Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирање на основците и средношколците за Ковид 19 во училиштата

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 14 октомври 2021.

?

Дали сте за тестирање на децата во училиште?

  1. Да

    64 глас(а)
    52,5%
  2. Не

    54 глас(а)
    44,3%
  3. Не знам

    4 глас(а)
    3,3%
  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    39.206
    Пол:
    Женски
    Да бе, исто е, освен што не дремеш со пациенти секој ден туку седиш по фејсбук и споделуваш српски сајтови кај што ги откриваат заверите.
     
    На Ahoy, daylight и bicycle им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Тој што нема да прифати ќе му слуша детето онлајн настава, па сега ако му одговара ок. Има се начин како да се спроведе ако се сака.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Не бе, никој ништо не прашува, децата се државна сопственост|(.
    Мора да добие одобрение, оти ти како родител си одговорен за тоа дете. Ако не сакаш да го тестираат, ќе седи со маска. Освен ако нема потврда од лекар дека не може да носи маска. Ако е прележано, нит тест нит маска. Уште едно небитно инфо- децата сами се тестираат, училишниот персонал само ги надгледува. И разни други небитни детаљи.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Во Германија/Австрија така е?
    Ако не даваш детето ти седи со маска само и толку?
     
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Како сами се тестираат? Со какви тестови? Претпоставувам правиме муабет за различни тестови. Моментално располагаат со брисови. Како дете ќе се тестира само себе со брис?
    И уште нешто, у белиот свет се тетеравите ко овде за тестирањата? Зборувам за грото, нормално ќе има некој што ќе биде против.
     
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.429
    Пол:
    Женски
    Зборувам општо, паметна некоја. :)
    Оти секогаш други ви се криви.
    Дијаспора, влада, Рајко, Петко.
    Треба да обезбеди владата, ама гледаш дека родителите одбиваат?
    А зошто одбиваат? Хммм.
    Да обезбедеа, ти како најпаметна одговори што ќе направеше ако продолжеа со револтот?
    Ете просветли не, оти ти се' знаеш.:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.127
    Допаѓања:
    88.168
    Пол:
    Женски
    Повторно мешаш баби и жаби,па еве ко најпаметна те прашувам зошто немаме скрининг ко во другите држави?
    Чекам одговор.
    “Револтот” и дали воопшто постои револт или е спин не е одговор кој го чекам.
    Еве повели одговори.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Оти толку можат и знат, па толку прат.
    Се' е подобро, од ништо.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    39.206
    Пол:
    Женски
    Родителиве за едно тестирање у несвест паѓаат, вие пишувате за скрининг како во странство.
    Ниту пари имаме ниту ќе се согласат.
     
    На GirlRose, GrimTheReaper, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.429
    Пол:
    Женски
    Оф....
    НИКОЈ НЕ МЕША БАБИ И ЖАБИ!
    АМАН.
    ОДГОВОРИ, ЗОШТО РЕВОЛТ ИМА?
    ЗОШТО?

    И да имаше зошто револт, кажи зошто има револт?
    И вака и така повеќето родители се против.
    Не им смета кога правеа брисови за одмор на децата ама ова да.
    На психа мавало, стрес.
    Трагедија у пичку мајчину.
    Толку е државата способна да обезбеди, и сум против само едно дете да се тестира, туку повеќе.
    Сега кажи ми зошто револтот?
    Неќе да е само поради тоа што само еден или двајца ќе се тестираат у клас.
    Друго е у прашање.
    Повеќето ги праќаат децата на школо со растечено носе, измрзнало сиротото без да размисли како шо треба дека може да биде сериозно, пошо у изолација ќе биде без да се чукне у глава дека може да зарази и други.
    ЕТЕ ПАМЕТНА, ТОЛКУ Е ЕДНОСТАВНО!
    Ај сега одговори ми, дали читаше изминатиот период колку класови одеа во изолација само поради еден заразен и дека и децата можат да развијат тешки клинички слики?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Не знам како да ти објаснам, просто сами се тестираат. Умни се овде од првачиња, во 5 то во вселената ќе ги пуштиме. :D
    Вака некако беше лани, сега не знам пошто комплет сами се тестираат, без присуство на родител
    За второто прашање не би знаела да одговорам, мене ништо не ми менува.

    Ах, да, и покрај ова, од септември досега цели класови од поголемите беа во изолација, дури и вакцинираните. Сдк there is no way out:doh:
     
    Последна измена: 16 октомври 2021
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Епа мора некој да спомне пошо изглеа заборавате дека државата ги зима парите од граѓаните.
    Пошо коа ќе кажете ,,а па државата ќе плати” е ќе плати де, коа ние ќе даеме пари.
    Ќе помисли некој државата си има прасе касичка и ќе си вади по 500 евриќи за секоја потреба
     
  13. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Треба и тест за интелигенција.
    А и чудно е на деца да им се пикаат стапчиња во нос и уста...
    Ќе практикуваат изживувања такви потоа... лош пример.
     
