1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Теоријата за повеќекратна интелигенција - поинаков поглед кон човечката интелигенција

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 15 септември 2018.

?

Дали IQ тестовите се неверодостоен доказ за интелигенција, оценувајќи ограничен број способности?

  1. Да

    48,9%
  2. Не

    26,7%
  3. Не сум сигурна/ен

    17,8%
  4. Немам став за ова прашање

    6,7%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Психолозите да... во реалност, сеуште на врвот во компаниите се социопати и психопати со висок коефициент на интелигенција....
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека луѓето се повеќе мешаат талент со интелигенција. IQ тестовите нормално дека се мерило за интелигенција. Имам решавано, има во нив задачи од сестрани полиња, на крај дури добиваш одговор кон кое поле си склон како на пример механика, технологија, математика, логика и слично.
    Неможе да се нарече некој интелигентен само затоа што убаво пее или убаво црта, бидејќи пеењето и цртањето е талент и нема врска со интелигенција.
     
    На Briar Rose и BoneMachine им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Интелигенцијата не е талент, туку способност за меморирање, решавање проблеми, брзо учење, логичко размислување итн итн...
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ако интелигенција не е решавање на проблеми, логичко размислување, брзо учење тогаш што е? Немој да кажеш дека е пеење или шлапање боја познато како ''апстрактна уметност''
    Ме чуди како познати научници имале висок коефициент на интелигенција а притоа нивните дела и достигнувања се должат токму на логичко размислување, решавање проблеми и слично. Сигурно немале висок коефициент на интелигенција за лепе очи. IQ тестовите содржат задачи за кои е потребно да ти работи логиката за да ги решиш па од тука се знае што е интелигенција.
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Читај со разбирање...
     
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Се збунив извини, истото го мислиме.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Море навикнат си на конфликт у секоја реплика.

    I feel ya man :)
     
    На eliesaab, WildMk и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со твоето мислење, @Vitaly и сум забележала дека постои одредено разграничување меѓу талент, способност и интелигенција, но одредени теории имаат тенденција да ги мешаат работите и да ги поместуваат границите мегу нив.

    Имено, способноста претставува сегмент од компетентноста да се изврши нешто, а самата компетентност се разликува по тоа на какво ниво можеш нешто да извршиш.
    Индивидуалец кој има т.н. извонредна способност да прави нешто (цртање, пеење) се смета за талент.

    Меѓутоа, способностите кои луѓето ги поседуваат можат да бидат и физички и псхички.
    Кога велиме дека некој има талент за цртање или пеење, тоа значи дека истиот има извонредна физичка способност.

    Но што е со психичките способности? Дали извонредните психички способности ќе се сметаат за талент или за нешто друго?

    Способностите кои прераснуваат во таленти претставуваат вроден потенцијал, односно може да бидат дефинирани како вештини, а поединецот во текот на неговиот живот ги развива способностите кои ги поседува и се одраз на контрастот кој се наоѓа помеѓу талентот и способноста која може да се стекне и по пат на учење и разбирање.

    Вродената природа на способноста е во спротивност со вештините и постигнувањата, кои претставуваат знаење или способност што се добива преку учење.

    Најчесто талентот се поврзува со одредена физичка способност, меѓутоа кога станува збор за менталните, односно психичките човечки способности, талентот се разликува од интелигенцијата, барем во поглед на она што денес се смета дека интелигенцијата претставува.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Не е се, но ти дава предност пред останатите. На пример, без разлика колку еден просечен човек би се трудел не би можел да стане познат математичар кога го нема тоа во себе, најверојатно и нема да има интерес за тоа да го направи.
     
    На poenta и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Одамна сум констатирала дека стандардизираните тестови за интелигенција се ограничени, несеопфатни и неретко резултатите се должат на одереден сплет на околности, поради што истите неретко нереално ја прикажуваат интелигенцијата на лицето кое се подложило на ваков вид тест.
    Еден фактор е умор, ненаспаност, можеби трема условена од можниот незадоволителен резултат, расеаност и слично. Оттука, сметам дека човековата интелигенција е многу покомплексна по својата природа, по што е невозможно во еден момент и со едно тестирање да се оцени, но со континуирано набљудување и оценување на размислувањата и делувањата на една индивидуа, сублимирајќи ги притоа истите со неговите интереси, па и начин на донесување на одлуки и слично може да се креира одреден впечаток во поглед на ова прашање.
    Некој дефинитивно не е извонреден математичар, но е неверојатно способен да не восхити со неверојатната брзина и леснотија за учење страни јазици, или анализирање на одредени појави, настани, луѓе, способност да се изрази и предвиди иден развој на одредени настани, општествени, политички и економски текови, извонреден, вешт оратор, кој умее да си игра со зборовите во секоја прилика и ситуација. Понатаму, исклучително духовити, итри и проникливи луѓе, на крајот и луѓе кои умеат да го препознаат и развијат својот талент бездруго би можеле да се стават во група на исклучително интелигентни луѓе.
    Впрочем, познавам исклучителни физичари и математичари кои мака мачат со учење јазици, писмено или вребално изразување, површно набљудување и анализа на низа психолошки појави, однесувања, па дури и на низа животни прашања.
     
    На Joi и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Сакам малку на овој дел да се задржам.

    Според мене, интелигенцијата би значела снаодливост во различни ситуации и начин на решавање на проблемите. Наједноставно кажано. Има една изрека, дека интелигенцијата нема врска со степенот на образование или високите оценки, со што се согласувам. Една изрека на Ајнштајн гласи, The true sign of intelligence is not knowledge, but imagination.
    Е сега, за цитираниов дел, и самиот кажал дека ова се само способности, што според мене може да е дел од интелигенцијата, затоа што таа е многу повеќе. Се согласувам и дека често се меша интелигенцијата со одредена дарба или талент. Интелигенцијата е начинот на размислување на човекот. Не што прави, туку како го прави.
    А за тестовите за интелигенција, можеби не го покажуваат точниот степен на интелигенцијата, но би требало да се блиску. А колку се дадените прашања во ред, тоа е добра тема за анализа за психолозите.
     
    На theowndemon и Briar Rose им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet ти благодарам за твоето мислење.

    Би рекла дека интелигенцијата претставува широк поим, но човекот сеуште не успеал да даде прецизна дефиниција, како што секој си има своја замисла за тоа што треба да претставува.

    Фокусирајќи се на делот кој си го цитирала, ми се чини како Gardner од една страна, само навел одредени способности за кои смета дека треба да се сметаат како "подвидови" на севкупната човечка интелигенција.

    А поимите се мешаат поради разните теории кои укажуваат на различни концепти, па најчесто се доведуваме до прашањето кои ги поставил границите за тоа што е интелигенција, а што способност, бидејќи способностите можат да бидат и физички и ментални.

    Сепак, мислам дека сеуште сме неодредени во поглед на ова прашање со оглед на тоа што она кое го сметаме за стандардизирана интелигенција е потесна дефиниција, додека теоријата на Gardner е поопширна дефинција, што значи дека таа "златна средина" не е откриена за сега.