1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Термичко шишање

Дискусија во 'Коса' започната од lola-86, 18 мај 2011.

  1. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Дали некој го пробал овој нов начин на потстрижување?Девојки?какви искуства имате со ова?Јас слушнав дека е мн. добро за косата и дека не пукаат врвовите,сакам деновиве да се шишам но незнам дали е стварно дека има ефект,ај ВЕ МОЛАМ кој има искуство нека пише...и колку е цената од прилика?сакам да ја допораснам косата и затоа ми се битни врвовите,да не се шишам мн.често...сакам мн.долга коса,до половина :D
    Чекам одговори,ако има ваква тема извинете,но мислам нема.
     
  2. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    ТЕРМИЧКО ШИШАЊЕ

    Јас сум на пат да станам фризерка ама прв пат слушам за вакво шишање.... Да објасниш некако како иде???
     
  3. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    ТЕРМИЧКО ШИШАЊЕ

    НЕзнам ни јас точно мислам дека имало специјални ножици кои се затоплувале,а видов дека таква услуга има во салонот на Силуете но незнам цена,и точно како иде тоа.планирам да се јавам и да прашам......
     
  4. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    ТЕРМИЧКО ШИШАЊЕ

    Сум слушнала и јас за вакво шишање , да со топли ножици се шиша но точно незнам како оди процедурата.Јас знам за еден друг метод (многу стар), со бамбусово дрво (гранка) се запалува , се зема прамен од косата и се врти како црвче и сите ситни влакнеца што штрчат се горат со пламенот но се разбира од далечина . Тоа се прави 1 годишно , не доаѓа до распукување на врвовите и косата расте без потшишување .
    Ова го гледав на телевизија мослам дека се применува во Панковиќ академија во Белград...
     
    На Hova му/ѝ се допаѓа ова.
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ТЕРМИЧКО ШИШАЊЕ

    мене ми кажаа третман 600-700 денари тоа пред две години прашав, незнам сега.
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ТЕРМИЧКО ШИШАЊЕ

    Овој вид стрижење е иновација во светот на фризерството. Со нормалниот начин на скратување на косата со ножици, врвовите се скратуваат и остануваат распукани, така што многу лесно распукнувањето продолжува и за кратко време врвовите расцветуваат и косата ја губи својата форма. Со иновативниот начин на стрижење Јагуар, врвовите се скратуваат и се заваруваат, со што косата не цвета, а во нејзината структура од коренот до врвот остануваат природните масла и влага. Косата станува посјајна, со поголем волумен и поздрава, а има способност и сама да се регенерира.


    http://www.silhouette.com.mk/index.php?component=services&task=view&id=53#frame



    http://www.youtube.com/watch?v=BJLMAgRpgBw
     
    На Strumfeta93, MarchelineAmaru и lola-86 им се допаѓа ова.
  7. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    ТЕРМИЧКО ШИШАЊЕ

    Фала срцушке,е сега сигурно така ке се шишам,хахахаха...планирам наредната недела после испитите па ќе ве известам за тоа како беше и дали ќе сум задоволна...поздравче.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Има низ нашиве салони вакво чудо и колку паринки би било, ако не ви е тешко да чкртнете 2-3 лепе речи, па ако чини, сместа одиме да се заваруваме :D
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Во ценовникот на силуете пишува дека е 500 http://www.silhouette.com.mk/images/pricelist.pdf, инаку јас по другиве салони не сум сретнала
    во битола
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не се одлучувам на ваков чекор од причина што ова кај нас е многу ново, значи и професионалци да се НОВО е невежбано, неискусено. Веројатноста да те утнат и заебат е преголема. Нека помине време, не сум овца да ме стрижат само треба асално и убаво не да ме утнат. Тоа ме заебуваат на обично шишање со ладни ножици не па вака. Прерано е. Иначе супер е, само не сега зошто е ново, невидено и неискусено од нашиве фризери, некои дури не ни знаат дека постои.
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас закажав за наредната недела, сосе префарбување на долниот дел од косата :rock: Не се плашам да ризикувам, после ќе ве известам како ќе биде :)
     
    На soncicko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ке чекам одговор,да ми кажеш како помина,не заборавај да не известиш...кисссссссссс
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Еве сум еве сум ... Ветено сторено.

    Се шишав. Се обидувам да не ги жалам парите само зашто косата убаво ми мирисаше и се надевам дека не е лошо шишањето со оглед на тоа дека не ме шишае фризерка туку обична вработена. Ај за услугата во силуете ќе си коментирам некој нареден пат :D

    инаку седнуваш, те шишаат со тие ножиците и тоа е тоа. не ми падна косата, не ми е сува, океј е. Сега уште кога ќе ја испеглам да видам дали има асолизирана форма и дали се врвовите какви што сакам јас.
    Инаку ок задоволна сум. језда малку скапичко :D

    800 е инаку, ама дека матурски период па 500. :)
     
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Јас сега ќе закажам и јас сакам да пробам,па ќе ве известам како поминав јас...

    Поздрав...
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Лола како помина, не се фалиш или имаш лошо искуство, што напарави ?
     
  16. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    хмм.. сакам и јас баш да пробам... teddybear, сега кога има поминато малку време, каква ти е косата? Покажува разлика?
     
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Лола се шишаше ли? Пиши како помина :) Исто теди и јас да прашам, како ти е сега косата?? :)
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Сакам и јас ама не би од причина што е ново , не сакам да им бидам како глушец за експериментирање . Секогаш сум за да се оди на сигурно ! :lol:
     
  19. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Нема во Охрид :( се јавив во Силуете за да закажам ама ми рекоа дека има само во СК.во салонот,така да кога ќе идам сега накај СК.ќе одам таму,морам да пробам баш ме интересира,а и едвај чекам врвовоте да си ги потстрижам :D
     
  20. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Девојки четврток сум на термичко шишање :D закажав! закажав во Силуете во СК.мене ме рекоа дека е 600 денари,а си закажав и фарбање.Ајде ќе ве известам и јас дали вреди,конечно да го испробам и јас тоа чудо :lol: ако не ме бендисува уште еднаш нема да ме видат на термичко шишање,ај ќе го видиме марифетот :lol:
    Поздрав до сите.