Жално е што во тие високи политики ние, обичните луѓе ( без разлика на вера) сме кукли за манипулација! Некој како него не е ниедна вера, едноставно е нечовек! Не се согласувам со тебе. Кој убива во името на Исламот, не е прав верник.
Статус од фб со кој целосно се согласувам. Македонецот е уствари суштество кое користи вакви ужаси(насекаде во светот) за да се промовира како експерт и да му кажува на другиот што треба да прави, зашто сите се најпаметни. Зашто подалеку од носот наш не си гледаме затоа не сме мрднати од мртва точка. И зашто не може да научиме кога е време да заќутиме, ако единствено што знаеме да правиме е да се ситиме. Една па пишала, празни глави сте, не стававте македонско знаме за Куманово, а сеа ставате француски. И зошто французите не ставале македонски знамиња и не пишувале се молиме за Куманово. Демек ако французите не ставале македонски знамиња ако им е ова? Па на рок концерт биле, еве ги Вајтснејк за 10 дена ќе бидат тука да му е страв на човек да иде... Демек ако не стаив македонско знаме за Куманово, не бев исплашен да не ми дојдат дома? Или сеедно ми беше? Зошто не мислите дека кога ова се случува во Париз, главен град на велесила како Франција, што може тука да се случи?
Немора да значи дека христијани се ... Незнам дал си прочитал.. Тој што сече глави на исис се викал џон и е американец.. А останатиот дел од нивната група беа евреи..
Американец муслиман бил. Прочитав се за него. Јасно ми е што ти е целава поента. Ама ние на вас така ве гледаме (бар 80% од христијанското население во Европа), како што објаснив погоре какви сте и што правите.
Marick14 звучиш како Хитлер,мајке ми. Како може врз основа на злото на некои муслимани да ги осудуваш сите муслимани и да зборуваш такви глупости за нив.
Мене ама ич немие гајле како не гледаш ти .. И не кажувај во множина зашто не сите се ограничени како тебе.. Само единствено мие криво поради високи политики и валкани игри .. Еве вакви мислења имате.. Од каде си сигурен дека нема погинати муслимани во франција ? А во анкара нападите ?христијани погинаа или муслимани ? Тероризмот нема вера!!!
Неможам да верувам, се колиме и бесиме за што... затоа што некои ставиле слика и (демек) симпатизирале французи а не руси и кумановци затоа што некои што не ставиле слика биле големи патриоти и ги нејќеле французите алоооо Тероризмот нема вера! тероризмот не познава народ! Како може некој да помисли дека французите не симпатизирале со нас? Па и да не менвеле тие слика со македонско знаме, можда и не немало на светските тв станици Но не дај боже да не има со вакви вести. не дај божееее И ние сме дел од Европа и ние веќе не сме сигурни нити на кафе нити на концерт
На концерт биле обични луѓе бе брат, туристи од секаде на светов. Денеска и утре требало U2 да настапуваат во Париз. http://www.u2.com/news/title/paris Ќе се погоди празник, споен викенд ќе оди некој наш во Париз на концерт и ова да го снајде? Нападот се случи во Франција затоа француски знамиња на профилните
Барем во поновава историја Франција одувек била „кучка“ и „дроља“ на САД. Ама баш за ништо не се избориле сами. Затоа вчера Хусеин Барак О. прв и пред сите се истрча во одбрана на Франција и проба меѓу редови да даде соодветна насока и друга димензија на целиот настан. „Немал религиозна позадина, бил чисто терористички“. Сега кога ИД јавно го прогласи Париз како почеток на џихад и ги повика сите муслимани на орото, што ќе каже гнасата Обама. А за французите, и покрај тоа што на крај на 90-тите матер ни ебаа со осиромашен ураниум па ден денес во Косово, Србија и кај нас умира млад народ, и покрај тоа што баш французите му ебаа матер на Борис Трајковски во Мостар, и покрај тоа што секогаш се на страната на она што не е добро и не е во интерес на Македонија, пак ни е жал. Од друга страна, па и требаше на Франција како нација ваков врел шамар. Да се освестат луѓето дека нивните даноци одат за стимулирање токму на вакви настани, за рушење на „режими“ кои не се по вкус на САД и НАТО, за „глобален мир“ и „просперитет“, за контрирање на Русија, која единствено саглам ги ништи муџахединските изроди. Ама како што пишав, никогаш не се избориле сами, па нема ни да рипнат и да ја стегнат власта за гуша и да прашаат зашто тајните француски служби платени од парите на граѓаните, вчера така јако се испосраа и не успејаа да предвидат и потврдат барем една цел на напаѓачите, со што би имало барем и еден погинат помалце. Особено после потепаните во Ш. Ебдо, чија пак редакција со објавените карикатури после паѓањето на рускиот авион во Синај, заслужи цела да биде збришана. И оние што просеруваат по мреживе и уште ги прават муслиманите невинашчиња и ги делат на добри и ИСИЛ, па дури топката со вина ја префрлија на останатите религии, нека одебат. Сите тие го посакуваат доаѓањето на калифатот, сите посакуваат што помалку „неверници“ и што повеќе вакви настани. Само некои поизразено, а некои потајно.
