Си мислам, суперкупот годинава е во Скопје... Какво обезбедување ќе превземат нашиве во однос на ситуацијата? Колку што се способни
Терористите напаѓаат поголеми земји, ко Англија, Франција, Германија... За да провоцираат. Кај нас немаат некоја корист ако дојдат. Плус знаат дека живеат албанци во државава, па не би ги нападнале и нив. Претежно на мета се христијани.
Ами од цела Европа луѓе ќе има, ќе ги испровоцираат сите одеднаш... Не е за потценување ситуацијата, нека си превземат соодветно обезбедување... Јас не знам дали би се осмелила да се движам околу стадион или по собири во тој период...
Ајде да не мислиме на најлошото Точно дека позачестени се нападите ама да не паничеме пред време. Многу наши пријатели, членови од семејството, колеги, планираат да одат ако успеат да купат карта. Не е за потценување ситуацијата со теротистите, ама ќе биде се во ред...не е толку битна земјава.
Концертот на пеачката во Манчестер бил дел од турнејата насловен како Dangerous Woman (Опасна жена). Морничава коинциденција помеѓу името и настанот.
Некои луѓе по интернет па колку немаат осет, особено некои твитерџии... Земале се зезаат околу тоа колку глупа е музиката на Аријана, дури и солат памет дека родителите се криви што ги однеле децата на таков концерт Невини деца и тинејџери, толку среќни отишле на концерт да се забавуваат, а вака завршиле... 8 годишно девојче има меѓу загинатите Греота, ептен жално Невидени монструми!
Најболно е тоа што политичарите дозволуваат вакви работи да се случат. Искрено, очекував вакво нешто да се случи, но во Бирмингам. Опасно муслиманско гето имаат, никој ред не води. Или не сакаат да поведат.
Нешто слушнав но не дослушнав Како бомбашот самоубиец влегол внатре? Нели има строги проверки пред да се влезе?
На влез ги проверуваат сите. Проблемот таму е што во случајов, Арената е поврзана со станицата за возови. Овие што излегувале од станицата биле затечени од бомбашов, кој според новинариве, пристигнал на станицата и се упатил кон салата. Нешто смрди тука. Мислам, факт е дека не се обрнува толку внимание на безбедноста, особено на вакви големи концерти. Обично требаат саати и саати за проверка на сите. А и овие што работат во обезбедување немаат ништо за самоодбрана. Билокој може да дојде во толпата и да направи што сака. Особено на излез, кога е лудница и сите се расположени, никој не обраќа внимание на личната безбедност.
Каква врска има насловот со настанот? не гледам поврзаност Иначе бомбата експлодирала во ходниците каде што се продаваат маички и слични работи, најверојатно затоа што немал шанси да помине покрај обезбедувањето па во салата. Ама можете да замислете дека ова се случи на концерт на Ариана една од најпознатите ѕвезди моментално во светот, штом нејзин концерт не е обезбеден максимално што е пак со другите помалите ѕвезди. Страшно. Страв ми е да одам на концерт повеќе. Греота за фамилиите што изгубија најблиски, не знам какво чудовиште можело да го направи ова и тоа на млади и деца.
Сите компании за обезбедување штедат, затоа што обично ништо не се случува. 15 000 фунти плус за една вечер е добра сума на пари. За да се спречи таков напад треба да се ангажира полиција и тајни агенти. Обичен човек што носи само униформа, со празни раце, неможе да спречи бомбаш самоубиец. Па макар го забележал на 500м од објектот.
Страшно е ова што се случува а мислам допрва пострсшно ќе станува. Аријана дали има добра или лоша музика е сосема безначајно. Секој одлучува кој ќе обожава, кај ќе оди..но факт е дека на мета се големи настани, големи градови. Невин народ гине. Европа е ризична веќе, додека Меркел и посакуваше добредојде на азилантите, американците што не зедоа туку немири прават секаде.
Зошто во Полска веќе со години нема терористички напади? Не дека сум нејзин државјанин па ја фалам туку тоа е факт. Затоа што Полска не прима мигранти посебно од муслимански држави. Затоа што Полска своите ученици ги учи на национална свест а не на прозападна опен мајнд глупост. Синоќа во Русија уапсени се 4 припадници на исис. Инаку суперкупот ли беше годинава во Скопје? Бог знае што ќе се случува.