Тешка финансиска состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Srckata28, 21 јануари 2013.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.315
    Пол:
    Женски
    Дали имате вакви моменти ? Како ви влијаат на психата ?

    -Јас лично да,имам големи родителите понекогаш имаат расправии за оваа,а јас ги слушам и се обидувам да им помогнам :( но сум безвредна.Понекогаш многу ми е тешко и си помислувам дека само моето семејство е во таква состојба но...не.

    Ве молам кажете дали оваа ви влијае на психата ?
     
    На Јасмина му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Еве ме и мене, ако ти е за утеха. :)

    Подобро прашање е кој не е во тешка финансиска состојба, кој не е заглавен со барем десет илјадарки минус на сметка, кој може да си приушти што сака и кога сака и кој живее комотно, без стискања и стегања. За кредити не сакам да почнам да пишувам оти ќе се расплачам :D , еве нека дигне еден рака кој нема барем еден човек во фамилија што отплаќа кредит.

    Најлошо, верувајте ми, најлошо е, кога имаш, па немаш. Еве конкретно за мене ќе ти кажам, не беше апсолутно никаков проблем да се запали колата и да се отиде каде сакаме, во Маврово на ручек, сабајле стануваме и моиве предлагаат да се оди на прошетка во Охрид, или онака до Берово, сме оделе и сме шетале и било супер. Секоја година си купував барем по една јакна/чизми, односно ми купуваа, сега ако не заштедам и ако не ми потпомогнат баба ми со некој денар, ќе одев со чизмите што ми ги купија од дома пред.... па пред 2-3 години сигурно. За одмори да не правам муабет, обавезно се одеше некаде минимум 10 дена, дури и отпосле сме оделе на неколку дена во некој од нашиве места, одмор на одморот... Еххх.

    Ама и други времиња беа пред 5-6 години, сега сметките се покачени, храната е дупло поскапа, едно сокче и тост сестра ми да си купи нашколо чинат 100 денари... А платите се исти. Некогаш се чувствувам бедно, и јас сум беспомошна во тој поглед. Летово не беа никаде на одмор, јас отидов (па и финансиски зијан се вратив, остај тоа :tmi: ) и толку ми беше мака после, не дека ќе одеа на одмор со парите што јас ги потрошив (ситни пари, не можат никаде да одат со тие пари), ама ете, не сакав да ги трошам. Пред Нова година, одев ден порано за Скопје, и лупнав пари на фустан (ми ги дадоа како поклон за НГ), лупнав за карта (инсистираа дека сум млада и треба да одам некаде) и кога видов дека дента за јадење дома имаше лепче, две парчиња риба од претходниот ден, две колбавчиња испржени и сирење за ручек..... Знаеш, еве признавам, се расплакав од мака и од беда откако набутав малку леб со тоа јадење, јас одам и се луксузирам буквално, а дома ситуацијата - ужас. Порано за празниците претекуваше јадење од сите страни, сега нема, само најпотребното, содржината сега во фрижидерот, која порано беше на 2-3 полици сега е во едно кутиче, моите не јадат, баба ми ич, само јас чат-пат по некое кашкавалче и саламче, другото се остава за сестра ми.

    Дали ми мава на психа? Дефинитивно, пореметенка сум малку, посебно кога сум дома подолго време и гледам подолго време што се случува. Успевам само со тоа што гледам да им се тргнам од патот, гледам да положам испити, да не ги трошам непотребно, да фанам некоја стипендија да олеснам ситуација и то... Мислам дека и тоа што сум по природа ведра личност, успевам да ги тргнам малку од малку мислите, ако имам некоја занимација, нема да мислам на тоа. Малку интернет, муабет со други луѓе, гледам да сум испадната подолго време, и то...

    Утеха ми е што знам дека има и полошо, ако ништо друго, јас иако немам цела топла куќа, имам две соби топли, имам какво-такво јадење, нека е и леб и паштета, или грав или леќа, овозможено ми е да седам скромно во Скопје и не се кланкам по патиштата секој ден, ме теши и што баба ми и дедо ми помагаат колку можат и знам дека не сум сама, и на крај на ден... сите имаме некоја надеж дека ќе дојдат подобри времиња.
     
