Ме интересира нешто што ке се случеше или што ке направевете или што ке пишувавате ако НЕ ДАЈ БОЖЕ бевте токму вие таму или некој од вашето семејство ...токму вие сте се нашле во париз на тој концерт сте отишле на патување и се случува ова...прочитав коментари погоре на некои им е жал некои се спротиставуваат...да, јас не не ја направив профилната на фб во знакот на франција нити хаштаг преј фор париз.....но сепак ми е многуу жал и се соочувствувам со сите луѓе кои се таму ,секој еден од нас можеше да биде на тоа место..не сакам да навлегувам во темата за кај нас овде во куманово зошто веднаш мешате политика ВМРО И СДСМ.. терористите се сериозна закана за светот само тоа можам да го кажам...Прашање е како да се одбраниме на кое нема одговор..................................
Ако да некого сожалуваш и сочувствуваш со него бараш кога тој тебе те сожалил и дали би те сожалил, дали би ставил знаме од твојата држава ако се десело тоа кај нас и дали би се молел за нас, тогаш тоа воопшто не е сочувство, а најмалку па сожалување, тоа ти е некој вид дебилизам и нечовечност или па едноставно македонска работа, дури и во вакви моменти да се бара правда и да се мудрува. Безгрешни луѓе умреле и тука и таму, ако продолжи вака ќе умираат насекаде, а поголема грижа треба да се води тоа никаде повеќе да не се повтори, отколку француското знаме на профилот на комшијата. Жалосно, ми било жал и за Куманово, жал ми е и за Нигерија и за Франција подеднакво, жалам за невини животи одземени на таков начин и жалам во што се претворил светот. А жалам најмногу што наместо обединување, гледам омраза и поделеност за банални работи..
Не знаат сеуште дали напаѓачот влегол како дел од бегалскиот бран! Туку пасошот кој што бил пронајден во близина е тој што е регистриран при влезот во ЕУ. Пасошот можел да припаѓа на некој друг, да биле намерно менувани податоците и тн. И не како последно, зошто терорист би носел со себе пасош на место на нападот? За да можат побргу да го идентификуваат кој е што е од каде е?
Франција добива подршка и сочуство од целиот свет, но зарем тоа ќе ги врати изгубените 130 животи? Зарем една земја погодена од тероризам, и едни луѓе кои веќе се плашат да излезат да купат леб сега можат да бидат горди? Зарем Франција сега може да се фали како сите ја подржуваат и да им се сити на другите земји кои исто така беа нападнати, но не и подржани? Затоа што сигурно на тие што ич не ви беше гајле за Французите и овие ствари си ги помисливте. Па тие сега не знаат главата каде им е,а не да се замараат во врска со тоа колкуава подршка примаат. Па барем ставете се на местото на една мајка, која последен пат го видела синот пред да отиде на концерт, велејќи му убаво да си помине, и можеби да не останува до касно, а потоа? По неколку саати таа го гледа мртвото тело на синот, облеан во крв. Ќе може таа беспомошна жена некому да се сити, или пак самата е крива? Дека можеби примила мигрант дома или обучувала некој исламист како да ракува со оружје? Не, само обичен граѓанин е која само си се грижела за семејството, секој ден оди на работа, несвесна дека еден ден поради тероризам ќе и загине детето. И не мора да бидеш мајка, доволно е да си човечен за да се ставиш на нечие место, и жртвата да ја гледаш како еден поединец, обичен граѓанин, а не да велите "Франција си заслужи како држава да и гинат луѓе" И пак ќе кажам, што е важно дали е Французин или е Македонец? И луѓето од Куманово не ги познававте, но ви било повеќе жал а зошто? Затоа што е Македонци само, односно од вашата земја. Човечноста не гледа националност, раса, пол, па и религија која многу не знаат како да си ја ценат. Луѓе сме сите
Ке кажам дека е навистина жално за загубените невини животи а овие што ќе си прават политика, ќе си прават ама жртвите нема никој да ги врати. Без разлика дали станува збор за Париз,Сирија или Палестина секојдневно се губат стотици милиони животи скриени под маската на религијата. Ќе кажам, тероризмот нема религија! Све е пари, валдеење со светот на сите тоа им е целта.
Искрено жално е да се гледа колку еден мочан фесјбук и остали ср*ње социјални мрежи , може да засенат загуба на човечки животи низ целиот свет . Не не се жали ни преку слики , ни преку знамиња ни глупави хаштагови - тараби на социјални мрежи , се жали преку срце и душа , и не ако некој од народите не ставил порака со жал , не значи дека не прочитал за состојбата во наше Куманово и не се помолил . Доста го тупите со едно те исто , невин народ гине низ цел свет , тоа е она што е жално
Еве моменти од почетокот на пукањето Бендот што свиреле се Eagles Of Death Metal Која афирмација ќе добијат после терористичките напади. И ја земаа славата на Дунавка, лол!)
