Девојки, малку е глупаво ова прашање ,но некако во последно време како кожата да ми се промени. Имав сува кожа и од сабајле сеуште ми е сува и неможам а да не ставам крема за лице. Но во текот на денот како да ми станува мрсна околу челото и носот(можеби од пудрата или незнам) и сега незнам каква кожа имам и каква крема да користам. Како би го открила тоа? Благодарaм))
Види вака и јас имам сува кожа но ми се „мрси„ ако можам тоа така да го наре4ам само кај носот едноставно си ја користам истата крема но ставам само малце на носот позз
- измиј го убаво лицето со сапун. - исплакни ја пената со многу вода. - избриши го лицето. - не мачкај го со никаков крем и почекај околу 30 мин. - залепи на лицето хартиено шамивче и со благи допири притисни го. *кожата ти е сува ако се затега и ако на лицето имаш непријатно чувство, а сакаш веднаш да го намачкаш и да ја омекнеш. *кожата ти е мрсна ако свети и на шамивчето остава траги. * кожата ти е мешана ако маснотијата остава сивкаста трага на шамивчето во Т-зоната. потоа во дрогеријата ќе ти кажат каква крема е најдобра!
тоа е комбинирана кожа, целата козметика треба да ти биде погодена на твојот тип на кожа, значи козметика за комбинирана кожа. најкомплициран тип на кожа е знам и јас мака мачам, негата е таа: 1. миење на лицето обилно со ладна вода секое сабајле 2. крема за комбинирана кожа 3. еднаш неделно стави некоја маска како зелена глина, јајце (белка или жолчка) или лимон. 4. на екстремно сувите делови можеш малку со бадемово масло да поминеш или вазелин. тоа е тоа нема некоја голема филозофија.
имам сува кожа ама сепак е чуствителна кожа користам само крема од камилица на лицето и ми е супер(не користам маска)
Пудра за лице http://www.femina.mk/убавина-и-мода/лице/грижа-за-кожата-според-нејзиниот-тип или напиши на google,има еден куп статии како да си одредиш тип на кожа ама воглавно е истото
јас пишувам на google и читам и на сите различно пишува и затоа не можам да определам, најдобро ќе биде на дерматолог да одам
Кoжaтa ми е зa никaде..пoри..aкни.. лете ми е сувa дури aкo стиснaм aкнa се лупи кoжaвa .. веќе кoгa зaлaдувa ми се мрси ..oкoлу нoсoт ми се лупи некaкo и мaлку нa челoтo.. Незнaм штo тип кoжa имaм
^ @SunnyGirl2 Според проширените пори, мене ми изгледа на мрсна. Ама ако имаш мрсна кожа не значи дека не може да е дехирдрирана. Штом ти изгледа сува, значи треба да користиш навлажнувачки крем без масла и да пиеш многу вода. И термална вода во спреј ќе ти помогне.
@SunnyGirl2 не знам, немам мрсна кожа и не знам кои се добри за тој тип. Знам дека многу ги фалат сетовите на Clinique, Avene, Vichy. Обрати се во темата за креми за лице, девојките подобро знаат. Јас би ти препорачала спреј со термална вода на Евиан, го има во Зегин. Тоа во секое време од денот можеш да го прскаш, ќе ти се освежува кожата.
не знам дали е за тука сево ова, но доколку не е, нека преместат надлежните Здраво на сите. Би сакала да ве прашам дали сте запознаени со една "akcija" која се дешава по аптеките низ градовите. Имено, не знам која,а ама некој козметички бренд оди во некоја аптека, претходно се договорено и со одредена апаратура прави прегледи на кожата и лицето. Настанаот се нарекува одредување состојба на кожа.(барем по тоа што мене ми излегува на ФБ).Ти ја одредуваат и преку тоа ти дават препорака КАКВА КРЕМА, односно каква козметика, средства, креми, и слично и со кои состојки да користите. Сте имале искуство со вакво нешто? Дали баш е така како што ми раскажаа? (сигурно тука ќе следат препораки за купување нивна козметика нормално). Баш ме интересира пошто мислам и дека не баш јас би знаела да си ја дефинирам кожава на лицево каква ми е, а тоа е и баш пресдуно како би знаела каква козметика ми е соодветна. Сигурно во нешто грешам. А искрено, и не нешто посебно сум се посветила во препораки и гуглање и слично. на страна ова погоре, имате ли некој совет или критериуми ваши лични или пр0фесионални, или пишани, некоја методологија, како би можела да ја дефинирам мојата кожа каков тип е. Фала ви однапред
Двапати имам налетано на нив. Првиот пат беа од Биодерма или Еуцерин, не ми текнува, ми одредија дека имам комбинирана/масна кожа со розацеа, ми дадоа препораки за средства. Вториот пат по две недели некаде, беа од Афродита, тие пак ми рекоа дека имам сува до многу сува кожа, пак со препорака на креми. Мене кожата во реалноста ми е навистина комбинирана/масна, осетлива со розацеа, како што рекоа првиот пат. Значи, се зависи до апаратчето и тој што ги чита резултатите, може ќе ти погодат а може и тотално да утнат.
Искрено мислам дека е најдобро практично сама да си истестираш. Види каква ти е кожата кога ќе станеш наутро, дали мрсна/сува или само на одредени делови и слично. Еве ти и едно тестче што можеби ќе ти помогне https://www.krenizdravo.rtl.hr/kvizovi/rijesite-kviz-i-saznajte-koji-je-vas-tip-koze