    На SummerGirl, Nigredo Odor, Mrs.Brain и 36 други им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се согласувам со Дузи, денес нема никој кој нема некакви финански проблеми. Една од работите што мене најмногу ме нервира е тоа што младите помалку или повеќе неможат ништо да направат за да помогнат. Претходната година и летово бев решена да најдам некоја ситна работа за колку толку барем излегувањата да си ја покријам. Па да речеме неуспешна мисија. Прва работа на 90% од местата сакаат да си ги пријават вработените (што фала богу е нормално) ама за да те пријават не можеш да бидеш редовен студент. |(

    Семестаров што си го истерав во туѓина мислам барем малку им олесни дома ситуација пак друго е кога се двајца, друго е тројца. Сега кога ќе се вратам немам претстава на што сме ама пак си го терам моето да најдам некој начин да потпомогнам. Пред две години пишував семинарски и проектни и тоа не беше лошо, не се заработува богатство ама барем можев сама кафе и јадење да си платам. А решена сум за летово да најдам некоја пракса/работа кај нас или во странство.

    Е сега дека удира на психа и те како. Си ги знаеме сите оние моменти кога броиш пари дали ќе имаш за кафето да си го платиш. Само јас си знам колку пати пешки сум го шпартала Скопје затоа што со 100 денари за такси што ќе ги дадам утре јадење ќе си купам. Си се тапшаме по рамо и си викаме не сме сами ама глупава е ситуацијата кога цело друштво излегува и троши пари што јас сум свесна дека ќе ми требаат за нешто поважно. И не разбира секој дека некогаш немаш и тоа е што е.

    Моментално си правам договори сама со себе. Океј ова ми треба, без ова ќе преживеам. Во нешто вреди да се вложи но во нешто не. Тоа е што е, сите си се надеваме на некои подобри времиња. За сега, јас одам на мали промени и оптимизам, па ќе видиме понатаму.
     
    На candy.cane, Mrs.Brain, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.062
    Пол:
    Женски
    Хм, дипломирав со темава, ама буквално. Ај да започнам од почеток а? Не е дека треба да те теши тоа што јас сум поминала ептен лошо, само да си знаеш дека не си сама, да знаеш дека има излез.
    Прво, јас сум дете од дисфункционално семејство, татко алкохоличар, бракот на моите цел живот, освен првите 5-6, климав ко прво млечно запче пред паѓање. До прва средно се поминуваше некако, цел живот под кирија, од едно на друго место, секоја среќа што живеевме во мал град каде кириите се мачкина кашлица во споредба со Скопје. Но моите гордост решија да глумат и на стари години да правам куќа, при две ќерки кои беше и повеќе од јасно дека ќе останат во Скопје, ама не, зарем од под кирија да ги изваделе со нозете нанапред :fubar: Е тогаш почна вистинската голгота, дотогаш се буткало некогаш, тогаш се започна од почеток да се урива, и не само што се уриваше туку и паѓаше подлабоко од надлабокото. Татко ми започна да си добива редовни алкохолни напади кои завршуваа ужасно, по неколку недели апстиненција пак јовонаново :@ Јас не можев и не сакав повеќе да бидам во таа близина, дојдов да учам средно во Скопје. Си се обидела некогаш да поминеш цел месец со 500 денари? Епа пробај, иако тоа беше пред 8-9 години, и тогаш не се издржуваше верувај. Со тек на време си добив стипендија па речиси целото второ полугодие го поминував со тие пари, а првото подобро не прашувај како. Сместена во едно никакво собиче кај баба ми, печурки расеа по таван, пајаци и стоногалки среде зима, од дозната за струја излегуваа оси и пчели од таванот, смрдеше се на скапано и мувлосано а јас со алергија на мувла од која се гушам. Се греев на соништа за подобро утре, и на еден леген од ламарина полн со жар кој испаруваше во собата во која спиев, сеуште не ми е јасно како сум останала жива. Кога дишев од што беше толку ладно се правеше пареа, значи температурата не многу повисока од надворешната, навечер од влагата на јамболијата се нафаќаа мразулци. Се бањав исклучиво со вода згреана во тенџере, морав да си одам во соба уште в 8-9 пошто баба ми и дедо ми спиеа во дневна и во тој период си легнуваа, огинот повеќе не гореше и јас морав да си легнам или да седам под јоргани. Да јоргани, спиев под планина од јоргани, кебиња и јамболии. Цртежите не ми се сушеа со денови, темперната боја по некое време фаќаше и мувла од влагата. Сета облека ми мувлоса, се ми мирисаше одвратно. И така речиси 4 години, во 4та некаде на полугодие во кревет ми се прошета сентипеда, одвратно инсектче кое може да те бодне и да завршиш во најмала рака на Хитна, пошто нормално е отровничко, едно 15 пати повеќе од пчела. Тогаш се преселив кај една тетка која сирота одвај наоѓаше за нејзините ќерки ама од мене не се откажа, ме гледаше како свое дете. Дојде ред на факултет, едвај некако успеав да најдам едно сопче карши факултетот кое не беше многу различно од тоа кај баба ми, со таа разлика што беше барем чисто, не мирисаше на мувла, но бањата беше надвор па побарав друг стан. Издржав три години и се откажав од борбата. Живеев под кирија со постојана грижа на совест за секој еден денар потрошен. Со храна која ми набаци едно 20 кила вишак, ете зошто ден денес велам, дебелината е болест на сиромаштијата. Маргаринче и пржени јајца не се опција за здрава млада личност, која треба да има сила и енергија за да ги издржи деновите на факултет, замислете па тоа да е и Архитектонски факултет, комбинација смрти. Се чудам како не се случи поголемо зло. По 3 години се откажав, моите колеги продолжија уште две јас полагав интермедијален и зедов диплома, каква таква. Најдов работа, па друга, па друга и така додека не се снајдов да можам барем малку да се осамостојам. Денес сум горда на себе, на тоа што сум го проживеала гледам како на лош сон, како на епизода која никогаш нема да се повтори. Јас престанав да бидам на терет на моите родители бидејќи се уморив од тоа да прашувам постојано и постојано да добива одговор дека нема од каде да најде, животот да сакам да ми го даде, нема да најде пари, многу лошо чувство кога родителот ќе ти каже нешто вакво. Но моите не завршија со проблемите. Кога ќе влезеш во тој круг тешко се излегува. Кредити, картички, трошоци. Во периодот кога нивните деца требаше да излезат на прав пат тие правеа куќа, кога треба ќерки да мажат и да прават свадби како што е редот нели кај нас, тие плаќаат кредити и долгови. Многу грда состојба. Многу им е тешко, мене ми е уште потешко, но што можам јас да направам. Само едно, да не дозволам да стигнам до тоа дереџе, да можам моите деца да ги израснам во личности каква што сум јас, одговорна и свесна за животот, но да не мора да поминуваат низ истата голгота. Најмногу од се сум и благодарна на мајка ми, која се снаоѓала и правела од едно две, татко ми бил отсекогаш себичен и лош татко, алкохоличар. Сево ова не се случувало толку одамна, изминуваат последните месеци, или последното полугодие од 10тата години, еве ме, здрава, права и свесна за животот, многу среќна што се извлеков од тој круг, можеби не одев на одмори во Грчка, не излегував, за нова гардероба и не правам муабет, но излегов како квалитетна личност од сето ова.
     
