Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирање на основците и средношколците за Ковид 19 во училиштата

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 14 октомври 2021.

?

Дали сте за тестирање на децата во училиште?

  1. Да

    64 глас(а)
    52,5%
  2. Не

    54 глас(а)
    44,3%
  3. Не знам

    4 глас(а)
    3,3%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    88.433
    Пол:
    Женски
    Мене ништо не може на форум да ме увреди.:angel:
    Не,не е.Жално е што не сфаќаш дека не си ти таа која треба да жалиш нечии туѓи деца со такви родители и нивни одлуки.
    А посебно не поради глуп скрининг.
    За другите твои филозофии не сакам да губам време.:hai:
     
    На Guns N` Roses и An-na им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Косми, пасив-агресив дискусии ми се многу добро познати. Немој да губиш ич време, не ни треба. Штом се спомне одговорност, сите имате попаметни работи за првење. Немам ништо против. Глупиот скрининг само го амплифицира веќе постоечкиот проблем. Креветизам и хоризонтала, и увек другите криви.
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    88.433
    Пол:
    Женски
    За каква одговорност конкретно збориш?
    Зошто ги обвинуваш родителите,а не одлуката за глуп безцелен скрининг?!

    Дали можеби да беше пристапот попаметен,а скринингот имаше цел,немаше да биде резултатот одбивање од родителите?

    Дали можеби пак одбивањето е резултат за 18 месеци носење лоши одлуки и мерки?!
    Немање доверба во ресорното министерство,систем,раководство?
    Или е полесно народот т. е родителите да се обвинат?
     
    На Guns N` Roses и An-na им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Одговорност значи да се разбере дека секоја акција подлежи на реакција. Ти си таа што има проблем бидејќи сакаш да веруваш во политичари?! Тука не можам да ти помогнам. Демек имавме доволно ресурси во здравството пред пандемијата и имаше доверба и сѐ беше супер. Дното е лажно и има уште да се паѓа.
    И стварно последен пат, не ги обвинувам родителите, ти тоа така го толкуваш. А уште помалку го правдам скринингот.
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Не знам како не разбирате дека тие тестови се за доброто на вашите деца, а и на вас самите. Каков Филипче, каква Мила, какви бакрачи, баталете ги. За децата зборуваме и за нивната здравствена заштита.
    Летоска гледав пред Биотек дечиња како плачат пред да им земат брис, за тест за патување. Па родителите им објаснуваа дека ако тоа го направат ќе можат да се бањаат во морето. Е сега исто може на децата да им се објасни.
    Луѓе, никој нема дете да повреди. Зошто контра??
     
    На Cosmic Girl, LejlaD, NarCis@ и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако сакаат да видат дали и колку има трансмисија меѓу децата, пологично е од рандом паралелки да тестираат по 20+ деца, а не од сите паралелки по едно.
    Зашто вирусот се шири во рамките на една паралелка, не се телепортира меѓу различни деца кои немаат контакт меѓу себе.
    Пример ако со "едно дете" начинот откриеш дека детето е негативно, ништо не си добил, јер појма немаш за останатите 25, така и не знаеш за трансмисија дали има во рамките на тој клас.
    А ако со "повеќе деца" откриеш дека 5/30 деца се позитивни, тоа веќе значи нешто.
    Бараш и одредуваш трансмисија таму каде што ја има.

    Едит
    Ама кога за да намалат трансмисија на вирус, скратија возен ред на ЈСП, сфативме колку им работи логиката.
     
    Последна измена: 17 октомври 2021
    На Guns N` Roses и venus♡ им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.278
    Пол:
    Женски
    Каква црна заштита со конкретниов „скрининг„? Прочита ли ти како е осмислен? И дека е еднократно?
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Еднаш неделно и јас се тестирам и деца тестирам, со брзи тестови. Немаме симптоми, немаме критичен контакт...рутина ни е што ја сфаќам како дел од личната одговорност за некакво нормално функционирање.
    Ниту трауми имаат од брисот ниту плачки...би дозволила и во школо.
     
    На eli25, Cosmic Girl, Simplicity и 7 други им се допаѓа ова.
  9. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Но, немаат сите буџет и средства за да го прават тоа. Затоа треба да биде обезбедено константно од државата. Всушност дури треба да претставува услов за посетување настава со физичко присутство.
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Свесна сум за истото. Поддржувам доколку е истото овозможено од страна на училиштата(за цели класови), а личниот пример е само искуство дека и деца од 3г 4г и 6г немаат ниту трауми ниту плачки од брисот.
     
