портокаловите тонови после бојосувањето кај русокосите) не ја мрсат многу косата и се поблаги за почеста употреба, а даваат и волумен. Исто така од истата линија за волумен на косата имаше пред неколку години восок во спреј кој мене барем ми даваше многу поголем волумен, за жал подолго време го немаше тој производ, а сега во поновите каталози има сличен производ, повторно восок во спреј кој не е којзнае колку добар, ама брка работа :) , се прска на влажна коса пред фенирање. Освен тоа, од истата линија користам и серум за волумен кој не е скап и трае многу, се става по многу малку на дланките се размачкува и се нанесува на влажна коса исто така.
    Во однос на тоа која фризура и должина е најпогодна за ваков тип на коса, според мене бидејќи сум имала и долга и средно долга и кратка коса (најкратка до под уши) мислам дека најдобра фризура е боб (како на Викторија Бекам пример), напред подолга а назад кратка, најлесно се задржува волуменот со ваква фризура, бидејќи ако имате тенко ама тешко влакно, кога косата е долга гравитацијата си влечи фала Богу и се губи волуменот и формата. За фенирање мене ми е најлесно кога најпрво ја собирам цела коса оставајќи притоа околу 2 прста од косата кај тилот, остатокот го собирам со штипка. Потоа прво го фенирам тој дел и по него повторно пуштам уште 2 прсти цел ред (од позади едното до позади другото уво) и го фенирам и тој дел и така натаму, сè до врвот. Барем така најдобро можам да ја оформам фризурата.
    За природните маски за коса, не сум пробала многу, меѓутоа од една сум многу задоволна. Маската е повеќе за сјај на косата, но дава и волумен. Ја прочитав во некое списание и од време на време ја користам. Рецептот е 2 супени лажици маслиново масло (го има во поголемите продавници, не е тешко да се најде) и една жолчка, се меша и се става на сува коса, преку целата коса, не само корени или само должина, на главата потоа се става алуминиумска фолија и потоа главата се завиткува со крпа во турбан или слично за да делува маската поефикасно и се чека 15 минути потоа се плакне добро со вода и се мие со каков било шампон што користите. Ако некој има подолга коса може наместо 2 да употреби 4 лажици маслиново масло и 2 жолчки. Косата после оваа маска е како свила. :)
     
  5. absent

    absent Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    од каде ја купи?
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Oфф.. одамна ја земав од Веро.
    Слична ваква
    [​IMG]
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ајде да ја активирам пофторно темата
    имам тенка коса а во последно време многу ми е мека за никаде ако имам должина ама квалитетот во последно време ми е нула на косата кажете некој совет за тенка и мека коса? :?:
     
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    И јас имав проблем со косата, ми беше многу тенка. Во аптека ми го предложија регенераторот
    Curly & Smooth Conditioner-од орифлејм, и сега после 2-3 месеци ми е и цврста и мека :) :) :)
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    тенката коса е воедно и мека коса пред 2дена бев на фризер кај нова фризерка и ми даде совет да не ставам регенератор ниту маска да се мијам само со шампон кој сондржи 2 во 1 или само шампон па потоа да имам спреј за расчешлување и силиконски капки регераторот и маската ја правеле косата уште по мека ...
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас Б-комплекс освен што пијам, ставам и на косата. Растворам една до две таблетки во вода, а потоа при бањање ставам на косата. Е сега, малку трае процесот додека се растворат, ама можеш претходно да ги истолчиш за да се растворат побрзо.
    Исто така повремено ставам и маслиново масло.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.698
    Девојки дајте нешто проверено за тенка коса.Нека биде нешто природно мака ми е да експериментирам со шампони и такви ствари :worried:
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Еве нешто природно што јас го користев. На шампонот од бреза ставав неколку чешниња лук, засецкани малце со нож, колку да испушти течност која ќе биде клучен фактор за згуснување на косата. :!: (и јас почнав со реклами. :D )
    Резултатите ќе ги приметите по првото миење. :!:
    За миризбата немајте гајле, или ако сте скептични, додека ја фенирате косата, прскајте малку парфем на чешелот. :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pocahontas-black

    Pocahontas-black Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ист проблем ;( :( |(
    Земам Б-комплекс таблети и малку ми помогнаа....
    Ке се обидам со Ваш*ен*гоу се надевам ке помогне :)
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Се сум пробала и пак џабе. :(
    И тенка и слаба, а многу мека-локни неможам да си направам воопшто не ми држи, после саат и пол - два, како да не сум правела локни
     
  15. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    И јас имам тенка и ретка коса и многу ме нервира тоа,му завидувам на тие што си имаат густа коса :( Еве ви нешто што ке ви помогни ама бидете упорни.. една жолчка со ,малку белка,5 таблети пивски квасец издробени,1 лажица маслиново масло,1л чичково масло,1л ореово масло,неколку капки лимон,еднаш неделно 1 час,нанесување на коренот. Шампон Нирел. Јас за 1 месец имав видливи резултати.
     
  16. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    мене бекутан ми помага.. Бебешко си е Бебешко
    :* :D :rolf:
     
  17. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    91
    Вчера бев на фиризер и фризерката ми кажа дека за потикнување на растот на косата т.е да стане по густа ми кажа еден чај кој што се прави од лушпа од јаболко која се вари во обична вода ,и после миењето се става на косата.Е сега ке ги замолам тие што слушнале за ова или што го пробале да ми кажат дали треба да ја измијам косата откако ке го ставам чајот или пак да го оставам т.е да не го измивам затоа што тој всушност и ништо нема освен миризбата на јаболкото.
     
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Порано имав многу густа коса, но со тек на време ми се изретчи и сега ми е премногу тенка. Барав рецепти на природна база и ги најдов овие два:

    1. Маска со белка од јајце
    Изматете една белка од јајце, додајте една чајна лажичка сол и сок од еден лимон. Повторно изматете. Маската разнесете ја на кожата на главата и оставете ја да дејствува 30 минути. Измијте ја косата со шампон и млака вода.

    2. Маска од лимон
    Исцедете еден лимон и во него додајте две чаши вода. Смесата нанесете ја на косата и оставете неколку минути, па потоа исплакнете со вода.

    Сеуште не сум ги пробала. Во најскоро време ќе ги пробам, па ако има резултати ќе пишам. :)
     
  19. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Истиот проблем со локните
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дали некој го има користено најновиов шампон од Лореал за тенка коса ?
    Тенката коса видно ја задебелува и зацврстува...
    (овој синиов на сликава е)

    [​IMG]