1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Терористички напад на карикатуристите во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lella, 10 јануари 2015.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не сретнав ваква тема, а и да ми кажеше некој дека некогаш ќе отворам тема во Политика и настани ќе му се изнасмеев в лице. :D

    Што мислите за терористичкиот напад?
    Не знам дали веднаш ќе ме нападнете сега, ама јас овојпат мислам дека карикатуристите сами си го барале. Не е во ред тоа што го направиле, не можат да се извлекуваат со слободата на изразување, се знае дека секој човек е слободен за изразување се’ додека не ги навредедува мислењата и ставовите на останатите луѓе на културно, релисгиско или етничко поле.
    Никој не смее да прави шали со она во што луѓето веруваат, како што тие ја почитуваат нашата, така и ние нивната треба да ги почитуваме. Тие веруваат во Мухамед и секако дека ќе им пречи ако некој им се подје*ава со тоа во што веруваат (извинете за изразов).
    Јас не сум муслиманка, христијанка сум и така ќе остане, ама најобјективно вака, убиството што се случи е со мотив и цел, а не терористички напад во кој погинуваат невини луѓе. Од вчерашниот ден мислам дека имаше и невини убиени, ама карикатуристите да престанале откако ги опомениле, немало да дојде до ова.
    Јас не го оправдувам она што го направиле терористите, ама мислам дека ни карикатуристите не се цвеќе за мирисање кога свесно се шалеле со нешто во што веруваат многу луѓе. Не требало тоа да го направат, кога знаат што може да ги чека.
    Можеби никоја религија не оправдува убиство, ама сигурна сум дека никоја не вели дека треба да се навредуваат и да не се почитуваат другите религии.

    Сега најверојатно ќе ми се нафрлите, ама знајте дека ова е само мое мислење.
    Поздрав. :)
     
    На mackica1, sajonaramucaca, Valerin и 3 други им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Точно е дека биле предупредени и мислам дека постапките на новинарите беа непромислени. Но рака на срце, ако тие нацртале навредлива карикатура (значи никого не лишиле од живот со цртежот), па можеле овие што биле вознемирени нив да ги нацртаат навредливо, а не да ги изрешетаат со куршуми.

    Не сум од исламска вероисповед. Јас верувам во Христа и неговото учење за законот на сеидба и жетва - некои го нарекуваат карма и реинкарнација. Карикатурите и сл. работи мислам дека не се вистинската причина за терористичките напади, туку тие биле само чкрапалото да експлодира нешто неразрешено што постоело во душите на засегнатите од двете страни уште од некој минат живот. Не сум слушнал верските терористи од блискиот исток (или инспирирани од таквата идеологија ) да се замериле со земји како Венецуела, Панама, Аргентина, Чиле... а кои се во денешно време исто така земји со мнозинско христијанско население. Наместо тоа се замеруваат со Европа и САД понајмногу (тук таму и со Канада и Австралија). Ако погледнеме низ историјата, токму од тие земји тнр. христијани правеа бељи низ речиси целиот свет, па и низ блискиот исток (крстоносни војни, колонозација, наметнување на зделки, култура, трендови). Она што го гледаме денес во форма на тероризам е дејствување на дел од некогаш поставените причини кои не биле благовремено исчистени преку молба за прошка и поправање на штетата.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Што и да напишеш и што и да кажеш, не заслужуваш да бидеш убиен или нападнат заради тоа.
     
    На Golden, SV1911, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Да, ама зборот ми беше, како богови се третираат сега карикатуристите, а не се невини.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    На карикатуристите тоа им е работа, да се изразуваат преку цртање карикатури и се убиени само затоа што си ја вршеле својата работа и затоа што некои радикални фанатици сметаат дека убивање човек е шала, и сега ти, а и многу други, велиш дека си го барале?
    Сакаш да кажеш дека еден цртеж е грев и го ставаш на иста вага со масакр?
    Го исмевале и папата и многу други, па? Зошто никој друг не се побунил, само овие сега?
    Ајде ако не да се забрани ваквата професија...
    Ова муабетов исто како некои што за силување велат си го барала девојката зошто била провокативно облечена.
    :headbang:
     
    Последна измена: 10 јануари 2015
    На Dulceee, Golden, SV1911 и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    За тоа се карикатурите, за исмевање на се и сешто. Имало и карикатури за јудаизмот и христијанството, но евреите и христијаните не се закануваа и не убиваа луѓе. Карикатурите се уметност, секој има право да се изразува како сака, а тоа што некој неможе да прифати шега, не значи дека треба да земе да убива луѓе. Овој напад е напад врз слободата на говор во Франција. Карикатуристите не се богови, но се борци, после сите смртни закани продолжиле да се изразуваат, да творат, да ко искажуваат своето мислење.
    Сепак, мислам дека причината за нападот е подлабок од карикатурите. Франција, со Америка се борат на блискиот исток и којзнае колку невини муслимани страдаат заради нив. А терористиве веќе имаат криминално минато..
    Сепак, штете за жртвите и семејствата.
    И овие терористи, што убиваат во име на Алах, се полема навреда за муслиманите околу едни обични карикатури.
    [​IMG]
     
