За пресудите кога имаше протести некој овде контрапротести организираше. Не зборувам за нас македонците, зошто на пример другите не се возбудија толку. Другите држави зошто не ни пружија поддршка. Мене многу ми е жал за французите сега, станале лугето си отишле на работа и им дошле неколку ретардирани и ги убиваат баш за глупост. И треба крај на тие ретардирани терористи да се стави.
Се согласувам дека ова е напад врз слободното изразување, но последната реченица не е точна иако е популарна, затоа што постојат и други видови тероризам кои не се поврзани со исламот или со религија воопшто. Мислам дека треба да пројде време, да излезат повеќе информации и да се стивнат страстите за да може да се даваат судови, премногу сомнителни настани се имаат случено во поблиското минато.
Да, е за осудување нападот на терористите, ама не знам зошто македончињава овде се потресуваат до толку. Твитер врие од хаштагови Кога треба да се крева галама не нема, оваа солидарност мене ми стои како само за лакови да е прашиништево овде кај нас. http://emagazin.mk/да-се-потсетиме-ракета-на-нато-уби-16-срп/ Истите карикатуристи објавиле и изданија каде пикот бил удрен на христијанската црква, па никому ништо. Spoiler: еве само дел од нив Сосем е јасно дека тука се искористила прилика како повод, а нешто сосем трето е во суштината на нападите.
И Исус доживеал слична судбина. Јас мислам дека религијата треба да биде подложна на потсмев, како и многу други работи во општеството, нечиј начин на владеење, дури и одредена личност. Ако се забрани да се измее еден аспект од општеството тогаш тоа е знак дека можеби треба да се забрани и друг аспект итн. За тоа дали треба да се грижиме чии чувства ќе бидат повредени тогаш треба да го забраниме потсмевот воопшто. Без разлика што и да потсмеваме се разбира дека тоа ќе повреди некој вака или онака. Убиствата не ги оправдувам, тоа е знак на фанатизам, а фанатизмот е непожелен без разлика каде и да се појави.
А зошто воопшто да се исмева нешто што некому му е свето? Политичар и религиски лик не се исто. Зошто мора да се подгреваат такви тензии? Секому нешто му е свето и значајно. Ретко кој е имун да биде почувствителен на одредена тема. Па ајде сега да го исмееме, удирајќи го во една од најболните точки. Што тоа кажува за нас? Има начин и да се прикаже и благо да се исмее се`, без да се биде толку невкусен. Но скандалозното продава. Тоа е факт. Го докажува и три-милионскиот тираж. Се нервираат атеистиве кога побожниве ги убедуваат (и со право, реално, кога ја се нервирам што останува за тие што не веруваат). Не можеш некого да натераш сосила да се чувствува поинаку. Но, со исмевањево редовно и напорно, зарем не го прават истото? Атеисти коишто се замараат со нечија вера повеќе од самите верници. Е, тоа ми е идеален материјал за карикатура.
Но зошто е тоа болно на прво место? Можеби бидејќи претставува дел од нашето гледање кон светот и нашата улога во истиот. Луѓето не сакаат да ги исмеваш нивните размислувања без разлика какви и да се и многу тешко ги менуваат своите ставови, е тука не се согласувам. Ако имам создадено погрешна слика за нешто сакам да ми кажат дека грешам, и каде грешам и подготвен сум да размислувам поинаку. Мислам дека преку сатирата може да се прикаже реалноста.
^ Toa e твоето убедување, моето убедување е поинакво. Двајцата сме убедени во нашето и нема потреба од расправии. Јас знам како се чувствувам кога гледам такви карикатури. Мене тоа ми е доволно. Религијата не е наука. А за докази, колку пати ти лично некому слепо си верувал уште пред да има прилика тоа да ти го докаже? Искулирано малце. Помалку хејт кон различното. Така сите војни започнале. Од негативни чувства кон различното. Има начин да се исмее се`. Ова не е исмевање, ова е провокација според мене. Посебно тие сликите од војната на Косово. Некој не Исус, но мајка си изгубил таму, ко што си рекоа погоре. Некој можеби не го љуби Бог, но мајка му е Бог во неговите очи. И сето тоа да го гледа на карикатура како му е? За се` си постои мерка. Јас не сум ни Шарли, ни анти-Шарли. Ни провокации, ни убиства.
