1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Терористички напади во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Abeja, 13 ноември 2015.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ние битно уште сме добродушни и си прибираме мигранти..... ама кај и да е може секој момент да си го покажат вистинското лице. Секако ништо не се превзема ама вие што сте кон гевгелија бидете повнимателни.
    Инаку се закананиле дека ќе има уште напади а следни на список се рим, лондон и вашингтон.... Гниди одвратни... Нека се сотрат
     
    На macka91, Tanjamm и zekzeki им се допаѓа ова.
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.963
    Пол:
    Женски
    Чиста глупост.Овде не се работи за тоа кој за кого плачи, туку за човечка свест и совест.Зарем ти не осеќаш тага за загинатите и за нивните семејства?Не стравуваш дека вакво нешто и нас ни се ближи?Па Европа е побогу,секој ден може ова и нас да не се случи.
    Нејсе, немам зборови за ова.Стравувам само дека на сите ќе ни дојде вака крајот, а оние кои го предизвикуваат ова ќе си се тргнат настрана некаде.Лошо е,многу лошо.
     
    Последна измена: 14 ноември 2015
    На CameliaMiller, purple..m, MilaP и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Воопшто не осеќам жал ради тоа што немам потреба,да не тагувал некој кога ја сум ги изгубил блиските?Франција да не тагуваше кога загинаа 10000 семејства во арачиново?Не се акајте од земја и не прајте бајрам на мозокот.Не стравувам затоа што сум спремен во секој момент да искочам и да ја бранам нашата ТАТКОВИНА.
     
    На okcenzi, buba4e89 и Bojana.20 им се допаѓа ова.
  4. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Нормално дека сите се спремни ама ако почне војна, баш тие што се удираат по гради и се прават патриоти, први бегаат.
    И во Куманово вака ќе беше, ако не ги издадеше некој, ама ете сме имале мала среќа само со толку жртви да поминеме....амо ако, не дај боже, никој не ги известеше нашиве тогаш ќе не имаше и нас насекаде по светот.
     
    На joy1, Tanjamm и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Страшно и жално, обични луѓе во слободна земја отишле во петок да се забавуваат, отишле на концерт, и од некојси фанатични психопати на кои ништо не им згрешиле да го доживеат овој хорор... денес уште од сабајле на вести слушам градот на светлината го испиша најтемниот ден во историјата, па потресни снимки... се наежив, секогаш ме потресуваат вакви работи :|
    И да, на вакви трагедии баш да се обрнува внимание на споредби како што беше со поплавите во Србија и во источна Македонија, така и сега, немало хаштаг за Куманово а има Pray for Paris... што сакате кажете ама вакви коментари никогаш нема да можам да разберам. Страшно и тажно е било каде и да се случи!
    @Annath и @Doozy, :bow: :bow: за коментарите!
     
    На purple..m, Bender Rodriguez, Marossa и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Јас не сум воопшто патриот и не се мавам во гради,и да ти напоменам дека не сум јак на тастатура,си ја сакам нашата држава и би ја бранел,не навлагам понатака во муабетов пошто ке дојде до недоразбирање и безвезни караници.

    БОГ НЕКА ГИ ПРОСТИ ПОЧИНАТИТЕ ВО 2001 ГОДИНА,И ВО 2015 ВО КУМАНОВО АМИН.
     
    На okcenzi, buba4e89, Bojana.20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Нема никакви караници туку само обично коментирање. Нормално дека повеќе ни е жал и сочувстуваме со семејствата на загинатите од Македонија, нормално дека тука имало и некои наши блиски што биле изложени на опасност, ама како може да кажеш дека воопшто не ти е жал за невиите над 160 жртви во Париз? Обични луѓе, обичен ден си излегле кој на шетање, кој на концерт, кој на фудбал...и никогаш повеќе дома не се вратиле. Тажно е, цел свет е во шок, а ти коментираш иронично дека и тие плачеле за загинатие во Куманово.
    Може стварно не ти е гајле, ама барем воздржи се од такви коментари. Сите сме луѓе, сите имаме емоции (па дури и за непознати) .....и сите тие загинати имале семејства и блиски што ги чекале да се вратат дома.
     
