Терористички напади во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Abeja, 13 ноември 2015.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Малку ќе исполитизирам. :)

    Немам ништо лично против французите. Народ како народ, со свои маани и доблести. Но, од политички аспект низ историјата немаат одиграно фер улога. Од колонизации, имперализации па се` до потпишување согласност за геноциди. Ај тоа на страна, мање више битно за темава.

    Мас медиумите настанов го ,,издекоризираа'' до максимум. Не, ниту случајно не велам дека 200 и кусур мртви е океј бројка. Напротив, загрижувачка е, особено за олку краток период! НО, сеуште се поставува прашањето, зошто никој не се крена на нозе неодамна кога во Украина изби граѓанска војна, а и таму имаше жртви, споредбено може и повеќе од Париз. Или пак во Сирија, Либија, Палестина каде секојдневно гинат милиони! Ѝ како тоа во така круцијални моменти, полемиките на (нео)либералистите отсуствуваат, а информациите од медиумите се` на минимум? Освен тоа имајте предвид дека поголем дел од Власта е во рацете на францускиот народ. Ова што им се случува е само резултат на водењето лоша политика, и прифаќање на нешто со кое реално никогаш не може да се` има соживот. Па макар само 10% од инфилтираните нека се терористи. Last but, not least - Француската Влада беше однапред информирана за планираниот терористички напад, и не презема апсолутно никакви мерки за заштита. За крај имам да додадам само уште нешто -

    [​IMG]
     
    Последна измена: 14 ноември 2015
    На Nausicaa, Captain-Omni, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Ова со нападиве е само еден дел од нечиј план и тој планот си го тера на големо, се прашувам само на која страна се гради против тежата на овие дебело платени и добро испланирани напади (секогаш имало против тежа комунизам-демократија, социјализам-капитализам) ... за жал невин народ гине, невин народ треба да живее во страв ... кому му е потребно ова и за која цел ... масивен страв, луѓето на колена од страв за својот и животите на блиските ... си играат како со пиони на шаховска табла ... статуси на фб, поддршки и што ја знам ма, не ми се ни чита ни гледа ... верувам дека постојат луѓе кои се добро информирани за се и ништо не превземаат или не им е во интерес да превземат, а ние ќе си скокаме на фб, по мреживе и на крај ништо од тоа.
     
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.310
    Пол:
    Женски
    Се сложив со неколку мислења на темава, но не знам дали може да најдам некаква средина, а многу би сакала.

    И некој претходно што прашуваше зошто Париз се споредува со Куманово... Еве, јас ги споредувам на една друга основа: Зошто оние вчера во Париз кои ги извршија нападите се терористи, а овие тука беа нарекувани вооружена банда? Не, не беше тоа вооружена банда, туку терористи кои беа спречени да делуваат понатаму. Зошто? Затоа што следни за напад беа Сити Мол и Народниот театар, ако не се лажам. Тоа го прават вооружени групи или терористи? Истата судбина ќе не' снајдеше и нас, ако тогаш не успееја да ги сопрат.

    Инаку, тероризмот како чин најстрого го осудувам и ништо не може да го оправда. И сочувствувам (не на социјални мрежи) со загинувањето на невини жртви. Жал ми е што тероризмот се поистоветува со исламот како религија, затоа што во својата основа религиите не треба да шират насилство, туку претставуваат своевидни етички учења. Жалосно е што екстремисти со испрани мозоци религијата ја користат како параван и оправдување за своите дејства. Но, од друга страна, според мене, колку нелиберално и да звучи, никој нема право да си поигрува со нечии религиски чувства, како што тоа го направи Шарли Ебдо и да прави карикатури и чуда. Да, треба да постои слобода, човекови права и се' со ред, но треба да се има и една граница во сето тоа. Треба да се почитуваат некои работи. И ако веќе е широко познато дека терористи се кријат зад исламот како оправдание и причина за нивните акти, па немој да провоцираш. Ова не е осуда за Франција, ниту ситење. Само сметам дека треба да се биде попретпазлив во овие несигурни времиња, кога е доволно дури и некого накриво да погледнеш, за да се изврши терористички напад. Треба да се биде промислен (зборувам за оние од „горе“), затоа што потоа невини страдаат.