Не се расправаме, само сакам да го изразам моето мислење, а ти твоето Сакав да додадам уште нешто, на пример ако некој го измевал Зевс во античка Грција тоа би навредило многу луѓе, а денес тоа нема никакво значење. Можеби и оваа кариктува за 1000 или 2000 г. нема да има никакво значење.
Јас исто така сум против исмевање на било чија религија. Не би купила весник и никогаш не би учествувала во нешто такво. Ама без разлика, во случајов се работи за сатиричен весник кој поради правото на слободно изразување, може да исмее или прикаже што сака, на кој начин сака. Секоја религија е исмевана, дури и атеистите се подложни на шеги, и да се дојде до убиство на 12 луѓе, или било каков напад заради карикатура во весник е бизарно. Не знам, мислам дека кога би била верник и би видела нешто такво, би ми било сеедно и не би била повредена. Верата е за човекот лично, тој ако знае во што верува и како се чувствува, и сто карикатура не би го изнервирале.
Јас не сум против исмевање. Но, се` си има граници. Никој не е сведок на туѓото искуство за да смее да го осудува. За мој вкус, карикатуриве се премногу, жалам. И тука не зборувам за религиски ликови. И тоа што не оправдувам исмејување на ваков начин, не значи дека оправдувам убиство.
Satirata e del od sekojdnevieto ceke I vo dnevnite pecati I na tv svedoci sme na ismejuvanje I na politicari I na poznati licnosti, no moe mislenje e deka treba da se ima nekoja granica I da ne se odi tolku daleku da se ismejuvaat necii veruvanja.
[QUOTE="daylight, post: 2289658, member: 51160"]Јас не сум Шарли Ебдо - јас не цртам карикатури. Но во врска со цитираното, ајде здраворазумно да размислиме. Па што ако „пука„? Дали тоа ќе ја убие вистината, Бога, пророците? Дали тоа ќе ја направи вистината во која веруваме помалку вредна? Помалку вистинита? Вистината и Бог се неуништливи. Плукањето на луѓето не може да стигне до Небото бидејќи Небото е премногу високо. Е ајде сега здраворазумно размисли: каква ќе биде твојата реакција ако се најдеш во ситуација да речеме, секојдневно поминуваш низ улица каде некој сатиричар (ничим изазван) перманентно истура куп навреди , гадости, прекари, репутации, констатации за некој твој близок кого многу го сакаш (да речеме брачен партнер, деца и сл.). Ти секако знаеш дека ништо од ова не е вистинито ниту може нив да ги повреди или смени, ама срцето ти се кине од таквите зборови. И што ќе направиш? Дали ноевски ќе ја закопуваш главата во песок (секојдневно) или ќе се спротивставиш? Секако, не со насилство, сигурна сум дека за секое лонче има капаче, т.е. може да се најде модел за преумување на исмејувачот. Бидејќи сме создадени како добри битија, во нашата природа постои стремеж за спротивставување на се што е лошо, неправедно, деструктивно. Ако тој стремеж се потиснува постојано, со тек на време ќе станеме рамнодушни буквално за се што се случува околу нас, со еден збор ќе се расчовечиме. Ако мене ме вреѓаат такви карикатури тогаш значи дека страдам од лажна идентификација - наместо тоа треба да ни стане јасно дека ние сме ние а не нашата вера, нашата нација, нашата професија, нашата облека, нашето име и тн. Ние сме се она кое го наброја: нашата вера, јазик, име, националност, и уште нашата култура, историско наследство, фолклор, уметност, итн. Се ова го сочинува нашиот личносен идентитет, нашата човечност, нашата слобода. Ако ги изземеш овие работи, не знам што ќе остане од тебе, и како ќе се идентификуваш во светот.[/QUOTE]
Сите овие настани докажуваат само колку тоа религиозните луѓе се контрадикторни самите на себеси. Колку само убиства и катастрофи се имаат случено само заради религијата. Булшит. In case you didn't know, како и сите дешавки низ светов и оваа има некаква сосема друга позадина и цел. Веројатно нешто сосема трето сакало да се постигне, па им го испрале мозокот на терористчињава и си го постигнале.