  14. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Барем не ги убедувам другите дека треба да се вакцинираат. Подобро ќе споделам некој друг доктор што Србин се обидел да направи превод да биде достапен за сите неголи министерот.
    Колку милиони несакани последици ги кажуваат тие доктори што не сакате ни да го отворите видеото, ама има време ќе збориме и за тоа.
    Се правите слепи со сила поради големо его некој да не ви наметне друг став од кој се плашите да поверувате.
    Едно не ми е јасно само зошто студенти на медицина или доктори во државава се дрзнуваат да зборат за вакцинација кога и самите појма немаат што има во вакцините. Ако си студирал медицина не знаеш ништо за тоа. Прифати си, живеј си реално. Ова 'вакцинава' е нова ствар за сите.
     
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не е во прашање его. Дали ти излегуваш од дома, дали работиш, дали имаш потреба да патуваш? Триста пати треба да ви се црта дека луѓето се вакцинираат затоа што немаат избор. Еве и тебе те канам да ме издржуваш, да ми плаќаш сметки, придонеси, плата и јас нема да се вакцинирам. Канев и одредени исто толку паметни членки на форумов да не набиваат тензија, туку да кажат и да спроведат друго поефикасно решение, но никаде ве нема. Само на форум се грака. Све сакате некој друг да спроведува за вас, и уште се лутите кога тоа нема да се случи. Значи што не е јасно? Издржувај ме, нема да се вакцинирам. Тоа е мојата реалност, реалноста на многумина во моментов. Твојата која е? Форумов?
    пс. Темава е тестирање, не вакцини. Веќе не знаеш ни кај да пишеш.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Членката ми пиша нешто сосема неповрзано за темава, па затоа и вратив. Прочитај убаво пред да пишеш нешто.

    Баш затоа што постојат луѓе што прифаќаат по цена на се, другите страдаат поради нив. Да бевме сите заедно за една работа немаше да дојде до ова денес и да се караме еден со друг.
    Има начин за се може да се најде решение, битно е да ги знаеш своите права.
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    И тука политика.
    Ан-на просто неможе а да не го спомне Венко:D и да е за манџа темата пак ќе најде начин да го вмеша.

    Божем ако се кажеше дека еднаш неделно ќе ги тестираат децата, одма ЗА ќе бевте:wasntme:
    Тогаш ќе беше :стрес, траума, јавно обележување како подлога за булинг и тн.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    По цена на сѐ? Мислиш јас да ја жртвувам својата елементарна егзистенција и егзистенцијата на моето семејство затоа што ти мислиш дека некој доктор Србин е во право? Значи пак треба некој друг да направи нешто за тебе. Ти што ќе направиш? Колку што гледам ти си на суво. Ако мислиш дека за сѐ може да се најде решение, повели кажи го. Само вртиш некои демагогии како киша око Крагујевца. Освен права, не заборавај дека имаш и одговорност за последиците од твоето однесување.
    пс. Не ми одговори дали ќе ме издржаваш. Не ви е привлечна таа тема изгледа.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    ...е еве заедно нека сме, нека се направи скрининг:)
    Биди едногласна со другите.

    Ама ако не се спроведе скриниг, ќе биде друга приказната: ете дозволија по школите да има трансмисија, не сторија ништо:worried:
    Еве рандом тестораат.
    Е сеа...се паднало нечие дете па "зошто баш моето":D
    Зашто така се паднало.Ако не беше твоето избрано ќе беше полесно???
     
    На LejlaD и Lella им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ако се умни таму првачињата, зошто со сила тука ги прават ,,мутави"? Сакаш да ти набројам веднаш сценарија што ќе произлезат, ако рече Венко сами да се тестираат? Ќе си го избуши мозокот, око ќе си истера, ќе го заглави во синус. Не, не сме спремни за таква пракса, не давај идеи. Се е тоа убаво, но тука имаш проблем со возрасен истото професионално да го изврши. Ај да разберам за вакцини да се колебаат, се уште ги тестираат за деца, ама брис? Нешто што е пракса во зимска сезона вон пандемија.
    Муабетот ми е, дозволуваш земање на брис само и само ако сакаш да одиш у Грчка на краците да си ги сунчаш коленцата со децата, ама во школо, боже свашта. Не ми има логика.
     
    На LejlaD, boomsleng, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.