    На tessie, DraTilHelvete, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Во Куранот никаде не пишува дека треба да се убива во име на Алах.Напротив, пишува дека секој што ќе убие невино суштество ќе биде казнет.Терористите не се религиозни мусламани- тие се заведени, фанатици!
    Не можеш ти на некој да му ја одземеш слободата да си ја изразува мислата и да го убиваш во име на тоа.Колку само многу дискусии има каде што постоењето на Бог се доведува во прашање,па никој христијаниин не е убил во име на тоа.Колку многу вицови има за Евреите, па никој Евреин не убил во име на тоа.Ова им е само уште една причина да напаѓаат невини, да воспоставуваат доминација...Ако не беше карикатурата, ќе беше нешто друго.Штета за луѓето што умреа и штата за нивните семејства што цел живот ќе се носат со болката заради нечии изместени идеали.
     
    На GirlRose, SV1911, FridaKahlo и 5 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Темава е баш болна.
    Не го разбирам убивањето во името на Бога и верувањето дека во рајот ги чека 72 девици.
    Тие веднаш да се испратат таму.

    Од друга страна не го разбирам и упорното цртање на карикатури кога се знае дека им пречи.Па нема жива сила што ќе ме натера да пишувам/цртам ако тоа ги повредува нечии чувства.И не е ова првпат да се случува пред неколку години чинам во Норвешка имаше убиства за карикатура.

    Овие цртаат овие убиваат.
    Овие убиваат оние провоцираат.
    Влеговме во кругот на ѓаволот од кој нема лесно да се излезе.
    Цената ја плаќа некој сосема трет во случајов неинволвиран.
     
    На Hipster, sanjaeva, Teodora* и 3 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Види и јас сум open-minded за религии, ама во случајов, да невини се.
    По таа логика @BoneMachine треба да го запалиме на клада. :D
     
    На tessie и BoneMachine им се допаѓа ова.
  10. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Денес им сметаа нацртаните карикатури, утре ќе им смета зошто нивниот јазик не е официјален, потоа зошто жените не носат фереџе и така до недоглед...

    Ако за објавување карикатура казната им е смрт, тогаш се прашувам, што ли направиле ирачките и сиријските христијани, за денес, едноставно да ги снема, и тоа преку најгрозоморни чинови.

    Проблемот всушност е многу подлабок, т.е. исламот е толку уназаден меѓу масите, што наместо да ја практикуваат религијата во позитивни цели, тие инфериорно потклекнуваат пред одредени струи и елити кои религијата ја корисат во свои политички цели.

    Само ова ќе кажам!

    download.jpg
     
    На Dulceee, SV1911, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Да престанале кога ги опоменале? Тие ги карикатурирале и папата и Путин и сите, па никому ништо, па зошто да се исклучок тие? Или со закон нив никој не смее да ги навреди? Епа затоа, се додека има вакви мислења, сите на нивните закани ќе повлекуваат за да можат тие да го превземат цел свет, наместо да ги средат. Им била навредена религијата, а не сфаќаат дека тие се срам за неа. Ниедена религија не проповеда и оправдува убиство.
    Карикатуристите имаат комплетно право преку илустрацијата како дел од новинарството слободно да се изразуваат, врз тоа не смее да постои цензура, и тоа е со закон уредено.
     
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Не сум за никаков вид насилство, не па за убиство.
    Овие денови се шушка дека овие убиства се наместени, за да се предизвика дестабилизација во Европа. Малку е чудно, но зошто некој со маска на лице, би убивал и би ја носел личната карта, за да притоа му испадне и по неа го идентификуваат, освен ако е таа лична карта туѓа и е намерно подметната.
    Второ, на снимката кога еден од терористите пука во полицаецот кој лежи на земја ранет, многу убаво се гледа дека не му нишани во главата туку едно половина метар напред и никаде нема крв, зошто доколку е пукано во глава лицето по некоја логика нема да се познава.
    Трето зошто некои луѓе што се на кровот носат сини кошули иста боја и панцир одела?
     
    На Teodora*, kolovoz и galapce им се допаѓа ова.
  13. DraTilHelvete

    DraTilHelvete Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Мене Исламот ме вреѓа пошто сум жена и имамите кои проповедаат дека жените кои не носат хиџаб се курви . Дали тоа значи дека јас треба да подржувам палење на џамии и колање на Имами ? М?

    Аргументов ти е глуп . Секад ќе има некој навреден од нешто тоа не значи дека треба да преќинеш да правиш тоа што го правиш .
     
    На kjukli, okcenzi, BoneMachine и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ништо не треба да е причина за убиство! Во сите религии се повтара едно те исто: НЕ УБИВАЈ! На луѓево им е потребно навистина само уште еднаш да ја прочитаат својата света книга.
     