@calliope Остави ги децата и тек тук по некоја тетка експерт во се и сешто да си праат муабет. Темава е за нив. Оние кои што имаат познавање на тема меѓународен тероризам, азил и миграција сигурно нема да се објаснуваат тука. Секоја чест на оние кои што разумно гледаат на ситуацијаата без да го обинуваат невиниот и напишаа објективни коментари.
Немојте да зборувате за големата слика, само зашто сте се повлекле еден чекор поназад од останатите кои се залепени со носот до платното со величина колку земјината топка. Сакате да зборуваме за големата слика и Французите во неа? Океј. Прво и основно, мигрантската криза е директно создадена од Франција. Таа како една од главните членки на НАТО е заслужна за мигрантите кои доаѓаат во Европа со децении наназад бегајќи од ужасните услови за живење во нивните земји. Само од овој век, Французите сами или со своите сојузници учествувале во бомбардирање и убивање војници и цивили во... Србија и Косово, Авганистан, Брегот на Слонова коска, Хаити, Либан, Чад, Сомалија, Либија, Мали, Централно Африканска Република, Алжир, Мавританија, Мароко и Ирак. Тоа се официјални податоци кои ги најдов по интернетов. Второ, терористи се луѓе кои убиваат заради некоја своја цел. Под превезот на религијата, тоа се луѓе кои убиваат за пари. И тоа може некој ако сака да го негира, тоа е вистината. Но за тие луѓе да станат машини за убивање, некој мора да ги обучи, а јавна тајна е дека САД ги обучува сите терористи на Ал Каеда, ИД и слично. Франција и Америка се едни од најголемите сојузници во сите модерни војни. Но, понекогаш и тие знаат да дојдат во конфликт на интереси, па така во раните 90-ти во Руанда, САД им дава поддршка на една група која се бори за власт, ги обучува нивните лидери, ги финансира и ги снабдува со оружје, додека Французите го прават истото со другата група. Конечниот биланс е милион мртви. Да, сите тие одат на душа на Франција и францускиот народ зашто тие го одбрале лидерството на земјата кое дало наредба да се поддржи активност во која се масакрира одредено население само зашто не им е по мерак. Никаква разлика нема од раните 90-ти до сега, кога Французите од Либија која беше рај на земјата и место каде многу Македонци одеа на печалба, го претвои во пекол со квазидемократија и сиромаштија, па сите тие луѓе мораат да се селат во Европа во потрага по подобар живот. Исто е и со Нигерија и со Сирија и со сите тие земји во кои Франција носејќи демократија испоуби милиони луѓе. Тоа е големата слика, лидерите на големите земји во борбата за контрола и доманција на светската карта го губат осетот за малите луѓе кои гинат. И немој calliope „македончето“ и сета таа ароганција кон останатите Македонци, ако ти се осеќаш како малечка и небитна и спремна да те газат, некои од нас не се осеќаат така. Прибери си ги изливите на снобовски емоции.
Не ми се верува дека уште некој вели дека Франција си е крива или заслужува. Мене како поединец не ми е многу гајле што правеле луѓето што ја водат државата, тие што загинале се невини жртви . И САД помогна да се создаде ИД, но сепак ќе ми биде жал ако и на нив истото им се случи бидејќи ќе загинат невини луѓе кои случајно ќе се најдат таму. Некој уште не знае што е човечност очигледно.....
Fintata e sto otkako i se sluci na Francija ,stanavme takvi covecni po fb po socijalnite mrezi i socustvuvame i so mravkite ako im se nedaj boze sluchi tragedija.Toa e poentata,normalno e da taguva svetot po zagubeni covecki zivoti samo nekoj bez srce ne bi socuvstvuval neli?No ako ne bea napadnati Francuzite,denes nemase toa da go komentirame
Денес и на сител и на канал5 прво кажуваа дека Николче ни купил електромоторен воз јеи и го покажуваа кај што си се вози и 20 мин за тоа кажуваа... Секое чудо 3 дена За Париз при крај нешто спомнаа, колку да се спомне.
