Чекај да не си се помешала нешто, затоа што не се двете пудри. Тоа од гарниер е подлога за пудра и е околу 300 денари, за другата незнам. Иначе редактирам за да не биде само така мислењево . Да ја искористам приликава да си ја пофалам пудрата на Голден Роуз, онаа минералната. Епа не за џабе ја барав 3 месеци, се исплатеше. Преубава е, покривна, долготрајна. 10/10.
Јас Боржуата 123 Перфект ја купув минатата среда/четврток, не памтам сеа точно, и немаше никаква маскара...
Може грешка сум, ама колку што разбрав од овде, дека оваа на севентин е за сува кожа и фалена е ко што гледам. Ако да, дали е на розова или жолта основа? Не можам да ги поднесам тие со розова.
1. BB кремот на гарниер не е подлога, туку е комбинација од крема, пудра и уште неколку компоненти во едно. Значи се користи како пудра али е некоја полесна варијанта. 2.Лана зависи што сакаш и што ти треба. Пудрата е 800 денари и е дефинитвно една од најдорите пудри за мрсна кожа, лесна, природни бои и убав избор посебно на светли нијанси. Нема порцелански ефект (како да си ставила паштета не лице) и издржува по 8 часа без да светне. ББ кремава е според мене многу воденеста и малку мава на портокалово што мене не ми се свија. И двете имаат слична покривност. ББ кремата на гарниер е 300 и некој денар. Цена и повеќе од одлична. Ако си при пари, земи ги и двете и спореди, секоја пудра различно одговара не секое лице, нели. ББ кремата е дефинитивно денско решение, а пудрава може да биде и денско и ноќно, можеш да комбинираш. Ако имаш мрсна кожа ќе ти паше пудрата ептен. Јас искрено сум позадоволна од пудрата него од кремата на гарниер, зашто побрироден изглед добивам со пудрата него со кремата. Ама па од друга страна во темата за ББ креми сите ја фалат оваа на гарниер, така да незнам, најпаметно сама да си одлучиш и да истестираш.
јас пудра користам бидејќи сите користат колку да се каже дека сум намачкана инаку немам потреба за најприроден изглед ќе ја препорачам gosh ем тоа и прекрива многу мојата пријателка која има проблем со кожата на лице си ја купи и изгледа ептен чисто лице , инаку многу е важно што нема жолта и недај боже розова нијанса
Имаат избор од нијансите и со жолт и со розов подтон, меѓутоа навистина не знам за каков тип на кожа конкретно е наменета - на некои им одговара и за сува кожа, на некои и за комбинирана. Според мене, добра е за нормална кожа до комбинирана. И за сува е добра, НО само во случај кога сувата кожа не е пресува и склона кон лишаи, туку повеќе тежнее кон нормална кожа.
Еве и јас да ви потврдам имаше во Космо од 123 Буржоа пудрата со гратис маскара - оваа розевата по регулар цена за пудрата 820 ден.
kathy-style порано бев презадоволна и затоа се навратив на неа, ама очигледно тогаш ми било чисто лицето и не ми требала некоја покривност. Убаво се впива и природен изглед дава, али покривност не баш.
па незнам не е нешто посебно, јас ја имам, отпрвин кога ќе ставиш убава е и после некое време ко да се суши и не стои убаво на лицето а и други мислам дека го имаа истото мислење за пудрава, така ко да читав
Здраво феминки, сакав да ве прашам која е најдобра пудра за проблематична кожа што покрива убаво...бидејки имам мозолчиња, па би сакала да ги покријам
Точно, јас имам доста шминки од MAC, ги купувам или од Солун или од Софија. Квалитетот е 10ка. мислам дека во Македонија ја нема fit me сеуште...ако грешам,нека ме поправи некој[/quo Да, ја нема, штета што толку каснат нашиве парфимерии. И не само fit me, ако погледнете на вебсајтот на maybelline ќе видите дека некои 70-80% од работите ги нема кај нас, или ги има кај нас ама во некое старо пакување што веќе не постои во светот. Слично е и со L-oreal true match, на вебсајтот на L'oreal нема такво шишенце на пудрата како што има кај нас. АПЕЛ ДО НАШИТЕ ПАРФИМЕРИИ ДА БИДАТ ВО ЧЕКОР СО ВРЕМЕТОО ЗА ДА НЕ КУПУВАМЕ КОЗМЕТИКА ОД СТРАНСТВО!!!
Ниедна од пудрите на Буржоа не се наменети за зрела кожа, значи може да се користат на сите возрасти..
^ А Flower Perfection? Не сум сигурна, ама знам дека содржи некои anti-aging состојки, па претпоставувам дека и не е баш за млада кожа, ами да речеме за над 25, кога веќе можеби ги има и првите видливи знаци на создавање брчки.
Женски,пошто сега брзо ќе се сликаме за алманах,а не планирам да се шминкам многу,да ми препорачате пудра што покрива и што е најбитно-да е мат. Мајка ми има Лореал perfect match-иста нијанса ко мојата,ставив еднаш,перфектно ми е лицето,ама ја потроши.А пак да купам-толку пари не ми се даваат за пудра. Препорачајте нешто...
СвитЧајлд, побарај ја пудрата на Риммел што Лепа ја фалеше, онаа lasting finish. Таа е мат, а Риммел е добра фирма и не е за потценување. Чини 320 денари, верувам дека ќе си најдеш нијанса. Или пак, пробај да ја најдеш оваа на Менхетн, мислам дека и таа со цената се движеше некаде околу 350-450 денари, има цинк во составот, попокривна е од горенаведената и помага во процесот на заздравување на акните и раните од акнички. Ќе ја бараш оваа, perfect mat. Одлична е за парите, верувај, а не се ни сомневам дека ќе те служи долго време и после сликањето за алманах.
Мишелка, мала помош: Дали Stay Matte камената на Римел дава убав ефект на слики? Или го добиваш Каспер - д френдли гоуст:?
Добра е Трендафилке, jа тестирав пред некој период онака на ноќно сликање со блиц, ама дефинитивно пак ќе ја пробам, ете утре кога ќе одам на предавања од рано ќе се фотнам, а искрено - во план ми е да ја тестирам со пудра без СПФ и со Боржуа пак на вечерно излегување. Малку ме разочара за време на карневалот - излегов препребледа на една слика фотната со блиц. Како анемично етиопјанче сум. АМА, напоменувам - не знам кој ѓавол ме натера да ставам одозгора врз камената од оној фиксаторот на Есенс. Дека бела, пардон „транспарентна“ е оваа како да ја наречам - фиксинг-пудра и мислам оти до тоа ќе да беше моето Касперско појавување. Прв пат вака ми се случи, никогаш откако почнав да ја користам камената во комбинација со било која пудра немав излезено така бледо на слика. Мора уште еден тест, чисто онака за сигурно. П.С. Ако ти е пребледа онаа 003 peach glow, барај некоја малку потемна, ама мислам дека воопшто не е светла - барем мене не ми е.