1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Терористички напади во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Abeja, 13 ноември 2015.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Абе како може да правите споредба со Куманово и Париз? Во Куманово навреме се реагираше и се запре терористичката акција, за разлика во Париз кај што загинаа 200 души....цел свет е шокиран, ама ние инат ќе тераме...епа такви се македонците, себични, гнаси....
     
    На purple..m, MissChievous, IronLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    доста бе правите глупави споредби помеѓу пресметката со бандата во Куманово и терористичкиот напад во Париз... Двете работи се целосно неспоредливи, освен тоа што и бандата од Куманово и терористите од вчера се со муслиманска вероисповест...
    Во Ку. имавме и погинат полицаец-муслиман а и вчера сигурно има еден куп погинати муслимани, со оглед на тоа дека Париз е мултиетнички град, преплавен со туристи од цел свет.
    Во Куманово полицијата отиде во гнездото на бандата за да ги лиши од слобода криминалците за кои имаше информација дека се таму....Во Париз терористите удрија по цивилно население таргетирајќи цели каде што ќе има најмногу цивилна штета, далеку од полициски или воени објекти.
    И баш ме интересира колку од вас мавачи во гради, кои плачете за Куманово, сум ве видел во редицата позади Бугарска амбасада...со оглед на тоа дека темата на форумов која е за бугарски пасоши има околу 70 страни а и таа за Куманово исто толку..се е јасно.
     
    На purple..m, papillonP, cresa-jagoda и 17 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Работава како и да ја свртите македонците се себични и одвратни, не знам дали го гледате тоа. Според едните не чинат зашто за себе не гледаат и се мразат меѓусебно, а според другите не чинат зашто само за себе гледаат, а не сочувствуваат со другите.
    Значи, сите во едно се согласни, македонецот не чини.
    Жално е кога гине невин народ каде и да е, кој и да е, ама ете, тој народ секогаш ќе биде жртва, се молеле ние или не, колку и да си повторуваме под мустаќ да не се повтори, едноставно пак се случува, пак се повторува и тоа е тоа, а можеме и очите да си ги извадиме во расправии и ништо нема да се смени.
     
    На purple..m, PaLaVa, Yipman2 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    606
    Пред 2 дена во Бејрут имаше терористички напад (ИСИС е одговорна) во кој 40 луѓе загинаа а 200 се повредени а никој не спомнува за тоа.

    А каква заедничка точка имаат Куманово и Париз? Прочитајте дефиниција за меѓународен тероризам и за внатрешни конфликти.
    Тие кои се полни со омраза кон се што е поразлично од нив, не се подобри од оние кои што моментално го уништуваат светот.
     
    На cresa-jagoda, Kaetana, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Многу логично е дека светот повеќе ќе реагира во врска со Париз, од очигледни причини. Првата е дека за Македонија ретко кој и слушнал дека постои, а тоа е така зошто првенствено ние самите не знаеме како да му се претставиме на светот, а и бидејќи едноставно сме премала (и слаба во секој поглед) држава. Втората причина е дека загинати се премногу луѓе, оваа бројка е преголема за Европа. Да, знам дека гинат во азиските држави, но искрено, не сакам да навлегувам, долга приказна. Сепак, сега се фокусираме на муабетот "Терористички напади во Париз".
    Мислам дека малку се преувеличува во кукањето поврзано со тоа колку сите сме сочувствувале со ситацијата во Куманово. Прво, имаше огромно сочувство, грдо чувство на немоќност, желба за подобро утро. Кој го негира ова е во заблуда или едноставно лаже. Второ, од каде знаете дали некој во Франција (па и други држави) не сочувствувал со тогашната ситуација во Куманово (и други во Македонија)? Само претпоставки и ништо друго.
    И последно, од каде знаете дали некој од нас нема некој близок во Париз? Дали само така би се оправдало сочувството?
     
