1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешка финансиска состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Srckata28, 21 јануари 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Не знам каква ви е финансиката состојба дома но за мене не е неуспех ако моите немаат пари да ми купат луксузна облека.

    Да цел живот нив не им оди, нема зошто да почитувам такви луѓе. Тоа за мене не се родители, и не јас нив ги растажувам туку тие мене. Секој ден се трудам да бидам весела, кога се враќам од работа, ама кога ќе ми текне како немале ништо цел живот да ми дадат, да ми купат, да ми помогнат макар со убав збор се чудам каква будала сум што воопшто правам муабет со нив и се трудам да бидма расположена иако ме јаде срам бидејќи сите роднини ги изгебнуваат моите. Едноставно никој не се гордее со паразити. Не е дека јас сум вообразена, и некои погоре во коментарите лупаат што ќе им текне. Ставете се на мое место, убаво ли е да ги наредиш сите 10, а да немаат да ми купат облека за апсолвентска. Некојс помна работа, па кај да работам кога до последен ден бев на студии. Сега кога работите зависат од мене друго е, се осеќа разлика,ама во најубавите години кога требаше да бидам безгиржна, да се зезам јас бев психички оптоварена и верувајте тоа остава последици. Создава несигурност и недоверба кон луѓето.
     
    На teressa, fairy88, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Тањам мислам дека проблемот во твојата ситуација е што ти никогаш ги немаш прифатено твоите родители такви какви што се.Секој човек поминува по еден ако не и повеќе тешки периоди во животот Да секое дете заслужва безгрижно детство но не секој го има посебно ако финансиите се проблем,незначи дека твоите родители не сакале да ти го дадат поскуваното или дека не се потрудиле но ете едноставно не испеале некои луѓе едноставно немаат среќа во животот наоѓаат работа каква таква живеат од каква таква плата поминуваат месец за месец и се помируваат со тоа несакаат многу да ризикуваат за да не го изгубат и тоа што го имаат и од што живеат.Твоите не ти купиле фустан за апсолвенстка ДА но ти дале образование т.е ти обезбедиле да се образоваш и што е на крај краева таа апсолвентската јас лупнав еден куп пари за неколку сати и за без врска така да не си ја јади душата за глупости ете сега работиш земаш плата ако мислиш дека многу работи ти биле скратени тогаш надохнадисиги сега живејго животот со полна пареа и прифати ги твоите родители такви какви што се сепак ти се родители и еден ден кога ќе дојдат денови за радост и тага тие пак ќе бидат до тебе и покрај тебе сакала или не.Не се замарај за роднините верувај дека тие воопшто не се замараат со вас...
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Добив стипендија и ми ги покрија сите трошоци. Инаку кое високо образование. Ама сега не можам да се вратам на 18 и да уживам. Времето отишло.
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Во ред си поминала тежок можеби живот можеби некој што имал неможе вистински да те свати јас му сум се лутела на таткоми ако немав постојано пари во џеб и уште како тинејџерка иако ми беше све дадено си велев уфф го мразам овај човек зошто не ми дава повеќе џепарац па не ми стигаат,значи се замарав за такви глупи работи и еве јас од презадоволена имав изгубено контрола над мојот живот се додека немав последици од тоа сега размислувам многу поинаку и не размислувам за минатото не сум имаа лоши моменти за пари благодарение на моите родители и на моите баба и дедо кои работеа многу штеделе и оставиле некаква иднина благодарна сум на тоа но имам лоши моменти од мојот приватен живот кој ги оставив буквално зад мене и не се оптоварувам со тоа,така треба да пробаш и ти и секој кој имал лоши спомени тешки денови а зошто? џабе сега си ја измачуваш душата и со огорчуваш деновите па тоа помина времето неможеш да го вратиш назад да смениш нешто едноставно помирисе со тоа и прифатиго твоето минато такво какво што е и оставиго тоа нека е минато едноставно...
    Инаку верувам дека немаш 19 години како што имаш напишано на профилот твој не за друго само твоите постиви све напишано во нив не се вклопва со годините што ги имаш наведено...
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Имам 27, ама кога правев профил мислев дека сите се со лажни год па ајде трефнав толку. Убаво е во детството да бидеш безгрижен. Има време за нервози и проблеми, ама ете јас имав таков живот и не е лесно. Да сега ќе бидам чекор пред другите од моја генерација бидеќи немам од кого што да чекам, ама јас знам колку имам пропуштено се заради тоа немање пари, таа немарност.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    ^А што всушност направиле твоите па толку им префрлаш? Можеле да работат а не работеле, се излежавале, не им било гајле, биле до тој степен толку незаинтересирани да направат било што за тебе, па сега ти до овој степен им префрлаш? Само доколку е таква ситуацијата би можела да те сфатам, ама вака не можам да разберам. Те читам, ама не можам да разберам.
    И моите ништо не направиле во животот и сега едвај врзуваат крај со крај, ништо не ми оставиле, ниту сега ме помагаат, и јас се мачев/мачам, ама не сум земала да им префрлам. Знам и на нив како им е, знам како им се наредија коцките и знам колку они можеа да направат нешто за тоа. Знам која болка им е кога другото дете им префрла, ги погледнува речиси со омраза, знам колку ги боли тоа. Колку мајка ми се нервира, до тој степен што сега е целата болна. Ама тоа нема да измени ништо, ако и јас им префрлам за нешто. Затоа подобро бори се, наместо да чуваш горчина за луѓето кои те направиле, ти овозможиле да живееш. Постоиш благодарение на нив, ако ништо друго.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Татко ми работи колку да не му биде досадно, а мајак ми никогаш ништо. Пола од парите ги трошат непродуктивно , а малку имаат. Плус никогаш не воделе сметка дали има за нас, тие не се амбициозни, нив им е доволно да има за леб и толку. Од нив цел живот добивам само навреди, совет никогаш. Тие цел живот чекаат некој да им помогне, да ги сожали. Сите роднини ги отклачија, ама нив треба да им се црта за да сфатат. И нивните родители, мои баби и дедовци се нервирале од нив бидејќи не ги бива. Никогаш не научија да бидат родители. Ништо не направија. Некогаш вреди да имаш пријатели, роднини кои те сакаат, да осатвиш убав збор,ама и за тоа не ги бива. Секое тргнување со нив на гости, или било каде било срам. Татко ми плус пие. Каков е тој родител кога му е побитно пиењето?Да фрли пари за џабе , плус дома да вика И ПЦУЕ?сЕ ТРПИ ЛИ ТОА СО ГОДИНИ?кОГА МОРАШ СЕ ТРПИ АМА ОСТАВА ПОСЛЕДИЦИ.
     
