Не, не, воопшто не ме ни избегнуваше и слично. Се си беше ко порано, неможам ни да ја разберам причината ама ете, ми кажа немал чувства веќе спрема мене. Полесно ќе ми беше да бев спремна, да се однесуваше чудно и да знаев дека кога-тогаш, во скоро време ќе дојде крајот. Знам дека пред мене се најубавите години и дека не треба да си се уништувам самата, да се затворам поради еден дечко, ама ете некако тешко ми е. Знам дека треба време и се, само овој период ми е така потежок. Ти благодарам многу на утехата
Секоја разделба е тешка,без разлика дали истата е очекувана или не. Секој поминува низ ваков тежок период.Но нели секој различно се носе со него. Бев и јас многу пати оставана.. Но секое лошо за добро е нели.Кога и да мислеме дека е премногу тешко и не можеме без некого,на крајот сепак се испостави дека не било така. http://www.youtube.com/watch?v=CseZvlqTH7w
Точно така,но животот е таков,а ние мора да продолжиме понатаму со животот без разлика колку и да е тешко.Мора да се случуваат и лоши работи инаку како би биле посилни и појаки личности од тоа што сме.Само главата горе и гордо продолжете Животот е полн со изненадувања.
Тешко не тешко, никој не те прашува мораш да се избориш сам во животот и да одиш со исправена глава, да заборавиш што било некогаш и да се прашаш што заслужувам понатаму и што ќе правам јас. На некои луѓе едноставно не им е судено да бидат заедно, таков е животот суров и воедно полн со изненадување, натаму ќе можеме слободно да дишеме за личностите за кои во моментов ни е тешко
дечки значи нова сум овдека незнам ни дали е правото место за пишување ама вака сега...имав 8 годишна врска и пред месец дена раскинавме со дечкоми.Значи неможам од кревет да станам плачам секој ден го мислам само наши слики гледам и ред др работи...го побарав ама не одговара на повик,му изнапишав многу пораки ама ништо не врати(што и знаев дека така ке биде).Ве молам дајте ми некој совет незнам на кај да фатам ептен сум за никаде
Пробај да се смириш. Осум години не се малку. Знам дека е тешко, но ќе помине. А која е причината за раскинувањето? Остави го. Немој да го бараш и да му пишуваш. Ако тој сака да биде повторно со тебе ќе те побара. Секој совет би бил залуден. Времето ќе излечи се.
Жал ми е за разделбата,ама нели секое лошо за некое добро е Предолга врска,за фатален крај.Најпрвин соочи се со тоа,дека е крај!Така полесно ќе ја прифатеш реалноста,и ќе продолжеш напред. И сама си свесна дека не одговара на повици.Ти си се обидела да сменеш нешто,за подоцна да немаш грижа на совест дека не си пробала,но залудно е. Колку и да те советуваме,тежината само ти ја чувствуваш. Гледам на профилот,24 години си.Тоа значи од 16 години сте заедно? Грешка е тоа,сериозна врска подоцна,тогаш се најубавите години,и дека немаш поминато низ вакво љубовно разочарување,не може да го прифатиш и да се соочиш со него. Исплачи се добро...и сега крени ја главата избриши ги солзите,и излези со другарките на кафе,шопинг,чијат книга.Можеби ти звучи како клише,ама и те како помага.Не го барај веќе,не му пишувај,не ги разгледувај заедничките слики,не мисли на моментите... И стварај си секојдневно обврски,за да не мислеш на него.Волонтирај некаде,вежбај. Не дозволувај да западнеш во депресија.
