На темава гледам наголемо и нашироко се објаснува кој е крив, кој заслужил, се карате кој е во право, кој не е и сето тоа ми е жално зошто во вакви моменти јас не можам да гледам на тоа кој е крив и кој заслужил, зошто го сакам човештвото и ги сакам луѓето во глобала и не можам да замислам човек на кого не му е тешко за сите невини луѓе кои секојдневно гинат во светот, не само во Франција во петокот, не само во Куманово пред некој месец...Во момент која еден куп млади и стари и деца гинат или остануваат засекогаш без некој кој им значел живот јас не можам да не сочувствувам.Зошто ги обвинувате оние кои од солидарност смениле профилна слика или слично, можеби е помодарство, но можеби и стварно се засегнати, еве мојата цимерка има дечко од Франција, студира во Париз и таму бил во моментот, заедно се со години и немате поим колку болно да не слушнеш и да не знаеш што се случува со него моментално, со некој што ти значи живот. Јас имам колешка од Куманово и кога се случуваше тоа бев цел ден со телефон во раце, им понудивме помош и дом ако им треба, ако дојде до најлошото, сега кога слушнав за Париз цело време цимерката ми беше во ум, луѓе се сите безразлика од која земја. И кога сме веќе кај тоа, зар светските медиуми не известија за Куманово, од кај знаете дека немало засегнат народ, на брат ми пријател од Америка му пиша дека слушнал за нападот и се загрижил, не знаел каде точно е.Чудни сме ние македонците сепак, арно кажа некоја членка криво ни е што не не сожалуваат. И свесна сум дека се е политика и дека си патиме од политика и религија, но едно е држава друго е народот во неа, иако не треба да е така.И за она што одлучува државата не е крива некоја девојка која во петок вечер излегла само на забава, можело тоа да биде ќерка ви или девојката која е на патување во Париз или сестра, мајка, безразлика, човечко суштество е и боли и не можам да ги разберам луѓето кои велат дека не им е гајле. И нормално е светот да дознае за Париз, светски град е, светска држава, медиумското влијание е поголемо, нормално е светот да знае повеќе. Како и да е мене ме боли за секој невин живот кој згаснал и трагично ми е, човештво сме и едно сме, место да се сплотиме и подржуваме во вакви моменти, да се бориме заедно против злото, ние си префрламе и препукуваме.
Како бе за помалку од 24 часа Франција одлучи да ја нападне и отвори војна со Сирија? Причина повеќе пред јавноста или изговор им е терористичкиот напад во Париз. Како за толку кратко време ги лоцираа местата за напад, отворија војна, а не можеа да спречат неколку бомбаши самоубијци, терористи? "Operacija koja je izvedena u koordinaciji s američkim snagama, pogodila je zapovjedno središte, središte za novačenje džihadista, skladište streljiva i logor za obuku boraca, rečeno je u priopćenju." Таму сега нема да гинат невини луѓе, деца!?
Па според напишаново вели дека операцијата е извршена врз некое место каде што се обучуваат терористи. Не кажува дека е врз некој си цел град. Значи, ќе гинат терористи.
https://onedrive.live.com/?authkey=...=0&id=C3D9FAB31063ABBE!108&parId=root&o=OneUp Го гледав видеото не ми се верува бре каков народ гази по земјава ,какви се овие монструми .....Страв ми е да живеам луѓе..Тие немаат срце немаат ништо се е им е извадено и мозокот им е фрлен некаде...какви одвртни суштества не можам луѓе да ги наречам зошто не се луѓе....незнам колку и да се пишува гадно племе не цивилизирано лелеллеле колку сум изреволтирана и колку ми е тешко кога прочитав девојакта како се борела за да остане жива во салата жалноо многуу жалнооо....
Они седат таму со скрстени раце и чекаат. Знаеш дека во војна почесто гинат цивили!? Туку зборот ми беше ... Кога се молите за Париз, помолете се и за Бејрут. Помолете се и за децата кои загинале во Сирија од 2012 година наваму. Исто и во Украина. Кога некој ќе ти дојде дома и те нападне, нормална реакција е одбрана, понекогаш со одбраната следи и освета. Не убиваат тие туку-така од забава. Кој прв почна!?
Да се помолиме сите овие поголемите светски сили да ги прекинат војнте и нивните политики за задоволување на интереси за да не настрадаме сите. Доста војни, стоп за војните во цел свет, не е само Франција колку масакари се случија и убиства ширум светот во последно време, жално е сите се луѓе.
Јас лично не се молам за никого, атеист сум и не ме интересираат реалигиозни работи. Емпатија имам, живот е живот, без разлика каде се наоѓа човекот на планетата. Но, најискрена да бидам најмногу стравувам што ќе биде во (блиска) иднина. Стравувам дека можеби и Македонија ќе биде мета на тероризам, стравувам дека можеби ќе настане војна. Исто така, Сирија (а и нејзините соседи) веќе долго време е во војна. Франција не е. Тоа што се случи во Франција беше терористички напад. Има разлика. Не во изгубениот живот, но во основата на случката. На крајот на краиштата, каде се оформени тие секташко/исламско/радикални групи? Кај нив. Значи, самите си се криви, кој ги терал да формираат терористички групи и да создаваат таква филозофија. Зошто да пати остатокот од светот? Зошто јас како нерелигиозна личност да стравувам дека утре ме чека војна (и можеби и ќе загинам) поради туѓите религиозни филозофии (се разбира, не мислам на сите 100%, но на тие кои го прават ова).