    Што се однесува до бегалците, кога се отвори тука темата за нив, се мислев дали воопшто да пишам или не. И решив да не пишам, бидејќи знам дека ќе испаднев нечовечна. Но знаејќи од каде доаѓаат, во колкав број, од кој пол и која возраст и слично, требаше да си поставиме некакви граници. Иако, ние не сме способни за такво нешто, земјава ни е Хотел „Промаја“, кој кога сака влегува и излегува од неа. Зборот ми е, во најмала рака ќе бидеме изложени на заразни болести и слично, што моментално не ни треба, а во најлош случај ќе успее некој терорист да се вдоми и после ќе се чудиме.

    Убаво е да се биде човечен, но треба и рационално да се размислува. Кога сите околу тебе затвараат граници и креваат паника околу бегалците, само ние како „најпаметни“ изигруваме хуманитарци.
     
    На purple..m, papillonP, Nausicaa и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Не е со сигурност дали се или не се терористи... Работата е дека секојдневно има огромен бран на мигранти кои нелегално ја минат границата, а со самото тоа што не носат документи и не се идентификуваат, не може да се контролира, и факт е дека може секој да влезе и се да внесе со себе. Ти вели - "дојдов по подобар живот за детето и мене" а во ранецот крие експлозив можеби. На граница многу пати фаќале луѓе со оружје така? Отишле на граница само за да не бидат уапсени во другата земја и ајде да пробаат да шверцаат. Епа и со мигрантиве не се знае. Не е дека ги ставам сите во исти кош, но сакам да кажам не можеме да бидеме 100 посто сигурни дека меѓу нив нема терористи.
     
    На zekzeki и Victorian им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.151
    Допаѓања:
    175.069
    Пол:
    Женски
    Вакви вести обично не ме остават без сон месец дена и се воздржвав од отварање на фемина откако ја видов веста на нет (и не продолжив да читам), зошто многу ме годи, а знаев дека кога ќе отворам Фемина ќе ме удир љубопитноста да прочитам шо како било и ете ме удри и читав, читав. Сега ме стега нешто во градите, ме боли, ме стега. Неможам, неможам да сфатам како некои се тепаат меѓусебе, како заложуваат луѓе, убиваат. Не ми е јасно едноставно ...
    Исто како и феминка погоре, јас верувам дека сите мигранти не се терористи, има неколку, ама не сите, не повеќето. Не сфаќам зошто веруваат дека треба ова да го прават, со чие право, кај ќе им одат душите :tmi: :tmi:
    Кога вака некои решаваат да се убиваат меѓусебе (дури и цела работа со Сирија не верувам дека туку-така се десила, мислам дека политиката баѓи има смешано прсти во се), абе нека не убивааат невини луѓе, малце политичари има низ светов? ;(
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    798
    Поголеми глупости од денес немам прочитано.
    Како може да се споредуваме со Франција алооо?? За нас не ни знаат дека постоиме, а Франција е ваљда во топ 5 земји во свет..
    За нас тука што се случува никој не знаеше, затоа и немало статуси по фб #prayforkumanovo и сл. бидејќи никој од тие луѓе таму ништо не знаел.. А зашто не знаел?? Затоа што медиумите не пренесуваат што се случува тука.. А не пренесуваат затоа што сме НЕБИТНИ. Точка. И помирете се веќе со тој факт. Фер, не фер, тоа е. И вие знаете за Париз колку точно загинале, не знаете за Сирија и сличните, прибидејќи и нашите медиуми внимание ставаат на Париз > Сирија. Нормално. Така било од секогаш, така и ќе биде.
    Како само може некој да пише ``Така им треба.. бла бла``,.. Грозно, и жално..
    Сега сите најбитни луѓе во свет излегоа со изјава.. Од Обама, Меркел, до Путин ,и тако даље... Они најдоа да се праат паметни, бре бре, браво...
    Претеруваат и тие со статуси и слики, ама ова ми е подегутантно...
    И почнете да правите разлика меѓу луѓето, народот кој живее таму, и политичарите што ја водат политиката на една земја. Од страна гледано значи ја се согласувам со се што прави Груевски.... :^):puke: ....

    А овие па Србиве па...
    [​IMG]

    Затоа никој не ги ни сака...

    Општо, цел Балкан е таков... Да му цркне козата на комшијата... За жалење сме. А не сме ни свесни колку многу.
     