    На Осе, candy.cane, LadyInTheDark и 51 други им се допаѓа ова.
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    еве и ја ќе се приклучам на темата зошто знам колку е тешко и болно...

    цело време велам дека сум дете на транзицијата бидејќи можеби пораснав во најлошиот период кога се распадна југославија и се почна да иде надоле. двајца родители без работа само со социјална помош, колку ми беше срам што неможев ни храната да си ја платам на училиште па носев од оние потврдите дека сум социјален случај. татко ми од безумие незнаеше што да направи буквално се молеше да му позајмат за леб да јадеме. за одмори не стануваше збор за зимување па ич.

    додека сите одеа на оние детски кампови или како и да се викаа јас нормално седев дома.

    дома карање викање плачење, тага, депресија, правев се за да моите не се налутат и скараат бидејќи ми беше преку глава од викање.

    тогаш решив дека јас ќе направам се што е можно да не стигнам до тој степен. потоа работите се променија татко ми почна да работи на пазар со мајка ми па стигнавме до дуќан, дури една година бевме и на одмор :D живееме скромно потоа пак сиромаштија, штедење и слично и се така додека татко ми не замина да работи во странство но тогаш веќе сестра ми се омажи и јас заминав во странство на студии.

    за финансиската состојба таму нема да зборам можете да замислите а и веќе имам кажано на други теми.

    но потоа кога се вратив и почнав да работам и да живеам со мм работите се средија сега имам солиден ,нормален, понекогаш тежок финансиски (се каснат плати) но сепак не сме за жалење и не се жалам ако е потребно ке ја превртам земјата наопаку да не се најдам повторно во истата ситуација. така да само храбро ќе помине и тој период дајте им подршка на родителите бидете скромни и не барајте она што го нема. а доколку се може и помогнете им нормално...
     
    На LadyInTheDark, Mrs.Brain, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Сите сме имале вакви ситуации. Какви периоди лоши сум имала. Ако таа мизерија потрае доведува до комплекс на помала вредност. Еве јас почнав да студирам, па да работам по студии и имам пари не дека сум за жалење, си заработувам. Ама останато ми е во глава да штедам, да не се расфрлам, страв ми е од немање, несигурност имам во себе. Сум имала пари да одам на море летоска, ама си викам не до вчера немав пари за важни работи, дај ќе си одам поскромно на езеро. исто и за облека, водам сметка каде и колку трошам. Не можам да се луксузирам.

