1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Терористички напади во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Abeja, 13 ноември 2015.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @ANGIE1 Сликата (без боите, воопшто не се потребни тука) не е далеку од вистината.
     
    На ANGIE1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477


    (y) :)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Малку оф топик, ама гледам дека сте коментирале за стапката на силување во Шведска. Капетане, бидејќи податокот си го преземал од Википедија, не си требало да застанеш со таа реченица :) Баш после неа го пишува ова: However, this does not necessarily mean rape is three times as likely to occur as in the rest of Europe, since cross-national comparisons of crime levels based on official crime statistics are problematic, due to a number of factors described below.

    Статистички гледано, Шведска има највисока стапка на силување во Европа, ама тоа е затоа што таму малку поинаку се евидентираат ваквите случаи. На пример, ако некоја жена пријави дека била силувана од партнерот секој ден во текот на две недели, тогаш ќе бидат евидентирани 14 потенцијални криминални дела. А во други држави ќе се регистрира само еден случај.
     
    На simoncelicius и karmenka им се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Реков дека нема да се навраќам пак и да се вртам во круг бидејќи никој не сака да слуша разум во вакви воено политички ситуации, ама ете, ме повлече пак за рака @AnaKarenina . Ана, нели гледаш дека стоев потпрен со рамото на ѕид, пиев црвено вино и слушав дискусија за величината на Алмодовар како режисер.

    Ана, намерно и не ја цитирав таа реченица токму заради коплексноста која сама ја напиша. Поентата е дека како што во 20. век Шведска била на врвот, така е и сега по стапката на силувања. Денес, не се муслиманите виновни за поголемиот број силувања, туку самата „навика“ на жителите на земјата и секако, поголемиот број сиромашни луѓе таму, но никако конфесијата на силувачите. Не силуваат под изговор дека Господ ги натерал така, туку зашто немаат пари за проститутки. Simple as that. Луѓето секогаш сакаат нешто да е комплицирано, да има скриена, тајна намера, но работите се многу едноставни.

    @Yowannty и @Summerlover не одбирам јас да верувам во медиумите кои ми нудат нешто поинакво. Реза Аслан кој го понудив на CNN беше шиканиран од водителите и на некој начин прогласен за грешка што го викнале во емисија, а не го видов на апсолутно ниедна друга телевизија да дава интервју, едноставно не е меинстрим за да можам да бидам на „нечија“ медиумска страна. Човекот нафрли пар статистики и повика на здрав разум, ама тоа е игнорирано, зашто не е на ничија страна. Ни на убијците, ни на убиените.

    Не сфаќам зошто е за луѓето толку тешко откако ќе прочитаат нешто и ќе видат некој прилог на телевизија да поминат уште 3 минути во анализирање на сето тоа и копање подлабоко во сеќавањата за светската историја. Сигурен сум дека сите знаат за двете светски војни, за балканските војни, за македонската историја, што е доволно за да видат кој е системот на функционирање на светските владетели. Сите знаат колку луѓе умреле на фронтот и како цивили, сите знаат кој дозволил и кој можел да спречи тие луѓе да умрат, но кога ќе дојде еден ваков момент, никој не може да се издигне над прашината и ехото кое се одбива од сите медиумски ѕидови и од мантрата „убиј ги муслиманите! убиј ги муслиманите“.

    Истото се случува некаде од блискиот исток па до Бангладеш, само ехото има поинаков звук „Алах акбар! Алах акбар!“

    Можам да разберам луѓе собрани од нива, од пустина кои со векови биле учени дека за Бог се дава животот, да бидат убедени дека некој некаде во Франција го навредил Алах и тие треба да убиваат за него. Исто можам да разберам луѓе од кочански оризови полиња или плантажи во италијански села со маслинки да поверуваат дека секој муслиман или црнец е зло и ќе им ги украде маслинките и треба да се убие, ама жими све, не можам да разберам како луѓе во 2015 година со комјутери, со интернет, со гугл на телефон, со завршено средно образование... како тие не можат да ја видат манипулацијата?!

    Не се сложувајте, ваше право е, ама јас и понатаму ќе знам дека не ми треба ни религија, ни вести, ни ништо да ми каже што е добро, а што лошо на овој свет. А убивањето и осветата по убиство кон недолжни луѓе врз база на претпоставка, секогаш ќе биде на врвот на листата на погрешни работи.
     
    На prettyliar, Victorian, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Captain-Omni Мојот пост не беше да кажам дека не се согласувам со тебе или дека твоето не е точно, туку сдк дека и ти не си имун на влијанието на медиумите. Го спомна Ротшилд, како тој стои зад се, а памтем се сметаат и за дел од тајните друштва. Е ај кажи ми, ако се толку тајни, како ти си слушнал за нив, а пред се, како си ја создал таа слика дека тие се најмоќните кои стојат зад глобалниот портрет?
    Одговор: Од медиумите. И под медиумите не стои само СNN и BBC, туку и сите што јавно изглегуваат и ги споделуваат нивните теории преку медиумите, преку кои секој може да си формира мислење. А факт е дека на јавноста никогаш не и се кажува вистината. Тоа е и како техника да не се ствара општа паника.
     
