Проблемот ми се гледа само во игрите.некое проблемче занемарено како ете тепачкатадовело до играње игри. Колку време игра, од кога игра? Потенцирајте каде и да одлучите да се обратите. Среќно и смирено се се решава.
губењето време на компјутер ствара бегање од реалниот свет. Имав проблем со син ми што веќе почна додека игра да се соживува со играта и да збори да вика да се нервира додека игра како да е во тој свет. Прво треба тука да се пресече. Не треба да се дозволи децата да се изгубат во тој дигитален свет на компјутери и телефони. Потоа да се пристапи кон разговор. Мора да се дознае од каде потекнува тоа да седи дома и да не сака да оди на школо. Не знам кај е носено девојчето ама јас препорачувам да се посети центарот за ментално здравје - младост
@ani23, Премалку информации имаш напишано за да може соодветно да добиеш совети за конкретниот совет, што од друга страна е разбирливо, зошто ако напишеш што точно се случило, некој лесно може да ги препознае засегнатите личности. Што и да е конкретната ситуација, прво би ве насочила како знаете и имеете (те, како знаат и умеат родителите) да откриете зошто не сака да оди на училиште. Бидејќи се спомна тепачка (а сите сме биле тинерџер(к)и и знаеме за што се тепачките на тие години), претпоставувам дечко или оговарање. И да, на тие години делува како да е крај на светот да останеш без друштво и да (мислиш дека) те „мразат“ сите. Сам да седиш на голем одмор? Готово, трагедија. Дали има опција да се префрли во друго училиште, подалеку од тие деца? Ако станува збор за некоја посериозна глупост па да речеме „репутацијата“ да ја следи и во друго школо, дали би било опција да се запише во приватно средно? Не дека нема да се разбере, ама тие училишта се построги и не дозволуваат булинг (барем од тоа што имам разбрано). И секако, обавезно психолог. Голема штета е што кај нас свеста за менталното здравје е толку ниска, демек само луди одат на психолог/психијатар хе хе хе а факт е дека повеќето (ај да не кажам-сите!) во еден момент чукнале на тие врати. Ако те боли рака ќе одиш на ортопед, ќе пиеш апчиња и ќе одиш на физикална. Ама кога те боли душата, ќе си патиш во тишина. Не Како и за секој здравствен проблем, си има доктори за тоа. Само пак ќе кажам, нешто што во цел свет е нормална пракса, кај нас е мета на измејување. И во краен случај, консултирајте се со адвокат, како родителите правно да постапат во ситуацијата ако навистина постои можност да бидат казнети. И за крај, па и да ја повторува години, нека е жива и здрава. Важно е да се реши тоа што ја мачи сега и да се најде применливо решение како да го продолжи образованието понатаму.
@ani23 јас мислам, дека на девојчето му се има случено нешто многу сериозно, кое не сака да го каже. Доколку не можете да извлечете информации од неа, мора да разговарате со нејзините другарки или пак со родителите на другарките на девојчето. Можеби треба и Вие лично да се вклучите. Бегањето со игрите е само бегање од реалноста. А тоа што не сака да се дружи или да оди в училиште, тука мора да има голем проблем, кој ја јаде.
Јас доколку би била на место на родител на вакво дете би се обидела да разговарам прво смирено со детето, да и ја објаснам ситуацијата, дека образованието е најдобрата инвестиција во себе, дека е важно да има образование. Доколку нема ефект, тогаш одам на принцип на забрана, нема игри нема телефон.. Кров над глава има, јадење има, боса не е, гола па ич, тепано и малтретирано па најмалку, за жалење не е, а телефонот ќе го добие кога ќе си ја сфати грешката, исто и игри ќе игра тогаш.. Прво разговор, и да се тргне од уреди, да дојдеме до тоа да ја заинтересира што се случува околу неа.. Јас мислам дека она живее во некој нејзин свет таму поврзан со игрите што ги игра, и си има замислено во главата некој нејзин свет..
