Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенка коса

Дискусија во 'Коса' започната од girl1985, 5 октомври 2010.

  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Јас имам тенка и мн слаба коса а долга и не можам локни да си направам ниту пак од плетенка ми држи. После 15-30 минути ко метла ми е косата и исправена ко не знамм.. не исчешлана :@ што би можело да се искористи за да се зацрвсти и згусне косата?? Знам дека со фарбање се згуснува значително, ама не ми се фарба уште.. :?:
     
  2. blady

    blady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    колку е тој регенератор?
     
  3. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите, морам да споделам едно мое искуство и воедно да побарам совет ако некој знае...
    Имам кадрава коса, и не ретка (да не се подречам ) . Пред година ипол почна многу да ми опаѓа косата , толку многу што ми дојде на пола , после прекина, па во летото пак ми опаѓаше ама не како предходно, сега пак е окејј. Но сега косата ми е многу потенка за разлика од порано т.е ми се кинат врвовите и заради тоа всушност во коренот ми е бујна а во врвот поретка. Дали знаете нешто што би ми помогнало на природна база зошто веќе од шампони и такви ствари ми е смачено. Инаку пред некој ден фризерот ми го предложи шампонот на REVLON заедно со некои ампули, ампулите биле за 1 месец а шампонот од литар ипол вика ке го користиш можи и година цела, добар бил за опаѓање, такви проблеми. Дали некој од вас го има пробано да ми кажи дали е ефикасен? Или некој ако знае да ми кажи сто би можело да ми помогни позз
     
  4. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Со фарбање нели само се суши, а не згуснува... :?:
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    REVOLON мислам дека е еден од појјаките и поагресивните шампони.
    Јас би ти препорачала да пробаш со шампонот од Афродита што е од лук,1 литар не е повеќе од 100 денари.
    Го спречувал опаѓањето на косата и мислам дека е поприроден.
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве ви неколку совети за визуелен волумен на косата, кои лично ги правам. Сигурно поголемиот дел од нив и сами ги правите, меѓутоа може и нешто да ви биде од корист. Поздрав


    Мали трикови за волумен на тенка коса

    [​IMG]

    Здраво на сите,

    тенката коса без волумен е преокупација на поголемиот број на девојки, кои секојдневно се во потрага на нови методи и препарати кои ќе го решат овој проблем. Јас лично имам навистина тенко влакно, меѓутоа за среќа многу негувано и сјајно, така да на некој начин сепак сум задоволна, иако при миењето и сушењето на косата правам неколку мали трикови за поголем волумен кој секако е повеќе од добредојден. Во продолжение на оваа статија, со вас сакам да ги споделам сите методи и препарати кои лично ги користам за поголем волумен на косата и за мене функционираат. Само да напоменам дека густината на косата е генетска, и со овие трикови секако нема косата да ни стане погуста, меѓутоа визуелно ќе се зголеми волуменот и влакното ќе изгледа поцврсто што не е на одмет. Ајде да започнеме.

    Совет бр. 1: исхрана

    Верувајте ми исхраната има големо влијание врз здравјето, сјајот и волуменот на косата. За ова веќе говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_20.html, меѓутоа еве ќе повторам и овде. Исхраната треба да биде богата со витамини и минерали, но и омега 3 масни киселини. Затоа од голема важност е конзумирањето на свежи овошје и зеленчук (особено зелен зеленчук), лосос, житарици, јаткасти плодови, ленено семе и др. Верувајте ми,убавата и погуста коса започнува токму од устата, односно од она што го внесуваме внатре.

    [​IMG]

    Совет бр. 2: производи за нега на коса

    Од голема важност се и производите кои ги користиме за нега на косата кои треба да бидат квалитетни, без силикони и да не го отежнуваат влакното на самата коса. Секако сите сме различни и не е возможно еден производ да функционира за секого, меѓутоа јас лично користам три производи кои кај мене даваат одлични резултати. Како маска пред шампонирање ја користам онаа со кал од мртво море на Casyopea, која верувајте ми одлично ја чисти косата и дава навистина голем волумен, затоа што на некој начин го зацврснува и здебелува влакното. Во последно време го открив и шампонот со маслиново масло и к'на на Alverde кој дава извонредни резултати, ја прави косата поцврста. Овој шампон го користам наизменично со оној на Gamarde, кој е идеален за честа употреба и дава неверојатен сјај на косата и прекрасно мириса. Како и секогаш, напоменаувам дека е многу важно да користите шампони без силикони, и верувајте на пазарот ги има и тоа во голем број. Еве овие два кои ви ги споменав се фантастични и многу чисти како производ, а што е најважно си го прават своето.