    На Nigredo Odor, Winter Lady, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Не, веројатно не се трпи. Фала што ми објасни, те разбирам сега и се надевам дека ти ќе успееш во животот и твоите деца ќе бидат горди на тебе. :)
    Инаку е стварно тешко да ти префрлаат децата ако не си го заслужил, јас тоа го гледам со свои очи, па веројатно затоа ме погоди твојот пост.
    Во времето на Југославија моите имаа повеќе, само тогаш знаев како е да си безгрижен, ама не се сеќавам на тоа баш. Понатаму се беше борба, знаев дека мајка ми кога ќе ми речеше нема и се кршеше срцето, па се научив да не пребарувам многу и да се разберам од збор кога нема.
    Тоа е тоа, сега исто се бориме со мм, ама затоа и јас сакам да имам нешто создадено и нешто повеќе додека да имаме дете. За да не мора да трпи и не дај Боже да ми префрла понатаму во животот.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па Тањам што се замараш со нив сега толку кога имаш работа кога имаш пари кога ете си постигнала да дипломираш иа да бидеш човек гордејсе со тоа бе девојко зошто чуваш толку горчина за родителите тие години и години биле такви нема да се сменат на 50 на 60 години не го очекувај од нив тоа залудно е затоа помирисе со тоа тие такви се и точка.Не си била на море а зошто да не отидеш бе?кога цел живот си патела си трпела не си отишла никогаш зошто ќе живееш 100 години?секој човек во животот заслужва да отиде барем еднаш на море ан езеро на планина да се прошета да се опушти со 300 евра ти нема да го купиш светот но можеш да заборави на твоите таги и неубави моменти да одиш со друштво да се прошеташ секој го заслужва тоа неможеш секогаш толку да се замараш кога ќе се вратиш имаш цела година да заштедеш пари или да чуваш нешто настрана организирајсе, и твоите среќни моменти споделиги со твоите пријатели сесра или брат било што и да имаш ако твоите родители се такви па тие до крај на живот нека си кукаат и нека очекуваат некој на нив нешто да им даде, а за дечковци не се грижи на секој човек му доаѓа среќата кога најмалку очекува кое време ти поминало?па имаш 27 години цел живот е пред тебе
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.997
    Допаѓања:
    11.117
    Јас не мислам дека времето за дечковци ми поминало, ама не можам да се вратам на 17, 18, да немам грижи. Не сфативте, јас никому не префрлам. АКо префрлам ќе ми биде полесно, ама јас пред нив се смејам да не ги нервирам, а внатре сум огорчена од нив. Нив нивни роднини ги избегнуваат затоа што увиделе дека се паразити, па утре кога ќе се решам да се мажам некој ќе ги почитува? На кого му требаат такви луѓе?Татко ми во 30 год брак купил само еден тв бидејќи стариот се расипа, а со енгоавта струка можеше куќа да направи, да ја среди тип - топ ама да си работеше и да си гледаше своја работа. Како да не се срамам?Сепак е убаво да имаш нормални родители, кои ќе те поддржуваат, не мора да се богати, да се стабилни луѓе со памет во глава. Секој муабет со роднините е “баш ми е криво за твоите, ама да работеа на време ...“ и што тука да ги правдам затоа што цел век не мрднале со прст. Не тука викам “нема што да ги лажиш, кој како ќе си ја нареди така ќе живее“. Да не можам да одма на море, се мислам дека е подобро да купам нешто за дома да им помогнам. Се мислам дали до вчера бев на море, не , немав да се облечам како човек, добро нема да одма, ќе платам сметка за дома, ќе купам нешто за сите.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Дали има вакви моменти? Ухх прашањето е кога ги нема.
    Фала му на бога ни јас ни сестра ми не сме разгалени и знаеме колкаво ни ечергичето и си живееме колку што ни пружаат нашите, зошто и двете сме свесни за нивните финансии,проблеми,обврски и слично.

