Технологијата и проблемите со видот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од cresa-jagoda, 30 јули 2017.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Сѐ почесто гледам дека многу млади луѓе почнуваат да носат очила за подобрување на видот, најчесто за да можат без проблем да гледаат далеку.

    Меѓу тие млади луѓе сум и јас, почнав да носам очила пред 4 месеци (десно око -1,5; лево -1,25). Осетив дека имам проблем уште пред 2-3 години, но проблемот што се вика го криев под тепих и никој не знаеше дека си имам мака, сѐ до пред 4 месеци кога решив да кажам и да отидам на очен лекар.

    За мојов проблем знам дека виновен е многу стресот, но мислам дека исто така големо влијание има и технологијата во денешно време, т.е. користењето на компјутерите и „паметните“ телефони. Пред да го почувствувам проблемот со видот, го користев премногу компјутерот и тоа не за губење време, туку за училишни обврски.

    Од пред 1 година и некој месец имам и „паметен“ телефон, морам да признаам дека на почетокот поминував премногу време на него, дури и за непотребни работи.

    Затоа мислам дека освен стресот и некои други фактори, голем непријател на очите е технологијата, од која сме зависни и е составен дел од нашево секојдневно живеење и дека без технологијата не можеме да функционираме, но затоа сето тоа ни се одразува негативно по здравјето, а најмногу по видот на очите.
    И мислам дека за жал сѐ повеќе и повеќе ќе гледаме млади луѓе кои имаат проблеми со видот и носат очила или леќи.

    Какво е вашето мислење или искуство на оваа тема?
    Дали според вас користењето на технологијата (компјутери, мобилни телефони, таблети и сл.) влијае негативно и остава трајни последици врз нашето здравје и го нарушува видот на нашите очи?


    Дали вие што сте родители ги контролирате децата колку време во денот поминуваат пред компјутер или телефон, таблет, со цел да не дојде до нарушување на нивниот вид, уште додека се мали?

    Бидејќи, голем дел од нас се сведоци дека родителите уште од бебиња или додека се уште мали, што се вика кога уште ништо не разбираат, па и кога ќе потпораснат, сега наместо играчки, им ги даваат нивните телефони за да си играат. А родителите да можат да се одморат од секојдневните обврски, мислејќи дека телефоните можат подобро да ги забавуваат нивните деца, а со тоа освен што ги прават зависни уште од мали со технологијата, може да дојде и до нарушување на детскиот вид.

    Дали постои начин да се заштитиме од зрачењето на технологијата, а и понатаму да продолжиме да ја користиме?

    Дали навистина можат да го заштитат нашиот вид очилата кои се продаваат, специјално за заштита кога користиме компјутер?

    Или тоа е само еден обичен маркетиншки трик со кој ќе ни ги земат парите, а нашите очи ќе останат незаштитени?


    Би сакала да ги слушнам и вашите мислења на оваа тема. :)
     
    На Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.