    Не дај боже кога ќе бидам семејна да имам вакви проблеми. Убаво е да се има некој нормален живот, да не се стега човек. Како што кажа Joelle, ма ќе превртам се, ќе работам како црнец само да не биде како порано.
     
    На Mrs.Brain и Offspring им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.157
    Пол:
    Женски
    На темава можам да пишувам и да пишувам...и пишував доста често, ама ситуацијата е иста, сеуште.
    Реално денес 90% од населението во нашава државичка преживеува, не живее..
    Најмногу ми е мака поради тоа што парите се главна тема на дискусија дома, главна причина за кавга, колку и да сакаат мајка ми и татко ми да создадат некој хармоничен однос, некоја сметка, некоја кирија ги вади од такт и така секојдевно само кавги, а тоа удара на психа и тоа како.

    Не знам, искрено не знам како татко ми успева да ни најде пари мене и брат ми за студирање.И двајцата сме во Ск, брат ми плус на ДИФ кој е ненормално скап факултет, а најмногу лошо е поради тоа што моите се обидоа со приватни бизниси пред некоја година и не им успеа и заглавија во стечај, сега поради тоа ние немаме потребни документи ни за седење во дом, ни за стипендии...знаете колку ми е криво за тоа...неможев да аплицирам, неможев да им помогнам со тоа, а имам просек добар и грутка ми стои на грлто секојдневно, едно од што неможам да се надам на некој денар плус, друго од што знам дека тие се јадосуваат што поради нив е така.Сум кажувала и предходно, кај нас вака било и мене не ми е толку тешко, ние немавме и немаме и сега, ама се снајдуваме, така навикнати сме на празен џеб.Ајде некоја година додека и двајцата работеа приватно имаше нешто повеќе, одевме на одмор јас и брат ми...годинава како и лани кој знае дали ќе отидеме...а моите верувајте досега откако се во брак немаат земено одмор...немаме отидено заедно на одмор.Јас и брат ми се трудиме стварно да трошеме најмалку што можеме...ама како не удира на психа кога очајно сакаш нешто и се молиш секоја вечер да имате некоја пара плус за утре.Кога срцето те боли од што му се дереш на татко ти дека утре мора да платиш кирија, а тој не успеал да земе пари и не сакаш да викаш, ама те тера...И кога капутчето го носиш од втора средно и се тешиш дека не е толку старо...и милион други кога ситуации.

    И затоа учам и се трудам од петни жили да успеам да бидам она што сакам моите да биле, да им обезбедам на децата она што не можеа моите да ми обезбедат на мене...А ова е најболна тема, верувајте, се побркувам, некогаш толку силно се молам за пари и неможам да си поверувам дека не се молам за здравје или среќа туку барам пари...толку очајно ни требаат што се молам за нив и се осеќам толку мизерно што им барам на моите знаеејќи како тие ги заработуваат.

    И толку сум изреволтирана од државава оти не е секаде така, оти не градат секаде споменици знаајќи дека најголем дел фамилии немаат за леб.Плукам на политика и на влада и мразам што сум родена овде, со сето мое битие мразам како функционира оваа мочана држава, нашите стандарди и луѓето кои стојат над нас и се изживуваат.
     
    На Tanjamm, Mrs.Brain, Rebecca_R и 10 други им се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.346
    Пол:
    Женски
    Отворив Нов ОДОВОР да напишам и се премислив, и пак отворив и се мислам. Просто не ми се враќа назад што беше и како. Тие деведесетите години никогаш нема да ги заборавам, еееее. Татко ми остана без работа, мајка ми исто. Ама знаете што им се дивам на моите родители како сето тоа го проживејаа. Без да се прават сцени дома, можам само да замислам како им било, пред нас да не покажат нервоза и загриженост. Татко ми едно сабајле го немам видено дома да се излежава и да кука, да пцуе и да обвинува држава, премиер, влада ова она. Абе секој ден одеше било каде и било што да работи ехеее па колку пати на крај немаше да му платат за сработеното. Од денешна перспектива јас мислам би полудела да сум на нивно место.
    Па тоа децата во школо колку беа злобни уууу, мене чевлите купени евтино, па ме зезаа пази петата да не ти се одлепи кога одиш. Тоа ми останало во сеќавање. А не бев од тие деца што дрекаа дома за адидас или најк и што последните пари им ги земаа на родителите.
    Помина, фала богу, се поминува
    Е сега последици осануваат. јас не го завршив факултетот што го сакав (нема вонредно), а јас морав да работам и студирам. Завршив друг, ама тоа е тоа, неможе се како што сакаме ние, туку како налагаат приликите. Ми остана навика да штедам, ама да ШТЕДАМ ШТЕДАМ :D, боже некогаш си викам ај ќе се опуштам, не бе посилно е од мене. Па налетав на партнер ист ко мене штедаџија. Па еве сега со парите што ги штедевме и еден кредит си обезбедивме кров над глава, па и не била така лоша таа карактеристика. :)
    Затоа главата горе
    Само да не се повтори во овој живот, на никој не му посакувам ваква работа
     
