1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешка финансиска состојба

Дискусија во 'Психологија' започната од Srckata28, 21 јануари 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Не е проблем во тоа што немаат, туку во тоа што не се трудат и тоа малку што го имаат ќе го дадат на цигари.
     
    На okcenzi, rose60 и I I им се допаѓа ова.
  2. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Точно така.
     
    На okcenzi и rose60 им се допаѓа ова.
  3. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    17.683
    Целиот мој живот е една тешка финансиска состојба и борба за опстанок.. особено сега кога целиот терет на домот паднат е на моите плеќи
    Тешко е навистина но Фала му на Бога добро ги работам парите па не дозволувам за леб да снемаме дома, за другото мање више... кога има кога нема, но тоа не ме загрижува се додека имам што да и принесам на мајка ми на трпеза
     
    На mime87, LadyInTheDark, Mrs.Brain и 7 други им се допаѓа ова.
  4. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Многу е тешко кога човек ќе се најде во ваква ситуација. Секој од нас се нашол некогаш, нели? И не е воопшто лесно. Си ја трескаш главата, се нервираш а излез нема. Ти се тенчат живците, немаш желба за ништо. Постојано мислите ти летаат, мислиш само како да најдеш начин да си ги платиш сметките, да се нахраниш. Се нервираш, се нервираш и се разболуваш.
     
    На LadyInTheDark, Tanjamm, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Неодамна мојата фризерка ми кажува дека детето ќе го прати да студира во Словенија, фаќа врски за некоја стипендија, да избега од овде вели затоа што овде никогаш нема да биде самостојно. Ќе штедела на храна жената. Жално. Ако се храниш со паштети од 10 денари, на крај и здравјето ќе го расипеш. Ја утешив дека скоро сите сме такви, така тераме, кратиме од едно, за да имаме за друго. Лошо е што овде кај нас ако одиш пример на факс со капут од пред 5 години, другите кои се богати ќе ти се смеат. Јас многу лошо се осетив кога прва година бевме на еден семинар преку факс, и мене ме избегнаа, никој не се понуди да биде во соба со мене, па така мораше таа што дојде последна. Не бев нивно ниво, тие се богати, секој ден со различна облека и се од чевли до ташна им беше во иста боја. Исто и јас како тебе си викам, ќе учам за да моите деца имаат повеќе нема запирање. Кај нас има неверојатно невоспитани луѓе, понижуваат. Додека бевме на обука во Струга, утре дента ми вика една од колешките да одиме до банка, ако може да и правам друштво, и отидовме, извади таа пари од банка на шалтер, потоа ми вика, епа добро фала ти јас сега ама ќе си продолжам и си отиде сама да се шета. Викам Па кај ќе одиш?Ми вика , ќе одам кај сакам, ти ли ќе му кажеш. Отиде негде, се врати после и пред сите паничи како видела манијак со изваден полов орган. Ужасни луѓе, некогаш тоа ме поаѓа, а некогаш отрпнувам. Некултурен народ како нашиот нема никаде.
     
    На LadyInTheDark, Tatjana95, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Тие што го исмевале моето семејство кога немало пари, сега тие се без пари, дури и бараат на заем, ама не сум се исмевала никогаш или да им речам нешто в лице. Во животот работите се менуваат, нема вечно да си богат или па вечно да си без пари.
     
    На melissa, referentka, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Најлошо ми било кога сопствената сестра ми префрлаше за тоа што таа ми позајмила пари за сметки и за кирија кога ми каснеше плата и кога од дома беа во мошне тешка финансиска ситуација. Во прашање беа само неколку дена додека ми стигнат пари. Во тоа време бев трета година студент, живеевме заедно и од дома гледав колку помалце да земам пари, речиси сите трошоци си ги поднесував сама. Не беше тоа којзнае каква плата, околу 5 000, ама си покривав храна и сметки и некогаш и ќе ми останеше да си купам нешто. Ми беше криво што по роднини правеше муабети како купувала храна и за мене и за неа, дека јас сум чекала таа да наполни фрижидер, а од секоја плата трчев да купам се што ни е потребно и никогаш не сум и останала должна. Кога јас ќе купев нешто поевтино, на пример поевтини макарони, поевтино млеко, поевтина шунка, и кога со помалце пари ќе успеам да купам повеќе намирници, таа се лутеше, бидејќи да бидеме реални, може да си дозволи да си купува поскапи работи. И тоа е океј, ама не е фер од мене да очекува на студентски буџет, пример, да купувам Ариел прашок, кога можам да купам Савекс кој е дупло поевтин. Дома кажуваше дека јас сум барала од неа да ми купува алишта, а никогаш не сум. Да, во неколку наврати кога ќе имав повеќе трошоци земав пари од неа, и секогаш и ги враќав до денар, ама сум мислела дека таа сакала да ми помогне или сум немала друг излез, па сум морала. И тоа не биле некои пари за глупости, туку пари за непредвидени трошоци за факултет или нешто слично. За дома кога ќе купевме нешто, некој поклон за мајка ми на пример, таа секогаш викаше дека сама го купила. Океј, небитно е се сега, ама на една матурска, фамилија цела собрана, кога кажуваше како таа полнела ќесиња со храна, дека цело време купувала, ми давала пари и слични глупости, со тон како јас да сум некое куче оставено на улица па ме нахранила, ми беше претешко и едвај чекав да си одам. Никој, никогаш не направил да се чувствувам толку бедно.
    И жал ми е што таа се претвори во таква личност што кога ќе застане на свои нозе, мисли дека сите трчаат по нејзините пари, мисли дека сакам да ја искористувам за ситни пари, а воопшто не беше така. Криво ми е што си ги извртува работите и криво ми е што си замислила во својата глава дека таа ме издржувала мене, а ме издржуваа моите и јас самата. И требаше да биде човек, ако ми помогнала некогаш, и јас ако ти ја имам возвратено таа помош немој да се правиш горда и мене да ме правиш да изгледам како некое никакво и користољубиво суштество.
    После неколку такви случки, колку и да ми биле потребни пари, попрво ќе побарам од дечко ми кој што го знам 4 години и веќе знае каква личност сум, или ќе најдам плус проекти да работам, а со неа сум цел живот и се уште не може да сфати дека најмалку што сакам е да ја искористам или да и земам нешто. Па јас душата би ја дала за неа.
    И работите се менуваат, и тоа како. Во последните неколку месеци со третина од нејзиното работно време, јас земам колку нејзината плата, така да, немаше потреба од надменост, ароганција и понашање од нејзина страна. И едвај чекам јас да бидам во можност да и помогнам, ама никогаш, никогаш нема да се однесувам како неа.
     
