1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко ми е без него

Дискусија во 'Разделби' започната од eci18, 19 јануари 2010.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    MinniMouse разбирливо е тоа,секоја разделба боли,без разлика колкав временски период траела врската.
    После врска пријателство?Хмм па не би рекла,и сама си свесна дека ти со него не можеш да бидеш пријателка,бидејќи гаеш чувства кон него.Две личности кои делеле интимност,тешко дека можат да бидат пријатели,посебно ако едната страна сеуште сака.
    Мој совет е да не стапуваш во пријателски контакт со него,не пробувај да му пишуваш на фб,да го бараш телефонски итн,едноставно игнорирај го!Доколку ти е тешко,можеш и од фб да го избришеш,колку помалку имаш можности за контакт со него,толку подобро.
    А ако не сакал да те загуби како личност,тогаш ќе те чувал повеќе.
    И нормално е после врска,страните да речат дека ќе бидат пријатели,тоа како некое непишано правило е.
    Затоа не тагувај,ако те сакал ќе бевте заедно,животот продолжува,имаш само 17 год уште низ колку љубовни авантури ќе поминеш,ни сама не можеш да претпоставиш.
    Затоа,насмевка на лицето,високо крената глава,дотерана и со друштво на журки.Колку повеќе време поминуваш со друштвото,толку побрзо ќе го заборавиш :)
     
  2. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Поминаа веќе три месеци откако се немаме видено, а пред извесно време тој стави КРАЈ на се поради одредени причини, но јас не можам да го заборавам. Секој ден се надевам дека може ќе ми се јави или ќе ми пише на фб, но тоа не се случува. Нема смисла ова, само потајно се надевам дека ќе се случи нешто, но за жал такво нешто нема. Ме убива помислата како сите околу мене се среќни и задоволни, само јас не сум ;( Сум пробала со неколку, но едноставно не оди :( Тој ме повреди на некој начин призавам, но исто така морам да признам дека јас бев таа што и се брзаше, а тој сакаше малце поспонтано да идат работите. Јас претерав во многу работи, а тој има тежок карактер и што е тука, тука е. Затоа вака испадна ;( Не контактираме одредено време, но пред две недели ме избриша од на фејсбук. Без ништо да се случи, без ништо да направам, без никаква причина. Добро, претходно имаше причини, но кажав не контактиравме :worried: Се чусвтвувам толку осамено без него. Ми недостига премногу. Бев навикната на него и секогаш тој ме правеше среќна. Не сум се почувствувала среќно од многу одамна. Се прашувам кога ова заврши? Дали има крај? Секој ден ми е се потешко и потешко. Сакам да го побарам, но знам дека морам да се контролирам и тој самиот ми го кажал тоа неколку пати. Тој беше единстевниот кој ме разбираше и се надевам дека сеуште ме разбира како ми е и секогаш и најмногу ги сакав неговите совети |( За жал реалноста сега е поинкава, НЕГО ГО НЕМА. Како што кажав претходно пробав да преболам но, не оди... Сакам да бидам повторно среќна. Ми треба ТОЈ ;(
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Во ред е тоа,ако сеуште после 3 месеци не си го заборавила...можеби ќе ти бидат потребни уште 3,или 5 или 7..
    Така функционираат работите,ако на сила се форсираме да ги заборавиме.
    Најпрвин ако ти е претешко исплачи се,плачи и вришти,нека излезе сиот бес од тебе..
    Друго,подобро е што се немате на фб,колку подалечни се можностите за комуникација со него,толку подобро..
    И не го барај,само ќе се вообразе..
    И верувај дека можеби сега се ти изгледа така црно,ама кога и да е ќе помине тоа,нема засекогаш да останеш сама и осамена...трнлив ќе биде патот до неговото заборавање(целосно),ама ќе успееш,како што велат трпение спасение
     
