Најмалку 60 мртви во вечерашниве терористички напади во Франција според CNN 100 заложници во концертна сала. http://edition.cnn.com/2015/11/13/world/paris-shooting/index.html
Што убаво си коментиравмме за Дунавка....боже какви лоши вести...СТРАШНО Последна информација од Францускиот претседател Франсоа е дека ќе ги затворат границите! Се знаеше зошто т.н. бегалци навалија во Европа....господ нека ни е на помош
Заложници од театарот преку социјални мрежи ја молат полицијата да влезе бидејќи терористите убиваат човек по човек! Хорор!
Баш отворам фемина и очекувам некој(сите) да пишува(ме) за ова, а прво што ми излегува е дека активно се чкрапа за Велики Брат. Ти ебам и игнорантност и се', не дека моментално ќе отидеме и ќе го спасиме Париз, ама е за да се загрижеме сите. Се' уште нема официјални вести што како, ама се надевам дека не е терористички напад. Сепак, што и да е, жално е и катастрофа. Ненајадени болни умови.
Терористички напади се, за жал.... Само што отворив интернет денес ова ми испадна... Доле линкови кој сака да следи ситуација.... греота. http://www.nytimes.com/live/paris-attacks-live-updates/ https://twitter.com/search?q=Paris&src=tren http://edition.cnn.com/2015/11/13/world/paris-shooting/
А кој очекуваш да коментира во оваа тема? Најактивна тема е Дали сум бремена, на која што прашуваат едни исти деца секој месец. И јас 100 пати проверувам нешто ново да не најдам, ама верувај овде е лоша идеја да гледаш. Страшно е ова што се случува ама овде никој не гледа толку трагично...абе во франција ми е гајле што се случува, дај пушти братот на сител
Има некаков линк за пронајдените тела на 8 (?) бебиња во стан во Баварија? Каков монструм треба да си за да го сториш тоа?
Сигурна сум дека е тероризам...ИСИС. Страшно е што се случува во Париз, жално за загинатите и оние кои сеуште го доживуваат хоророт.Бог нека им е на помош на французите. Но мора да се признае дека оваа е резултат на лоша политика на западњаците. Да сакаа можеа да ги средат уште многу одамна, ги подржуваа бунтовниците, го подржуваат Обама на кој искрено мислам дека му чуе, преку барата е го боли уво, по реални се шансите за напад во Европа него во Америка.Се знае кој ги финансира и вооружува ИСИС сите западњаци на чело со Обама.Наместо да се единствени во политиката заедно со Русија тие тераа контра, а сега излегува дека тоа им е единствениот спас, бидејки кога ова се случи во Париз може секаде. Штета што страда невин народ,многу жално.
Што вика мајка ми: Кога е војна барем знаеш каква е ситуацијата, ама тероризмов е многу пострашно. Во мирна земја, да си шеташ по улица и одеднаш да извади некој калашников и да почне да убива по ред. Или луѓево на концерт си отишле, за сега еден по еден да ги тепаат. Господ нека е на помош. На CNN гледав, збореше очевидец дека додека се шетал на улица, некој млад дечко на 20тина години извадил калашников и почнал да пука по луѓе. А од овие на концертот се слушало само врискање, па пукање... Страшно. Не знам веќе што да кажам стварно, го исклучив телевизорот, не можам да слушам веќе.
http://www.thedailybeast.com/articles/2015/11/13/watch-live-coverage-of-paris-attacks.html Еве во живо
Париз одамна не е безбеден за живеење, ама ова е веќе претерано и не е параноично човек да стравува за својата опстојувачка. Толку многу не сум запознаена со политиката што и како, не можам да тропам глупости, ова ми е веќе надвор од политичко и од се. Фала @Doozy за линковите, не е за лајк, ама...
Овој петок 13ти е ептен shitty ден Земјотрес и цунами во Јапонија, ураган во Мексико, бомби во Париз... Првите две се дело на природата, ова последново е дело на (не)луѓе и верувам дека бројот на жртви ќе беше многу помал ако барем еден го вклучеше нивниот испран мозок. Некаде прочитав дека ова било одмазда на ИСИС за смртта на нивниот Џихадист Џон, ама дури и да не беше така, ќе најдеа некој друг изговор со кој ќе ги оправдаа нападите. И пред да почнат нападите за „мигрантската политика“, само ќе кажам дека тероризмот постоеше и пред мигрантите да почнат да доаѓаат во Европа. Paris attacks: Thousands sing national anthem during stadium evacuation
Да се потресе човек максимално! Ова е страотно што се случува, се надевам дека нема да има уште жртви.Многу жално, страшно.... Немам зборови невини луѓе на секој чекор умираат! Бог да ни е на помош
Ептен ме потρесе веста, стρашно е и жално што од луѓето напρави ρелигијата и власта.Немам збоρови да ја опишам тагата за сите невини луѓе што досега ги загубија животите и не само во овој напад туκу сеκојдневно што се случува.Не знаеме κому утρе ќе му теκне да извади κалашниκов и да убива се пρед себе, може да ни се случи на сите, ни нема спас, само Господ да не чува.Се надевам деκа бρојот на жρтви нема да се зголеми.Мислите ми се со нив, неκа молитвите им се на помош.
Доколку Македонски државјани се во Париз и имаат потреба од помош од МКД амбасада Адреса: 21, rue Sebastien Mercier 75015 Телефон: 331 45 77 10 50 331 45 77 85 77 331 45 77 10 73 емаилот е: paris@mfa.gov.mk http://www.embassypages.com/missions/embassy6283/
Најстрашно е што со овие нема компромис тоа им е агендата, тешки фанатици се, тераат идеологија и идат до крај ... Жално за починатите Се надевам заложниците ќе бидат што побрзо пуштени.