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Турција собори руски воен авион? Си ја бараат овие со сила војната.
    Многу лоша идеја е да се провоцираат Русија и Путин.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Член на НАТО. јбг
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Де бе Капетане, па јас само дојдов да ти дотурам црвено вино во чашата :angel: Сакав да ти објаснам зошто се тие податоци толку фрапантни. Нема ништо комплексно и неразбирливо тука. Ние ако ја гледаме статистиката на Шведска за силувањата, ќе треба страв да ни биде да отидеме и како туристи, не па да живееме таму. А дека после бегалската криза е сменета ситуацијата во поглед на криминалот - сменета е. Ама ај да не поставувам линкови тука, не те чепкам веќе :wasntme:
     
    На simoncelicius и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Е се' си кажа на место човекот! Ова веќе е се подлабоко "флертување" со Трета светска војна.

    Додека некој без пардон, уништува цели општества, убива и остава луѓе на улица, ги користи како машини за убивање невини луѓе, поместува граници, наметнува сила и моќ се со цел да си ја јакне економијата и рејтингот ... светов никогаш нема да биде мирно место за живеење. :|
     
    На Ethrnity, blueberry93 и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
  11. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Западот и Франција сами си го фрлиа каменот врз глава, пошто тие го создадоа ИСИС трудејки се да ја наметнат нивната " Демократија " во Сирија. Сами ја разбрчкаа кошницата со пчели. Патем како е можно организација како НАТО со незамислива воена надмоќ, да не може да реши една терористичка група како ИСИС? ПЛАНОВИ ХМММ? А, и ова со француските знамиња кој блам незнам ..Дури и од вакви настани се гледа да се створи тренд, мода- типично западњачко, а и нашите фацки кој ставаа знамиња на незнам како немаат воопшто самопочит или самосвест, да жалам некој кој тебе никогаш не те жалел и нема ни да те жали.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Многу сум изненаден од ова што го напиша, подобро оправдување за силувачите никаде не сум прочитал. Да е по твое би требало Македонија и уште неколку балкански земји да се растурат од силување бидејќи ептен ни се при пари нашите мажи.

    Вистината е дека од познати статистики странци во Шведска надвор од ЕУ се помалку од 6% а учестуваат со околу 60% на пријавени случаи и како случајно баш доаѓаат од земји каде жената се третира првенствено како алатка за правење деца и образованието и е прилично скратено.

    Иимам пријателка во Шведска а повремено читам и нивни медиуми така да состојбата им е далеку од розова (посебно Гетеборг). Веќе има банди на силувачи кои исклучуво силуваат бели жени, нивните не ги чепкаат.

    Вистината е дека се шведските закони доста либерални, казните за силување благи, интеграцијата или асимилацијата им се забранети поими а ако те обележат како расист (во општеството) ќе си имаш проблем и во секојдневниот живот.

    Примитивните народи каде жената се смета за помалку вредно битие (неуки, некултурни, необразовани или како и да ги наречеме) го сметаат силувањето за многу понормална појава отколку високо цивилизиран и културен народ со солидно дефинирани морални и општествени норми.

    Да не кажувам примери на моја другарка од патувања на некои поегзотични места, не е случајно што таму жена не шета сама.

    Намерно не спомнав народи и нации за никого да не навредам.
     
    На Pirana, Yowannty, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Не ви навлегов многу во дебатата погоре за силувањата во Шведска и ред други работи,само еве да не заборавиме како во Шведска се има проблеми со мигрантите.
    Инаку ништо на светот никоја причина пред мене неможе да оправда силување. Тоа е последното нешто најгрозоморно што може да го направи некој.

    http://www.jutarnji.hr/seksualno-na...granata-danima-napastovala-cistacicu/1440423/

    http://www.etrafika.net/izdvojeno/3...i-zapalili-stotine-automobila-neredi-se-sire/

    Овие денови следев се што се случува со бегалците во сите држави, и знаете ли што, сватив оти не се цвекиња за мирисање, и најлошото е што 70% од нив се мажи. WHY
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Кога наведуваме примери на пријатели... јас имам пријател со кој од деца сме заедно, работи во полиција како инспектор во Малме. Човекот пред две недели на скајп ми вика, намерно се создава илузија дека живееме во несигурно општество, за да можат да ги контролираат луѓето.

    Од друга страна имам други роднини исто така во Малме и две фамилии пријатели на моите во Гетеборг. Тие, секое комуницирање ни се жалат како ситуацијата во Шведска била страшна, на најниско можно ниво од кога се сеќаваат. Како зборат, мислиш живеат во Конго, не во Шведска. Немало работа за младите, не било сигурно на улиците, криминал имало... и ја викам ебем му матер, можда Латас на Сите у право е, живееме во некоја рајска земја.