    Последна измена: 11 јуни 2017
    На Tatjana95, MissDior, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  8. smile-shine123

    smile-shine123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    19
    Многу е тешко да сте тинејџер а да не можете да се однесувате како останатите врсници.(Инаку сум 3та средно).Сите мои другари и другарки постојано си одат на гости едни кај други,после школо,за викенди,за распуст на преспивања едни кај други,па дури и за ситници ако треба да се качат до кај некој дома да земат нешто.Многу мои другари и другарки не ни знаат каде точно живеам бидејки не сакам да лажам.Не викам никого дома бидејки несакам да видат каде живеам дека немам соба моја.Уште од мала постојано живееме под кирија и се селиме.Не е дека немаме пари ама немаме доволно за да купиме сопствено место.И така постојано се селиме до сеа 7-8 стана имаме сменето.За последните 2 селења никој од моите другари незнаат.Пола знаат дека живеам каде што живеев пред 2 години.А пола знаат дека живеам каде што живеам сега.Многу ми е тешко да живеам цело време во лаги да кажувам дека идам на едно место а идам на сосема друго.АМа срам ми е постојано да кажувам дека сме се преселиле повторно затоа и лажам.А притоа никого не канам дома бидејки не сакам да видат каде живеам.НЕкои дури и ми се лутат ми викаат ,,А ти мене коа ке ме земеш на кафе дома?" и јас морам да наоѓам изговори...Но најмногу ми е страв дека еден ден ке се дознае се .
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    ^Воопшто не е срамно да се живее под кирија. Мислам дека треба слободно да си викнеш другари и другарки. Знам дека сакаш да имаш твоја соба ама штом е таква ситуацијата сега, не значи дека секогаш ќе биде така. Поарно кажи си каде живееш отколку да те фатат во лага.
     
    На candy.cane, Tanjamm, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.424
    Пол:
    Женски
    @smile-shine123 сум живеела под кирија половина мој живот, буквално. Можеби ете не сум го фатила делот средно да бидам под кирија, ама основно бев во ситуација да менувам училишта. Најдолго живеев во една куќа, немав своја соба, и тогаш единствената другарка која ја знаев го знаеше тоа. Немој да се чувстуваш лошо поради ова. Потоа, живеев во стан, ни таму немав своја соба, а веќе имав сменато училиште. Новата другарка исто така знаеше каде живеев претходно, и каде сум сега. Па потоа ете сега сме во наше место, па повеќето луѓе кои ме познаваат, знаат дека ова ми е трето место на живеење, па во иднина кога ќе градам сопствен дом ќе менувам пак. Нормално е, и нема ништо срамно во тоа.
    Ако сакаш да викниш другарки дома, а немаш своја соба, има начин на кој можи да се изведи. Можеби нема да можиш да го правиш често, но некогаш кога твоите се на работа, можите да седите во собата за дневен престој или пак да ги замолиш родителите тој еден ден во месецот да одат на кафе или во својата соба додека ти час, час и пол седиш со пријателите во собата за дневен престој.
     