    На princess5 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  4. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    34.110
    Пол:
    Женски
    Уфффффф тешко ми е без негооооо :( таман идеме чекор напред 2назад и никако неиде се беше супер до завчера кога кажа дека ке гледа да се видиме као пошо сме смирении и оп ете го цел ден ни да се јави ни ништо а несакам јас да му звонам ке испадне го молам... епа не е фер ветив дека ако проблемот ни е што се караме на тел нема да зазвонам веке никогаш ке си стојам на тоа амааа тешкоооо ми е без да го слушнам бе ... :(
     
  5. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Се започна дента кога во средно не поделија во класови, повеќето ги знаев, се паднав и со еден школски од основно, бев многу среќна дека се паднав во добар клас.. Со него се познавам можеби од 8-9 години ама не бевме воопшто блиски,почнав да го свиѓам од крајта на 8 одделение, ама само онака ми се свиѓаше. На почетокот не бевме многу блиски, ама после некое време се повеќе се зближивувавме, станавме многу блиски. Почна секој ден да ми се насмевнува, многу пати ни се сретнуваа погледите, се закачавме секој ден во школо, тој се зближи со еден мој многу добар другар, па дури и одевме после училиште понекогаш и на кафе, така со тек на време станавме како друштво. Беше навистина ептен убав, згоден, беше добар, значи по цели денови на училиште се смеевме, ама ме нервираше само едно нешто, тоа што флертуваше скоро со секое девојче, имаше една девојка, додека беше со неа флертуваше со мене, а јас почнав да чувствувам нешто повеќе кон него, не го гледав како и другите другари.ова чувство за мене беше ново, интересно,и и годеше да мислам на него. неможев да спијам, секоја вечер мислев на него, спијав по 4 саата само, сите оценки ги намалив, стално мислев на него, не знаев ни што ми се случуваше. едноставно не сакав да си признам дека јас го сакам, ама што да правам, мислев дека ќе помине, како и секој пат. Ама не помина месец,два месеца, а јас колку повише го гледав толку почна да го засакувам. после некое време одлучив д аго избегнувам, да не му обраќа внимание, така и правев, почнав и да не излегувам со нив, по цели вечери плачев, за ова знаеше само сестра ми, никој друг, од друштво. Почнав да гледам дека и тој ме избегнува. си фати друга женска, една моја познаничка, а јас од ден на ден се уништував. веќе не ни си правевме муабет, почнав да изглегувам со другите другарки и никако не сакав да се сретнав со него. започна летото, запознав едно друго дете, почнав да ги заборавам случките со него, се додека една вечер, кога седевме во кафич, дојде со девојчето што излегуваше и со другар ми, мене ми се сруши светот, глумев како и секогаш,како ништо да не се случува. веќе не ни се правевме муабет, и одеднаш тој ми вика еве ја бе заљубенатаа, како ви оди со дечко ти, а не ми беше дечко само тој ме свиѓеше а јас бесчувствителната му давав лажна надеж. и јас само го погледнав и ништо не му кажав, после 1 саат си отидов дома и како и секој пат плачеев. утредента дознав дека неговите се разведувале и тој ќе идел со мајка му во австрија, дека таму ќе учи, тогаш, заборавив на се, пак плачев, се сетив на времето кога се забавувавме. помина летото, заучивме, вчера дојде да се отпиши од класот, ме погледна и јас и ништо, дури не се ни поздрави со мене, беше многу изменет... денес баш си одевме со другарка ми, и старите другари, едниот од нив вика, леле се сеќавате ли со ........ како ни беше? очиве ми се насолзија, заникаде сум, секоја вечер плачам. Немојте да ме критикувате дека се заљубив во некој со кого не сум имала ништо, немојте д ами кажете да ги избришам и случките,го гледам неговото празно столче, очекувам во секој момент да дојди, да ме насмее како никој досега и да ми се исполи срцево ..... ве молам помогнете ми... не можам да издржам, сакам да не мислам на него, ама не можамм
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Мила некои работи не можеш да ги измениш-тоа што се развеле неговите, ке мораш да се навикнеш на тоа дека го нема еве едно :hug: да те гушне
     
