1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко будење од длабок сон

Дискусија во 'Психологија' започната од MiaBeMia, 27 октомври 2011.

  1. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Имам голем проблем, ништо не слушам на сабајле што би требало да ме разбуди, алармот на телефонот го навивам да ми ѕвони почнуваќи од 08:00 па се до 10:00 и не го слушам воопшто, и тоа не навивам еден аларм туку повеќе, и тоа ако првиот е навиен во 08:00 тогаш вториот во 08:04 па во 08:16 итн правам таков распоред помеѓу алармите за да добијам повеќе аларми со тоа што самите потоа ѕвонат на секои 5 минути, што значи дека на секои минута две ми ѕвони а јас не слушам ништо од тоа, до пред некој ден не знам како но го слушав ѕвонењето (за повик, што е различно од ѕвонењето на алармот) на телефонот а последниве неколку дена ни тоа не го регистрирам. Очајна сум не можам да се разбудам освен ако некој не ме разбуди, и тоа исто така трае подолго се додека не почне да се дере :yawn: Ве молам дајте ми некој совет како да се будам ...
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Длабок сон, ништо не ме буди :(

    Обично ваков проблем имаат луѓето со константно низок притисок, обично длабок сон или поспаност се јавува поради недостаток на магнезиум.
     
  3. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Длабок сон, ништо не ме буди :(

    Да,се согласувам,истото би ти го рекла и јас.А,никогаш не си се разбудила со аларм? :^) :o
     
  4. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Длабок сон, ништо не ме буди :(

    Ти благодарам за советот, ќе пробам со магнезиум, па се надевам дека ке ми помогне, инаку патам од висок притисок иако сум 26год. што не е баш вообичаено за мојата возраст. И да, сум се будела со аларм порано, но во последнава година ништо не ме буди :(
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Длабок сон, ништо не ме буди :(

    Абе не се секирај сите сме така :D Колку пати ќе сум закаснела,па и воопшто немало да тргнам за на факс ако ми се случило тоа.... :wasntme: Кога имаш нешто важно барај некој близок да ти звони и да те разбуди.Кога си сама и не можиш да се разбудиш малце муабет и ќе се расониш.Порано и јас станував одма,рипав уште со првиот аларм,ама овие мобилни се ни зафркнаа,сите навики ни ги променија,порано немаше да ти звони сто пати,еднаш и знаеп дека мораш да станиш иначе отишло се јабана...
    Или еве,уште еден совет,мани ги тие мобилни купи си саат со аларм што не можи да се мести поќе пати и ќе знаеш дека мора тогаш да станиш :) Од оние многу што пиштат :D ( а и јас ќе треба :lol: )

    БТВ и една чаша вода ако ти истури некој сигурно ќе се разбудиш,ама ако има кој :lol:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Длабок сон, ништо не ме буди :(

    Хм...ако имаш доволно сон,ако имаш нормален притисок,не би требало ова да биде вака. Да не случајно сакаш да го избегнеш денот полн со обврски кои и не ти пријаат и не ги сакаш баш?! :)
    Во секој случај,гледај да се наспиваш 8 часа и ако имаш напорни денови да вметнеш нешто што ќе ти го разубави денот и ќе те мотивира да го започнеш и да ги завршиш обврските за да можеш да си го конзумираш уживањето.
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    И јас сум голема спанка на сабајле. Од телефонски аларми се откажав одамна. Можам слободно да ги игнорирам и трет сон да си карам. Пробав со оние на струја што едноставно титкаат се појако и појако, ама доколку полубудна го удрам со рака, престанува да свири и јас продолжувам да спијам. Некој на работа ми препорача да купам од оние аларми што се тркалаат и кријат по собата, па мораш буквално да станеш на нога да го најдеш и изгасиш, што значи веќе си станала и се разбудиш, ама тоа мене некако не ми беше .... нарачно :D па не земав таков.
    Лекот му е од оние старовремските саати, на навивање, не ми се верува дека уште се продаваат. Кога ќе рокне сабајле дрррррррррррррррррррр, мртов човек ќе разбуди, да видиш како рипам! Па ако и тоа е малку, го ставаш во некое железно тенџере, дека звони па и да се растропа, има и комшиите да ги разбудиш :lol:
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Хух, добро е, имало и други како мене што нема шанси аларм да ги разбуди :whew:
    И мене ми ѕвонат 3 мобилни телефони насабајле. Ставени на дрвена масичка, на само неколку сантиметри од мене. Не само што ѕвони алармот, туку и вибрираат, т.е. ја дрмаат масичката дрвена. Ама некој треба да го чуе тоа, нели..... :| Не бе, не ги слушам. Уствари, ги слушам :!: , ама само првиот пат, после иде snooze копчето, и после немам појма што се случува :x Следно нешто што знам е дека секој ден или мајка ми или татко ми ме будат. Најверојатно ги гасам некако, ама на ништо не се сеќавам. Се повеќе на кома почнува да личи спиењево мое, веќе шубе ме фаќа да заспијам навечер :doh:
    Како што кажаа погоре за магнезиумот....па мене искрено не ми помогна во однос на спиењето. Ми делуваше многу добро за нешто друго, на пример многу посмирено се чувствував и некако многу споро се нервирав :) , ама за спиењето, не ми помогна. И за 8 саати спиење исто, не ми помага. Дали 8 саати, дали повеќе, дали помалку......Не можам да се разбудам бре, и тоа е! |(
    Не знам веќе што да направам за да се разбудам нормално еден ден ко човек :swear:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    И јас тешко да се разбудам со аларм.Едно време се навикнав да се будам кога ќе ми заѕвони но потоа повторно истата приказна.Колку и пати да се повтори алармот,пак нема да го слушнам :) .
    Некои велат дека така ми било оти сум немала чувство за одговорност :wasntme: и дека ако пред спиење си повториш во главата дека утре мора у толку и толку да станеш ке се разбудиш навреме.Сум пробала и вака но не функционира кај мене.Да не ме разбуди некој ништо од моето станување :) .
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Јас пак тешко станувам :( Ма претешко,осеќам мачнина,ми доаѓа нагон за повраќање,ме боли желудник...аларм слушам и се будам,ама кога станувам цел саат не можам да си помогнам :worried:
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Прво тешко заспивам .
    Секогаш пред легнување ми идат некои филозофски мисли ,па си го враќам филмот назад ,па си фантазирам и ерте го 7 наутро а јас будна.