    Поентата е дека муабетот на вашите пријатели за Шведска е релевантен колку трите маслинки во грчката салата вчерашна моја.

    Веќе имало банди на силувачи кои силувале исклучиво бели жени. Па кажи ми ти вака како паметен дечко, каква банда ќе те силува тебе ако во Арачиново пред рандом чаџилница извикаш дека Косово е Србија? Или, каква банда ќе те силува ако се викаш Ибро и во Драчево пред кладилница се развикаш Смрт за Каури.
    Не ми продавајте сите приказни дека овие високо развиени земји се во некаква лоша позиција, само зашто тројца муслимани се шетале по улица, а еден од нив силувал некоја Швеѓанка.

    [​IMG]

    И тоа што си го болдирал на почетокот, си болдирал погрешен дел од реченицата. Не силуваат под изговор дека Господ ги натерал така, туку зашто немаат пари за проститутки. Вака се болдира за да ја сфатиш поентата, а не да се фатиш како слеп за стап за нешто кое не е битно во реченицата. Поентата, која очигледно беше пресложена, е дека силувачите не силуваат заради тоа што се муслимани, туку зашто им се силува.

    И апсолутно не ми е јасно зошто упорно се вртите околу Шведска вие неколку членови? Што е тоа толку што ве иритира во силувањата во Шведска. Да не е ова некоја фора од Топ листа надреалиста што не ја разбирам?

     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    1. Ако тебе мислењето на Швеѓанец не ти е битно и ти е ирелевантно тоа е твој проблем, тогаш ничиво мислење нема да биде релевантно и секој ќе си мисли како нему што му одговара. Што ми е мене гајле што Швеѓаните се жалат дека им е пораснат криминалот кога јас им кажувам дека им е супер, точка (според тебе нели). Шведските статистики те демантираат а јас на нив повеќе им верувам него на некој што живее 1000 км надвор од Шведска (или било која рандом земја).

    2. Повторно наоѓаш начин да ги оправдаш силувачите со несоодветни примери за Арачиново и не знам ти каде, неверојатно. Белите жени сами си го бараат, истово го тврдат и силувачите во тие земји каде правата на жената се на пониско ниво отколку на мажот. Можам да прифатам дека го делиш нивното мислење но секако нема никогаш со него да се сложам.

    3. Неразбирливо си ја напишал реченицата, убаво што си ја дообјаснил. Точно е дека силувачите силуваат дека им се силува ама исто е точно дека странците од одредени земји се во статистика 60% од сите пријавени случаи на силување додека нивниот процент во шведското општество е помал од 7%, податок што комплетно те демантира, очигледно на некои мажи повеќе им се силува. Конфесии воопшто не спомнав, заклучоци сам ќе си извадиш.

    4. Статистиката не иритира.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Му свикаа Нато на Ердогaн да не се прави многу силен и одма почна , абе незнаевме ова она.... Сега нека се моли Путин да не го избрише од мапата.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.488
    Допаѓања:
    13.737

    Па не се цвеќиња. Зошто шијат уста? Зошто се местат со деца пред камери? За да ги сожалат. Како тоа имало проблеми во нивната земја и сега ќе одат во Европа?Па ајде сите да одиме во Европа, затоа што и овде нема работа. Не се цвеќиња и се гледа и на граница колку се агресивни. Јас да сум ако не ме пуштаат ќе се вратам во својата земја и дома ќе си умрам, а не тие решиле во Европа по секоја цена. Либерализмот скапо ќе ги чини сите нации, исто како и нашата. Денеска бев во Скопје и што да ви кажам, околу Мавровка се живо накитено со туѓи знамиња. Либералните луѓе на крај ќе си страдаат од хорди на кои им дале дом и леб. Што Македонија, што Европа. Исто ќе биде секаде.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    1.256
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Јас ги жалав ама кога видов какви нереди прават, и кога сватив оти навистина се повеќето мажи, не ги жалам. Еден арно имаше напишано Дали ние ако одиме во нивните земји и се однесуваме како нив, да тепаме полицајци, да фрламе кршиме и да викаме како тие што викаат алах ова она, дали би ни дозволите живи да преминеме преку нивните држави? И јас се запрашав истото?
    еве ги во Унгарија
    izbeglice-nasilje-madjarska_800.jpg
    еве ги во Шведска
    neredi-vo-stokholm-.jpg
    овој во Будимпешта сам си ја фрли жената на пругата па скокаше после
    Ungarija3.jpg
    Од толкава Азија зошто баш во Европа дојдоа. И ете секако почнаа нападите терористички, во Париз, рускиот авион што се враќаше од Египет па за тоа Русите им вратија па тие зацртаа уште повеке земји од Европа како мета за напади, меѓу кои и нашата. Сега ете што се случи со авионот што го сруши Турција. И така тие од таму повлекоа се, и сега ќе патиме сите од нив.
     
    На Nausicaa, XMaN, ceca-1 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Трета Светска Војна започната е. Но не е таква као што ја очекувавме ние од минатиот век.