    На candy.cane и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  11. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Периодот додека бев средно, слободно можам да кажам дека ми беше најтешкиот период во животот. Понекогаш сама си се смеам на себе, ако можев тоа да го преживеам, значи можам се! Во тој период, моето семејство беше премногу сиромашно. Еден дел беше оправдан, поголемиот дел не беше. Моите имаа ужасен брак, не ги делеа правилно обврските и сето тоа се одразуваше на мене. Како адолесцент имаш многу мечти, желби и очекувања, ама повеќето се згазени заради немањето финансии. Се запишав во едно од “поелитните“ средни училишта, заради тоа што моите родители сметаа дека е добра основа за факултет. И тука почна пеколот. Повеќето од моите соученици беа деца на богати родители, размазени и лигави. Најбитно беше дали носиш скапа облека и дали идеш на школо со скапа шминка. Понекогаш слушав коментари за моите патики, дека биле ефтини и не биле “марка.“ Исто и за облеката која ја носев, а се обидував да изгледам модерно и со ефтини парчиња. Тешко ми беше да створам пријателства во таква средина, а кога ќе створев беше тешко да се одржат заради тоа што ретко имав пари за излегување. На летен одмор не одев, а другарките не ги носев дома, од срам да не коментираат после тоа. Е ама заврши тој период. Завршија и финансирањата од нивните родители. Денес сум јас самостојна и ова не го пишувам со презир, туку како една голема животна лекција која сум ја поминала. Благодарение на тешкотиите, научив што е реално во животот, а што фејк. Научив да штедам, научив да се борам и да не запирам. А што е најважно, научив премногу добро да оценам нечиј карактер. Тешко денес дека некој, нешто би ми подметнал, затоа што имам искуство и знам навреме да реагирам. Затоа, ако сте денес во тешка материјална состојба, не значи дека ќе трае тоа вечно!
    А за луѓето кои се ситат на сиромшаните, им се смеам затоа што знам дека има карма.
    ПС речиси сите од горе споменатите мамини и татини мази, немаат ништо постигнато во животот. (n)
     
    На melissa, candy.cane, LadyInTheDark и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Како ли ја видов темава
    Е сега не знам дели ми е потешко сега кога се сеќавам на се или тогаш кога морав да функционирам така.
    Од каде да почнам
    Како и на многу други и моите родители останаа без работа или работеа за мали плати. Пораснав слушајќи пресметки како дневно имаме за трошење 50-100 денари. Книгите што ми ги купуваа секогаш беа земени на почек. Прибор и купување секакви моливчиња и тетратки беа недостапни за мене. Се купуваше само тоа што беше неопходно. Играчките беа позајмени или поклонети, велосипед никогаш не добив, за вон-школски активности не остануваше. До средното училиште растев скромно но донекаде среќно.
    Е тука почнаа проблемите. Веќе не бев толку мала и се знаеше веќе кој е кој. Почнав да излегувам и додека другарките доаѓаа секоја вечер во различно јас имав само неколку скромни комбинации. Во школо класот се подели на две во зависност од начинот на живот. И додека девојките си ги развртуваа оние каталози со шминки и парфеми мислејќи се што е подобро и правејќи модни комбинации јас можев само да ги гледам отстрана. Се случуваше да се организира некогаш излегување од клас но знаеќи дека неможам да се средам обично избегнував. Купував облека само кога морав. Веројатно повеќето ми се смееја но гледав да не обрнувам многу внимание на тоа.
    Така станав личност со слаб социјален живот и нула љубовен.
    Сепак си се надевав на некоја подобра иднина.
    Дојде време за упис на факултет и секако како и за многу други Скопје беше недостижно. Принудена бев да изберам алтернатива. Тука веќе почнав да запознавам секакви луѓе. Активни станаа социјалните мрежи и додека пред моите очи пролетуваа слики на познаници со патувања од цела Европа и пошироко, принудена бев да се правам незаинтересирана за дружби и следење трендови.
    Скапи телефони, апсолвентска екскурзија, модни комбинации, забави беа далеку од мене.
    Веќе се чувствував многу исфрустрирано.
    Се сеќавам дека во тој период еден дечко ме викна да излеземе а јас пред излегување стоев дома пред празниот плакар увидувајќи дека неможам да направам пристојна комбинација.
    Никогаш нема да го заборавам тоа чуваство.
    После 1000 аплицирања и интревјуа успеав да најдам некоја работа па да преминам на подобра но тоа не ми менува многу. Како што кажаа некои членки неможете да го вратите времето и секогаш ќе жалам што добар дел од младоста ја поминав прилично лошо.
    Сега сум целосно самостојна и независна но многу луѓе немаат место во мојот живот.
     
    Последна измена: 30 септември 2019
    На DAngel, Nigredo Odor, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Постојано барање излез од финансиска криза, со постојано трпение, е единственото решение.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.494
    Пол:
    Женски
    Тешко е.Животот е скап.
    Сме немале за леб,за сметки,за влошки,за дрва...
    Не одев ни на еднодневни ескурзии за да не трошат моите.
    Моравме да бираме помеѓу 2 нешта.
    И сега не е совршено,имаме 300 трошоци,но барем не сме гладни.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Избегнувам да коментирам на темава, но го прочитав мислењето и решив да пишам. Многу позитивно се исполнувам кога ќе прочитам дека на крај успевате да се извлечете од кризата. Борци сте, а ти што и да си направила лошо/добро во ред е. Никој не заслужува финансиски да страда во ова материјално време. :hug: