Што се случува секој ден исти термин од 8 до кај 10.Неможам никако да влезам ,ни известувања немаме. Би сакала овој проблем побрзо да се реши.
Имаат проблем со серверот,џабе форумот работи брзо кога тапа им е серверот и паѓа секој ден,се надевам дека ке го средат проблемов што поскоро.
Изминатиов период имавме проблеми со стабилноста кои се должеа на драстично зголемено присуство на ботовите на Google, поради промени во нивните алгоритми за индексирање. Таквото пречесто индексирање од нивна страна ни ја преполнуваше базата, па оттаму потекнуваа проблемите со недостапност на форумот во утринските часови. Со задоловство споделувам дека е имплементирано решение за справување со оваа промена во однесувањето на Googlebot, па форумот повторно ќе биде достапен 24/7, како и претходно. Благодарам за трпеливоста и разбирањето.
Не беше достапен до сега форумов,јас мислам најдобро е да го вратите на стариот сервер,затоа што новиов е ептен тапа и често паѓа.
Ne znaev kaj da go stavam prasanjevo Kako da si go najdam prvoto mislenje?Najdov nesto ama toa od 2016 navamu mi dava 10 strani ama pred toa ne dava.
Не ми стигнуваат нотификации дека ме означиле во мислење. Не сум чепкала во прилагодувањата, ниту пак се означени повеќе од 5 членови во постот. Има некој проблем?
Мислењево не е за во оваа тема, ама гледам дека темата за забелешки е затворена. Се надевам уште примате критики. Која е смислата на криење на профил, за другите членови да не ти ги гледаат мислењата, кога со обично пребарување на корисничкото име на google.com се листаат и допаѓања и мислења од корисниците.. ?
Другите членови мислењата по ред секако може да ти ги читаат, кај секој член кога ќе кликнеш на никот и на бројката на постови од прозорчето што излегува можеш да ги читаш неговите мислења, без разлика на подесувањата за приватност. А со пребарување на гугл не може да се листа ништо, т.е. без да си најавена не можеш ни вака како што опишав да читаш нечии постови по ред, освен единствено ако целиот профил на членот е видлив за сите посетители.
Кога ќе отвориш Твои новости, ти излегува што коментирале или лајкнале тие што ги следиш. Исто е и со тие што те следат, ја гледаат твојата активност. Поентата на следењето е да се следи нечија активност.