    На Mrs.Brain, eloves, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Лошо. Како што пишува погоре, многу пропуштени шанси. Јас кога немав по средно за на факс ме зезаа демек “па за што си учела, за џабе“. По 2 год конкурирав, земав стипендија на друг факс и се бидна ок. Е сега тоа мое немање ми се одрази на љубовниот живот. Моите дома ништо не стекнале цел живот бидејќи татко ми пие и свесно многу пати сум се изолирала. АКо фатам дечко побогат од мене не го водам дома од страв дека ќе се разочара од моите, од страв дека ќе бидам потценета.И сум раскинала во многу ситуации кога ќе сфатам дека партнерот се грижи само за себе,,па уште и да му кажам што ме мачи и какви пробелми сме имале ...
     
    На LadyInTheDark, LudaJakimovska и teressa им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    22.232
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ретки се оние семејства кои не преживеале финансиска криза во домот.
    И јас не сум исклучок од оваа ситуација. Имало денови, и тоа не многу одамна, кога се што имало за јадење на масата било леб и ајвар, за сирење ни муабет да не правиме. Нова облека или чевли беа поим подолго време кај нас дома. И јас како и 1209, секоја вечер се молев за пари, не за здравје, ами за пари. Знаев дека нема да ни паднат сами од небо, затоа се молев и за работа да најдат моите, каква - таква. Јас само што почнав со факултетот тогаш, брат ми средно, многу тежок период за сите. Мене ми се срушија соништата ден пред да се запишам на факултет кога татко ми ми кажа дека единствен избор ми е Штип, затоа што нема шанси да преживееме ако одам да студирам во Скопје. А бев толку немоќна да сменам нешто. Затоа и така ради реда одам сега на предавања, сеедно ми е. Се трудам и овде, земам и стипендија 3та година по ред, ама ми се скрши нешто внатре пред 4 години. А доцна е за жалење, се помирив со фактот дека во тој момент ќе беше научна фантастика да одам во Скопје, а моите да преживуваат дома. Сега само се надевам дека нема да се случи истото и со брат ми. Да не му пропаднат плановите за иднината, не сакам и тој да се разочара. Ќе сторам се за да помогнам дома да му овозможиме да студира на факултетот кој го сака.
    За одмори, кога и да имало прилика да се плаќа на рати, сме оделе јас и брат ми,моите само 2 пати во 22 години имаат отидено до Охрид, ништо повеќе. А заслужиле многу. Затоа си ветив дека еден ден ќе им подарам макар еден викенд, да се одморат од работа, од мисли и грижи.
    Тешко ми е да се сеќавам на моментите кога немав ниту денар во џебот за ужина, а по цел ден имав предавања. Имав само за повратна карта до Штип. Е тогаш драги мои, да видете како се слабее, нема поефикасна диета. Сите ме прашуваа да не сум болна, јас бледа и испиена во лицето само едвај наоѓав сила да се насмевнам.
    Добро е што тркалото во животот се врти. Еднаш си долу, еднаш горе. Не би можела да издржам уште еден ден таков. Поради ова едвај чекам да излезам од оваа држава. А не сум единствената.

    п.с. Прочитав една девојка напишала дека поради сиромаштијата се ствара комплекс на пониска вредност кај луѓето. Кај мене баш напротив, никогаш не дозволив околината да ме гледа со поинакви очи, ниту пак покажав слабост пред другите околу мене. Само јас знаев како издржувам. Ама и тоа помина. Баш затоа и сум решена да успеам во животот, имам голема самодоверба во мене и моите квалитети, и нема да дозволам моите деца да поминуваат низ тоа што пројдов јас. Ако веќе не успеам во тоа, нема ни да ги имам тие деца.
     