    Тој што пати за пари,марки и слично, тој може да си има психички пореметувања.
    Единственото лошо влијание на оваа финансиска состојба, е нарушувањето на мирот и хармонијата во семејството.
     
    На Nigredo Odor, Nati.P и Agrona им се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас ја сваќам твојата болка но сепак тоа е тоа прифатиги твоите родители такви какви што се тие не се менуваат сега како што ти кажав и да сакаш сега е касно годините поминале и тие имаат таков карактер и такви навики повеќето од родителите делат од залакот плаќаат на рати за да попават дома нешто да купат се разбира или да отплатат кредит за стан за куќа,но има луѓе едноставно кровот да му паѓа на глава со прст не мрднуваат тоа е тоа.Пак ќе речам човек треба да има и среќа во животот има многу образовани луѓе кој седат дома или работат сосема трета работа за минимална плата зошто нема каде така да не го сваќај тоа толку трагично,ти правиш работи по твој избор и се чуствуваш убаво поради тоа тоа си ти не мора пред нив да си само насмеана и расположена ако си тажна или нервозна извадиго тоа од тебе па неможи да пазиш само на сите,ти ги обвинуваш нив за све но несакаш да си признаеш ни на самата себе затоа тоа само го потискаш и све ти се насобрало,роднините се само за оговарање и да кажуват кој што купил кој кај се вработил кој е најучен од фамилијата кој е најбогат бла бла бла зарем обрнуваш на тоа внимание?а ако си бидеш со некој дечко па тој треба да те сака за тебе и за тоа што си ти а не за твоите родители нема да живее со нив туку со тебе ќе си бидеш искрена нормално до крај пак во никоја фамилија не цветаат рози за тоа биди сигурна
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ехеее, денес ми се чини чудно е ако НЕМАШ проблеми со финансии.
    Сме се нашле во небрано некогаш, им чадела главата на родителите, но од срце им благодарам што никогаш не дозволиле да ни фалат основните работи, да ни исклучат струја, да немаме леб и млеко... не е во ред децата, особено ако се во пубертет, да ги слушаат родителите како кукаат дека се нема пари.