Не можеме со сигурност да знаеме каков проблем има девојчето, тоа самата најдобро си го знае, ама по напишаново делува како да поминува низ некој потежок период. Колку што знам од примери во блиска околина и од тоа што имам истражувано и учено на факултет, најчесто ваквото однесување кај тинејџерите е одговор/реакција на доживеана траума. Децата што се вербално и/или физички малтретирани од врсниците, најчесто одбиваат да одат во школо, избегнуваат дружење, се изолираат и од другарчињата и од родителите, губат интерес и го користат интернетот прекумерно. Спомнавте тепачка, така да можно е сѐ ова да е посттрауматска реакција. За тие години, вообичаена е таа бунтовност и непослушност, не ми е чудно тоа што одбивала психотерапија и апчиња зашто сите знаеме колку е ниска свеста за менталното здравје кај нас и општо на Балканов. Доколку одбива, се согласувам со мислењата прво родителите да се посоветуваат со стручно лице, може за почеток да поразговараат и со вработен од школото (наставник, педагог, психолог) зашто можеби они знаат што се дешавало и дали девојчето трпело булинг од соучениците, а она се срами/плаши да им каже на родителите. Знам случки каде што децата поминувале низ пекол, а родителите поима немале за тоа, затоа што се плашеле/срамеле да им кажат. Затоа, предлагам прво да се разговара, па после стручното лице ќе ги упати како да постапуваат понатака. Најбитно е родителите да покажат разбирање и да ѝ бидат поддршка, зашто сите сме биле тинејџери и знаеме колку се осетливи тие години.
1. Разговор смирено со детето, да се види каде е коренот на проблемот. Ако и треба помош, да се објасни дека не е психички болна, но дека веројанто има психолошка траума што предизвикала аверзија кон образованието. 2. Доколку одбива помош, мора да следат дисциплински мерки. Јадење, облека, кров на глава да. Но одземање на телефон, компјутер, нема игри, нема џепарлак за искачање. Ма ако треба и телевизок ќе и ускратам, па кога ќе и здосади да гледа во ѕид, сама ќе побара да чита нешто. 3. Доколку траумата е поради некаков булинг, би побарал да биде сместена во клас каде нема проблематични ученици од тој калибар. За да има барем клас каде ќе се осеќа безбедна. Сигурно ќе помогне ако она веќе знае барем 1-2 другарки од тој клас. Барем една другарка со која ќе може да седи на клупа.
Проблемот не е во неодењето на училиште. Проблемот не е во играњето игри. Проблемот е во непроцесираната трума од нападот. И не разбирам зошто ова и се минимизира. Kids are cruel. Преочигледно е дека девојчето е во survival mode - не е мрзелива, разгалена или бунтовна, туку е анксиозна и ја користи изолацијата за да избегне контакт со други. Сето е измешано со чувството на being overwhelmed и моментална небезбеднoст. Казнувањето, одземањето на уредите и вршењето притисок само ќе придонесе уште толку да се почувствува загрозено. Решението е девојчето да добива конзистентна нежно-професионална поддршка - терапија специјализирана за тинејџерска траума. А не минимизирање на траумата во која таа била нападната, а уште помалку притисок од возрасните што побргу да изгледа нормално и функционално однадвор, за да им биде полесно на нив, не на неа
За жал... Доколку не се реагира и не ѝ се помогне на време, тоа може сериозно да ѝ влијае во понатамошниот живот, самодовербата, сликата за себе и релациите со другите луѓе. Траумите доживеани во детството оставаат многу длабока трага, никогаш не се забораваат. Ама, доколку има поддршка и разбирање од родителите и врсниците, многу полесно се справува со проблемот. Точно, тоа може да предизвика контра ефект. Не е ова добила кец по математика, па ај ќе ѝ го земеме телефонот да ја казниме. Искрено се надевам дека ситуацијата ќе се реши и дека ќе има добар исход.
Да се размотри постои ли можност школување дома? Вонредно полагање на предметите? Ако ништо друго барем во тој образовен поглед да не заостанува зад другите средношколци. Утре, доколку така сака, да може да продолжи и на факултет без да има пречка поради дипломата од средно.