    На Mrs.Brain, Rebecca_R, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    happygirl никогаш повеќе да не помислиш дека нема да имаш деца доколку не можеш да им овозможиш убав живот, никогаш. Еден ден ќе сфатиш дека тие ти се најголемо богатство. Колку и да немаш, од петни жили ќе се трудиш да им овозможиш. Ама никогаш не вели дека нема да ги имаш. Подобро е да ги имаш и да живееш поскромно, отколку да имаш се, а да немаш деца. Тоа е уште потешко верувај, не сум осетила лично, ама моја блиска личност минува низ тоа. Уствари исто како и јас да сум минала :( Ова малку офф топик.
    Он топик - и јас потекнувам од финансиски слабо семејство. И мојот татко беше алкохоличар, работеше и платата си ја даваше за пиење. Ако со мајка ми не извлечевме пари од него додека беше во пијана состојба, парите летаа за три дена. Се зарекуваше и тој дека веќе нема да пие, ама по неколку дена или недела, пак продолжуваше по старо. Ама на тоа сите гледавме како болест. Стана еден ден, реши и отиде на лекување. И се излечи. И не ми е срам што татко ми беше на лекување. Напротив, горда сум на него што успеа да се излечи. А дофрлувањата од страна од типот татко ти вака, татко ти онака ги закопав длабоко во себе. И повторно татко ми остана без работа. Со мизерната плата на мајка ми не се издржуваше. Сепак, колку и да немавме, никогаш не бев одвоена од моите врсници и од школските. Секогаш одев на екскурзија, макар и со 50 денари во џеб, ама важно е дека одев. За летување и зимување не стануваше збор, знаев дека тоа не можеа да ми го овозможат и воопшто и не барав да одам. По некое време татко ми најде работа во Скопје, теренска работа. Работеше од утро до мрак, повеќе од 10 часа дневно и земаше солидна плата, ама ако гледаме реално таа плата и не беше доволна за таа работа. Беше доволна за да се покријат обврските за кредити, сметките и трошоците за храна за татко ми. А дома се снаоѓавме како знаевме и умеевме. Но, сепак ни беше малку полесно. Дојде ред да се запишам на факултет. Од старт знаев дека Скопје е недостижно, што од моменталната ситуација, што од фактот дека се е со врски, а на смерот што сакав да се запишам примаа многу малку студенти. Остана втората опција - Штип. Сепак е поблиску и поевтино, си реков. И се запишав. Бидејќи секој ден имав предавања, не беше изводливо да патувам. Земав стан под ќирија. Бев среќна што моите можат барем тоа да ми го овозможат, бев среќна што имаа да одвојат барем за ќиријата и за сметките. Ама затоа живеев со 500 денари неделно. Од тие 500 денари половина ги давав за карти до Штип и назад. Само јас знаев како ми беше кога цимерката јадеше морски плодови, шунки и кашкавали секој ден, а јас јадев ајвар и мармалад :doh: Учев многу, сите испити ги земав на време. Немам паднато по ниту еден предмет. И еве полека се средува ситуацијата, добив стипендија, татко ми почна со приватен бизнис, платата на мајка ми е покачена и се осеќа мало олеснување. Имаме, ама парите уште одат за враќање на кредити и минуси на картички. И се уште не се осеќа убаво, ама има олеснување. Мало, ама значајно. Нормално дека има моменти на криза, ама не е како порано. И се надевам дека никогаш нема да биде како порано, искрено се надевам и се молам. Се надевам на подобро утре, се надевам дека ќе дипломирам и ќе најдам работа во најбрз можен рок за малку од малку да можам и јас да помогнам дома. Знам дека никогаш нема да ги прифатат моите пари, ама ќе им помогнам со тоа што барем сама ќе можам да си ги поднесувам моите трошоци. Потоа ќе размислувам за постдипломски студии. И да се запишам, уште сега знам дека тоа ќе биде во Штип, поблиската и поевтината варијанта. Да се соземат моите една година, две, па потоа пак ќе биде истата приказна. Сестра ми уште е во средно. Се надевам дека до тогаш веќе ќе имам работа, па барем јас нема да им бидам на терет на моите.
     