    На Bojana.20, simoncelicius и 1209 им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    @Olgitsa

    Како жител на оваа земја се сметаш за небитна? Секоја ти чест, браво. :clap:
    Па уште очекуваме некој друг да не цени кога првенствено самите не се ставаме на мал прст. Останатите глупости немам у план да ти ги читам, искрено.
     
    На SexiLy, Nausicaa, Perfectgirl5 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Значи се тоа ми е и повеќе од јасно, уверена сум дека и некои од терористите поминале низ нашиве граници, со тоа сигурно им се олеснува пристапот. НО не можеме да ги обвинуваме мигрантите дека тие го донеле тероризмот во Европа. Не се сите терористи дојдени со миграните, па (барем) еден од терористиве во Париз бил Французин (ова го кажа амбасадорката на Франција)

    Бегалската криза ја немаше за време на Charlie Hebdo, немаше отворени граници ни мигранти за време на сите овие напади https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Islamist_terrorist_attacks
    Поентата со ова ми е дека ИСИС, имаа(т) доволно ресурси и пари за да го изведат нападот и без бегалците.

    И не можеме да свртиме грб на милиони луѓе и да ги пратиме назад во Сирија/Авганистан/Ирак (во сигурна смрт или тренинг камп за ИСИС), затоа што некој ја искористил нивната ситуација за ваков акт.
     
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    Се поистоветува со исламот затоа што терористите стојат позади таа религија и се нарекуваат како Исламска држава - ИСИС.
    Не се нарекуваат христијани, или будисти, или атеисти, туку исламисти.

    И едно прашање имам, па ете ако некој знае да ми одговори, баш би сакала.
    Зошто никаде во јавност не излезе ниту еден од тие муслимански врховни свештеници (или како веќе се нарекуваат, сигурно имаат некој од главните) и СТРОГО да осуди овакви (не)дела и да се огради од претставување на исламска религија на оваков начин? Јас немам слушнато такво што.
    И после зошто се поистоветувало?

    Да се разбереме, ние можеме до утре да зборуваме дека исламот е мирољубува религија, и знам дека на многумина тоа не се допаѓа и нема да се сложат, ама што кога всушност постои повеќе од стотина стихови во Куранот каде се "налага да се бориш против неверникот".
    Терористите го сфатиле дека без Џихад Исламот не е комплетен, па си имаат луѓе возвишена цел, за жал.

    И за поголема жал е дека ова не е крај, и нема да е последно. Најавувале напади, и пак ги најавуваат.

    Не дека само тие се одговорни. Има некој позади нивниот грб кој исто така има корист. Само и двете страни (или колку и да ги има) се убедени дека конците се во нивните раце. Што ќе биде на крајот ќе видиме. За жал, невини секогаш страдат во вакви борби за власт, алчност, интерес.

    Друго, познавам преку десетина луѓе од Тетово (Албанци) коишто ја искористија ова мигрантска криза и заедно со нив се упатија за Германија. И сега се таму. Чекаат. Имаат храна, нешто пари им даваат, чекаат.
    Кој од потрага по подобар живот, кој за терористички цели, кој навистина имал мака да избега, сите се на куп, се е испомешано, накрај сите ќе ги тутнат кај нас и така...

    Ама ни едни ни други ни трети ја нејќат Македонија, тие сакаат свет.
    Терористите одат во држави, светски сили, од каде светот може да ги слушне, од каде нивната порака ќе биде слушната и дојдена кај сите други.
    Што е битна Македонија, кога никој пет пари нема да даде за тоа што се случува.
     
    На purple..m, Marossa, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    8.640
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали да се смеам или да плачам на оние што поставуваат слики по социјалниве мрежи во смисла дали сега разбирате емигрантите од кого бегаат?

    Толку ли сте наивни?
    Мене единствено ми е жал за децата што мораат најбезгрижниот период од животот да го поминат спиејќи на земја, и по шатори, талкајќи од една до друга земја. Остатокот од нив е со цел дојден, не за џабе сите пребегуваат во Европа. Повеќе од јасно е дека дури сега ќе настанат проблемите.
    Тие што веќе се навлезени во европскиве држиве, тек сега ќе видите што ќе прават.