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Секој ден во светот има терористички напади буквално секој ден луѓе се разнесуваат,се самоубиваат и што треба да правиме да плачеме и жалиме по цели денови така?Немам емоции за непознати ама баш ич,послем толку срања што сум поминал,и блсики што ми загинале во војни,па за париз ама ич не ме заболе.

    http://a1on.mk/wordpress/archives/550227
     
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Нападот од вчера покажа дека ИСИС или како и да се викаат, немаат милост кон никого и дека и развиените западни земји не се безбедни. :!: За една година, ова е веќе втор терористички напад во Париз, во една држава како Франција. Мислам дека отсега веќе сериозно треба да се сфати и работава со мигрантиве, пошо не е исклучена можноста да бил еден од нив (моја претпоставка) Од каде да знам дека тој мигрант, на изглед изморен и наивен не носи некоја бомба или пушка во ранецот? И онака не можат да се контролираат сите мигранти. Жал ми е само за тие невини луѓе.:( Веќе нигде не можеш да бидеш безбеден.
    И престанете со тоа дека ни било жал за Париз, не ни било жал за Македонија. Зошто ако кај нас нешто се случи, само си ја префрламе топката, не гледаме да се обединиме да се одбраниме заедно. Е во западните земји не е така. И што дека било во Париз или Куманово? Не е важно дали се Французи или Македонци, важно е ДЕКА ГИНАТ НЕВИНИ ЛУЃЕ. Јасно е сега?
    Не е до Франција директно дека добиваат многу внимание, тие знаат како меѓу себе да се подржат, проблемот е што другите земји подржуваат развиени држави. Ние што сме во споредба во Франција?
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    За тие што се разнесуваат не вредат ни да се спомнат, ни солза да се пушти, ни пак емоција да те обземе...ама јас кажував за тие жртви што биле околу тој што се разнесувал. Ни криви, ни должни загинале. А ние што си ги пуштаме мигрантите, абе со мали деца се, греота се, ајде пушти ги, храни ги, засолни ги....а под маичките на децата може бомби има...али нема врска....
    И пишуваш дека немаш емоции за непознати, значи и за тие (што ти биле непознати) во Куманово не ти е гајле...автоматски е така...

    http://mkd-news.com/makedonskiot-astrolot-pred-eden-mesets-gi-predvide-vcherashnite-nesreki-foto/

    А овој, па ако знае толку нека каже нешто повеќе за земјава, да бидеме подготвени.
     
    На Someonespecial и Tan4ence им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Прво и основно, сосема различна беше ситуацијата во Куманово, со оваа во Париз. Тоа кај нас беше исценирано од малте не, наши луѓе, додека пак ова во Париз е терористички напад. Во име на религија. Повеќе ќе разберам политички стратегии и напаѓања, отколку во име на бог. Гнасно. Толку гнасно што дури и емпатијата кон азиските луѓе кои страдаат ми се намалува.
    Сигурна сум дека никој не пуштил вистински солзи за дешавкава. Или доколку пуштил,тоа било моментален афект, човечка емпатија. И сигурна сум дека не е од ист тип како онаа што сме ја почуствувале за сопствениот народ.
    Од неколку причини ми е жал за моменталната ситуација во Париз. Прво и најважно: луѓе гинат. Без разлика кои се, еден момент уживале во петочната пијачка/концерт/утакмица, нареден биле мртви. И не битно е дали се французи или не, всушност, кој гарантира дека само французи загинале? Второ, ако на држава како Франција може вакво нешто да и се случи, тогаш на нас помалите и послабите замислите што може да ни направат. Трето, станува збор за општото добро за Европа, а богами и светот (иако е рано да се каже). Четврто, тек сега колку тешко ќе биде да се патува некаде, а поготово да се пресели. Е од вакви срања сите страдаме во потрага за подобар живот. Петто, нека затворат сега сите граници, па ќе си останеме ние со сите тие бегалци (и чат-пат терористи, де).
     
    На purple..m, Bojana.20, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.026
    Пол:
    Женски
    Па не е само Куманово , Тетово , Гостивар , Арачиново 2001..?
    Тогаш Косоварите ги нарекуваа борци за човекови права , како ние сме биле варвари , сме требало да ги почитуваме повеќе , да имаме соживот итн итн.. епа сега они нека си водат соживот со терористите. И веќе црева ми се превртуваат кога ќе видам секој втор става слики преј фор Париз епа доста веќе ств
     
    На okcenzi, buba4e89, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. zekzeki

    zekzeki Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски

    Ако знаеш и тврдиш дека во КУ била сместена тогаш од каде знаеш дека оваа терористичка акциjа во Парис не е сместена? Имало Македонци?! А во Куманово марсовци ли беа??(facepalm)(facepalm)

    А зашто да не плаши во Европа што се случува кога каj нас се случи 2001 и пред неколку месеца? Нека се плашат они, да видат што значи терор на своja кожа а не само да прават воjни во недолжни земjи...
     
    На buba4e89, PaLaVa, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Во ред е сето тоа, разбирам. Во секоја држава се дешавале ср**а, неизбежно е. Но дали тоа значи дека треба да ги затвориме очите пред такви работи и автоматски сите да си гледаме само за себе? Индивидуално е кој колку се интересира што се случува во светот општо и кој колку се грижи за глобалната ситуација и сочувствува. Но најголемо оправдание за мене во моментов е "Нека си се справуваат сега со терористите", бидејќи нивното справување може да се одрази и на нас. Општо, цела Европа. Но, допрва ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Таквите како Скопјетесакам кои ги делат луѓето по нации (па ајде правиме памти, па врати како некои малски озборувачки) не се ништо подобро.