    На ninja35 и IronLady им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Да бе дефинитивно пропадна државата од вакви како нас, замисли и на фејсбук и на инстаграм споделив #prayforparis, ама замисли и за девојчето што плачеше во Куманово споделив, и тогаш неколку дена потресена бев, и сеа?
    Одвратно звучите исто колку да сте пишале дека ви се превртувале црева на сите постови и профилни со црна трака на фб за Куманово во мај кога беше. Македонци, Французи... сите сме луѓе. Па ај сеа бљуцнете си по малце у себе од (според вас нереален) алтруизам и човечка емпатија.
    Сѐ е кажано со тоа што воопшто има вакви спротивставени мислења на тема за ваква трагедија, со личности како вас не вреди да се дискутира.
    Засрамете се!
     
    На purple..m, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Marossa и 5 други им се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @ninja35 делумно се согласувам со твојот пост.
    Терористички напад е едно, пресметката на бандата и полицијата сосема друго.
    Но, не и со последниот, болдиран дел.

    Која е поврзаноста на пасошите со сочуствувањето со било каква трагедија? Има личности кои едноставно не можат да останат индиферентни кога ќе слушнат дека невини луѓе гинат, како што е случај во терористички напади.
    Но, во пресметката во Куманово, загинатите се терористи и униформирани лица, кои тогаш биле на должност.
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    34.209
    Пол:
    Женски
    Прво, не ми е јасно како може да правите споредба помеѓу Куманово и Париз
    И, второ не ми е јасно, зошто ви смета таа поддршка што ја даваат нашиве по социјалните мрежи.
    Од кај знаете, може имаме фамилија и пријатели, па само така можеме да дадеме им поддршка да останат силни и да им изразиме сочувство.

    И, ве молам, не ги делете луѓето.
    Што ако се Французи и тие се од крв и месо.
    Овој напад беше за целото човештво, а не само за нив!
     
    На purple..m, ArmaniCode, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Тоа со бугарските пасоши се однесубва на оние кои пробуваат да ни продадат македонштина со тоа што прават неспоредливи споредби...
     
  10. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам .. Тешко тие што ги загубиа животите.. Се ќе се заборави .. А тие што ги режираат овие настани ќе убијат уште илјадници.. Во оваа се замешани големи луѓе ..со скриени намери.. А ние поима немаме од ништо ..
     
    На PaLaVa, IronLady и zvecarka им се допаѓа ова.
  11. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Каде прочита ти нација дека спомнав јас?исцитирај ми каде сум напишал нација?Зарем да има војна мислиш дека ке ја оставам државата на терористи?.Имам христијанска душа и сум даден од Бога да ја бранам се додека сум жив МОЈАТА ДРЖАВА А МОЈАТА ДРЖАВА Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА.
     
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Многу емпатичен народ сме дефинитивно, одма сите и слики менуваат по фејсбук, се пишуваат статуси #prayforparis. А кога во куманово гинеа нашите полицајци дали некој напишал #prayforkumanovo? Такви сме ние, за другите гледаме, нашите нека гинат, гајле ни е.
    Жално е премногу, невини гинат. Ама криво ми е вака кога гледам сите се молат за париз, одма цел свет се крена на нога а истото се има случено и низ други земји а помина незабелжително.
    Нема хејт. Пак ке повторам жал ми е, ама да се признае, слеп народ сме. Уште какви работи се случуваат за кои не сме свесни, тоа страшно нешто.
     
    На cresa-jagoda, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, honest girl и 6 други им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.356
    Пол:
    Женски
    Страшнооо!!!!:x:x Ова што се случува во Париз е хорор жално за луѓето што гинат невини и за цела Франција. Ама што се прави кај нас на фб со сликиве и премногу..... за нас никој со прст не помрднува ама тоа е ...
     
    На zekzeki и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Да навистина е жално за загинатите во Париз вчера.Но исто така невини луѓе гинеа и во Либан,Сирија,Ирак..Истото се случуваше вчера.Земјотрес од 7 степени ја погоди Јапонија вчера и и се заканува цунами,слично како она во 2011..Но кого го интересира за тоа,само оние во Париз се луѓе.Ме иритираат Француските знамиња по фејсбук.Пак ќе кажам да жално е,уште по жално е тоа што луѓето не се свесни за многу работи...Иритирана сум од вакви неправди.
     