    На Simplicity, JuLleE, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.278
    Пол:
    Женски
    Кај нас „скринингот„ ќе биде по еден ученик од клас (и тоа не од сите класови и еднократно ќе биде, не континуирано) Каква безбедност ова тестирање ќе обезбеди за децава, еве не знам...
    Плус... Дани, твоите деца (а и моето) се навикнати и не им е проблем, ама има деца кои до сега не се соочиле со земање брис (колку и да звучи чудно) па затоа не можеме, според нашето искуство, да процениме како другите ќе реагираат, нели? И, едно е во присуство на родител, друго е без родител, ама, ај тоа на страна, ако се цело одд, подруго ќе биде, ќе гледаат еден од друг, и нема да им биде толку проблематично (на тие дечиња кои се почувствителни) ама ова? По едно дете од одделение? Не можам да замислам како ќе се чувствува тоа детенце (ова за помалите зборувам) кога само него од цело одделение ќе го земат на тестирање?
    Пак ќе кажам, има деца на кои нема да им биде проблем, ама има и деца кои ќе имаат трауми од истото, колку и да звучи чудно ова за одредени индивидуи |(
     
    На Tajnaotrovna, Kitten и danichap им се допаѓа ова.
  12. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да не преовеличуваме. Од еден брис сигурно нема да му се поремети текот на животот.
     
    На Luna91, Simplicity, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.110
    Допаѓања:
    180.732
    Нема да му се поремети текот на живот, ама за кој мој бе да го изложувам на непотребен стрес?:^)
    Да, стрес е. Секоја промена на вообичаената рутина е стрес. Одделување од родител и тргнување во градинка е стрес. Премин од градинка и тргнување во училиште е стрес. Нова учителка, нов колектив. корона, морона, пази, не фаќај таму, носи маска, не чепкај го лицето...од денес не вака-така, од утре не така-онака... Па уште и издвојување од колективот.
    Има разлика од 3 годишно до 6 годишно дете, а богами и разлика од 6-годишно до 8-годишно. Ако вие не сте свесни за разликите не значи дека не постојат. Ниту дека децата се распрдени, ниту дека родителите се трескаат од земја.
    Да зависи нешто битно од тоа, да има некоја логика, у реду. Ама за некој бес да брка, еднократно да испука 8 иљади тестови, well...|(
     
    На naturallmess, Guns N` Roses, Tajnaotrovna и 4 други им се допаѓа ова.
  14. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Сум за тестирање, но логично, а не како ова. Значи против конкретново сум. Но дека дотолку негативен ефект ќе има врз психата не се согласувам. Има разлика меѓу промените кои ги наброја и тестирањево конкретно. Реално не е дотолку страшно како што зборите. Но, сепак сум против поради бесмисленоста.
     
    Последна измена: 17 октомври 2021
    На bicycle, GirlRose и danichap им се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Ама заклучоков ко за доктор му е ептен добар! Пази- ИСТИТЕ родители биле и тие што патувале и тие што не даваат... Дајте ми јуже да се обесам!
     
    На ButterflyQueen, An-na и bicycle им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.340
    Допаѓања:
    113.040
    Пол:
    Женски
    Затоа што не е скрининг.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Добро, имате опција да одбиете тестирање доколку сметате дека е стресно, страшно, дека е траума, дека е непотребно и бескорисно. Колку што прочитав не е задолжително и нема казни доколку се одбие. Ама зашто уште се вергла упорно и упорно? Затоа што егото не дозволува да се даде валиден аргумент и да се заврши причата, туку мора и да се победи. Повеќе стрес и навалентност осеќам од оние кои се против тестирање (иако до пред некој ден многумина не ни знаеја зошто се против, но читнаа и станаа експерти за статистика) отколку од оние кои се за тестирање. Јас ако сметам дека моето дете ќе влече такви тешки психички последици од тестирање, нема на форум да се објснувам и да трошам енергија, туку зиам дете и бегам, и нема жива сила што ќе ме натера да го тестирам. Но, не е поради, и не е за децата. За друго е борбата.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Cosmic Girl, GirlRose, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.278
    Пол:
    Женски
    ???
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Го видов и муабетот дека и пред коронава деца болни се праќале на школо.
    Не знам вие кај сте учеле, ама кај мене ако можеш да функционираш, то ест не си врзан за кревет, не ти се признаваше оправдување ради растечен нос или болно грло. Има да дојдеш и да следиш настава. Зборам ако си во состојба да се движиш и функционираш нормално. И баш еден ученик ќе го окркаше за малце само зашто нос му течел, а отсуствувал.
    И јас сум морала настината да одам.
    За тие што не читаат да повторам - пред коронава
    А летово кога добив симптоми, после негативниот тест, продолжив со нормален живот.

    За скринингов, кажав поназад како ќе биде поефективно.
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.549
    A не е стрес тате пијан, мама вреска НЕ ТАМУУУУУУ и тепање по газот? Кај нас родителите не знаат прво како да го вопситуваат децата, а после па да се грижат за општо добро.
    Ќе седне дома и ќе му објасни на детето што е. Како на забар седи дете од 5 години цел саат? И тоа не е траума, секунда брис е траума?

    Само едно дете?! па овие пари перат бе, ова не е скрининг, ова е да се потрошат парите. ццццц глупи
     
    На fana, Feminka22 и Ahoy им се допаѓа ова.