Monstrumi,srceto mi se skina ne mi trebase da go gledam ovoj klip,pa dali tie imaat sovest,dali imaat nesto covecko vo sebe,samo zatvor za takvi odvratni i zlobni seljaci
а што во категорија на луѓе да не ги ставате ваквите (леле незнам како да ги наречам ,не постои збор што може да ги опише) .....ова животно е волк и сака да преживее како и секој што се родил наоѓа начин за да се прехрани....не е начин на ваков брутален начин да се одмаздуваш....вакви БОЛНИ луѓе да се затворат и нема потреба да го трошат воздухот на нормалните луѓе....
Не дека оправдувам, ама што да очекуваш ако се ловџии од некое забутано село, порано фешти се правеле кога ќе се улови диво животно, среќа немало мобилни да се снима и да се става на нет. Посебна гордост да ја наречам е да утепаш волк, сепак волк е не е кученце, и едино заебанцииве и претеризамот пред камера боди очи и тоа многу, сељачизам, тоа е. И доста вие свилените што ги нарекувате монструми и казни не знам какви барате за нив, ај одете си по патот и гледајте си шминки на јутуб.
Волкот во никаков случај не може да биде виновен за она што е, таква е неговата природа и тој преживува со лов на други животни. Што ќе се постигне со гасење цигари во очите на волкот, освен стравот и понижувањето, тоа ќе го спречи следниот волк да нападне стадо? Ќе гледаат куп волци видео на нет и ќе си речат `доста беше лов на овци`? А типовите очигледно се садисти. Еден куршум би го убил волкот и готова работа. Измачување на животно поради задоволување на садистички нагони е болест. Местото им е во лудница бидејќи ако им се пружи прилика ова би го правеле и на луѓе.
Порано се палеле вештерки, децата се тепале безмилосно од најмала возраст (исто како и жените), се верувало дека во темница демнеат вампири, тоа не е причина да се продолжи со такви `традиции` и денес. Веројатно насобрани фрустрации и комплекси, забаталено село, претпоставувам стари ергени повеќето, празни глави, ракија, немаат иднина - и сега ајде удри на волкот бидејќи дошол да краде од трлото, има да плати за сите неправди и за сиот очај и мизерија. Само што не е крив волкот и нема да им донесе ништо тоа, уште три дена да го мачеле, пак утре ќе си останат мизерни.
Ги мразам луѓево, да се до мене ќе ги изубијам сите пичка им матер Да ги тепа некој нив така со боксови и шутови, ГАДОВИ! Или убиј го или не го мачи.. (п.с Омилено животно ми е)
Ти немаш појма што се јас би направила за едно животно. За човек ништо, ама за животните душата ја давам. И да гневна сум им многу на тие гадови! Пријатно.
Ова е се', ама лов посекако не е. На видеото гледам садизам. А само луѓе кои имаат психолошки нарушувања можат да се изжувуваат над немоќно суштество. Ако не грешам мачењето на животни е казниво со закон и следствено на тоа полицијата треба да реагира и да превземе соодветни мерки. Нема оправдување за ова што му го прават на животното. И ова, а и она видеото со дивата свиња. Колку и да е волкот штетник и да ги напаѓа овците, постои соодветен и ефикасен начин на усмртување. А тој не подразбира гасење цигари во неговите очи. Ова само покажува дека ние како "модерно западно општество" какво што милуваме да се наречеме сме мноооогуууу далеку од тоа ниво на свест. Ако не грешам, Аристотел има кажано дека најмногу за едно општество ќе дознаеш според начинот на кој неговите граѓани се однесуваат кон животните. А на овој тест ние драги мои за жал паднавме. И тоа многу пати до сега. Дури и оние "примитивни" ловечки општества вака не се однесуваат кон животните. Имено, најголемото табу е мачењето на животните. Оној што мачи животни го навлекува гневот на Големиот Ловец и животните потоа нема да се реинкарнираат од коските на веќе конзумираните и нема да се размножуваат. Се лови онолку колку што е потребно да се преживее. Во спротивно природниот баланс на еко-системот ќе биде нарушен. И кој е овде примитивниот се прашувам...