Zdravo.Mi treba vasa pomoso devojkami se skaravme pred okolu 2 meseci.ostanavme vo kontakt iako toa taa bas i ne go sakase jas insistirav.pred dve nedeli povtorno se potsmirivme no pred dva dena mi kaza deka ne me saka poveke.Raskinavme poradi edna moja glupa greska.No pred dva dena mi kaza deka ne me saka poveke,mnogu tesko mi padna toa bidejki se nadevav deka ke se sblizi povtorno so mene no eve...Jas ja sakam najveke od se taa mi znaci se cel zivot..Mi rece deka moze da bideme prijateli moze da se slusame na telefon no kako prijateli i ne sekoj den.Mnogu mi fali i mn mi e tesko bez nea no i rekov deka ke go pocituvam toa sto go kazala.Padnav pod depresija oslabev ne sum raspolozen..Sakam povtorno da go pridobijam nejzinoto srce no neznam kako da go storam toa ..Imam seuste nadez deka mozam da gopridobijam nejzinoto srce no neznam kako..I ne sakam da otide so drug sakam da go storam toa pobrzo bidejki mn ja sakam i koga pomislam deka moze da otide so drug mi se krsi srceto ...Pomognete mi ve molam ..!
Сакаш да направиш да те мрази? Доволно турболенции сте минале, остани и во сеќавање по добро. Не ја малтретирај со „врати ми се“ клише реченици. Работите се веќе направени, нема назад. Болка е нанесена, а извини не е решение. Љубов, како дошла така и ќе си отиде. Се е пролазно. Не блаботам зашто не сум осетила. Кога не оди нешто, не оди. Убавина силум не бидува.
Тебе кој дел од 'не те сакам повеќе' не ти е јасен? Не те сака,кратко и јасно.Како ќе ја придобиеш?Љубовта не е нешто што се руши и гради одново и одново со една личност.Не комплицирај.Нема љубов.Всушност има љубов,но еднострана е. Биди благодарен што девојката ти кажала дека не те сака,одшто да те влечка со изговори.
Da..imate pravo no jas seuste imam nadez deka mozam da ja imam povtorno ...nemozam bez nea veruvajte ke umram...i mislam deka ako odredeno vreme ne otide so nikoj bi mozel povtorno da bidam so nea..
нема да умреш, никој не умрел од скршено срце ќе биде тоа долг процес на заздравување на раната која ја имаш во срцето, али за тоа да си го дозволиш треба да не си создаваш толку голема надеж за да биде дел од твојот живот оти да бидеме реални со сила убавина небидува. има толку убави и добри девојќи на овај свет која ќе ти подари неизмерна љубов....знам ќе кажеш но тоа не е таа.....затоа времето е најдобриот лек за се....ќе има денови кога ќе плачеш и ке ти биде тешко али ниту една тага на светот не останува иста како првиот ден, да беше така досега сите ке умревме од болка никој не е толку вреден да умреш поради него, поготово девојка која во очи ти рекла дека не те сака, таа тебе не те заслужува, не тагувај по неа, сврти го другиот лист на животот и ќе видиш како е убаво да те грее сонцето на таа страна
Искрено подобро да умрам и да ме нема ако ми е вака отколкуу да ми е тешкооо некоголку саати како е крај а мене веке ми е тешко... (поради сите караници посакав крај го добив и сега? сега ми е тешкоооооо)
Toa e ... на сите некој ни недостига но се се случува со причина па можеби сме на тест во животот да станеме посилни и поиздржливи... и џабе пишувам дрн дрн кога знам како е кога некој ни недостига...
Како да издржам? Како ќе издржам сега сама?! секој ден ми е се потешко и потешко... и не можам повеќе.. ама после тие зборови, немам ни сила да му се јавам! не знам како да продолжам
мила повеќе излегувај, дружи се, верувај со текот на времето ќе исчезне се, само трпение и пред се да не дозволиш срцето пак да те одведе кај него за да го молиш... чувај си ја гордоста... прави и работи кои ти се интересни и кои секогаш си сакала да ги правиш, доколку имаш некоја желба исполни си ја, мисли и позитивно дека поубаво ти е без него, поднови се, барем тоа секогаш го сакаме ние женските ако ти се плаче исплачи се.... и не заборавај дека времето ги лечи сите рани....