Во случаи на некои психијатриски дијагнози, за жал, нема поинаку освен на сила. Тука се надевам, и не ми звучи дека е таков случај, ама штом веќе има предложено хоспитализација, сигурно има причина за тоа. Ако толку се мислат, нека побараат и второ мислење од друг психијатар. Се надевам поскоро ќе се решат и договорат.
тоа со забраната нема да има ефект напротив ќе предизвика агресија кај девојчето. Недај боже па и хистерично однесување. Имаше еден таков случај во странство баш сегде го пишуваше по интернетов за дете кое ја претепало наставничката поради што таа му го зела плеерот со игри. Разговор со родотел да ама и тоа дали ќе помогне,само ако детето сака да спработува. Исклучиво е потребна стручна совет и помош. Детални прегледи со еег и проценка на ниво на интелегенција. Толки се ложен процес мозокот што дури и најбаналниот проблем на животот делува доста сериозно и така за роднините и пријателите да не речат ништо луѓето ќе си го остават детето да седи дома изолирано и во состојба која секој ден може да се влоши. Значи нека појдат нека видат што е работата па после за третманите и терапијата ќе си одлучат дали ќе бидат согласни или не
Се' додека на родителите им е поважно мислењето на роднините и пријателите отколку здравјето на сопственото дете, ситуацијата нема да се реши. Кога детето има проблем, треба да се обединат родителите и да најдат начин како да му помогнат, а не да бидат еден против друг и да се караат. Си треба добар психијатар тука, за жал, не знам како би помогнала. Ако психијатар предложил хоспитализација за полесно да се даде дијагноза, зошто да не? Исто како за било која болест, така и за ова. Нека побараат и второ мислење, а верувам дека на клиниката за психијатрија во Скопје има солидни психијатри кои не лекуваат само со лекови, туку и со психотерапија. Клучно е да се најде човек во кој детето и родителите ќе имаат доверба. Ама да не се чека и премислува, оти проблемот од ден во ден може да се влошува.
Може и да не е за психијатар, ни за лекови девојчето. Апсолутно поддржувам и терапија, и хоспитализација доколку се има потреба за тоа, но прво да се види од каде потекнува проблемот. Ако е од медицинска природа, да, тоа е насоката на лечење и нема дискусија околу тоа. Ама сепак, баш зошто станува збор за тинерџерка, на возраст кога се е драматично, кога целото постоење е сведено на другарки-друштво-школо- искачање (те, социјален живот), јас би почнала од разговор. Значи, без кавги, без префрлање, без закани, без казни, само би слушала што има детето да каже.
Као да ви објасни човек ама баш тој пристап со "имаш јадење и кров над глава" или "ајде не ги секирај твоите" е она што бетер ја прави ситуацијата. И не знам за тука, ама ова многу родители го користат оти се лупаат во гради дека они знаеле најдобро за детето и после се чудат оти детето пак ќути, без разлика за каков проблем се работи. Оти мислат дека ако му се бутнеш у фаца со агресивен тон, дека некој ќе се опушти да збори, аха тикви. На девојчето му треба стручно лице дефинитивно, по можност некој што ќе сака да дојде дома и да збори насамо со неа. Првиот чекор кога она ќе препознае дека има проблем и дека има некој што ја разбира ќе биде отскочна даска за понатаму. А не гилт трип да не ги секирала нејзините. Веќе рекоа, нешто сериозно се има случено, некоја траума и нема кому да каже.
Мислам сите коментираме врз база на овде изнесени информации. Па после претпоставуваме. Пошто е претходно спомнато дека има психијатар и дијагноза анксиозност, претпоставувам бараат второ мислење, оти првава дијагноза не го решила магично проблемот. Пошто ко ќе ти дијагностицираат скршеница, одма проблемот е магично решен, нели. Детето има развиено зависност од игри на компјутер како бегство од реален живот, како резултат на траума. Не дека повеќето деца немаат од модернава зависност, ама не се истовремено трауматизирани и со прекинати социјални врски со врсници, па функционираат некако. Го испуштиле од раце, со минимизирање на булинг претпоставувам, и сега нова средина во која не се вклопила и проблем. Си бара тоа терапевт,ама нема магично решение, од денес до утре, од една проценка, од еден муабет.
Можно е да е тоа причината, булинг, траума, НО, во повеќето случаи детето би одело на училиште- со отпор, можеби со барање да смени училиште, но би одело сепак. Изолација, цело време игри, подолго не одење, мене ме асоцира дека има и друг фактор..сепак како што кажа, малку знаеме тука, а и уште нешто- не е доволно да се дијагностицира што и да е- треба и да се постапи соодветно.