    На Mrs.Brain, Rebecca_R и Antebellum им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    22.232
    Пол:
    Женски
    ^^Не велам дека попрво би имала богатство отколку деца, да не се сфатиме погрешно. :!: Нема да барам јас луксузи, куќа со базен и што уште не за моите деца, но доколку немам работа и мој кров над глава, не би се осудила на тоа да ги имам во тој момент. Затоа што знам како ми беше мене, и не сакам некој мој близок да минува низ такво нешто. Би сакала да имам основни услови за живот, само тоа. :)
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Happy girl -Прочитав дека ти било криво дека не си можела да студираш во Скопје , а па знаеш ли колку е тешко да фрлиш илјадници евра и потоа работа нема ,пропала инвестиција . Не се секирај твојата упорност ќе те доведат на правиот пат ако сакаш да се образуваш и учиш ке го правиш тоа секаде ;)
    Ниеден факултет денес не ти гарантира работа .
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.284
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав вашите приказни.Ме трогнаа.Не можам да кажам дека некогаш сум била во ваква ситуација.Но,тоа не ми е муабетот. Сакам само да кажам дека сите вие што сте поминале ваков период БУДИТЕ ВОСХИТ во моите очи.

    Се надевам ке се исполнат сите ваши соништа и желби,бидејки само тој што немал во житвотот знае да цени и да почитува .Сите други кои се родени со златно лажиче во уста треба да ви симнуваат капа на Вас.За да остане човек присебен покрај сите вакви проблеми треба да има навистина силен карактер и неверојатен ментален склоп,а не секој го поседува тоа.

    Вие треба навистина да бидете горди на самите себе и секогаш да шетате со високо крената глава. :)
     
    На Rebecca_R, Antebellum, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307

    Да ама ти си млада. Еве јас сум некоја год постара од тебе работам и сфаќам дека овдека е џабе, тешко се живее. И јас така си викам ако немам за деца доволно да ги издржувам нема ни да ги имам. И така ми се створи отпор кон бракот, затоа што не сакам да чувам деца како што моите ме чувале со нервози нон стоп. И некои ми се чудат кога ќе кажам дека не сакам брак иако наполнив 27. Сакам стабилен партнер, и јас верувам во себе, имам квалитети ама ако најдам маж како татко ми што е мрза, пијаница, и цел свет му е крив што нема се на готово, во депресија ќе паднам. Ќе се уништам, толку вложив во себе, се трудев да се мрднам од мртва точка и да ми се сруши пак не сакам.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    На апсолвентска од инат не отидов бидејќи немаа пари да ми купат нова облека. Се премислив неколку саати пред прославата и не отидов. Си викав што сум јас помалку вредна и да немам да се дотерам. Имаше многу слаби студенти а секогаш беа во изобилие, имаа се што сакаат, модерни, дотерани. Јас бев скромна, фармерки, ташна пообична. Тоа е неуспех на моите.
     
    На Gosh и okcenzi им се допаѓа ова.
  17. MissFortune

    MissFortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    78
    Happygirl немој да чекаш подобра финансиска ситуација за да родиш деца, моли се да не ти се паднат вакви..... :fubar:
     
    На Ena05, eloves и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Неуспех на твоите! и што ќе ги нервирам и ќе им плескам у фаца колку не ги бивало и ќе ги повредувам оти немале пари да купат нови штикли и фустанче...
    Тешко е да се успее во ова време ,може и толку можеле што се тука криви не сакаат ли тие да те израдуваат , мене не ми падна жал за тебе што не си отишла на апсолвентска туку за твоите можам да замислам колку им било тешко..
    И дотерата не е одлика колку е студентот јак или слаб , си можела да искомбинираш нешто јас не ја разбирам потребата од балски фустани за апсолвентска тоа е момент да се дружиш со колегите ..
    Ако толку си сакала да купиш нешто ново , јас имав колешка која еден месец работеше на замена во продавница и со тоа си купи ... И тврдам дека може и со малку пари да се дотераш
     
    На Mrs.Brain и Nati.P им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.284
    Пол:
    Женски
    Не знам каква ви е финансиката состојба дома но за мене не е неуспех ако моите немаат пари да ми купат луксузна облека.

    Конкретно за апсолвентската вечер.Пред неколку години бев на апсолвентска со Економски (јас студирам на Правен) бидејки цело друштво ми е на економски.Тогаш купив фустанче од Манго од 3000ден и штикли околу 2000ден.Моите тогаш имаа повеке пари и се луксузирав.Минатава година дојде мојата апсолвентска на Правен но не отидов,бидејки не само што немав пари да си купам нешто ново немав ни 1500 ден аранжманов да го платам за таму.Не можам да кажам дека тоа е неуспех на моите бидејки како рекле тркалото се врти некогаш си горе некогаш доле.Ете порано сум била на врвот во финанскиска гледа точка,изминативе 2 години ради некои други издатоци сум на дното.Не можам да и замерам на мајка ми за тоа бидејки знам колку се радуваше месец дена уназад за апсолвентската и шеташе низ град,гледаше парчиња облека и поише од мене само да ме дотера за таа вечер.За жал на крај ништо не излезе од тој план.

