Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирање на основците и средношколците за Ковид 19 во училиштата

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 14 октомври 2021.

?

Дали сте за тестирање на децата во училиште?

  1. Да

    64 глас(а)
    52,5%
  2. Не

    54 глас(а)
    44,3%
  3. Не знам

    4 глас(а)
    3,3%
  1. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Не мислам дека е во право јас, тој мисли дека е во право. Само чекам да видам дали е во право. И не сакам некој да наметнува присилна вакцинација или тестирање. Тоа е се.
    Елементарна егзистенција? Ако патувањето ти е потребно за опстанок да не зборуваме понатака.

    @referentka Тие родители што не се за тестирање нема ни да зборуваат дека ќе има повеќе трансмисија. Имаме прифатено да живееме со ова. Не постои целосна заштита.
    Ако не фати во училиште, може до едно излагање во маркет да се зарази.
     
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да потребно ми е. Тоа што ти не го разбираш тоа е еден од проблемите. Пошто ништо надвор од твојот свет не постои.
     
  3. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Точно, не разбирам. Не сакам ни да разберам зошто се што ни наметнуваат прифаќаме.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    88.435
    Пол:
    Женски
    Точаче,смири се,ако не знаеш да дискутираш, тренирај.:D

    Сега видов дека овие 70% што ги зборите се од од анкета на факултети.:rofl:
    Оф .Ај опрајте се.
    Ке помине „скринигов„следна недела, само нема да имаме ќар од него.
    Ајде сега продолжете...со нашиве родители во чипови веруваат и сл.:emo:
     
    На Kitten и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Па не седат сите дома и чекаат некој да им донесе или принесе и не се сите на државна цицка. Знам, не е лесно да се разбере.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.110
    Допаѓања:
    180.732
    Не ја знам констелацијата. Само знам дека овде никој не ме третира како државен непријател оти сум родител, и се има обзир и кон детска психологија и кон родителска доверба. Нас ни беше овозможено да бидеме во придружба на децата при тестирањето, ако испадне позитивно да си го земеш веднаш на пример, и да видиш дека не е ништо страшно.
    Ова скринингов ете, не го разбирам, а никој не се потруди да го објасни, па го гледам како арогантно бркање на некоја идеја, која не знам кому е јасна. Ако сакаш луѓето да соработуваат, не ги праиш родителите глупи и прости а децата распрдени:shake:
     
    На LejlaD, Kitten, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.731
    Допаѓања:
    16.382
    Пол:
    Женски
    Ај на страна народот што е припрост, ама која од мерките што ги донесе владава беа салам.

    Воведува карантин во 22h. Seriously?? Прво каква корист имаше кога тие што саакаа да си скитаат по цел ден скитаа и се собираа во групи.

    После носи мерка да се носат маски на отворено, ама во кафичи и рестoрани само на метро од тебе не носат маски. Излегуваш од кафич ти пишува казна. Треба буџетот да се полни, нормално.

    Воведува мерка за влегување во молови, кафичи, ресторани задолжително вакциниран со две дози, а во истите работат лица невакцинирани :D. Која логика да ја бараш во мерка. Плус уште еден куп нелогичности има во меркава.

    А за последнава мерка со тестирањево во школиве е капак на се.

    После вакви глупи мерки нормално е дека народот нема да има доверба и на народот му е смачено од се.
     
    На LejlaD, Kitten, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Која е таа фирма каде ги уценуваат луѓето? Пиши ја, треба сите да знаат.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Кој уценува? Се патува зашто се работат проекти со странство. За да се патува, потребен е сертификат. Постојат професии такви, не, во твојот свет?
     
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Мислам дека погрешна ти е твојата констатација. Во случајов, родителите не сакаат да соработуваат, затоа што ги прават медицинските и надлежните лица за воведување на тестовите глупи и прости, а на крајот страдаат децата и се распрдуваат оти во денешницава секој си гледа како му чини на газот, а не ја гледа целосната слика и ефект.
    И нормално не може да очекуваш во Македонија да биде исто како таму каде што си од причини премногу очигледни.
     