    На kjukli и tessie им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    @DraTilHelvete
    Ако внимателно прочита а се сомневам во тоа туку се истрча со навреди,ќе видеше што сакав да кажам.Овде се зборува за цртањето карикатура и настаните по него.И да почитувам други ако тие не сакаат некој да им го презентира лицето на нивниот Бог,нема зошто постојано да се прави ова.Што не значи дека ги оправдувам убиствата ,ако може да се каже оправдува,напротив ги осудувам.Дотичните треба да си одговараат за тоа.Демократија не значи да се плеска и што треба и што не треба.

    Ако тебе Исламот те вреѓа јас не му ни обрнувам внимание зашто пред мене го гледам Исус а не Алах.
    Кој спомна палење и колење ,јас такво нешто не кажав ,туку ти ми ги истури твоите зборови од тастатура.
    И да, треба да прекинеш ако некого навредуваш.А да го направиш тоа треба да бидеш свесен.И не се вели глуп ти аргументот туку кажи мислење за конкретната тема а да не отидеш во офф.
     
    На Lella, tessie и danichap им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Според мене и карикатуристите се виновни за тоа што им се случи. Едно е преку карикатури да исмеваш луѓе, а друго е да исмеваш религија.
    Секоја религија треба да се почитува!
    И треба да се има граница до каде можеш, а до каде неможеш да идеш со исмејувањето.
     
    На Rose96, sajonaramucaca, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Со инцидентот во Париз уште еднаш се покажа колку се "мирољубиви" муслиманите и исламот. На секој нормален ќе му се поврати од ова, ама вчера читав коментари на фб од наши муслимани кои се ситат на убиствата и ги оправдуваат.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda На карикатуристите тоа им е работата-на сатиричен начин да ги прикажат настаните од светот, актуелните.Не можеш да обвиниш некој затоа што си ја работи работата.
    Биле мета на исмевање и христијанството и јудеизмот и Евреите , Папата, Обама, Путин...па никој не бил убиен заради тоа.За жал има и муслимани кои навистина се религиозни и не би повредиле никого, но повекето се заведени и најчесто преминуваат во терористички групи кои убиваат во името на Alahhu Akbar!
    Ова со карикатурите беше минорна причина за да изреагираат на начинот кој изреагираа.:xБуквално во се бараат провокација и навреда кон нивната славена религија.
    А се сеќавата ли на терористичкиот напад кога беше маратонот во Бостон?Што им беше тогаш причината...Каква навреда имаше тогаш врз нивната религија, м?!
    Значи не е до карикатуристите...
     
    На kjukli, Rama, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Мое скромно мислење, понекогаш навистина се оди далеку во повредување на нечии чувства, користејќи ја како изговор демократијата, слободата на говор итн. Сум гледала карикатури такви за мојата вера и јас знам како ме направило да се почувствувам. Но, тоа не би ме оправдало да извршам какво и да е зло врз оние коишто го постирале или нацртале.

    Како и да е, оној којшто треба да го даде и одземе животот е Бог.

    И немојте да генерализирате и да носите заклучоци за сите припадници на една религија поради акт на поединци којшто е поддржан од група истомисленици.

    What Muslim scholars have to say about the Charlie Hebdo attack
     
    Последна измена: 10 јануари 2015
    На omg92, sanjaeva, N.Kety и 6 други им се допаѓа ова.
  20. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Тема навистина е многу осетлива, но ако веќе сакате да барате виновници, погледнете малку подалеку од директно инволвираните. Последниве (за нивна голема несреќа) се само марионетки за исполнување на нечија агенда. И жртвите и убијците. Не мислам дека е само изолиран инцидент, последица на неколку "споени жички" кај двајца браќа што тргнале во поход.

    Жртвите не би ги глорифицирала како борци за слобода во изразувањето. Па кој им ја ускратил слободата за такво нешто во држава како Франција?! Тоа биле само вработени новинари и карикатуристи во локален сатиричен весник, кои исполнувале задачи на одговорниот уредник. Тој (или тие) носи одлука за уредувачката политика, но исто така одговара и на повисоки инстанци (издаваштво, спонзори и сл.). Разбирам дека не се лесни времиња за печатените медиуми и "бркањето" продажба и публика за многу уредници подразбира пласирање провокација. За мене вистинското прашање е зошто толку упорно се продолжувало со агресивната кампања на исмевање со оглед на настаните што претходеа на овој масакар. Спорните карикатури не им беа првиот "испад". И не е никакво објаснување слободата на говор. Има толку општестевени теми во капитализмот кои може да се обработуваат и исмеваат преку карикатура. Непресушен извор. Зошто мора да е тоа нечија религија?

    Ни под разно не го оправдувам слученото. Нема оправдување за ниту еден насилно одземен човечки живот. И во Франција и во Палестина и во Венецуела и во Гана. Но, како што реков, за жал жртвите се само колатерална штета во нечија агенда. :(

    Луѓе, не реагирајте толку инстинктивно со напад и омраза кон се' што е муслиманско. Не е грешката во исламот, туку во нечии вжештени глави.
     
    На Srce01, sajonaramucaca, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.