Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирање на основците и средношколците за Ковид 19 во училиштата

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 14 октомври 2021.

?

Дали сте за тестирање на децата во училиште?

  1. Да

    64 глас(а)
    52,5%
  2. Не

    54 глас(а)
    44,3%
  3. Не знам

    4 глас(а)
    3,3%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Ана и мене ми е глуп скринингов ваков каков што е замислен, ама кога веќе се спроведува, зошто против?

    Коментарите на родителите кога се најави скринингот не беа дека е глупа мерка, туку беа од типот дека не дозволувале на децата да им брцаат стапчиња во нос и грло, ќе им го оштетеле мозокот, ќе ги чипирале или најлудо што прочитав, со тоа ќе ги вакцинирале присилно... додај си глупа причина по желба. Значи ни едно разумно зошто НЕ за тестирање немаше тогаш, никој не напиша дека е поради нелогичноста.

    Е сега го прочитаа Даниловски дека е глупа мерка и одма тоа е изговорот, ама и да беше за редовно тестирање на децата, ќе беше истата ситуација дури и повеќе отпор ќе имаше, сигурно.
     
    На LejlaD, Lella, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Ама кој е поентата да се прави скринин на едно дете, еве не разбирам. Ако е ваква мерката како што е зошто воопшто да се прави скрининг. За да се каже дека нешто работат?? Значи или прави го како што треба или воопшто не го прави. Тоа што едно дете ќе се тестира не значи дека нема други заразено во класот.
     
    На LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.800
    Допаѓања:
    270.679
    Пол:
    Женски
    Дека скринингов не е никако осмислен и никако не може да даде одговор на тоа дали има локална трансмисија во училиштата тоа да.По 1 до 2 деца од клас се опфатени и која трансмисија тука ќе се утврди .
    Ама дека ваков отпор ќе има од родители е навистина не очекував .
    Вакво размислување на високообразувани нашетани и начитани родители ми е навистина апсурдно.
    Им дадовме само кредибилитет на властите да и ако се прошири (а не дека не е )короната меѓу децата да си кажат па сами не сакавте тестирања .
    Нека седат сега по 30 ученици во затворена просторија по 5 -6 саати...Нека ги извадат и маските и онака се веќе фарса.И нека се прекрстуваат пред влез во школо наместо мерење тт и прскање разредени дезинфекциони средства.
     
    На LejlaD, Lella, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Па нема поента, реков глупа мерка е.

    Ама и за влез во Грција случајно одбираат некој да го тестираат, и во бус од 40 луѓе одбирале еден, па не значи дека другите 39 се негативни, ама го правеле тоа. Од 10 коли по 4 луѓе во нив, ќе тестираа еден од една кола, ист случај, можда и дете, ама за тоа немаше противење. Зошто? Појма немам, сигурно дека странска држава, знаат што прават.

    Во мај 2020 имаше скрининг на сите вработени во градинките, ама пак имаше масовно противење и на тоа. Значи и сите 240 000 деца да беа, пак немаше да биде соодветно прифатено од широката публика.

    И ај замисли, еднаш неделно да ги тестираат сите деца, ќе дојде секој ден од неделата да тестираат 34 300 деца, 34 300 тестирања на ден кај нас не е теоретски изводливо, а камоли практично. Кај нас 3000 се многу, а не пак 10 пати повеќе од тоа.

    На се тоа, ако земеме дека просечно 10% од тестовите моментално се позитивни, може да се претпостави дека 820 од тие 8200 тестови ќе бидат позитивни, тоа ти се 820 класови, 820 деца во изолација, од што штета секако нема.
     
    На LejlaD и referentka им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Абе како не знаеш, ти кажаа нели пет-шест книги ќе прочиташ и ќе научиш, за да не те прелаже некој. Не внимаваш Енџи, не си фаќаш прибелешки цццц ;)
     
    На LejlaD и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.050
    НЕ, не, јас и Ана први рековме дека е глупа мерка :!: :D.
    Тоа е таа фамозна доверба која владее кон системот, не и дека е без причина. Ај може до крај на веков ќе се разбереме.
     
    На LejlaD и An-na им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    За влез у Грција и бубрези продадоа, едвај се чекаше мај да дојде, да се укине полициски час и мерки и све, и си брцаа секој викенд, секој месец по сто стапа у нос, и ништо не беше вака катаклизмично и сѐ беше супер, никој ништо не рече.
     
