1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Терористички напад на карикатуристите во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lella, 10 јануари 2015.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Од една страна се изразува поддршка за настраданите со тоа што се прокламира таа слобода на говорот и дека истата не смее да биде одземена и загрозена. И со тоа се согласувам.
    Само се прашувам што е слобода на говорот и до каде оди таа слобода? Кој ги поставува границите, стандардите? Од една страна може да се навредуваат религиозни и верски хероји пример, а од друга страна хаос настанува ако некој јавно би кажал против хомосексуалците на пример.

    Ако постои слобода на говорот треба сите да можат слободно се да кажуваат нели, а не да постојат рестрикции за едно а за друго не. И пак се прашувам кој ги поставува стандардите за слободата на јавно говорење.

    Следбениците на Ислам сакаат да се воведе закон против хулење (овај заклучок нели произлегува од сите овие настани) и строго сум против тоа. Ако се пример здобијат со тоа "право", тоа би значило дека ако јас кажам дека Мухамед не е пророк (што би значило хулење), а Исус Христос е Син Божји и јас би завршила исто - убиена?
    Исус беше јавно напаѓан и вреѓан додека беше на Земјата, омаловажуван и изругиван, па никаде не се борил за своето право како бог, ниту им е дозволувал на своите следбеници да го бранат на оваков начин.
    Има еден дел во евангелието каде војската дојде да го фати Исус и каде апостол Петар извади мечот да го одбрани и Исус го запре.

    Пак на крајот да разјаснам дека јас не ја поддржувам навредувачка содржина на карикатуристите (мада да бидам искрена не ја ни видов спорната карикатурата), ама подржувам ПРАВО на редакцијата Чарли да биде навредувачка во своите објави.
    [Кога мојот Бог Исус не се повикал на своето право да не биде навредуван, тогаш кои мислиме дека сме ние за да бараме некаква заштита да некој не не навредува како верници?]
     
    На SV1911, Teodora*, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Дивјаци. Многу се примитивни. Сликата погоре покажува колку се заостанати.
     
    На Rama и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Kaко прво, никаква „провокација“ не може да послужи како оправдување за aкт на насилство и одземање животи, oсобено не за ваков терористички чин.
    Плус тоа, професијата на карикатуристите e токму исмевање на секакви теми и личности без цензура преку цртежите, тоа е дел од слободата на говор и изразување.
    А во ниедна света книга не се проповеда насилство и убиства на невини жртви во име на религијата, и токму ваквите инциденти се најголема навреда и причина за разни предрасуди околу исламот.

    [​IMG] :bow:
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Пред да напишете било каков коментар, ве молам пред се информирајте се кои беа жртвите и што всушност претставуваше Charlie Hebdo.
    Пред сè морам да прецизирам дека ова не е само напад на слободата на говорот. Ова е напад на Франција и на нејзината демократијата.
    Не сакам да ги ставам сите муслимани во иста кошница, но факт е дека каде и да одат сакаат да ги наметнат нивните мислења и начин на живеење.
    Мене не ми смета што во Саудиска Арабија жените не смејат лицето да го покажат и не смејат да возат кола.
    Во Либан жената не смее да има ни сметка во банка.

    Така сакаат, така нека се живеат. Ама ние како "западњаци" не им наметнуваме наши правила, не ги напаѓаме, ниту пак им се закануваме да се сменат. Иако делумно ги напаѓаат човековите права посебно оние на жените. Да не се лажиме таму жените и немаат многу избор дали да кажат да или не.

    Сатиричниот хумор на Чарли Ебдо не се однесуваше само на муслиманите или пак терористите.
    Поголемиот дел од насловните им беа со политички карактер.
    Па, само да знаете на колку насловни се појави Саркози, Оланд и кој уште не.
    А ги имаше и еврите, христијаните, свештеници...

    Најмногу го осудувам фактот што браќата беа родени во Франција, но со потекло од Алжир.
    Што значи нивните родителите го напуштиле Алжир (бидејќи таму ситуацијата нели им беше "совршена") и дојдоја во Франција со надеж за подобар живот.
    И можеа да го добијат, но не ! Тие упорно со главата во ѕид сакаат да наметнат туѓ начин на живот неприфатлив за Французите, наместо да научат дека тие се странците и дека ТИЕ треба да се навикнат на западниот начин на живот.

    Така да кој и да кажи дека ова беше оправдано, гадно се лажи!
    Во Мароко имаше случај кадешто беа каменувани двајца тинејџери бидејќи во јавност се бакнаа!
    Пак ќе речам нивна земја, нивни правила. И ние доколку би го посетиле Мароко или би се решиле да живееме таму би ги почитувале нивните правила!
    Крај

    И да цитирам еден извадок (за жал не знам од кој беше) ама гласеше дека "во секоја земја каде муслиманите се малцинство (вклучувајќи ја и нашата) бараат повеќе права за нив ! (училишта на нивен јазик, џамии , скратено работно време за Рамазан,)
    А во сите земји каде муслиманите се мнозинство, христијаните како малцинство не смеат А да кажат , а не па цркви да бараат да се градат!
     