  7. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Во право си,srcekrsackа, не може да се смени ништо. сега не сум баш како во понеделникот, повторно почнав да се дружам со другарите и другите од старото друштво, едниствено среќна сум кога сум со нив, тогаш заборавам на се, но кога ќе си одам дома посебно навечер, кога ќе си легнам, кога ќе ги затворам очите повторно се потсеќам на него и си плачам тивко. ама тоа е. мене ме боли тоа што веќе не ми е ни другар, инаку ќе доаѓа за нова година, тогаш знам дека и ако го заборавам сега, кога ќе го видам повтрно ќе ми се вратат чувствата.
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Тинејџерска љубов,ќе помине!
     
  9. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    знам дека еден ден ќе помине, ама кога ќе биде тој ден, ама и да го заборавам знам дека секогаш ќе се сеќавам на него. повеќе никогаш нема да се опседнувам со некого толку многу..
    инаку вистина ли е дека ако еднаш се разочариш, повеќе нема да сакаш никого искрено, јас баш вака се осеќам, за никој не сум заинтересирана и немам воопшто никакви чувствса, мислам дека никој не би сакала како што го сакав него.. ама којзнае..
     
  10. IloveScience

    IloveScience Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    31
    Со едно момче сум година и седум и пол месеци но никогаш немавме точно определено што сме ние но функциониравме како дечко и девојка буквално. Нема да лажам, детето си е голем женкар но со мене беше друга приказна, се заљуби, се баравме еден со друг и бевме многу блиски. Во текот на целиот период шо бев со него имаше месеци коа не сме блиски коа ме повредуваше ненормално. Значи толку пати ме има повредено што незнам ни сама како сум издржала. Ова лето некако се оддалечвме но сепак сеуште се баравме не дозволувавме да биде крај засекогаш. Инаку дечкото ми е и прв. Во својов ебан живот никого не сум сакала како него, целото расположение ми зависи од него .... толку станав зависна од него сто све му простував. Вчера дознав дека пишал на едно селско курвиче да се видат и толку се повредив сто плачев 2 и пол саати. Сепак не се виделе незнам зошто, а знам бидејки се дури да отиде дома ми бесе он на видик. Работата е што сум зива депресија од коа го запознав. Душава ме боли тоа е мојот проблем како да живеам у заблуда дека пак ке бидеме заедно и дека тоа сто се случи не се случило..... Неможам да прифатам дека после таква љубов он е способен на вакви нешта и дека ни на една секунда не помисли на мене.. ме боли сто векје не сум му важна и што не комуницираме...... едноставно многу е рано со друга да биде, ми треба време, неможам да го замислам со друга кога ми значи колку сопствениов живот..... Ме боли фактот дека ми е прв и дека е се у мојов живот а дека не му е битно, бесна сум што сум down 24/7, неможам да преживеам значи
    кажете ми искрено се што мислите, ке ви бидам благодарна.
     
    На Mila.T22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Со твоите 18 години, мислам дека you should take it easу, не си ги комплицирај и работите и животот за ништо. Прво, гледај малку повеќе самодовербата да си ја зголемиш и да си се ставиш себе си на прво место, а не тука со UFO лепак да се лепиш за него, како да е последен на светот, до толку што и расположението да ти зависи од еден човек. Можби и на него му треба малку простор, едноставно да си кулирате, а не тука "беше ми на видик, бесна сум што сум down 24/7, итн"..Сметам дека и самата си одговри со пишувајќи "толку станав зависна од него"..звучи опсесивно и затоа најди си и некоја др. занимација, спортувај и релаксирај се. ;)
     
  12. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Во скрос иста ситуација сум и јас, исто се буквално читам и се чудам. Тој не е заљубен во тебе, типот си го добил тоа што го сака и си се јавува да те има на лагер кога му требаш. Кучето научено на касапница ја знаеш таа. Стави крај на ова па колку и да е болно тој ако сакал нешто повеќе до сега ќе сте го дефинирале вашиот однос. И мене ми беше тешко да ставам крај, секогаш се двоумев дали чувствува нешто замене, знаеше често да се јави да праша како сум, но сватив дека сето тоа е маска кога решив да дознаам на што сум.
     