    На okcenzi, PaLaVa, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Морав да те цитирам.
    Абре какви Илуминати, какви масони?
    Читај ти па на Интернет, свашта можеш да најдеш и за Илуминати и за масони. Само што не е за џабе кажано информациите од интернет да се со резерва земат. Не Интернет, стегни се и читни некоја книга за овие организации, има ги бааги. Ама полесно е да се чита стаатиички и видеа да се гледаат отколку да се читат книги од 600-700 страни, нели? Знаеш ли всушност кои се и и Илуминати и масоните и која била нивната цел? Терористички напади нели? Дај не мешајте баби и жаби.
    Да се вратам на темата, јас како што сум потресена личност целата сум наежена. А го слушам татко ми вика така им требало, затоа што и Франција им фрлала бомби. Абе како така им треба. Никој не заслужува такво нешто.
    Последно читав тука
    http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=25522
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Знаете што? Стварно се срамам од некои коментари што ги прочитав насекаде низ интернет и медиуми.
    Па добро бре,не значи ако напишам #prayforparis а не сум пишала #prayforkumanovo или #prayforBejrut оти не ме погодува со иста мера.
    Патем,јас не напишав за никој хаштаг,бидејќи сметам дека не е потребно да искажувам емоциите низ социјални мрежи за некој да види дека ме погодил настанот,дека срцето ме заболе веднаш кога прочитав веста.
    Па човечки живот е,не гледајте нации и раси.
    За Букурешт кога ми кажа другарка ми која патем беше таму,цела вечер не можев да спијам.
    Инаку,медиумите секогаш нагласуваат кога се работи за поголем град,(попознат),поголема бројка на повредени и починати,како и посериозни напади.Затоа јавноста реагира посебно за нив.
    Или ние демек слепи глупи и неписмени сме што се дешава низ други места,тие животи не ни се важни?
    Ај престанете со негативности,се нервирам стварно,не е во ред,ич не е во ред.
     
    На purple..m, LivingGlam, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    [​IMG]


    Продолжете си го муабетот за наводните исламистички претензии и напади, и ситење за парижаните. Со вакви наивни дискусии ќе биде интересно кога наместо еу пасош, ќе барате канадски или евентуално ќе отварате теми "Како да стигнам до Австралија"?
     
    На cresa-jagoda, minne992, Perfectgirl5 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Париз е еден од светските центри. Во текот на еден ден се движи милиони народ со се туристи од цел свет. Така да нормално дека ќе го погоди и светот.
    Имам фамилија таму, секако дека не ми е сеедно.
    А ова е веќе најава за следните напади што следат, за жал. Цивилизацијата полека, сигурно и најлошо што може доаѓа до својата нулта точка.
     
    Последна измена: 14 ноември 2015
    На purple..m, joy1, Marossa и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Како некои стари, огорчени баби сте значи. Ова како некои смртно болни што стануваат ненормално себични на крај, кога посакуваат сите други да умрат, демек ако умрам јас умри и ти... кога почнуваат да колнат и да пустат се' живо и диво. (facepalm)

    Дај малце соберете се со муабетиве, не знаете што иде во животот.. Како бе така колнете, Капетане, па на место ти е постот, не викам не, ама каква карма човече, што се криви нормалните, просечните луѓе за некој што војувал пред триста години, немој така, паметен и образован човек си...

    Смешни се споредбите меѓу Куманово и Париз, како прво не е истата ситуација, како второ, нормално дека реакцијата за Париз ќе одекне низ цел свет, од чиста причина што станува збор за седум-осум милионски град (ако не и повеќе, да не барам на интернет сега) во срцето на Европа, град на културата, мултинационалноста, светлината...

    Емпатијата треба да ви работи од причина што тоа е тоа што не изделува од дивјациве што ги изведуваат терористичките напади, иначе се рамните на исто ниво со нив.
     
    На purple..m, P.S.love, BoaVista и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Ако посакуваш добро само на твоја територија, а игнорантна си кон се друго, не те прави тоа добар човек или христијанка како што ти велиш.
    Плус, ги делеш луѓето на наши и ваши, тие од Париз не се молеле за Кумоново. Да не пишувам, Дузи го напиша тоа што го мислам.

    Темата е Терористички напади во Париз, што не ти е јасно @rhcpfan
    Не дека не жалиме и за другото.
     
    На Someonespecial и Doozy им се допаѓа ова.