    На SV1911, Daydream, kjukli и 15 други им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Во ова списание не е исмевана само една религија. Тука е и спорната насливна страница каде Исус,Буда,Мухамед и Мозез.
    http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=13&vest=19319

    Дали карикатурите ги преминале границите на нормалата, се дискутира поинаку, не се убиваат луѓе.
     
  6. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Едно прашање се наметнува, каков е тој нивен бог кој нели треба да биде креатор на универзумот, на сета материја и енергија во космосот, на сите живи битија, на буквално се, семоќен и безвременски - а истовремено му смета цртеж на неговиот пророк на земјата? Сериозно? Цртеж?
    Зошто тогаш воопшто ги створил ``неверниците`` и тие карикатуристите, бидувајќи семоќен можел да направи да работат како келнери да речеме, постојат милиони комбинации кои едно семоќно битие можело да ги направи за да не дојде до ваков настан.
    Освен ако Мухамед не бил дводимензионален кога престојувал на земјата не гледам логика во сето тоа.
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Искрено чудни сте ми со тоа - сами си го барале. Се работи за карикатура и 12 невини животи.

    Да проблемот е во демократијата, но не во слободата на изразувањето, светот страда обидувајќи се да биде демократ со крволочни суштества кои разбираат само еден јазик.
     
    На Teodora*, Rama и DraTilHelvete им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Не реков дека го оправдувам чинов, никако. И не зборував за исламот и за тоа колку се тие насилни или не знам какви.
    Сакав да кажам за карикатуристите. Зошто мора да се исмејуваат религиите? Има толку многу работи за исмејување. Најобјективно, не е во ред тоа што го прават, независно за која религија се работи. Јас да сум на нивно место, и да сум објавила таква карикатура, нема да продолжам бе. Зошто да навредам некого? Ако не од чиста култура, барем нема да објавувам бидејќи ми е мил животот. Зарем не знаат што може да им се случи? Иако навистина не знам што е толку убаво во исмевањето луѓе кога знаеш дека ќе бидат навредени. Изгледа навистина не ја разбирам оваа работа.
    Во ред е и слобода на говор и се’, ама мора да има некакви граници.

    И не осудувајте го исламот. Оние кои убиваат повикувајќи се на нивниот бог, не се вистински верници. Без разлика дали се работи за христијани или муслимани.
     
    На sajonaramucaca, cresa-jagoda, N.Kety и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    После премиерата на филмот Брајан од Назарет христијаните требало да го спалат цел Холивуд и цела филмска индустрија по светов, да се убиваат невини луѓе, од директори до чистачи? :^)
     
    На tessie, Teodora*, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    У исламот е забрането да се цртаат живи креации од страна на човекот значи било што, а за ,,свети" работи да не правеме муабет..:^)
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Во целиот свет секојдневно се исмеваат разни нешта,од религии до политичари,познати луѓе итн.Не значи ако си нацртал навредлива карикатура,да заслужиш да загинеш на таков начин.Како што вика @Abeja ,ако беше така, цел Холивуд требаше да биде спален на клада,поточно поголемиот дел од светската филмска индустрија.
    Мислам дека настанот има некое покомплицирано значење и целта на нападот беше најмалку поврзана за направените карикатури,туку начин на некои организации да се покажат пред светот и да демонстрираат хаос.
    Немам ништо против ниедна религија,сите си имаат свои верувања,никогаш не сум разликувала или избегнувала луѓе поради нивната вера.
    Сепак,тешко е да не се забележи фактот дека поголемиот дел терористички напади,масакри и пустошења се од луѓе со исламска вероисповест.Не значи дека само тие постојат,туку медиумите бираат да ги експонираат само нив,а оние што напаѓаат најчесто се луди фанатици,самопрогласени „богови“ кои погрешно ги сфатиле проповедите на нивната религија.
    Вака гледајќи што се случува,заклучувам дека светов пропаѓа малку по малку.Или климата ќе не докрајчи или ние самите.Тоа второто ми е поверојатно.
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Тоа што е забрането да се прикажува лицето на Алах,особено со емоции,во овој случај сарказам и ококорени очи им фрснало во глава.
    Или им било само причина да се фатат за оружје.Искрено се плашам да не се разгори .
    Штета што во 21 век луѓето се посклони кон оружје и убивање од било кога.
     
    На Teodora*, Marossa и tessie им се допаѓа ова.
  13. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Инаку еве да речеме овие имале причина, а што е со убивањето на четворицата младичи кај Смилковско езеро онака безвеза? Згора на се па протести и тоа од стотици луѓе демек невини биле убијците(facepalm) што афтоматски укажува на тоа какво мислење имаат за христијаните една поголема маса на луѓе тука у нашата државичка.
     