    На Mila.T22 и Hipica им се допаѓа ова.
  13. IloveScience

    IloveScience Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    31
    Summerlove благодарам на објективното мислење. Тотално ми го смени расположението и ме разбуди на некој начин сепак твоево мислење е многу подруго од тие што ги слушам секој ден.

    LadyFlame ете ме разбираш, се надевам нема никогаш повеќе да минувам низ ова. Во последниве три месеци се случувало она што ти го пиша, се работеше за проста навика сето тоа јавување и барање. За сето време пред тоа гарантирам дека беше љубов, за ова сум сигурна, бевме и во врска некое време но сепак се на се колку и да е болно никогаш повеке нема да го побарам.........
     
  14. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19


    Ццццц... Истово ми се случување од а до б.... Паднав во толкава депресија, се изнамачив со него, што е најтрагично карактерно се изменив, омекнав. :tmi: А нему се му беше сеедно, во мене гледаше другарка со бенефиции, никакви емоции, се муваше и со други. Јас па будала трчав по него..
    Ама се сврте кругот.. Дојде момент да се запознаам со дечко кој ме измени, ми даде нова надеж и дечко со кој денес, после една година, сме сеуште заедно. А идиотов си остана со празни раце...
    Колку и да те боли, колку и да го сакаш, голтни гордоста и продолжи... Тешко е ама, направи го тоа поради себе :)
    А да, гледај да не мислиш на него, избриши слики, песни, биди зафатена почесто, абе утепај се од гледање телевизија ама насочи го мозокот кон други ствари бидејќи колку почесто си сама и ти е досадно толку почесто ќе мислиш на него и потешко ќе го заборавиш ..
     
  15. IloveScience

    IloveScience Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    31

    Во право си.... почнав со фитнес исто и почнав со мојагардероба.мк и така си трупам обврски. Навистина се работи за голема депресија. Се надевам некогаш ке знае некој да ме цени. Поздрав
     
  16. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19
    Тек имаш 18, а машки ќе запознаваш, ќе имаш итн.... Не се сите исти, веруј ќе се најде некој што ќе те цени :!: Мило ми е што си започнала со активности, чекор напред :)
     
  17. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    ма и со него и без него ми е тешко... посебно зошто сме принудени да живееме заедно, а не сме заедно... само јас си знам.. сеуште сум жива, ама едвај дишам.
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476

    Како тоа сте принудени?
     
  19. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Никогаш не верував дека ќе пишувам некогаш за љубовни проблеми, т.е за разделба
    Девојки,со дечко ми прекинавме пред неколку дена. Идевме скоро година ипол, он ми прекина. Како гром од ведро небо беше некако, ама така е како што е. Нема назад. Пробувам некако да не мислам на него, но неможам, секој ден плачам, секој ден мислам на него, секој ден се навраќам на сите моменти поминати заедно и се потешко ми е. Мајка ми секој ден е тука мое рамо за плачење, и другарките исто. Ама неможам да издржам, не е ништо страшно, ама јас го гледам периодов како престрашен.
     
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    ^^Гледај напред, а не назад! Верувам дека голем шок е некој да ти прекине како гром од ведро небо, ама пак сакам да те прашам немаше ли некој знаци, оладување од негова страна, чудно однесување?
    Или пак имало ама не си сакала да ги видиш.

    Како и да е, млада си , гледај ја светлата страна, можеби не бил за тебе. Не се затварај , надвор те чека некој кој ќе вреди сто пати повеќе .
    Ќе дојде се на свое време, само треба време, колку и да е клише навистина е така. Уживај во животот и гледај ја неговата светла страна, забавувај се, излегувај. Некогаш ќе го бараш ова време, кога си била без обврски и единствена грижа ти била што да облечеш.
    Ајде главата горе , насмеј се, ние жените знаеме да ја сокриеме секоја тага! :)