А што згрешија евреите кои отидоа во супер маркет во лош момент? За нив не ви се коментира? Лудаци постоеле и ќе постојат; И кога некој својата настраност ја оправдува со верски фанатизам а тоа е пресретнато со оправдување од луѓето е навистина тажно.
Јас не сум верник и пак се згрозив од карикатурите за Исус. Она не претставува сатира или критика, не е никаков хумор, туку дегенско исмејување, а уште подегенско го прави фактот дека милиони луѓе низ светот би се почувствувале лошо кога би го виделе. Сега пекаат по слободата на говор, да, штом се спомне нешто што не и се допаѓа на ЛГБТ-заедницата летаат тужби и парични казни + гратис осуди и навреди од толерантните и напредните. Чисто за баланс, да го исмејуваш Исус и да го вулгаризираш христијанството е кул. Лицемери. Шарли Евдо самите си ги навлекоа лудите терористи. Инаку настанов изгледа има некоја друга позадина, ама нели не работам за тајни служби (нот јет) и немам поим што се случува зад сцената, нема ни да се правам паметна да врзувам теории.
Да бе да, @BoneMachine , да ги гледаш сликите и да си потполно рамнодушен? Тоа само на неверник може да му се случи. И разберете, никој од нас не го оправдува убиството. Работата е што целиот свет се дигна на нозе за карикатуристите, а тие не заслужуваат толку почит со оглед на карикатурите постирани погоре.
Се дигнаа на нозе за изгубените човечки животи, за децата на убиените полицајци, за родителите на студентот кој заминал во Франција кој беше убиен само затоа што отишол во продавница, за семејството на човекот на кого му беше ПРВ ден на работа во канцелариите на весникот, Се дигнаа на нозе за мајката со 8 месечно бебе која 8 саати се криеше во ладна комора за да не ја убијат и нејзе и бебето и многу други да не должам ја сфаќате поентата. Никогаш не реков дека на форумов постапката на терористите се оправда туку дека има личности кои ја оправдуваат (прочитајте на интернет доколку не ми верувате). Сосема сте ја утнале поентата на демонстрациите или можеби нашите новинари погрешно ви ја презентирале
Не бев рамнодушен, напротив. Како што можеш да приметиш голем неверник сум. Шала на страна, сатирата служи за тоа да измее за да прикаже некаква вистина без разлика колку болно(и за кој) да е тоа.