    На LejlaD, referentka, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    :D ве немаше на Фејсбук да коментирате :|
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Заклучок на крај дека ништо што се прави нема смисла, така некако му излегува. Кажав зошто во претходните мислење не ги тестираат сите деца, затоа што апла се гледа дека немаат средства, ама ај нека биде дека родителите се бунат. За во градинките сите беа тестирани, тоа можам да ти гарантирам затоа што знам, ама после и тоа им се виде многу трошок а не дека не сакаа вработените да се тестираат. И последното пак не ти ја разбирам поентата со 10% од тестираните, ни статистички е нешто релевантно ни значајно. Ќе тестираат едно дете во класот кое ќе биде негативно, а тоа што нема да го тестираат ќе биде позитивно, резултат сите ќе се заразат. Друг случај едно дете позитовно не значи дека сите се позитивни, зошто сите да одат во изолација и да следат настава од дома.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.050
    Не мора таму да коментираме, доволно ни е овде:D
    И повеќе од доволно.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    111.925
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека континуирано ќе се прави скрининг секоја недела на рандом деца и од овде разбрав дека тоа ќе е само еднаш. ЕДНАШ БЕ :rofl:

    Која е поентата да правиш тестирање од кое нема да извлечеш никаков заклучок? :^)

    Нема крај на глупостите на пресветиот со срце ко планина (facepalm)
     
    На LejlaD, Kitten, Bubce38 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    За жал и после 12 страни ти не разбираш уште дека овој таканаречен скрининг нема смисол,нема никаква врска со одењето во Грција.
    Омилениот аргумент на провладините симпатизери.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Сто пати пишав чиј симпатизер сум јас, ама вие политикантите никако не разбирате дури и кога ви се кажува. Пошто така ве штелуваат, само за политика да зборите, политика да јадете, политика да пиете, политика да серете, ништо друго 24/7 да не се прави.
    Ако ти прочиташ убаво што се пишува на оваа тема, ќе разбереш зошто е тој аргумент точен. Пред да излезе Даниловски и да разјасни зошто е тестирањето нелогично, мантравте дека брис е стрес, па јас логично напишав стрес беше и за у Грчка, па пак го правевте сто пати у едно лето. Дали е сега појасно?
     
    На NarCis@, referentka, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не е 10% од популацијата позитивна и не може да се претпостави дека 10% од избраниот примерок на ученици ќе бидат позитивни впрочем дали и 1% ќе бидат позтивни. Ако на скрининг се 10% тогаш школите ќе треба итно да се затворат.:D

    Овие 10% позитивни од тестови се во главно луѓе со симптоми така да не е исто со скрининг.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Да, ама не можеш да знаеш, децата неретко се асимптоматски.

    И нормално, ова ќе му придонесе со +2000 тестови дневно, значи ќе се намали процентот на позитивни од тестирани, што секако им оди во прилог.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Врати се на прва страна,прв мој напишан пост тука беше дека тестирањето нема смисол, а и тоа не е тешко да се заклучи,бара елементарна логика,никаков стрес немам спомнато ама на вас ви беше поважно родителите прости да ги направите,инаку Даниловски вчера пиша.
    Може не чита овде.:rofl:
     
    Последна измена: 17 октомври 2021
    На An-na и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас не запишувам кој член што кажал, кој бил прв, кој бил последен, туку се обидувам да следам дискусија во која учествуваат повеќе членови. Никаде не сум пишала (повторувам по стоти пат) дека родителите се прости, не ми припишувај непотребно такви мислења, само да си го ојачаш слабашниот аргумент. Изроди, стресови од брис, космонаутски одела, тоа се све коментари кои се пишани токму овде, не сум ги смислила јас. Ама како и секој манипулатор, читаш и разбираш само селективно.
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Добро,пиша дека децата не заслужуваат такви родители.|(
    Знаеш ти многу какви родители заслужуваат,остајте ги луѓето ,ако не сакаат не мора да ги тестираат.
     
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Во секој случај ќе им биде во прилог на властите. Нема да се откријат многу случаи првенствено заради малиот процент на испитаници. Ќе потврдат дека "нема" трансмисија.
    Само не ми е јасно која е задната намера поради која се одложија по изборите?:^)
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Што точно те увреди во тоа дека децата заслужуваат подобро? Не е вистинито? Вечито во некои драми, во некои демагогии живеете и секогаш спремни на јуриш да вперите прст дека нешто лошо се случува поради некој друг. Системот не функционира поради родителите, не знам како не разбираш. Возрасните го градат системот. Тој е наша заслуга.