    Од кога знам за мене цел живот сум идела на одмор секое лето.И јас и моите.Па макар и тој одмор да бил во Охрид 10-15 дена.Последниве 2 години заради тие издатоци (реновиравме дома) и јас и моите немаме отидено нигде.За мене не е неуспех на моите што не можеле да ме пратат на одмор овие 2 години.Јебига тоа е.Никој не умрел од тоа една или две години што седел дома и не отишол на одмор.

    Порано мајка ми секој месец ми даваше по 20-30 евра за трошење,и секој месец обавезно влагав во Манго и си купував по нешто.90% од облеката ми е од таму и е прилично скапо купена.(имам обични маички од по 1000-1500 ден и рамбовки од по 700ден со Манго декларација што истите во некоја друга продавница се по 200 ден.)Сега зависно од тоа колку пари имам во наовчаник научив и дека покрај Манго во градов има и други продавници со поефтини цени.Па не ми падна круната од глава што почнав да влагам и во Певекс и од таму да пазарам. За мене ова не е неуспех на моите што немаат сега да ми дадат пари да носам марка на мене,иако знам дека мајка ми да може од глава до пети ке ме облака во марка облека.

    Порано иако живеам во центар ,секаде одев со такси.Јебига, што ме зезаа другарките на висока нога живеам нејкам да се маткам со автобуси.Дури возбуда ми беше кога ке влезев да се возам со автобус бидејки тоа се случување еднаш годишно.Сега полека ,полека си научив пешки да одам сегде или евентуално со бус ако е подалеку.Неможам да им замерам на моите.И они од кога ја продадовме колата од коњ паднаа на магаре.Порано сегде со кола сега и они со бус се возат.Такви времиња дојдоа кога таксито стана луксуз а тие пари што ке ги дадам за такси боље ке ги дадам за пијачка.И НЕ ,за мене не е неуспех на моите што немаат да ми дадат пари да се возам со такси ,па морам да одам пешки или да се возам со бус.

    Како што кажав погоре,тркалото се врти некогаш си горе некогаш доле.Времињата се менуваат па знам дека како што порано сум имала поише кога ке дојде време за тоа пак ке имам поише.Битно ми е моите да ми се живи и здрави и колку можат да се срекни,а не јас да ги нервирам и дополнително да ги растрвожувам бидејки знам дека доколку би имале поише финансии сите би ги потрошиле на мене.

    Не викам дека нема родители паразити.Постојат и такви кои чекаат се на готово да им падне од небо.Не сакаат да работат и не се трудат на своите деца да им понудат подобра иднина.Тешко на тие деца,навистина ги жалам.Но,мислам дека и ние премногу очекуваме од нашите.Секогаш ке има некој што ке има поише и што ке се носи поубаво и поскапо и што ке шета поише од нас . Џабе не рекле секој со својата срека.Ете на нив во тој поглед поише им се посрекило,иако па во суштина не знаеме како им е .Може имаат пари ама ете пак се несрекни.Немаат хармонично детство и љубов од родителите. А кога би бирала помегу тие 2 работи секогаш би одбрала ако трба да немам кој знае колку пари и со мајка ми да си седам во Палма на сладолед,отколку да сум полна кеш во скапа облека а мајка ми и татко ми да не ме ни приметуваат односно да не свесни дека имаат дете дома.
     
    На Оленка*, Ники., Mrs.Brain и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Тие пушеа по 3 кутии дневно цигари, фрлаа по 60 евра пари во ветер, а јас немав ништо ново. Тоа се вика негрижа, и не им беше ни малку криво. Слично беше и на матурата. И многу пати, нив не им е гајле, не се трудат и никогаш нема да се трудат. Ако отворам уста веднаш викаат, се дерат, навредуваат. СУм имала школски, колешки, татко таксист, мајка шивачка па децата секогаш облечени пристојно. Што да не е успешна амјка таа што денесак попрво ќе купи 2 кутии цигаи, ќе потроши 120 денари, а децата ќе и јадат ајвар и леб?Ма ајде тоа се несовесни луѓе, децата се пред се, а ако се пред се, треба од своја уста да скратиш и да ик дадеш. Ми зборите 3000 ден, абе немаа ни 500 да ми дадат верувајте. Јас скеога добро заработувам па не се облекувам луксузно, а не па тогаш. Барав скромно нешто,а ма ново. Амаа бидејќи никому не му беше гајле, не отидов, не сакав да се осеќам непријатно.
     
    На Nigredo Odor, fairy88, Antebellum и 4 други им се допаѓа ова.