Кога веќе се постираат и вакви работи во темава, еве еден пост од една девојка што саат време лежела меѓу мртвите тела, преправајќи се дека и она е мртва. Не знам за вас, ама јас читајќи го имав толку јасна слика за тоа што се случувало во салата, што морници ме полазија.
Јас сум еден од тие што ставил слика на Француско знаме на профилната слика и жалам за тоа што им се деси и секогаш ќе бидам од нивна страна. Ти сакаш да кажеш дека луѓево кај нас ги жалат а не им текнува што ни направиле. Тоа со Борис Трајковски пола свет знае кој бил. А сигурно не французите. Од кај ти се тие информации ни сам незнаеш. Викаш дека не треба да ги жалиме Французите затоа што ни фрлиле ураниум. А што да кажам за шиптарите кои што не тепаа и не тепаат секој ден во својата држава????????????????? Не ги сакаш Французите а ги сакаш шиптарите што не кољаат секој ден. Понатаму нема што да зборам. Поздрав.
За жал ќе се согласам со помалку членки како @koritsaki @Скопјетесакам. Зошто? Затоа што без оглед дали цивили или обичен смртник, без оглед бројката тука и таму и споредбата која ја правите сепак сите се луѓе,живеат живот и сакаат да живеат. Кога имавме војна во Македонија ниту еден свет не се дигна на нозе. Куманово,мај 2015 година народот спие мирно одеднадеш пукотници,страв и трепет, бомби дали некој од светските земји и Европа напиша #prayforMacedonia, prayforKumanovo? Не беше исценирано сценарио,туку ИСИС не имале во план да направат хаос во Македонија и Србија. Имигрантите кои секој ден минуваат тука,минуваат слободно и никој од весниците не се залагал да пренесе точна информација. Цела недела се вртеше важна вест како Мијалков носел пиштол во авион. Тоа било многу важно. Незнам зошто се расправате кога наа ни требаше помош не се јави цел свет,ниту се дигнаа на нозе. Цел свет тие три дена јадеа,пиеја,славеа како ништо да не било. ИСИС сакаат целиот свет да биде муслиманска вера.Сакаат слобода,сакаат Алах да го величаме. И не,не менувам профилна за Париз,ми е жал за жртвите и за таквиот настан,но тие не не жалеа нас кога ни беше најтешко. Никој не смени профилна и никој освен ние самите не ја пренесе веста. Како што кажа @koritsaki за нив сме варвари,а тие се борци за човекови права. Борците за човекови права не се борат со убивање на невини луѓе,ниту се тоа го решаваат со насилство врз поголеми градови. Светот во 2001 година јадеше,пиеше Македонија сама се бореше,светот во 2015 година славеше како ништо да не било Македонија сама се бореше. Желбата ми е едноставна: Мир во светот.
Тоа е мое мислење, ти и другите не мора да се согласите со него. Не можеме да имаме сите исти гледишта и ставови, и јас иако можеби не се согласувам со вашите сепак ги почитувам. Моето мислење за мигрантите и општо за темава го пишав во повеќе наврати и немам намера да се повторувам.
Многу ме потресе сликата во театарот со мртвите тела и таа река од крв. Ова многу ме тера да размислувам за мојот живот, луѓе ова може да се случи на секој. Сите тие луѓе што лежат мртви на сликава имаат семејства,замислете си како им е на нив, сите овие луѓе отишле да си поминат убаво на концерт и да уживаат,а глејте ги сега каде завршиле.Исто замислете и доколку терористот влегол во стадионот каде што се играше фудбал,се ежам. Затоа не зборете глупости, не поврзувајте Куманово и прејфорпарис, многу е глупо во вакви трагични денови вие да се карате за најневажните работи. А за ова што луѓето го форсираат Париз повеќе од Багдад и Беруит,затоа што овие се воени бази и вакви работи се случуваат секој ден, не викам не е помалку важно од Париз и пожално,каде и да е тажно е,ама ете кога ќе се случи во еден град како Париз стварно е шок. А, за фејсбук што понудува знамиња само на Франција,за тоа не е вредно да се карате затоа што веќе сите ја знаеме работата со социјалните мрежи.
http://www.kurir.rs/planeta/video-n...anicno-poceli-da-vriste-i-beze-clanak-2019749 Нови пукотници во Париз, ако можам да кажам напад.