Пак ќе кажам....Зошто ни било жал за Париз а не за Куманово? Прво - За Куманово жал ни беше на сите, но гледано како поединци, а ние македонсците проблем ни е што само обвинуваме, не знаевме да се обединиме сите заедно за да подржиме. Кога беше нападот во Шарли Ебдо, цел Париз излезе истиот ден и маршираа низ градот. А ние? Само си префрламе, е овој е крив е оној е крив, и само политика мешаме и викаме не е наша работа, кога некој од политика е крив. Па како да не подржат други земји, кога ние самите не знаеме да се подржиме. Поплавите кога беа, не сакавме да помогнеме, не па да ни се случи вакво нешто како во Париз Второ - Што има врска дали убиените се французи или македонци или германци или не знам какви? ЛУЃЕ СЕ ОК? Оние од исламска држава веќе почнаа помасовно да напаѓаат, никој не гарантира дека утре нема и нас да не сотрат. Гинат невини луѓе поради исис, а понатаму други ќе бидат на удар и тоа е главното, а не дали бил од Франција, бил од Куманово. И демек многу ви било гајле така? Ако денес беше Франција, утре можеме ние да бидеме...
Спојлер: / „MILENKO NEDELKOVSKI: Јавно ги повикувам Гевгеличани, Неготинчани, Струмичани, Кумановчани и жителите на Петровец и Катланово масовно, со жив зид и со демонстрации, да се спортитсавата на “наредбата“ од Брисел и Вашингтон во Македонија да се вгнездат 30.000 терористи, преправајки се дека се бегалци. Повикувам да се излезе на улица, како на времето што направија оние од Ѓорче Петров, и да им се каже ераус на мигрантите. Нека си одат во земјите што ги бомбардирале. Прифатни кампови значат огромна зголеменост на криминал, насилство, силување на жени и девојки, убиства, болештии, нечистотии... Ќе бараат џамии, бурки... Нашите деца по нашите улици нема да можат мирно да си играат и да се шетаат. Еднаш, со Косовската “криза“, дозволивме по акалот на Фрчкоски, да се промени ентичката и конфесионална слика за Македонија. Ако дозволиме и втор пат, тогаш држава не заслужуваме.“ Цел ден сум под впечаток на нападот,а баш вчера сабајле си помислив петок 13-ти.Не чини. А сакав да го искоментирам постов на Миленко.Зарем само наведените жители од овие градови треба јавно да го искажат својот став за наредбава.Зошто државава не застане на нога и не спречи да влегуваат воопшто.Зошто не се објавува во јавност деха на ж.станица во Табановце пронајдено е оружје и бомби.За кого се намети тие.Да прославуваат Н.Година?? Мислам дека треба границата „херметички“ да се затвори ,тоа треба и Грција да го направи.И се стресов кога прочитав еден од вчерашните терористи поминал низ Македонија. Се дури вака се однесува светов ,наводно пропагираме еднаквост и такви работи а од друга страна ни се случуваат вакви невини жртви,нема да има ни живот ни почит меѓу религии ,ништо.Јас навистина не сакам да мразам некого ама и не можам да замижам пред фактот дека терористите се муслимани.Не можам.