    На LejlaD и referentka им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да се има разбирање кон тебе како родител и кон децата како деца, треба и ти да го имаш истото разбирање. Не може само ти да имаш очекувања од однесувањето на другите. Медицинските лица не се бабароги, и нема потреба на сета таа гужва уште и родители и баби да се додаваат. Сѐ може да тече глатко, децата ќе си бидат придружени од медицинските лица и толку, тестот да трае минутка. Зошто се истрчуваш со претпоставки за тоа како ќе биде? Ова дека на гравче гледаше или од "сигурни" извори, повторно нерелевантно и само колку да се каже нешто.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.110
    Допаѓања:
    180.732
    Добро, ќе им пренесам на овие овде дека појма немаат(y).
    Не знам што читате и што коментирате, ама сигурна сум дека имате видено 7годишно дете само на филм.
     
    На Guns N` Roses и An-na им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.506
    Допаѓања:
    39.138
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1634409211801.jpg
     
    На LejlaD, noteforself, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Возрасни се родивме, појма немаме:)
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.650
    Допаѓања:
    39.386
    Пол:
    Женски
    Како тоа видеото со намерно погрешен превод што го постираше?:D
    Инаку сите состојки во вакцините се постирани јавно.Ако си биохемичар, повели, протолкувај слободно.
    Јас медицина студирам па поим немам што точно прави секоја состојка од вакцината.За разлика од вас попаметните што не само ги знаете функциите на соединенијата, туку и каков ефект ќе остават за 3 години.
     
    На GirlRose и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Па седумгодишњак кој се треска од земја за брис, не сум видела. Родител кој се треска од земја за брисот на седумгодишњакот исто не сум видела. Чак ни на филм. А ти коментираш за кривите дрини во земја и систем во која твоите деца нема да бидат изложени на ужасите од земање брис, точно зошто? Која е поентата? Не те тангира лично, немаш прилика да делуваш, нема да бидеш изложена на нефункционално и непотребно тестирање, ама однапред знаеш дека ќе биде стресно, страшно и лошо организирано. Колку да се најдете у муабет.
     
    На Lella, referentka, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.278
    Пол:
    Женски
    Каква невистина е ова |( Ама популизам... да се извади муабетот од контекст.
    Прво, децава не се тестираат за да бидат побезбедни, оти со само 8000 теста ли беа, еднократно, тешко дека ќе бидат побезбедни.
    Второ, добар дел од тие 100 000 се за редовен скрининг на малолетниците оти државава нема термини ]:)
    Трето, децата ги правеле тестовите во присуство на родител, не доаѓале медицински лица ко космонаути да ги земаат рандом од училница (најчесто само едно дете, обележано) и да ги тестираат.
    Ама... што знаеме ние? Експерти... Прости родители на кои треба да им се одземе родителското право!!!
     
    На Kitten и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.506
    Допаѓања:
    39.138
    Пол:
    Машки
    Шо знам, може им е еден вид на тест, ако планираат да воведат неделно тестирање на пример. Ама ако им беше тест, за жал им пропадна од експертиве на сите страни.

    Ама како го замислувате тоа тестирање? Го земале бе, чиниш ете на колење го носат. 20 секунди работа е, ако прават пцр ни минута не трае. Опуштете ги малку децата, тоа е ваше размислување дека ќе бидат трауматизирани ако ги земеле сами. Не, нема да бидат.

    Или како што изјави една госпоѓа на ТВ, не знам која беше, биле против скринингот за да не изваделе асимптоматски позитивни, па да ги врателе децата онлајн. Колку глупа мерка, асимптоматските треба да си шират, не да седат изолирани |(
     
    На Lella и referentka им се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Децата ги гледаат другите деца како обележани/изроди оти вие сте ги така воспитале. :)
     
    На LejlaD, Lella, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.278
    Пол:
    Женски
    Јас се изјаснив уште на почетокот дека немам против тестирање. Ја имам научено ќерка ми, пошо до сега милион пати сме земале брисеви и не и е проблем, ама... Ако јас не сум против не треба да се правам слепа на глупавоста на меркава. Никаде не е наведено дека се планира долгорочно тестирање, туку само овие 8000 примероци за да имаат статистички податок ваљда колку асимптоматски деца има. И? Што кога ќе утврдат? А и колку ќе биде релевантно е прашање оти ај што не ги тестираат сите деца одеднаш, туку и не тестираат цели одделенија, туку рандом ученици |( Не знам... еве може сум глупава и неедуцирана во проблематикава, ама навистина не гледам кој бенефит ќе го имаме од конкретниов „скрининг„?

    Баш сакам плукачиве по мајките тука да ми го објаснат бенефиот од конкретниов скрининг? Значи не од континуирано тестирање како што прават во нормалните држави, туку баш од овој формат кој е кај нас?
     
    На Kitten, Cosmi, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.