гледав на нет што е ова си помислив како не им е страв иако е врзан. иако никогаш не сум видела некој така да го зизмачува сите само ги убиваат никој не ги мачи нивна работа
Во Канада не смееш да чепнеш ракун, а за сличново да му го правиш идеш минимум 10 години во затвор. Патем, ракуните таму се штетници. Замислете секој ден да си наоѓате по пар оштетени чевли, ѓубре низ цел двор и кантата уништена. Сличново го прават и мечките. А, македонци поддржуваат тортура врз животно што се бори да преживее (и ретко успева) во неговоиот природен дом. Што направило? Лови. Тоа е негов природен инстинкт, а за да си ги зачуваат овците сељациве, нека си направат поубави трла, не да го обвинуваат волкот зашто постои во ланецот на исхрана.
Тоа е синџир на исхрана и таква е природата. Ако волкот е крив што ги јаде овците, што е поразличен човекот што јаде пилешко и свинско? Или тоа само да го постирате за во Фемина Инстаграм? Абе ајде. Ваквото нешто е 1000% бруталност, а таквите неандерталци треба најстрого да се казнат!
Мене од описот ми е доста, јас не го гледав видеото. Немам стомак да го гледам. Јас живеам во општество каде законот вели, секое животно заловено од тебе во тој момент станува заштитен вид, изборот е хумано убиј го да не се мачи или ќе одговараш пред законот. Таква сум свилена. Баш неодамна морав да треснам стаорец по глава оти се фатил за нога во стапица. Те гледа, ај удри го смртоносно ако можеш, додека те гледа без да ти е криво, а поголем штетник и носач на секакви болести, ама сепак животина, душа испушта ама закон не закон не можев да го гледам да се бори со саати додека умре, камо ли да станува збор за поголема животина па уште јас да мачам и се изживувам. Не е арен некој во глава кој може да мачи било какво животно. Не е човек. Без разлика дали има корист од животното или пакост.
Видеото не го изгледав, не сакам да го пуштам. Ние неодамна фативме пух во викендичката (нешто слично на глушец е тоа), па требаше да го удавиме во кофа. Луѓе, не можев да го гледам како се бори за живот, како прета во водата додека на крај не се пушти. А штетник е тоа, еднаш ни влезе во викендицата со тоа што го изел прозорот и си направил дупка. Нè измачи дур го уловиме, па после моравме сè да чистиме и дезинфицираме. Ама ете, жал ми беше да го удавам, не можев да го гледам. Ако малку почнете да читате психологија за луѓе кои уживаат во брутално малтретирање на животни, страв ќе ве фати. Јас се ежам од такви, особено од мали деца на кои им читаш злоба од очите додека мачат некое мало животинче.
Ова е нешто што го имам приметено кај повеќе теми, ама оваа како „најтазе“ ме поттикна да прокоментирам. Искрено, не ја сфаќам поентата на теми кои опишуваат специфични грозоморни настани. Да беше темава „Суровост/насилство кон животните“, ОК, ама вака не знам како воопшто може да се развие некаква нормална дискусија. Дали ќе има некој кој ќе застане во одбрана на „луѓево“ што се изживуваат со волкот? Нормално, не. Значи, се што преостанува е да се редат мислења со осуда, навреди или омраза кон починителите. Може е до мене, ама теми на кои може да се пишува само во негативна конотација и практично, не може да се развие дебата, ми се некако безвезе. Едит: Видеово не го отворив, прво, затоа што не гледам поента да гледам како некој се изживува со животно и второ, зашто нејќам да паѓам на ниските финти на нашиве „медиуми“ и портали, кои секојдневно достигнуваат нови и неистражени новинарски дна и длабочини, и за да си ја качат гледаноста и рејтинзите, не бираат ни начин, ни средства.
Да те одведам по селските слави да видиш свињетина како се спрема со сите салтанати. Овој волк и добро поминал. Само му удриле малку bullying. Не знам кое глумење лудило. Волкот е најомразено животно на еден сточар. Прават штети по илјадници евра годишно. Јбг, го фатиле, му ебале ежот. Кога ќе снема волци пак ќе ги размножат и тоа е.
Ova se bolni stvorenija,vistina e deka volkot im e stetnik no ubij go ne go maci.Katastrofa nemozev da go dogledam,a tie bolnite pa dur se snimale