Гледам дека на луѓето им звучи многу страшно психијатар, додека психолог звучи "помеко", па затоа изгледа постои некоја аверзија. Се сложувам со тебе и само ќе додадам дека ова се премалку информации за да било кој на еден форум донесе заклучок. Била носена на психијатар, океј, колку пати, дали воопшто поочнала со примање терапија? Односите во семејството какви се, дали има воопшто некој кому му се доверува, дали се случува нешто друго таму? Позади неодење во школо може да има милион причини, а секој случај си е за себе. Дури и да некој друг имал слично искуство, не значи дека може да се примени ист пристап и дека воопшто се работи за истата причина. Мој совет е најбитно веднаш да се побара друго стручно лице - на клиника во Скоје има детски и адолесцентни психијатри. Ако веќе еднаш прифатила да оди на лекар има шанси пак да прифати, ама мора да има некој кој би седнал со убаво да ја убеди. Тоа е помошта, друго е залудно, а оставањето на семејството да само се справи со нејзинава состојба може да ја влоши ситуацијата.
Жртва на врсничко физичко насилство не сака да оди во школо, па и не сака да се премести во друго оти смета дека нема смисла оти според неа сите луѓе се исти гомна па се социјализира само на интернет? Неверојатно, каков преседан. Па уште и цркви, Демир Хисар и апчиња... А семејството кое наводно се распаѓа поради ова ( ја префрла вината на детето) не е способно да го увиди проблемот, нит па детето нема доверба и сигурност да се довери во нив... Се прашувам зошто. Сите сте за на стручна терапија, и посебно и групно. Прво, најдете си ја грешката у вас, што све ова му се случува на детето и бидете среќни што не ака по улици да се самоуништува.
Читам некои мислења и искрено се чудам… Членката побара мислење за насока кон стручно лице, а не некој овде да и кажува дека детето било преразгалено, да разговараат “темелно” со неа и да одземат телефон/компјутер или да и кажат да биде среќна што има за јадење и кров над глава! Тешко на децата со вакви родители…
Класика Гош. Родителите виновни затоа што не им се доверувала. Каде го прочита ова не знам. Ние сме тие што имаме оскудни информации за проблемот и она што се случува, родителите сигурно имаат многу повеќе информации. На многу од родителите се се врти околу децата и ако некое има ваков сериозен проблем очекувано е ваквото однесување со кавги. Оти гајле им е за детето! Ќе претпоставам дека тоа е затоа што самите ја бараат кривицата во себе и дека стално се преиспитуваат каде згрешиле, што можеле да направат поинаку да не дојде до оваа ситуација и што да прават понатаму. Да не им е гајле ќе ја остават да прави што сака и животот ќе си тече понатаму. Постот ти е полн со осудување, а без совет за решавање на проблемот. П.С. Ниту еден сериозен психолог/ психијатар нема да дијагностицира и решава проблеми без разговор прво со девојчето, а потоа со фамилијата. Толку од мене.
Проблем не е во школото,вонредно се завршува дали сега или понатаму,детето е нефункционално и само ставено во изолација,излегува некогаш со родители и кај роднини по многу молење.Сакат да најдат добар психијатар ,здравјето пред се е на прво место.Последно најдоа психијатар што предложи хоспитализација,за да дадат дијагноза и мислење.Родителите се со поделени мислења за ова.Да психолог звучи онака меко дури и фенси,ама не за ваков проблем,бидејќи стојат во место.Едниот е за,другиот е против,баш од она еј што ќе роднини ,пријатели ако дознаат.Дилемата е тешка .
Ама сега, конфузна си Прво школото е проблем, после не е проблем. Прво има психијатриска дијагноза, дадени лекови за анксиозност, после допрва дијагноза ќе барале. Стојат во место, нормално, оти не можат да се договорат. Јас ти дадов линк до тема погоре и име на психолог/психотерапевт(? ) од кој некој е задоволен. Оти луѓе пробувале да најдат решение за свое дете и не секој им се погодил. Многу, значи многу е битно детето да стекне доверба и да соработува со терапевтот, што и да е, и фенси психотерапевт и нефенси психијатар нека е, ама ништо со сила не бива, освен уште потрауматизирано дете. Не знам што повеќе да кажам