    Не знам дали приметивте дека по социјалниве мрежи се појавија слики од "емигранти" кои се веќе дојдени во европа, а претходно биле во први редови на терористички организицаии од рамките на овие исис, на пола и веќе од нив на профилите на фб им стоеа слики со оружје, а овдека доаѓаат и тврдат дека од оружје бегаат. И еден од ваквите сега е вработен во училиште во Германија како професор по физичко, (се сеќавате сигурно на човкот што го клоцна унгарската репортерка, е за тој истиот зборувам).Не велам дека сите бегалци се терористи, ама добри 90% од нив доаѓаат затоа што се однапред платени, и имаат зацртана цел.
    Не бидете смешни.

    Франција дури сега изјавува дека можеби треба да го сменат мислењето за емигрантите. Сега им текна откако пола и веќе им се раштркани низ цела земја.
     
    Последна измена: 14 ноември 2015
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Па небитни сме. Путин или Обама ако сакаат може преку ноќ да не снема, и онака никој не знае дека постои некоја земја Македонија. Ама немаат корист од тоа, па секако нема да се замараат со нас.
    А вие што си ги сакате и браните мигрантите, земете ги дома и чувајте се ги. Шетајте ги и покажете им ги убавините на Македонија.
     
    На Perfectgirl5, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Olgitsa им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.310
    Пол:
    Женски
    И јас ова се прашав во еден момент, иако никаде во мислењето не сум го вметнала, сега гледам. Да, тоа навистина им го замерувам. Коректно би било да се излезе со некоја таква изјава.
     
    На Victorian и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Огради се од политика, од антрополошки аспект си битен како човек. Тука не си гледан како поединец на определена држава.
     
    На SexiLy, Captain-Omni и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Ја отворам темава да видам дали има некоја плус информација што не сум ја видела, и затекувам расправии за дали луѓе добивале лајкови заради споделување слики. Сериозни сте луѓе?
     
    На Marossa, Annath, calliope и 10 други им се допаѓа ова.
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    8.640
    Пол:
    Женски
    A тек па фб да отвориш....
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    34.598
    Пол:
    Женски
    Кримсон, не се чуди, нема ништо чудно во ова..познавајќи го менталитетов на народов:yawn::x
     
    На Someonespecial и crimson им се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Да, како луѓе сите исто сме вредни и имаме исти права, без разлика дали си роден во село, во Африка, во џунгла, во Америка...ама јас конкретно зборував за нашава земја, колку е кутра и небитна.
    Дури жал ме фаќа. Македонците (како луѓе и живи суштества) сме битни и имаме иста вредност ко и сите останати ама земјата од кај што потекнуваме за жал е таква ко што е...со мала вредност...освен комшииве искрено не знам дали некој друг знае за нас. Добро, некои интелекуталци, политичари, видни луѓе слушнале за чудото наречено Македонија, ама обичен народ да земеш да прашуваш по улица никој не знае што е тоа.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Си спомнувам на зборовите на еден од француските политичари (мислам министерот за внатрешни) по терористичките напади врз карикатуристите од почетокот на годината: „Не е прашање дали ќе се случи уште еден напад, туку прашањето е кога и каде ќе се случи!„. За жал тоа се потврди вчера.

    Во темава се спомнуваат и бегалците, но колку што разбрав терористите биле државјани на Белгија и Франција.

    Познавачите на меѓународната безбедност уште месеци наназад велат дека иако не е невозможно, мала е веројатноста меѓу бегалците од блискиот исток да има терористи бидејќи тоа за нив би било само губење време кога ионака терористите веќе одамна се наоѓаат на европска територија и тоа со европско државјанство. Статистиките покажуваат дека самите имигранти коклу и да не се вклопат во општеството, ретко стануваат терористи. Но од втората генерација или третата генерација (значи нивни деца и внуци во старт родени и израснати во западна ЕУ) била склона кон такви екстреми.

    За нападите во Куманово и Париз не гледам никаква поврзаност. Да постоеше, ќе читавме или слушавме на Би-би-си, Сиенен, Дојче Веле или барем низ руските медиуми.

    Сочувство до семејствата на загинатите.
    Тоа е и поентата кога се зборува за карма, дека има врска и тоа што било пред повеќе векови. Имено, ние не сме прв пат на земјава - сме живееле и претходно. Кармата односно законот на причина и последица е премногу комплексен кога станува збор за светската судбина на народите и поради тоа може само обопштено да се зборува за истата, но за да се разбере логиката на кармата мора да се вклучи и реинкарнацијата, инаку делува бесмислено. Тоа што било лошо направено а благовремено не било неутрализирано преку искрено покајување, простување, молење за прошка и поправање води кон повторна средба на засегнатите. Ако тоа не е возможно во текот на сегашниот живот или по телесната смрт во подрачјата на бестелесните души, тогаш ќе се случи преку серија „случајности„ во некој од наредните животи, и сè така додека не си простат едни на други.