Епа ајде сега сите ние Балканот да се собереме и да направиме терористички напади на Турција, оти нели пет века сме биле во ропство, да им се осветиме.
Те чепка тебе Турција во моментов? Нашите претци го направиле тоа што требало своевремено. А и да решиш со кого ќе се собереш? Повеќето балкански земји истовремено биле окупатори на нашава мала и убава. Нејсе муабетот оди во погрешна насока. Не станува муабет за што се случило пред 500 год. ќе треба да се вратиме во времето на Каин и Абел. Станува збор за денес, утре.
И јас се сложувам дека токму поради што ни ја продаваат баш оваа реченица: "Религијата е најлесниот начин да го убедиш простиот човек да направи нешто за тебе." и "Тероризмот нема религија" автоматски ни затвораат очи. А ние сите знаеме дека дури и атеистите имаат свои верувања, своја "религија", они веруваат у себе. Значи сите ние веруеме у нешто. Е токму оваа широко распостранета пропаганда, наметната, им помага баш на нив полесно да се инфилтрираат меѓу нас. Се додека ние така мислиме, они добиваат. Она што ти го нарекуваш "осмислена исламизација" воопшто не е преголема теорија на заговор. Има далеку многу поголеми теории на заговор од истата. Твојот цртеж @Captain-Omni , само го оправда мојот став дека они се под нивна директива испратени во Европа. Иначе немаше да биде знакот на ЕУ стаен, туку карта на свет - глобус.. А тоа што тие имаат проблем со самите себе односно меѓу себе, имаат. Ама сите ние имаме. Еве прост пример за тоа... Сите земји на Балканот имаме проблем меѓу себе, ама утре ако има потреба да дејствуваме заедно против заеднички непријател тие проблеми ќе почекаат. Исто како исламските земји што нас ни перат мозок дека они се смртни непријатели меѓу себе, чак што више они се, ама ако нивната агенда е исламизација.. они уште долго ќе ни продаваат нас муда за бубрези дека меѓу нив љубав нема, само за да си ја остварат целта. Еве уште попрост пример, и двете наши албански партии се поделени меѓу себе, ама кога се работи за заеднички интереси дејствуваат заедно. Не, не ги сметам сите муслимани за терористи, ама сметам дека најголемиот дел од нив се. Да, се сложувам и дека дел од нив (ама многу мал дел) го користат исламот како изговор. И тоа не го негирам. Ама апсолутно апсурд е да се споредуваат крстоносните војни со тероризмот денеска. Зошто? Затоа што прво крстоносните војни почнале во 11 век, друго во тоа време сите наметнувале религија на тој начин, трето сега сме 21 век, правниот поредок еволуирал, и денеска живееме во општество каде постои слобода на само определување, освен во исламот кој што веројатно заглавил во тој век и тапка во место. Во исламските земји уште постои смртна казна доколку пробаш да смениш вера, уште постои јавно каменување до смрт ако девојката била силувана.. и тако даље. Затоа било каква споредба на крстоносните војни и ова што денеска ни го приредуваат одредени групации кои убиваат во име на своите идеологии е апсурдна. Норвешка денеска е една од најнебезбедните земји во Европа. Имам другари таму со кои контактирам цело време, ама да не биде дека моетo мислење е пристрасно, има на интернет откако "таканаречените мигранти" ја населија, криминалот е рипнат во огромна мера, и високи 80% од истиот е извршен од страна на муслимани/мигранти. Шведска моментално е најнебезбедната земја со најголем број на силувања во светот нема потреба да повторам од страна на кого.. Затоа што во таканаречените мигранти 73% се мажи, 15%жени а останатите деца. И зошто според нив - "жените сами си го бараат." Овие слики ме пратат увек кога ќе затворам очи. Спојлер: ... И да, лично сметам дека се работи за глобална исламизација, но оставам отворена можност и за други игри. Сигурно не е само едно нешто во прашање. Мислам дека Скај-батерфлај имаше објавено многу здраво-разумна статистика во ова болно време. А во мојот линк може да се види како еден арап-политичар ги подучува муслиманите да се контролираат и да се понашаат цивилизирано во Европа така што полесно ќе се инфилтрираат и ќе ја спроведуваат својата цел.
Фокус: Тричасовна аудио снимка ја крие вистината за Куманово и политичките режисери! http://libertas.mk/фокус-тричасовна-аудио-снимка-ја-крие/ и да се потсетиме
Знаеш зошто чекале до вчера? Зашто луѓето, цивилите кои живееле таму не биле сметани за оправдана колатерална штета, ама после тоа што се случи во Париз на французите веќе не им е гајле. И Боже, еден гугл image search за RAQQA да отворите, кога ќе видите што се случува во 21 век ќе ви се слоши.
Тоа е збор кој го употребуваат за трансексуалците во Јужна Азија ( Индија, Пакистан, Бангладеш). Барем од тоа што прочитав на google.
Овие па со заканувачките видеа напнуваат.... Ако сакаат да нападнат тоа одеднаш се прави а не со 300 видеа објавени. Де Албанија ќе ја нападнеле, де Вашингтон, де Рим... Кукавици, без врска паники креваат. Ако им се тепа нека земаат пушки и ајт во војна, а не пред камера застанале и се закануваат..... Ај кукавички едни нека си седат кај мајка им и тие војни ќе воделе. А едниот не сакал да се разнесе за да убие луѓе туку од стрес се разнел хахах така мајка му изјвила.