Мене ова ме плаши.... Закани за труење на храна и вода, јавно, на видео си ги покажуваат лицата. https://onedrive.live.com/?authkey=...=0&id=C3D9FAB31063ABBE!108&parId=root&o=OneUp Инаку објавена е слика од еден од напаѓачите по кој е распишана потерница. Со изнајмено поло се упатил кон Белгија, веднаш по нападот, го запрале на граница го провериле и го пуштиле, направила пропуст самата полиција http://press24.mk/foto-mrtov-ili-zh...rancuzite-objavija-fotka-od-terorist-vo-pariz
А ова ќе се прокоментира? http://news.sky.com/story/1588256/france-drops-20-bombs-on-is-stronghold-raqqa
Вие што тврдите дека мигрантите не се терористи, се надевам дека прочитавте дека едниот од нив (што се разнел) поминал низ Македонија. Значи сме можеле ние да бидеме тие што ќе не имаше насекаде по светот, и ќе се молеа за нас. Можеше сега МНТ, и Сити Мол, и ГТЦ, и некои ресторани да беа во воздух заедно со уште 1000 невини жртви, разнесени на 1000 парчиња. Нормално дека не се сите терористи, ама на секои пуштени 100 мигранти во земјава, меѓу нив има 30тина терористи....нека се освестат еднаш надлежните, нека ги затворат границите, нека не пуштаат никого без документи, редно време е.
Значи, не можат да ги спречат. Врзани им се рацете, бидејќи ЕУ и членките одлучуваат, колку мигранти ќе поминат од Македонија, дали со документи или не. ЕУ наредува, а овие нашиве го вршат тоа што им е наредено. Односно што би рекла, ЕУ свири, а нашиве играат по тоа коло. Се надевам, дека после нападов, ќе се освести ЕУ и нејзините членки, и ќе биде поинаку.
Добро, ете не може да спречат ама барем подетално нека ги проверуваат, а не да ги пуштаат со бомби под маици. Абе да беше Заев на власт, живи луѓе ќе јадеше за да си ја заштити сопствената земја а не ко овој цел ден си се вози во новиот воз http://panika.be/articles/38299/najloshata-stvar-shto-mozhe-da-ti-se-desi-na-ekskurzija
Цела вечер слушам вести на CNN. Колку повеќе слушам за нападиве во Париз и за акцијата во Белгија, па и сега и францускиве бомбардирања во целите на ISIS во RQQKA, толку повеќе си поставувам прашања - што воопшто се презема како безбедносни мерки и антитерористичка заштита и одбрана во Македонија ? Какви неодговорни луѓе раководат со државава, се повеќе ме фаќа нервоза, а не сум тип кој паничи.
Во Куманово беа уапсеани над 10 луѓе осомничени за тероризам. Тие 10 луѓе, наводно професионални терористи членови на ИСИС не успеале да го остварат замислениот план во Куманово, а 8 луѓе успеале да убијат над 100 во Париз? Дај не се занесувајте. Да сакале да го направат сето тоа за што се збори дека планирале, ќе го направеа, немаше да биде спречено. Али ајде, друг муабет е тој. Вчера французиве започнале со бомбардирање на некои ИСИС кампови во Сирија, сега за сега нема информации за погинати. Не ми е јасно зошто не го направиле тоа до сега штом знаеле каде се лоцирани.
Абе какви терористи во Куманово, дај не се зафркавајте. Парижани ќе пишувале #prayforkumanovo, веќе и дете знае дека лудациве кај нас си играат камај камај, при секоја ситуација што не им одговара.