    Многумина од тнр. христијански земји и народи во минатото војуваа и неправедно ги искористуваа другите земји и народи. Бидејќи тоа благовремено не беше корегирано (на пр. преку фер трговија, несебично помагање, искрено залагање за мир, зачувување на природата и сл.) сега тоа сè повеќе се струполува назад врз нив. За сето ова имаше бројни духовни предупредувања низ вековите но и денес (особено почетокот на 1980те.) но за жал тие предупредувања беа фрлени во ветер.
     
    На theowndemon и Victorian им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ту, ту, еден куп душебрижници кои што се длабоко погодени од туѓото лицемерие, та зошто хаштагови, зошто се молеле луѓето, зошто профилни менувале, се чини дека да можете гаазот ке си го каснете зошто ова не се случи со вакви размери и кај нас та целиот свет да жали и телеграми со сочувства да ни пристигаат и да се моли некој си рандом Германец или Французин за нас.
    Типично Балкански, читам по портали истото размислување и кај Србите, Бугарите па немој ние да сме подолу. Малограѓанштина, цел живот да се препукуваме и да делиме правда што е фер а што не е, само ние знаеме се другите врска немаат, за терање сеир и делење памет секогаш сме први. Да бевме толку паметна и напредна нација немаше да го боли онаквото остатокот од светот за тоа што се случува кај нас. Не се збореше за Куманово? Епа освестете се не сме светска велесила, ниту пак Скопје е Париз а уште помалку па сме битни на некој за да до толку се припотресува за нас, суррово можда е затоа што и ние сме луѓе и нас не боли ама реалноста таква е - каква е. И навистина не го сфаќам феноменот зошто си патите од тоа се некој да не жали нас, да се моли, да не спомнува, делегации да доаѓаат за да го искажат своето длабоко жалење, се чини дека доколку би се случило тоа помалку ке ве болеше и Куманово и Арачиново и не знам што се не спомнавте тука.
    Јас сум од Куманово, јас знам како ми беше во тоа време кога далеку од својот град ги следев случувањата, како немав мир па и сеуште немам и како душата ми се тресеше, тој стрес не се заборава затоа што таму се сите луѓе што ги сакам и што ми значат. Може не ме боли со иста мерка за Франција, нормално за мојот народ боли повеќе ама човек сум и на ниедно друго невино човечко битие не му посакувам вакво нешто и сум исто така потресена на начинот на кој се одземаат животи небаре игра е, страшно!
    Ке се воздржам од темата за бегалците затоа што ми е толку опширна што мислам дека би пишувала до утре. Проблемот е многу поголем и е под дејство на многу поголеми сили, никој не зема пушка туку така да премине граница со неа без да знае никој. Терористите се однапред добро инфилтрирани вооружени и играат по правила на големите сили, не е така едноставно да влезеш во Франција и да оранизираш 7 напади без никој ништо да не знае и на една таква држава работите да им избегаат од колосек. Тероризмот не делува сам по себе туку е потпомогнат токму од оние кои што навидум се најмногу против истиот.
    Кривицата е во нас, сами сме криви, без разлика колко и да жалиме и да се правиме еманципиран и луѓе со модерни сфаќања, па не ни пречат бегалци, не ни смета ова, не ни смета она, затоа и дојдовме до ова дереџе. Впрочем да не ги пуштивме Косоварите пред повеќе од една деценија и да не ги продадовме куќите на Албанците може не ќе се десеше ни 2001 ни Куманово 2015 ама добро, тоа е вече една сосема нова тема. Тоа што си сееме тоа ќе си жнееме, страшното е што навистина ова е почетокот, лошото допрва доаѓа, ама додека не мењате профилна се е под контрола нели ? Тоа е најголемиот проблем моментално. Ах бре балканштино...
     
    На Marossa, 1209, Tanjamm и 10 други им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.909
    Допаѓања:
    108.110
    Пол:
    Женски
    А што се па Французиве толку битни за нас? Ако ние не се почитуваме треба потоа да очекуваме другите да не почитуваат??
    Бог да чува!
     
    На Nausicaa, Valerin и zekzeki им се допаѓа ова.