    Јас... некако навикнав. Веќе не ни знам, ниту сум осетила, дал сме излегле од криза, зашто сум воспитана да не барам многу и да го ценам она што го имам.
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Танја м и јас те критикував бидејки за мене е несватливо родител да не се грижи да овозможи најдобро за своите деца нормално во рамките на можности ,често децата не разбираат и се лутат и се неправедни спрема родителите така да се извинувам што генерализирав ..
    Инаку не би требала да имаш гнев спрема нив какви такви те одгледале и можеби заради условите кои си ги имала гледам си се оформила во посилна и подобра личност . За апсолвентската поминала одамна па нема смисла сеа да те советувам , ама еве мојата иако беше пред нецела година јас не памтам искрено кој што носел , туку ги помнам моментите со колешките од факс ..
     
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Секој има проблем со финансиите тоа е нормално во денешно време но како и да е мора се да биде скромно за да се преживее денешницава ни е борба за опстанок.Има лица кои немаат ништо зимаат социјална помош и собираат пластични шишиња понекогаш тадури се тепаат сум била личен сведок ,срце ме болело но тоа е тоа ...насекаде нервоза и болести, сепак кога ќе се потсетам како моите убаво си живееја за време на СФРЈ... е тоа беше живот... одмори,плати,К-15,убавини бре...
    Мислам дека сите потајно посакуваме да се врати тоа време (ама нема) зашто овој живот колку и пари да имаш никогаш нема да се доволни за убав живот без нервоза ,но како и да е што си баравме си добивме и се има своја цена макар што оваа цена е многу страшна за младината и секако дека ке се нервираат ни работа ни ништо и да се има работа или е недоволна платена или пак касни или нема ни да ја добиеш,срека што мм е со сигурна работа ако беше само приватното е тогаш ке беше страшно но сепак за да се има "некој вид на живот " мора да си скромен инаку ништо макар што редовно велам не само јас туку таа е сечија парола "еднаш се живее" сепак кога се нема пари "паролата" паѓа во вода и следат кавги,нервози,обвинувања,па како десерт се добива болест која го јаде човека без милост.Нажалост ова е нашата денешница
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Искрено не верувам дека има човек кој барем во еден период од животот не се соочил со потешка финансиска состојба, и морал малце да прикочи со сите трошоци. Се случило и кај мене, но сепак сум им бескрајно благодарна на моите кои никогаш не дозволија тоа да се осети, никогаш не доволија да ни фалат основните работи, плаќаат факултет и за мене и за брат ми, искачања може? -може сине.
    И не да се фалам ама и јас и брат ми секогаш сме знаеле за успориме малце со излегување, ако гледаш дека не е момент, нема да искочиш или нема овој месец да купиш нова јакна, а не има некои деца сега веднаш мора да биде!
    Тоа е реалноста, таква ни е милата ни државичка, на телевизија да слушаш абее ружи цветаат ќе си помислиш, а реалноста е далеку победна од тоа како ја претставуваат, жално..
     
