1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко ми е бидејќи ме изневери

Дискусија во 'Разделби' започната од GaBBy-555.21, 5 ноември 2010.

  1. GaBBy-555.21

    GaBBy-555.21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    kOGA SI SO NEKOJ ZAEDNO E LESNO MISLIS DEKA TE SAKA I PREMNOGU SI SREKEN.
    TAKA BESE I SO MENE MI RECE DEKA ME SAKA BEVME ZAEDNO NO NE DOLGO DOJDE I DENOT KOGA ME IZNEVERI I SI JA PRIZNA GRESKATA.
    A TOA SE RAZBIRA DESE NASIOT KRAJ!!!!
    [mod-kirilica:31wjf142][/mod-kirilica:31wjf142]
     
  2. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    KOLKU E TESKO DA TE IZNEVERI.....POMOGNETE

    Па тој не те заслужува . Не вреди за него да тагуваш ;) , Има и подобри не е само тој .Добро е тоа што на почеток си видела дека нешто не е во ред, да беше подоцна ќе ти беше уште потешко. Ти посакувам се најдобро и да го најдеш оној што те заслужува , оној кој нема да те натера да патиш :*
     
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    KOLKU E TESKO DA TE IZNEVERI.....POMOGNETE

    Aко сам ти признал и побарал прошка искрено, можеби и навистина се кае за тоа... Плус тоа значи дека жали и го гризе совеста што се разбира дека е добро. Лошо е ако си дознала од друг, или пак тој молчи а позди грб константно те изневерува... Тогаш би требало да биде крај.
    Јас знам од сопствен пример. Го изневерив бившиот. Ете се случи, незнам ниту јас како.
    Можност да дознае речиси и немаше бидејќи тоа се случи во друга држава...
    Но кога се вратив се чувствував мизерно... Два месеца криев, не кажав никому, го чував тоа во себе но се повеќе и повеќе ме убиваше. Што повеќе тој се трудеше , беше прекрасен, правеше се да ме направи среќна, толку повеќе јас се чувствував бедно поради тоа што го сторив. Дојде ден кога му признав. Му кажав се, и тоа дека искрено жалам заради тоа што се случи. Му кажав дека доколку ме остави ќе го разберам...но никогаш нема да си простам што упропастив толку прекрасна врска...
    Тој ми прости. Тоа ми докажа дека е уште по прекрасен.
    Наместо јас него, тој мене ме тешеше и смируваше додека липав. Од тогаш врската ни стана појака, тој никогаш на тоа не се наврати а јас ниту за миг не помислував да го изневерам.
    Да ме оставеше, ќе изгубевме четири прекрасни години кои нема никогаш да ги заборавам....
     
    На HoneyBun и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    KOLKU E TESKO DA TE IZNEVERI.....POMOGNETE

    Нормално дека е тешко, не те побарал за жена туку истрчал во чаршавот на некоја друга.

    Секој прави грешки,не знаеш што ти носи утре и ти можеби ќе изневериш некој твој партнер колку и да мислиш дека е невозможно тоа,едноставно можеби ќе потпаднеш под влијание на моментот на слабост.Далеку од тоа дека оправдувам неверство,одсекогаш сум за моногамија,но сакам да кажам дека на секој може да му се случи таков испад ако си дозволи самиот нормално.

    Самата треба да си процениш што е најдобро,сепак ти си таа што знае како ви било во врската пред да те изневери,дали заслужува прошка воопшто.Секој заслужува втора шанса само внимавај тоа да не му прерасне во навика,ако се кае искрено и ја сватил својата грешка тогаш покажи му дека и ти можеш да се носиш со сето тоа,разговарај со него и дај му зелено светло во врска со вас двајца ,ама и нагласи му дека тоа е втора и последна шанса и увери го во тоа.

    Можеби многумина од вас ќе ме осудуваат што ја советувам да размисли за опцијата да му прости но сепак таа е таа што на крајот ќе си ја донесе последната одлука,ако вреди дај си уште една шанса ако не ,крај и храбро напред.Се што треба е сама да размислиш дали вреди да поминеш преку ова понижување! Со среќа!
     
  5. GaBBy-555.21

    GaBBy-555.21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0

    Да јас забележав на почеток и тоа навистина е добро но исто така го сакав а и сега неможам да го извадам од срцето и исктерно мислам дека нема машко кое можи да заслужи едно женско.ПОВЕЌЕ КАКО ДА НЕВЕРУВАМ ВО ЉУБОВТА.СЕПАК БЛАГОДАРАМhttp://articulite.com/mathlol/browse.php?u=Oi8vZm9ydW0uZmVtaW5hLm1rL3Bvc3RpbmcucGhwP21vZGU9cXVvdGUmYW1wO2Y9MTQmYW1wO3A9MjQzNjM3&b=63#
     
  6. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    ако ти завршила врската немој да се покајеш, ако мислиш дека он може пак да ти се врати и да ти се извини, тогаш размисли убаво, ако имало еднаш може и вторпат да има, не се знае!

    ти посакувам да најдеш друг дечко што те заслужува!
     
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Ако сметаш дека навистина постои обострана љубов дај му втора и последна шанса.Ќе видеш како ќе се однесува ,секој прави грешки добро е тоа што ти признал и кажал дека се кае.А сега тоа е твое дали ќе му простиш.Ако едно машко ти го скршило срцето нетреба да се разочаруваш од љубовта и да не веруваш дека ќе ја имаш.Во секоја врска кога тогаш има падови и воздигнувања,немој да мислеш дека на другите рози им цветаат.Секој си го зне своето,многу од нас и ја идеализираме врската т.е. не ги гледаме негативностите.