Не излегуваат ако ставаш на соодветниот тип на кожа.Јас летоска ставав на она топло и ниедна бубулица не ми искочи.Спиеше на мене пудрата.
Оди на дерматолог.На крај краева сама можеш да приметиш ако ти е сува.Ќе ти црвенее лесно, ќе ти пука, ќе ти искачаат лишаи.Ако ти е мрсна пример ќе ти свети.Јас сабајле кога ќе станам сијалица не ми е рамна колку ми свети носот.
искуство со козметика NARS, мислам на пудрата професионална е но никогаш не сум имала прилика да ја пробам а сакам да ја купам околу 50 евра е, гледав туторијали ми се допаѓа, но некој ако ја пробал нека сподели би сакала да знам?
Тоа не го покажува скроз твојот тип на кожа.Пример мајка ми има сува кожа и пори како кратери.Јас пример имам црнки уназад 2-3 години.Спас за црнки иначе -црна маска со активен јаглен од ДМ. Мене пример полесни пудри ми одговараат.Сакам да ги чувствувам ко кожата.Не сакам тешки
Секако дека можеш да го одредиш и сама типот на кожа. Не е толку комплицирано. Ако наутро кога се будиш имаш насобрано масен филм во Т-зоната (најчесто околу носот, челото, брадата), тогаш Т-зоната е масна. Остатокот од лицето може да варира - образите можат да бидат суви и да се јавува чувство на затегната кожа, нормални, и кај нив да има маснотија, итн. Следи ја ситуацијата неколку денови, па ќе видиш каква ти е кожата. Исто така, кожата може да биде комбинирана/масна, а да биде дехидрирана. Тоа се приметува кога кожата почнува да се перути во Т-зоната и покрај тоа што се јавува масниот сјај. Проширени пори, акни, митесери, можат да се јават кај секој тип на кожа. Следи си ја состојбата со хидратацијата во различните делови од лицето, па ќе си приметиш каков тип на кожа имаш. Инаку, со цел оваа тема да ни остане попрегледна за избор на течна пудра, доколку имате прашања околу типот на кожа, предлагам да ги поставуваме во оваа тема: клик до тема.
Мрсна Имам мрсна кожа и ја пробав Хелти Микс и можам да кажам дека е преубава Следна пудра на wish листа ако не се појави некоја друга да ми одговара
Pisi mi lp. Iskustva za pudrive,gi koristev edno vreme,ne mi bea pogodni,posledno od prvata kozata mi se susese.
Ако не ти биле погодни нема потреба повторно да ги користиш,нема за пудра генерализирање.Тоа што тебе ти е лошо на друг е добро и обратно.