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Сме биле во ептен тешка финансиска ситуација. Но, тоа највеќе беше кога јас бев помала. Сега е поарно за што сум многу благодарна. Многу ми е жал што родителите на некои од вас се такви бесчуствителни, ама барем извлечете поука, што не треба никогаш да им правите на вашите деца. А јас, имам родители кои отсекогаш се бореле, секоја безпарица успеаа да ја пребродат успешно, без караници секој ден.
    Не било отсекогаш вака, татко ми имал приватен бизнис ама поради пожар и раскол во семејството изгубил се, а имал многу. Почнал се одново и по 20 и кусур години уште е скршен заради тој настан.
    Кафана има на пет чекори од нас ама ниеднаш не отишол да се опијанува или да игра карти со другите.
    Додека сестра ми студираше беше најтешкиот период кај нас откога јас памтам. Дома бевме на само една пензија од 6, преку сила 7 000 и до 3 000 од млеко. Сестра ми се плашеше, не знаеше ни дали ќе студира, можам само да замислам како и било додека сите си прават муабет за факултети и кога ја прашувале неа А ти што ќе студираш? :( Не помислувала ни на Штип, а камоли во Скопје да студира. Во последен момент и се јави тетка ми и се запиша на педагошки во државна квота како последна на списокот. Ако не беше во државна немаше ни да се запише. А да не беше тетка да ја помага со партиципации, да оди чак-пат на спиење кај неа кога нема пари за карта, најверојатно немаше ни да го заврши. Памтам како мајка ми праќаше пари од млекото, понекогаш и предвреме ги земаше за да и испрати на неа. Памтам дека во седмо одд. за екскурзијата посакав мајка ми да ми купи црно боди (а веќе имав неколку), а таа само ми одврати дека сестра ми можеби нема што да јаде таму, а јас сум толку себична да барам само за себе. Ми се чини дека ова никогаш нема да го заборавам. ;(

    Денес на школо потрошив 70 денари. Некогаш трошам и многу помалку, ама во ретките денови како овие ме фаќа страшна грижа на совест. :( На сестра ми ни превозот не и бил платен и имала само по 20 до 30 денари дневно. Таа неможела да бира што да јаде, а јас можам да си дозволам и на кафе да одам и да си порачам нешто, додека таа многу пати неможела еден чај да си дозволи да се напие со школските.
    За екскурзијата во трета таа не одела, а за мене немаше ни дискусија. Немав појма дека собирале пари за пасош и да ми дадат пристоен џепарлак, и за секој потрошен денар чувстував ненормална грижа на совест. Којзнае колку работи си скратиле за да ме пратат мене си мислев. И затоа гледав на сите да им купам по нешто, да не се луксузирам со пиење од 50 евра како што правеа многу деца.
    Да не беше германската пензија на татко ми - ни јас немаше да одам на таа екскурзија и сега ќе си сонував за факултет. Сега штедат да ми купат лаптоп за на факултет бидејќи сестра ми давала страшно многу пари. Во интернет кафе куцај, во интернет кафе прави презентации. Таа работи во текстилна фабрика за 8 000. Веќе 3 години седи без работа. Ама што и дека работи, последниов месец се без работа и не земале плата. После матурската, смогнаа сили да ми стават интернет бидејќи од септември ќе тргнам во гимназија и за да бидам во контакт, за да не бидам со ништо одделена од другите деца. И верувајте, никогаш не сум била.
    За Нова Година, лани имав и за фустан и за славење во кафич. Сега немав, и си бев кај другарка дома. Парите се знае колку беа, и и јас како Дузи морав да изберам фустан или славење. Јас избрав да си купам книги и да си ја наголемам домашната ми библиотека. Сега кога бев за Скопје не ги лепнав парите, ми стојат, за книги или кога ќе начекам нешто на попуст.
    Здравје, летото сакам да тргнам на некаква работа, нема којзнае колкава плата да добивам туку да докажам дека созревам и тоа прво, би ме направила мене горда. Барем и 100 денари, ама мои заработени. :!:
    На факултет планирам во студентски да бидам и да најдам некоја работичка што нема да ми пречи на факултетот и се да изчистам навреме како што правеше сестра ми. Никогаш ги нема разочарано моите. Тие делат од лебот да ме пратат мене па јас да паѓам на испити - не смеам да си дозволам. :shake:

    Знам дека се занесов малце, мачце повеќе :$ ама ова ми е еден тежок товар кој никому му го немам кажано и дури и откако малку од малку застанавме на нозе уште ми надоаѓаат солзи кога ќе се сетам дека ја лажев наставничката дека татко ми не успеал да ги смени еврата во банката за да ја платам училишната кујна. Ни денари немаше во банка, камоли евра. Сум чекала однекаде и сум се молела да се случи чудо, да не се посрамотам пред сите деца. Многу деца не јадеа таму. Како ми плаќале - тие знаат.
    Но, не се сите како нас. Имам едно дете у комшиите што е ненормално разгалено и без илјадарка не сака да излезе. Од тоа човек нема да биде.
    И да, сакам еден ден мајка ми и татко ми да ги одведам на еден одмор, да го поминат без грижи и да си дозволат мирна вечер да преспијат без да мислат од каде утре да ми дадат за јадење. Тоа ми е како животна цел. Да престанат да се стискаат.
     
