1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешка кражба во Скопје

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Plavusa.17, 29 мај 2011.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Недела, 29 Мај 2011 12:04

    Пет илјади евра, златен накит и останати предмети вчера вечерта се украдени од куќата на 44-годишниот Н.Д.Како што информираат од МВР, тешката кражба се случила на улицата „Бајрам Шабани“ во Скопје од страна на засега непознато лице.
    Имено сторителот, откако се прекачил преку влезната порта, со употреба на соодветен алат го отворил прозорот, по што откако ги пребарал собите одзел 5000 евра, пет златни лири, златен ќустек (2 метра), една женска златна нараквица и златни прстени, со што го оштетил сопственикот за околу 480.000 денари.
    Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

    Извор: Курир.мк

    Одамна не сум чула за вакво нешто, инаку во скопска Гази Баба :o
     
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Ништо ново :)
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ништо чудно, ништно невообичаено. Секојденвно има вакви случаеви... За жал :worried:
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ги ошуриле луѓето, греота. Одамна неам слушнато за ваков грабеж кај нас :worried:
     
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Ништо ново ! :)
     
  6. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    И што е најтрагично, сега полицијата само ќе трага по сторителите |(
     
  7. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    ќе трага,нема да ги открие зашто полицијава не ни чини
     
  8. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Па затоа и реков ќе трага, како што "трага по сторителите" на МНОГУбројните нерасветлени грабежи на банките низ Скопјево
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Е будала работа. Се чуваат ли дома толку пари, златен накит ?? Барем во денешно време е лесно, парите во банка, секаде со картичка можеш да плаќаш. Ем безбедни, ем камата ќе си зимаш - ако ти се орочени - а не дома во чорапи и во душеци ќе ги кријат. Има милион сефови каде што можеш да го оставиш златото, да имам толку вредно злато ќе ми биде страв да спијам, па луѓе убиваат за да дојдат до него. :x

    Една моја баба - има околу 50тина год, јас ја викам тето ама по правило ми е баба - пред 2-3 месеца ја ограбија, саглам пари и земаа, околу 3-400 евра. Живее сама и си ги собирала со години, си ги диплела, си ги мазнела... Што би рекол дедо ми, го сакала мирисот на пари околу неа. Пазете, ги чувала во обично плико, во денари т.е. илјадарки, зад чашите во регалот. Уау. |( Уште да пишела имам пари дома, дојдете земете ми ги.

    Во денешно време и во сопствениот дом не можеш да бидеш сигурен, никогаш ништо не се знае.