А зошто да не зборуваме за големата слика? Нели секој има право да си каже свое мислење? Ова што ја го зборувам е мое мислење и не мора по секоја цена да значи дека е точно, ја го кажувам она во што ја верувам. Без разлика од кого е поттикната "мигрантската криза" за која правиот збор е всушност инвазија, тие мора ли неминовно да мигрираат во Европа која и самата се соочува со огромна економска криза? Тие го имаат Блискиот Исток, Саудиска Арабија, куп арапски земји пуни нафта и злато. Зашто не мигрираат таму? Затоа што тие имаат агенда а таа агенда е да го шират исламот. Блискиот Исток не ги прифаќа нив зошто они сакаат тие да мигрираат во Европа. Тие ги фундираат со тони пари и ги праќаат овде. Во право си и се сложувам со тебе дека терористите имаат цел, во случајов исламизација. Ако тероризмот нема религија, тогаш зошто неговите жртви имаат? Ако ИСИС не е "исламизам", зошто тие слепо го следат куранот од збор до збор? (објавив линк со детали за поврзаноста на куранот и насилството, беше избришан). Факт е, ако сето ова е погрешно интерпретирање на исламот и религијата како таква, како тогаш е можно толку многу милиони луѓе да го имаат (не)разбрано и да го интерпретираат на потполно ист начин? -П.Г. Патем, целата ствар е што ние сме навикнати да ја обвинуваме Америка и воопшто западот за се што се дешава, зошто така е најлесно и зошто тие навистина некогаш биле дел од големи неправди. За мене на пример ова е големата слика сега за сега. Огромната светска пропаганда која ни ја наметнаа светските лидери за диверзитет и мултикултурализам ни се удира од глава.
Мене ме интересира од каде ги влечеш информацииве? Официјално соопштија дека еден од напаѓачите, 25 годишниот Ахмед Алмухамед бил регистриран на македонско српската граница на 7 октомври каде побарал азил од властите на Србија. Не знам што повеќе од ова треба да се дојде до заклучок дека заедно со тие "бегалци" влегуваат и терористи...
Тоа де! Кој би носел вистински документи за идентификација, кога со нив може да се откријат и истовремено загрозат неговите соработници, членови од семејството и сл. Колку тешко е денес човек да дојде до нов идентитет?
На крајот, со пасош или без сепак се идентификувани напаѓачите. А во врска со ова за откривање и загрозување на семејствата па и не се согласувам. Се знае кои се и каде се лоцирани. Однапред се закануваат која земја ќе ја нападнат, веднаш по нападите се јавуваат сами и превземаат одговорности за нападите. Баш кога се веќе ќе се идентификуваат во судска медицина се дознаваат сите информации за нив. На дел од напаѓачите се приведени најбликите роднини, браќа, родители, братучеди... Ова не се некои што доаѓаат пукаат и бегаат, па да има зошто да се пазат да не се дознаат. На нив токму и тоа им е целта да се знае кои се и зошто напаѓаат. Единствено што можам да кажам дека ми е мило за целата ситуација е што повеќето од бомбашиве се разнеле за џабе. Дали четворица или тројца од нив ги активирале бомбите и се разнеле само они, можда звучи ладнокрвно од моја страна ама барем заедно со нив не настрадале други луѓе.
Мене искрено ме интересира дали оние кои до вчера отворено даваа поддршка на мигрантите и не нарекуваа сите нас кои еве, со право сме се запрашале за сопствената безбедност, исламофоби или нелуѓе, дали тие истите ќе излезат денес и ќе се извинат? И дали им тежи се она што беше кажано? Немој да ги критикувате сите оние кои ќе речат арно им се деси на Французите. Жалосно е за луѓето, ама ова е шлаканица за Европа да се освести со таа глупава демократија и отворена политика која очигледно ни носи повеќе ропство отколку слобода. Примија толку ризична група на народ без резерви, им дадоа слобода, демократија курци палци ама еве сега страв им е по леб да излезат. Си ја донесовме војната од Сирија на наши простори, со здравје да си ја носиме сега.
Гледајте во центар со Васко Ефтов а гостин му е Југослав Петрушић (тој работел во француските разознавачки служби ) , тој уште пред 3 години изјави дека ке има голем "терор" во Сирија , и терористите и населението се договараат преку морето ,преку Грција , Македонија , Србија и тако даље . крајна дестинација Германија , Австрија, Франција , Холандија, таму заедно ке вршат терор , и ЕУ ке одлучи да ги врати во Македонија и Јужна Србија која е речи си ненаселена , и он самиот кажа Македонија нема пријател , освен неколку пријатели во Србија и нема кој да ја заштити , Гледајте го во центар интервју со Југослав Петрушиђ пред 3 години и ке ви станат нештата појасни