Треба да се прави разлика меѓу религиозност и фанатизам. Многу, религиозни Муслимани, го имаат осудено овој чин. Баш поради тоа што е контрадикторно. Со другото се согласувам.
Споредбата е неиздражана. Сатиричарот не ти ги истура тебе, тук ги објавува во весник кој можеш да го купиш па фрлиш или игнорираш. Понатака децата и брачните партнери не се Бог или пророци кои веќе си заминале од оваа планета. Spoiler Ако е некој вистински верник, ќе се запраша себе си зошто тоа му пречи? Каде таа или тој сега или некогаш постапувале слично - бидејќи она што нè вознемирува, значи дека и ние го имаме некаде во себе. И ќе го замоли Бог, Алах, Исус и тн. (зависно во што верува) да му дадат енергија да го исчисти кај себе недоброто и да го надмине искушението. Како последица од тоа таа/тој повеќе нема да има средба со такви работи и нема да го допираат. А доколку се работи за невистини од типот на клевети, ќе најде соодветен начин истите да ги демантира. Па ние и не ни треба да се идентификуваме со светот! Исус објаснил: „Моето Царство не е од овој свет!„ и рекол: „Тежнејте првин кон Царството Небесно!„. , бидејќи ние во основа сме божествени битија во привремени човечки тела за кои планетава е еден вид космичка животна школа со цел да се надмине човечкото за да се дојде до божественото во нас, Земјата е само една попатна станица до вистинската Татковина - Небесното царство. Ако го изземеш своето палто или фустан што ќе остане од тебе? Останува сè, бидејќи ти не си твојот фустан или палто. Дали си ти твоето име? Како тогаш дека има и други со такво име а се толку поразлични од тебе? Сите ние мораме порано или подоцна да сфатиме дека не сме ова тело, туку духовни души кои талкаат заспани низ заблудидите на човечкото „јас„ или пак се насочуваат кон Божјата светлина и се будат за вистинскиот Живот. Тогаш оние кои се подбиваат со сето тоа може од страна на духовно будниот верник само да бидат сожалувани што се сеуште во илузија, но не и напаѓани, удирани или дури убивани.
@orevokrsacka ти благодарам за линкот, морам да признаам дека слатко се изнасмеав посебно сликата кога кардиналити се наредени во круг, леле лудости Да се живи и здрави. Сатаната мора да има добра смисла за хумор. Сакам да им поставам прашање на оние кои се чувствуваат навредено од цртежите. Да замислиме една хипотетичка ситуација. Исус/Мухамед доаѓа пред апокалипсата, неколку моменти после масовната оргија. Треба да се одлучи кој ќе оди ваму, кој таму, нема врска. Не знам за вас, но јас лично Исус го замислувам како искулиран тип со смисла за хумор. Доаѓа Исус и ги погледнува сатиричните цртежи и почнува да се смее од срце. Моето прашање до вас е, како вие ќе се чувствувате во тој момент?
Целиот напад е местена работа, само да се оттргне вниманието од Украина, од Сирија, од Русија. Од кризата за гас. Од Путин. А и конечно да сфатат и западњаците дека не се толку недостижни и недопирливи.
Бреј, Петре застрануваш со мислите. Почна да ме изненадуваш. За сите оние што чувствуваат болка поради сатиричните настани, не знаат што претставува вистинска болка, никогаш не го искусиле тоа. Погледнете го клипов па потоа ќе зборуваме што всушност значи зборот болка и како се манифестира.
Од една страна сум запрепастена со она што го видов погоре а од друга згрозена од она што му се случи на тие невини луѓе. Светов станува само едно булшит место за живеење.