Со тоа дете да поразговара специјалист ,премногу е тоа за таа возраст,тепачка па уште и притисок за дечко да фати ако разбрав добро.Очигледно е дека детето мисли дека во домот и во свој свет ќе живее побезбедно . Родителите требало прво тоа да го расчистат со неа што и се случило ,а потоа за одење во училиште.
Не е тешка дилемата, туку тежок е менталитетот на родителот што се буни. Сори, ама ситуацијава е многу јасна и штом психијатар рекол така, значи тоа треба и да се направи, не да се чудат уште повеќе што сега. Хоспитализацијата не е да го врзат детето на кревет ко на филм, туку да донесат дијагноза и да обезбедат терапија кај човек што е нефункционален. Ова е исто како да треба да се хоспитализира на било која друга клиника, не е ништо поразлично.
Јас тука гледам сериозен проблем. Дури и да одеше во училиште, ама после да седи дома затворена, без дечко, другарки итн како шо опиша - пак ќе гледав сериозен проблем. Јас бев депресивен тинејџер која избегнуваше луѓе/друштво/другарки/дечко, со игрици и не излегвање од соба. Исто имав одредена траума шо предизвика ова и физички симптоми ради анксиозност и депресија. И јас мораше сама да станам свесна после години, кога телово претрпи штета, дека то е то и да дијагностицираат дека то било то и да се опрам. Сакам да кажам, ако психијатар смета дека треба да прима терапија - веројатно и треба. Имам пиено и јас. И во тој момент беше најдобрата одлука. Покрај то, можи и на психолог да одите, доколку психијатарот кај кој оди не држи психотерапија. Психотерапија ќе ѝ поможи многу, да ги накрени снагите кои ги има, да се ујача. Пошто читам дека не сака да оди, можи прво да одат родителите нејзини кај детски психолог или би рекла семеен. Семејниот сам ќе побара сите членови на семејството евентуално да дојдат на терапија и така можи да се залажи да оди групно, заедно со сите. Па ако е спремна и сака ќе можи да се оддели и во индивидуална терапија. Ама во секој случај директно да се консултираат со стручно лице за како да постапат и да почнат процесот. Зошто ова е криза. Не би рекла дека проблемот е дека средното е задолжително. Би рекла проблемот е дека се изолира. Неа не ѝ треба да ѝ кажи некој дека треба да оди на училиште, туку да види зошто неќи да има социјален живот. Шо се случва на училиште и со другите деца? То е то шо мене ме интересира во случајов.
Ти благодарам најмногу од срце,затоа и пишав,инаку по природа и без ова е интроверт,и можам слободно да кажам дека баш мрзи школо,уште од основно оброзование,1,2,3, .Тука не помагнало ни казни ,она да нема интернет и друго ,не реагира на ништо такво.Предложија хоспитализација,колу и да звучи грубо ,се уште е ТАБУ,да имаш ментална болест ,се додека си фунционален некако ,не приметува никој,има и депресии што делумно се фунционални ова,не е така.Она сама одбива и вика ништо не ми е здрава сум,,негира на секој можен начин.Ама кога се работи за живот,мислам нема тука срам.
Значи има причина зошто детето одбивало да оди во школо уште од мало, можеби има проблеми со учење, можеби со друштво, значи некоја причина постои. Сосема е возможно да ова што се случува сега кулминација на неадресиран проблем од претходно. Родителите да си ја остават стигмата на страна ако сакаат детето да им се подобри. Што е побитно, здравјето или бесмислената осуда од околината?
Единствен грев на девојчето е што има кукавици родители кои не застанале зад неа кога требало да им го сменат личниот опис на родителите чии деца ја малтретирале. Со можност 8 месеца да јадат преку цевчиња на интензивно. Наместо да ја водат по бајачки и такви глупости. Девојчето е малтретирано и омаловажувано подолг период од своите соученици или врсници. Изгубило секаков вид на самодоверба и желба за живот. Нема таа никакви ментални болести или било што. Има само кукавици родители. Колку само мразам такви родители и луѓе што се прават слепи ( или аминуваат) кога нивни деца тероризаат пола клас у школо. Уште пак сега заштитени со триста закони дека никој не смее да ги чепне или избрка од школо. Треба нејзините родители да соберат јајца и да отидат во школо да разговараат со директор и да видат кои деца ја малтретирале и зошто нивните родители дозволиле да малтретираат туѓи деца по школи. И целиот процес да се тера на суд.