Сум напишала без врска RQQKA наместо RAQQA. Не знам каков ќе биде одговорот на ISIS на овие напади од воздух на францускиве воени сили. А ISIS сигурно има цела мрежа од тунели под земја.
Ajde vi se molam vo Kumanovo se bese iscenirano I malo dete go znaj ova....kakov isis kakvi bakraci Mu dozeze na grujo I ahmeti togas za bombite I edinstveno resenie mu bese to da naprat neredi,da si go spasat valkaniot gaz I tie se teroristi ubija nevini luge nemat troska covecnost,stram I strav od boga.
Тоа е многу далеку од the Big picture. Прво, твојот став дека сето ова е осмислена исламизација, не можам да ти го побивам, зашто е твое лично мислење, можам само да не се сложам со тоа, и не се сложувам. А не се сложувам зашто мислам дека е тоа преголема теорија на заговор некако, премногу комплицирано е за да биде реално, сите нешта во светот од ваков тип се прилично едноставни и логични, но нам, обичниот човек ни се претставени секогаш со некоја аура на мистичност, па мислиме дека нешто коооојзнае колку длабоко се случува. Илуминати and shit... Всушност, муслиманите од тие земји не ги сакаат избеглиците. Муслиманите меѓусебе во Азија и Африка се испокарани многу повеќе од тоа што нам ни изгледа како сите заедно да се борат за една кауза. Најголемиот дел од терористичките напади на Исламска држава, талибанскиот режим и слично се кон други (за нив) поинакви муслимани. Се убиваат на големо. Бегалците од Сирија и секаде во светот едноставно не можат никако да влезат во Саудиска Арабија или Катар, зашто таму не ги пуштаат, тие знаат дека џабе ќе тргнат таму, кога ќе умрат на граница без некој да ги погледне. Еве еден цртеж од саудиски весник Makkah некој си. Но тоа, според мене, не е големиот план на богатите муслимани, да ја исламизираат Европа, тие едноставно не ги сакаат дома сиромашните, како ние што не ги сакаме, како Унгарците и Словенците кои креваат бодликава жица, никој не сака таков товар. Сепак, кога сме на муабетот, Либија, соседна земја на Сирија, официјално има прифатено речиси 1,5 милиони бегалци. Турција слично. Дури, според Саудиски официјални лица, во земјата има 500 илјади бегалци од Сирија, но тоа е малку лага зашто за да влезе еден Сириец во нивната земја, мора да добие виза, а виза не се добива така лесно. Тоа се луѓе кои веќе живееле таму пред војната, па луѓе кои добиле виза благодарение на тие луѓе и слично. Плус, сигурен сум дека реалната бројка е неколку пати помала од оваа кажанава. Второ, не ја гледаш големата слика кога велиш дека сите терористи се муслимани. На @Marick14 не можам да му го објаснувам зашто е премногу млад, ама ти би требало да знаеш, дека исламот е само изговор за некои луѓе да убедат други луѓе да се разнесат на стадион полн со гледачи. И тоа не е ништо ново, терористите само во моментов ја користат религијата, која наеднаш зеде огромен замав на радикализам и е најлесен начин за манипулација. За споредба, во Европа беше користено христијанството како изговор за одење низ светот и убивање и пљачкање луѓе. Крстоносните војни се сите до една под превезот на религијата, луѓето кои мавтале со мечеви на блискиот исток биле убедени дека одат да го вратат божјиот гроб, всушност, јаките фаци од Лондон, ПАРИЗ, Рим и компанија, нашле совршен изговор да го опљачкаат Константинопол. Исто така, пред неколку години во Норвешка беше Брејвик, кој како изговор за масакрот во кој уби повеќе од 70 луѓе ја искористи религијата, односно бараше да се задржи христијанскиот концепт на земјата и беше против доселувањето на муслиманите. Мислам дека сите жртви во терористичките напади му беа христијани. Оди најди логика. Религијата е најлесниот начин да го убедиш простиот човек да направи нешто за тебе.