    [​IMG]


    Совет бр. 3: пиво

    Верувале или не, пивото е состојка бр. 1 која дава волумен на косата. Освен волуменот, пивото има способност и нежно да ја осветли косата, односно да ви даде убави топли прамени, во зависност од вашата природна боја на косата. Во Италија користев безалкохолно пиво, затоа што алкохолот ја суши косата, а тоа не ни е целта, меѓутоа може да користите и обично пиво доколку ден претходно го отворите и го оставите да изветрее. На тој начин пивото ќе биде помалку агресивно за косата. Еве ви еден рецепт за маска за коса од пиво која лично си ја правам и е одлична за косата:

    - половина чаша пиво;
    - жолчка од 1 јајце;
    - една супена лажица масло од лимон (рецептот ќе го најдете во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_29.html) Доколку не сте направиле вакво масло, без грижа, ставете една лажица маслиново масло со три капки етерично масло од лимон, или неколку капки чист сок од лимон);
    - една кафена лажичка мед

    Помешајте ги добро сите состојки и нанесете ги на благо навлажнета коса, ставете фолија и пешкир и оставете да стои најмалку саат време. Потоа измијте ја убаво косата со благ шампон и на врвовите нанесете регенератор.

    Пивото може да го користите и само како третман. Доволно е да го ставите во едно празно спреј шише и со него да ја испрскате убаво косата после шампонирање, или директно да го нанесете на косата со помош на една чаша. Ставете пешкир врз косата и држете ја така околу саат време. Потоа исплакнете и ставете добар регенератор на врвовите од косата. Како завршно плакнење (доколку целта ви е и благо осветлување на косата), ставете јак чај од камилица и не исплакнувајте повеќе.

    Најискрено пивото го предложив во комбинација со другиве состојки, затоа што маслото, медот и јајцето на некој начин го збогатуваат пивото и го зголемуваат хранливото дејство врз косата.

    Исто така, од огромна корист е и третманот со ленено семе. Рецептот за домашен гел од ленено семе ќе го најдете во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_23.html

    [​IMG]


    Совет бр. 4: сушење на косата

    Откако ја измивме косата на ред доаѓа и сушењето кое и те како може да помогне при зголемувањето на волуменот на самата коса. Доколку сакате визуелно погуста коса, во тој случај косата сушете ја со главата наведната надолу. Верувајте ми навистина дава резултати. Природно имам виткана коса и честопати ја сушам природно, меѓутоа кога ја исправувам, најнапред ја засушувам со фен со главата надолу (никако немојте да чешлате мокра коса затоа што е најнежна и подложна на кршење), и откако косата ќе се исуши околу 70-80% тогаш ја поминувам со четка и фен со главата надолу, за убаво да ја обликувам и средам. Внимавајте фенот да го вклучувате на пониска температура и да биде доста оддалечен од главата. Доколку сакате подобар ефект може да ставите и некоја убава пена за коса или малку лак за коса без штетни состојки, како на пример оние на Alverde.

    [​IMG]

    Совет бр. 5: соодветна фризура

    Во договор и совет со вашиот фризер, одберете ја онаа фризура која најмногу одговара на вашиот вид на коса и секако структура на влакното. Верувајте ми убаво шишана коса и соодветна фризура, може многу да придонесе за еден визуелен волумен и поцврста коса.

    Се надевам дека ви се допаднаа овие совети и дека поголемиот број од нив ќе ви бидат од корист. Дали вие имате некои свои трикови за поголем волумен и визуелно погуста коса? Доколку е така, ве поканувам да ги споделите оставајќи коментар под самиот текст.

    Благодарам за вниманието и до следната статија.
    Вики
     
    На MissElly и butterfly.mk им се допаѓа ова.