Ќе го повикам @Ketchup во моето сандаче. До Вторник да склопиме вовед. Ете во викенд ќе вртам тема, Вторник оваа сум отворила, па нека е една недела размак за сега меѓу теми со можност за пролонгирање ако се развие поќе дискусија. Понеделник за инфлуенсери ќе збораме.
Саботните избори беа неуспешни пошто бев зафатена, а денес сум уморна за вовед на нова тема. Ама, новата тема е boy mums, имате уште ден-два ако сакате да дополните за розов свет пред да ја заклучам.
Наредно Среда ќе заклучам моменталната тема и отворам нова оти закаснав претходна недела. Ама спремајте се, особено @RainBow & @Ajronmen, Џоки победи ова викенд влечење на наредна тема.
Предлагам две теми: 1. Популаризацијата на wellness и self-care со изобилство на дезинформации за човековото здравје 2. Монетизирање на сѐ и инфлуенсот да се купи секој најнов тренд почнувајќи од свеќи до облека само за да се исполни одредена естетика која е вирална во моментот
Новата тема: Џордан Петерсон херој на инцелите или интелектуалец? - е отворена. Влечење за наредна тема: "Pick me девојки и pick me култура"
Да, една тема е неделно (со можност за продолжвање ако има потреба оти неќиме да угнетиме дискусија), чим завршиме со неа ја заклучвам и на ждрепка бираме нова тема. Блиц теми се. Тука предлагаат теми кои имаат идеи, па од нив влечиме. Јас напрајв хед старт на теми од кои исто така можи да предлагате. Зошто е "тиктокификација" на дебатен клуб, а не само дебатен клуб, е зошто темите се нешто шо се "крчка" и дискутира онлајн. Теми од онлајн светот и како влијаат психо-социјално и културолошки. Исто некои работи кои се случуваат и вон интернет простор, ама интернет простор сега ги нагласува и ескалира. Spoiler Сега е уште рано за ова, ама идеја ми е во иднина кога би имале поќе веќе поминати теми, да одбериме некоја да отклучиме за повторна дискусија. Ама уште сме на почеток со листа на изминати теми.
Новата тема за пик ми девојки и пик ми култура - е отворена. Влечење за наредна тема: @Angie1432 да ми слајдни во ЛП има една недела да ми кажи кои се важните прашања кои ги имаше за: Следна тема ќе ни биди дискусија за "потребата на естетик", односно како влегуваме во тој естетик како тренд и како инфлуенсерите влијаат на тоа. едит. После муабет со Енџи, реши(вме) да се предај оваа тема и да остани во ротација, а сега да дајме внимание на нешто шо е вистина актуелно и на сегде во моментов - приказната за Џипси Бленчард.
Ќе пишам прво тука предлог теми, утре ќе ги додам опширно во воведот (да не ги заборам оти мрза сум на широко да одам) башка мислам дека никој не гледа шо апдејтирам ако не е и вака пишано: - Џипси Бленчард - IT girls - Патот од популарна до омразена - Тело како тренд - "Извини" видеа.
Предлог Глорифицирање на "секси и харизматични" терористи и пирати како најновиот вирален случај со Рашид Ал Хадад или како што западната популација го нарекува: Timhuti Chalamet бидејќи личи на глумецот. Дали треба да се гледа како скриена пропагандна војна на истокот кон западот или само случајност која предизвикува невина реакција?
Не разбирам како оди бирањето? Може на пример да се ставаат во постови и која ќе добие највеќе лајкови? Па ако не помине во еден круг, во нареден може ваљда пак да се предложи. Иначе ова за self-care изгледа интересна, иако не ми е баш јасна, кој ја предложи и каде да барам? И може да се отвори нова, штом оваа за естетика е неактивна. Уствари и таа не ми е јасна. И таа за Џордан ја пропуштив. Ок сега веќе лупам. Ок, tnx bye. Иначе ја ко да халуцинирав некаде ко беж хом да беше спомната?
То шо ќе се спомни оди во апликација за рандом бирање наслов. Во Петок вртам "колцето" и отворам нова. Ако имаш предлози од претходни теми или скроз нови пиши за да ги клам во листата за идни теми таман утре потенцијално можи ќе е извлечена. Утре пример ќе биди за AI темата отворена и извлечена наредната.
Ау Брајан е одлична тема. Ќе го ставам во ротација скроз го изумив. Шо конкретно за apple vision pro?
На тикток кружат апокалиптични видеа за иднината поврзана со гаџетов, се предвидува дека еден ден сите ќе го носиме и ќе си "живееме во свој свет", полоша ситуација од мобилните currently. https://vm.tiktok.com/ZM6vKFGtq/ Дали е само преувеличување или вистински можен исход?
Некни враќав од на работа и сум пропуштила, ова е предложена тема од @Angie1432 погоре на странава. Тие на сликите се моментални теми кои се спомнале и се во "игра" да се одбрани. На првата страна, трет пост, се предлог потенцијални теми од кои можиш да предложиш некоја (нема смисла од толку теми да се врти ако интересот е нели за само мал дел од нив, зато влечиме од тие кои се предложени низ мислења покасно, а и предложените ги додавам на то мислење се дур не се искористат), или да предложиш нови ако имаш идеја. Пример на сликата од последното влечење сега ќе ги додам и двете предлог теми на @MissChievous, и исто двете ги додадов на третото мислење. Е сега зошто претходната тема се активира ден пред затворање и само се погоди после работа да сум со исушен мозок, му дадов екстра ден ако сака некој да се доискажи. Ама пошто немаше такво нешто, преминваме на новата тема која е отворена сега: AI генерирање на интимни слики И влечење за наредна тема: Нареден викенд ќе збораме за: Влијанието на ментал хелт ток.