    И сите вие што се залагате за глупости како демек против исламизација (сличен со примерот на Крива Паланка или не знам кое место беше овде) не сте ништо подобро.

    Да не зборувам за националистите, пресмешни во нивниот кусоглед.

    Вашата нетолерантност кон се' што не е ваша религија (а пак една христијанска душа што имате, што да ви кажам) и се' што е чудно, ориентално и непознато за вас е заостаната, нечовечка, од чисто незнаење или пакост.

    Ако тие се нечовеци, фанатиците, вие не мора да навивате против целото муслиманство. Пошто сте на исто ниво. Вашата омраза и малодушност е вашето оружје.
     
    На purple..m, Kaetana, sparklie и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    (facepalm) (facepalm) (facepalm)
    Епа не ги читај тогаш, што да ти кажам повеќе... Луѓето од цел свет сочувствуваат на туѓа болка, изразуваат поддршка и праќаат пораки за мир, а некои имаат срце и на тоа да превртуваат очи и црева ко да е некоја нова мода или аздис на фејсбук.
    Јас па мислам дека на нормален човек треба тука единствено од случувањата и суровоста да им се превртат црева, а мене богами и од вакви постови/твитови како твојот.
    Што уште нема да прочитам, немам коментар еј... :x
     
    Последна измена: 14 ноември 2015
    На purple..m, Mariangel, MilaP и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Навистина е трагедија што небитни и невини луѓе испогинале. И тоа е факт. Единствен со кој сите ќе се сложиме.

    Морам да кажам дека благо ми се повраќа :envy: од сите тие #prayforParis постови и целата таа виртуелна поддршка која им се испраќа на Французите. Сета таа игнорантност кон реалноста и потпаѓањето под влијание на CNN и западните медиуми и власти ми е многу одвратна. Одвратна ми е бидејќи никој не го лази мува за сите оние луѓе кои секојдневно гинат заради воените акции во кои Франција е директно инволвирана. Ирачки деца, Авганистански жени, дедовци, баби и луѓе кои апсолутно не им е важна војната на ИСИС, кои се колатерална штета на супермодерни војници и воени дронови кои фрлаат бомби.

    Ама кога 100 Французи во Париз се изрешетани, готово, светот се крева на нозе. Двојни стандарди much? :doh:

    Да не зборуваме за лошата карма на Французите на чиј грб оди убивање на милиони Африканци во нивниот поход по дијаманти и исто толку индијанци во Северна Америка испоубини низ вековите за кои ама ич не ни е гајле тука во нашите топли домови. Французите и ден денеска имаат колонии ширум светот каде експлоатираат невино население за француско дробро, ги плаќаат по 20 евра месечно, за да можат Французите да имаат во петок навечер да пијат кафенце во Париз од 5 евра и да имаат пари за кредитот за стан од 120 илјади евра. Well, what goes around comes around, you see.

    И секако, кога ќе се крене светот на нозе да ја поддржи македонската кауза, борба со надворешниот и внатрешниот непријател, кога ќе донираат на секоја фамилија по 500 евра онака гратис, да излезат од гомната у кои се најдовме заради X причини, кога ќе дојдат да ги слават со хаштаг #prayforKumanovo децата на луѓето кои изгинаа таму, и во Тетово и секаде каде терористите напаѓаа, и кога сите светски лидери ќе се соберат на марш во Групчин за да го одбележат соживотот, тогаш и ја ќе се секирам за нив таму.

    И крајно дегутантно е тоа што плачете и се грижите за Французите, и правиме 5 страни на форумов што се вика за 15 минути, ама кога ќе дојде некаква катастрофа во земјава од каков било вид, единствено знаете да посочувате кривци, а не и да направите нешто добро за своите роднини, комшии и сограѓани. Побитни ви се мочаните Французи кои не знаат ни каде е Македонија, отколку вашите најблиски. И тоа многу зборува за Македонецот, небитно дали е интелигентен или не.
     
    На okcenzi, buba4e89, PaLaVa и 28 други им се допаѓа ова.
  19. zekzeki

    zekzeki Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    И мене ми се превртуваа црева во Куманово кога гинеа наши полицаjци па немаше ни еден Француз да пише #prayforkumanovo. За другите одма сочуствуваме а за нашите знаеме само да ги понижуваме. Од такви како тебе не ни jа бива државата!
     
    На ladyySi и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал и сочувствувам со секое едно семејство чии член вака трагично загинал, било во Куманово, Париз итн. Тоа што на другите не им е гајле за нас тука, тоа само докажува какви снобови се. Јас викам, човек да не дочека вакво нешто од каде и да е...
     
    На purple..m, cresa-jagoda, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.