    После триста маки ,ај некако ќе заспијам ,ама за станување реагирам само на човек ,ни аларми слушам ни будилници!

    Колку пати на факс не бев појдена заради овој мој проблем ,колку обрвски ми се лизнале низ раце ,а не сум неогдоворна ,она свесно неодговорна ,спиењево ме прави таква.


    Притисокот ми држи константа од 90-60 ,откако памтам за себе ,но во текот на денот конзумирам напитоци со кофеин повеќе пати ,исто како и минерална вода ,за да го доведам барем за некој мм погоре :)



    Чаре има ,некој иљач ?
    Имам пробувано со автосугестија ,за се ми успева ама за ова мозоков не ме слуша.

    Дестини ,то ти је...
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас вообичано немам проблеми со станувањето, ранобудник сум.
    Ама ми се случило за време на периоди кога имам многу обврски и не сум доволно наспана, да не можам да се разбудам. Освен тоа и низок притисок имам.
    Еднаш ми се случи да му зборам на алармот. :lol:
    Ѕвони алармот, а јас таква поспана упорно му викам: Ало? Ало? Ало бе? :D
     
    На buba4e89 и tessie им се допаѓа ова.
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Мене ми се има случено спротивното :) Другарка ми упорно ми ѕвонеше, а јас мислејќи дека ѕвони алармот цело време исклучував :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. homebutton

    homebutton Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    за сите оние кој што го слушат алармот а што стискаат на snooze на смартфонот нека си ја симнат апликацијата sleep if u can на play store е бесплатна а на app store е 2$. тие што користат apple нека си ја симнат од програмо pp25 и kuiayong http://www.youtube.com/watch?v=HSauCvd6p4k како работе програмо ке бидете и расонети после тоа... јас го користам ии супер е позз :D
     
  15. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    како топ спијам и не можам да се разбудам односно аларм не ме буди. :tmi: мајка ми ми се дере сабајле јас си спијам и не и пуштам рецка :tmi:
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Сум имала различни периоди, некогаш бев ранобудник но потоа дојде баш ваков период, ништо не ме будеше. Алармот само несвесно го исклучував и како да не ни ѕвонел, си спиев два саати плус. Кога ќе станев се чудев што е со алармот, зошто не ѕвонел, додека не сфатив дека проблемот е во мене а не во алармот. Сега успевам да го слушнам и да се разбудам но некако спиењето ми е послатко и си мислам дали да станам или да продолжам да спијам. Нешто треба да сменам. :lol:
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се будела тешко, ама ете до ден денес прам поќе од еден аларм чисто зошто првично сум параноична и ми се чини дека ако е еден нема да го слушнам, а оние слатки 10 минути измеѓу аларми ми се најслатки и ги користам максимално.
    Имаше период кога влегував во пубертет кога спиев длабоко, и многу тешко се будев, ама само еден мал период, сега веќе се знај, рано се будам, и многу лесно. Ете пример месецов не сум наспана само зошто брат ми е прва смена и јас слушам сите аларми место него, а и малите кучиња или мачиња кога имав мали кога би плачеле навечер одма ги слушам и станвам и по нив. Некогаш сериозно посакувам да спијам длабоко и цврсто.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас спијам многу цврсто ни земјотрес не може да ме разбуди.
    Сум доживеала нешто многу чудно неколку пати, да се разбудам ама да не можам да ги отворам очите, често пати со рацете ќе пробав да си ги отворам очите, ама како залепени да ми се.
    Ни аларм слушам ни ништо. Кома.