    На kjukli, Tanjamm, Teodora* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Malku moze ke se oddalecam od temava za koja se informirav od vasite postovi no dojdov do zaklucok deka mozebi treba da pocnam da bidam blagodarna sto kaj nas ukinaa sekakva demokratija.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Колку што прочитав на точка, едниот од нив, знаел дека ќе умре, така да јасно му било што направил.
    Инаку, нема ништо убаво во исмејувањето, а чим знаел дека ќе бидат навредени, претпоставувам намерно било направено тоа со карикатурите.Зборам, ако е само заради карикатурите.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Точка рулз, Фемина тиња (ништо официјално не потврдила, нели?) :D
    Штом точка рекла, мора да е точно. Може го болело меот, се прејал грав па и онака знаел дека ќе експлодира.
    Покрај тоа-што сакаше да каже поетот, успеав да фатам прибелешка дека си пристрасна. За еден газда работиш, друг фалиш :D
    Кили знаеше дека е при крај па се реши човекот да се лечи. Што не се лечел и болниот, ако точка рекла дека е болен, има болници па има и марихуана за лек.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Знаев дека ќе цитираш ти Абеја, стандардно :D А вие што читате дека не е ради карикатури, бевте таму, сведоци бевте или...? :D А, ако не прочита, реков „ ако е заради карикатури“, ама како и вообичаено си читате она што ви одговара и мешате баби и жаби.

    Пристрасна? :rofl: Не ме смеј, со таа ваша пристрасност, само ја повторувате, изгледа дека вие сте пристрасни, па затоа си мислите дека и други се пристрасни.

    За кој газда работам, жити се? :D :rofl: Абе Абеја, многу мислиш :D
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    А зошто пак да не се исмејуваат религиите?
    Ако погледнеме реално религиите општо се многу далеку од својата изворна цел односно да го направат човекот подобар и да го насочат на единство, мир, љубов и среќа.. А всушност ствараат раздор меѓу лугето и ги прават непријатели, се убива во нивно име и се создава омраза...

    Да се биде верник и да се биде религиозен е сосема различна работа.. Не би да навлегувам во дискусија сега за тоа.. Но ете настраданите новинари на сатиричен начин го сликаат тоа што го гледаат, сакаат да влијаат со своите цртежи за едно ослободување на светот од стегите на религиозноста, да исмеат се што сметаат дека не е во ред со религиите...

    Зошто е тоа поразлично од проповедање религија ? Нели се работи за секуларна држава?

    Друга тема на муабет е тоа што западњаците плашејќи се да не дискриминираат сами себе се закопуваат оти со примитивци тешко дека ќе се разбреш. Ке им дадеш дом, работа, благосотојба а тие за возврат ќе сакаат да те уништат или да те прилагодат кон нивните убедувања- силум или милум...
     
    На FridaKahlo, Night Rider и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Жалосно е што мали деца имаат пристап до форуми, и можат да ги толкуваат вестите што ги слушнале или виделе на некое си нивно детско гледиште. Не сум сезнајка, можеби не сум супериорна во знаење на сите полиња ,АМА побогу зарем не е срамота, да се оправдуваат убијците, и да се брани цел ислам , да се вели исламот не бил крив, кога добро знаеме колку милиони терористи има баш кои му припааѓаат на исламот, не дека нема убијци христијани или будисти АМА нај бројни и нај крволочни се исламистите , било во светот било кај нас во МК . Зарем ако веќе биле предупредени карикатуристите, кога си ја продолжиле својата работа , ајде ќе ги убиеме бе , не ни го послушаа опоменувањето , страшна и језива работа ми е ова,го исмевале алах, голема работа, па дали малку е исмеван Исус сега и во текот на годините, па никој за таа цел и потреба не вршел масакри и терори , не е само ова во Париз за осуда, туку и тоа што произлегоја некои муабети , дека исламистите ќе ја заземеле Европа и ќе ги бричеле во главите христијаните и разно разни други терори. Остро ги осудувам овие вандали , кои сеат страв и ужас насекаде , па ќе ми кажуваат верата му проповедала само мир , ми се прават верници а кога ќе им се родат децата од мали покрај глава му ставаат пиштоли и сабји да ги учат како се егзекуира :devil: болна нација се тие, во светот а посебно и кај нас добија многу права и не се задоволни, убиваат и никој не може да ги стави в затвор , се бранат еден со еден веднаш со протестни маршови ... нека почиваат во мир убиените и никогаш да не се повторат вакви работи посакувам ( ама како што тргнало , се само надолу оди во светот за жал ) .
     
    На kjukli, okcenzi, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    aYp0qZm_700b.jpg
    aLQ5VqM_700b_v1.jpg
     
    Последна измена: 11 јануари 2015
    На tessie и KalaV им се допаѓа ова.