Секогаш ми е жал кога се губат човечки животи. Кога се работи за природна катастрофа, трагично е, не викам не - но, против природата не се може. Но, вистинска трагедија е кога причината е човечки фактор, бидејќи можело и да се избегне и да не се случи. Ги сожалувам и оние кои своеволно ги даваат сопствените животи, мислејќи дека е тоа за некое „поголемо“ добро, сеедно дали се американски војници кои навистина веруваат дека ја бранат слободата и демократијата војувајќи во некоја блискоисточна земја, или исламистички екстремисти, кои се дигаат во воздух, мислејќи дека ја извршуваат волјата на Алах. Што се однесува до искажувањето поддршка и сочуство по социјални мрежи, морам да кажам дека за мене тоа е многу бесмислено. Тоа што некој ќе стави статус „Je suis...“ или „Pray for...“ за мене не е ништо друго, туку обичен чин на задоволување на сопствената суета. Демек, ќе турам таков статус или знаме, ќе се потапшам по рамо дека сум добар и емпатичен човек, дека сум ја исполнил мојата задача во правење на светот да биде подобро место и вечер ќе си спијам мирно и спокојно. Ваквиот начин на искажување било каква поддршка или осуда не му користи на никој, освен на оној што го ставил као статус. Животите на настраданите нема да се вратат, тагата на нивните роднини нема да се намали, мир на светов нема да завладее. Најверојатно никој од Франција нема ни да го прочита тоа што ќе го напишете. Ама па, вие ќе си се чувствувате подобро во однос на самите себе. Не ги сфаќам ни оние кои се поставуваат у стилот „мило за драго“ - демек, никој од Париз не стаил „Pray for Kumanovo“, па сеа ни ја нема да ставам „Pray for Paris“. Ни тој ако ставел немало да му помогне на некој од Куманово, ни па ти ако ставиш ќе му смениш нешто у животот на некој у Париз. Сум за тоа дека ако можеш да му помогнеш на човек, дека тоа треба да го направиш. Без разлика дали е Кумановец, Парижанец, Сириец, Нигериец или Јапонец. Лесно е да се стави статус, тешко е вистински да се помогне. Што се однесува до Французите, немам некое посебно позитивно или негативно мислење за нив како народ. Но, она што ме воодушеви од нив пред некое време, кога беше актуелен Шарли, е тоа што не потклекнаа пред стравот и заканите, туку поштено си го истераа своето и објавија карикатура на Мухамед. Само на ваков начин, со бранење на човековите права и слободата на говор - макар да и е за толку банална работа како карикатура, цртан или порнич со Мухамед, Исус, Буда и сл. - може нашево човештво да оди напред и да се надева на некаква подобра иднина. Во спротивно, ќе не проголта се поголемото (пред се, религиозно) безумие кое владее на се повеќе места во светов.
Крајно лицемерни, лично мене ми се статусите на Интернет како "поддршка". Од проста причина што нема ништо да сменат, во однос на загинатите и останатите последици од нападите, но, и без јавно да истакнам дека следам што се случува, јас се сочувствувам со сите семејствата на жртвите, затоа што нечиј болен ум има таква идеја за покажување на сила. Париз е далеку, но, сеедно, многумина покрај емпатијата за невините кои настрадале, уште повидно (иако не јавно кажано) се вознемирени и загрижени за нивните животи. Истиот впечаток го имав и кога ги читав мислењата и статусите за настанот во Куманово.
А бе сте се фатиле за Обама, па Обама. Путин де Путин и останата група. Едно да ви е јасно, политиката во секој смисол во светот ја водат дотичните од земјата Израел. Не сакам да оправам, што и како и зашто и колку и кој ... Само парите, поделбите, моќта интересот и егоизмот го растураат мирот и животот на планетава земја на обичниот човек. Верата и религијата е измислена баш заради ваквите поделби и конфликти.
Mене ова ми е лицемерно. Од Цивил денес маршираа за сиротите бегалци, а како духови низ ѕид поминуваа низ сиротите во Македонија. Го погодија денот денес да маршираат за бегалците https://www.facebook.com/civil.mk/p...4459714339171/859537904164680/?type=3&theater https://www.facebook.com/civil.mk/p...9714339171/859537764164694/?type=3&permPage=1
Освен годинава во Куманово, сите спомнати инциденти во Македонија се случиле пред повеќе од 10 години, кога немало социјални мрежи за да се форсираат вакви дешавки. Не може никој со сигурност да знае кој колку сочувствувал со Македонија. А кога би имало фејсбук во тоа време, можеби би имале пореална слика. Знам колку банално звучи, но така е. А ако гледаме политички и историски, никој никогаш за ништо не ни помогнал реално. Тоа значи, треба да си се затвориме дома и да не се замараме што се случува околу нас. Е***е глупостите. И да бидам најреална (етикетирајте ме хејтер, сеедно ми е), македонскиот народ досега најмногу штета ми има направено. Но, тоа не ја менува мојата емпатија за туѓо страдање, македонско или не.
Кога ќе прашаш некој од Македонија каде е Париз, сите ќе ти кажат дека е во Франција. Ако прашаш Французин каде е Куманово нема да знаат да ти ја покажат ни Македонија на мапата. Французите не менувале профилни на фејсбук и не пишувале статуси од типот PrayForMacedonia, затоа што едноставно не знаеле (можеби и имало такви, не знам). И ние македонците не мораме да пишуваме статуси за Париз, но некои го прават тоа затоа што имаат роднини таму, некои од солидарност, а некои за лајкови.... На крај и краева емпатијата или сочуството не се мери со менување на профилни или статуси на фејсбук. Жално е и за Париз и за Куманово, има премногу жртви и во двете. Што се однесува до мигрантите, ако сакате наречете ме глупава или наивна ама јас сметам дека мигрантите не се терористи. Тоа се само луѓе кои бегаат од истиве овие кои го направија овој хаос во Париз. Тоа се само луѓе кои бараат подобри услови за живот и подобра иднина за нивните деца. Зарем Ајлан и сите други деца/луѓе кои изгинаа во егејското море и по патиштата беа терористи ?! Дури и сите терористи да се муслимани, не сите муслимани се терористи !!! Не генерализирајте !!!