    На Rebecca_R, Antebellum и Doozy им се допаѓа ова.
  18. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Пред да речете немам пари нека ви текне на оние луѓе кој спијат на улица,седат на дождови и снегови без јакна,со скинати тренерки....оние кој трчаат по тебе на улица за да им дадеш 2-3 денари..оние кој во продавница купуваат само пола леб..живеат на улица сами без никој.Се молат што побрзо да дојде некој добар човек да им даде некое парталче..Затоа доколку имате кров над глава и парче леб тогаш не се бунете :!:
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Се е тоа така, не се бунам, напротив - задоволна сум и благодарна на се што имам, ама факт е дека знае да биде fucked up кога се немаат пари. Јас се нервирам оти немам нешто од кое сум одделена, моите се нервираат оти немаат да ми пружат.
     
  20. ancebanance

    ancebanance Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Живееме во време на голема финанска криза, вистина ретко кој нема финансиски проблеми но мислам дека хармоничноста, разбирањето, согласувањето, љубовта се клучните елементи во семејството кои тој проблем ке го направат поиздржлив. Читав доста коментари од типот не студирав тоа што сакав, немаме пари соодветно да се облечам, немам да јадам тоа што сакам, 90 % го имаме тој проблем само зависи кој како ке го свати и каква поука ке извлече од тоа, тоа пак придонесува и каков човек ке стане понатака во животот. Секогаш се ставам на место дека некои и немаат топол дом, немаат ни парче леб, немаат здравје, има толку полоши работи од матријалните нешта. Имав толки многу скромен живот, имаме скромна кука и сум мн благодарна сто имаме покрив над главата, живеевме многу скромно додека учев основно, се случувало мн денови да одам без пари на училиште а останатите денови имавме по максимум 10 денари, па завршив и бев одлична ученичка, додека бев средна школа моите останаа без работа беше уште потешко зашто живеам во село многу од парите ги трошевме за иставање месечни карти за екскурзии шетање не доаѓаа во предвид, во мегувреме сето тоа си носи и др проблеми најчесто психички ама се мора да се разбере се поминува, завршив и тоа и сум премногу благодарна на моите што и тоа ми го пружија, дојде време да се запижзам на фак. имав голема желба да го студирам мојот омилен предмет во Ск ама немавме тоолкави финансии со плата од 10000 денари па се запишав на тоа што можев добев стипендија и завршив. Да се надоврзам дека секое лето работев од 17 годишна возраст до денес и ми е премногу криво што немам сеуште стална работа али се трудам и ке успејам. Со парите досега главно ги задоволувам моите потреби, лани си купив компијутер зашто сеуште немав :D , есента и првпат со брат ми излеговме надвор од нашата државичка на одмор, си купив смарт телефон и нормално некои ситници за дома а најмногу храна, колку толку гледам да и помагам и на моите. Секое семејство има подеми и падови од нас зависи како ке се справиме со тоа, многу сум срекна што сме сите здрави и живи, впрочем ако ти е се сервирано на послужавник не би бил животот интересен, ако не заврне дозд нема да знаеме колку ке ни недостига сонцето. Да се молиме за здравје и живот тоа е највредното нешто, ако некој ме праша дали би поминала повторно низ истиот живот ке кажам да, ако не поминев низ тоа нема да бев ова што сум денес, пресрекна сум со мали нешта, едвај чекам да си најдам стална работа да се омажам а да родам дете тогаш ке бидам уште поисполнета и најрекна зарем има нешто повредно од давање живот? Ви држам срека на тие што имаат проблеми со проблематични родители се да се реши и стабилизира па потоа се ке биде полесно :* :* :*
     
    На eloves, VIN.diesel, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.