Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Првата тема беше избришана и заклучена заради прекршувања на основни начела на форумот,па еве една нова каде ќе можеме да дискутираме по конкретната тема на начин на кој што треба.

    Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка сместена веднаш под Адамовото јаболко, во неа се создаваат хормони кои влијаат на целокупниот метаболизам во телото како и енергетските процеси во организамот. Болестите на тироидета се меѓу најчестите здравствени проблеми на населението, посебно во некои делови на Република Македонија а и воопшто на просторите на Балканот, но бидејќи симптомите се развиваат бавно и постепено, честопати касно се откриваат.

    Три најчести пореметувања на тироидната жлезда се:
    Намалена функција на жлездата (хипотироидизам), зголемена функција на жлездата (хипертироидизам) и присуство на тироидни јазли.


    НАМАЛЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА (ХИПОТИРОИДИЗАМ)
    Најчести симптоми на хипотироидизам се:
    • замор или губиток на енергија
    • дебелеење
    • неподнесување на студ
    • сува кожа
    • обилни менструални одливи кај жените
    • запек
    • психичка успореност

    ЗГОЛЕМЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА (ХИПЕРТИРОИДИЗАМ)
    Најчести симптоми се:
    • нервоза, психичка напнатост, тресење на телото, страв, раздразливост
    • забрзана работа на срцето (тахикардија)
    • чувство нa топлина, препотување
    • слабеење
    • замор, чувство на исцрпеност
    • чести столици
    • кратки и оскудни менструални одливи кај жените
    • кај некои пациенти очите се испакнати со застрашувачки изглед

    ТИРОИДНИ ЈАЗЛИ
    Тироидните јазли( нодуси) се среќаваат често и вообичаено се безопасни, но сепак околу 4% од јазлите може да бидат и канцерозни, така што може да биде потребно и понатамошно испитување -тенкоиглена аспирациона биопсија- кратка и едноставна процедура која трае неколку минути. Доколку резулататите од биопсијата не покажат постоење на малигни клетки тогаш е неопходно само следење на јазолот во спортивно индициран е хируршки третман.


    Јас имам намалена функција на тироидата која ми се појави уште на 17 години заради преголем стрес.Сега веќе догло време сум на терапија со еутирокс од 50мг. кој веројатно ќе треба да се зголеми уште за 50мг.

    Ме интересира дали има членки на форумот што имаат сличен проблем?!Ако има,како живеете со овој проблем кој се носи низ цел живот,дали применувате одреден начин на исхрана?!

    Главен проблем што ме загрижува е бременоста и носење на детето,како влијае на него,дали има некој со такво искуство?!

    Дали со примена на терапијата подоцна лесно ги тргнавте килограмите ако сте имале намалена функција ?! И дали воопшто животот ви продолжи понатака во ист тек пред појава на проблемот?!

    Мене лично не,тешко ми оди во симнувањето на килограмите,сеуште имам срцебиења,чести напади на умор и пресува кожа и коса...отоци по лицето и деконцетрација,речиси сите од симптомите и покрај тоа што веќе долго време со мојот ендокринолог се трудиме да ја усогласиме терапијата според потребите затоа што во различни периоди различно реагирам на количината....Макотрпен проблем.
     
    На Tete Capdevila, tvinkl, Menasss и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    101
    ги имам истите симптоми но страв ми е да одам на лекар да направам испитувња :oops:
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Не е ништо страшно! :)
    Само би ти препорачала некоја приватна ординација затоа што на клиника е страшна гужва,а и непотребно ќе те малтретираат со денови.
    Ќе ти направат ехо во ординацијата и ќе утврдат дали имаш проблем,ако не дај боже имаш,ќе ти дадат упат за некоја лабараторија затоа што ретко која приватна ординација поседува своја баш за оваа намена затоа што реагенсите им се прескапи.Ќе одиш да ја испиташ количината на хормонит се пе Т3 и Т4 и според нивните вредности ќе ти биде дадена терапија.Е сега малку мачно затоа што на неколку месеци бара проверување на хормоните,ама тоа е тоа.
    Не се плаши,подобро оди затоа што покасно е многу потешко,многу лошо влијае врз функцијата на срцето.
     
  4. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ne e nisto strasno.Jas pijam eutirox 100 mg vece 2god.(hipotireoza) Mora da odite na endokrinolog.Jas odam na privaten tamu e poednostavno i brgu se se zavrsi inaku vo drzavnata e premnogu guzva.
    Ne sun zdebelena, srceto mi e vo red imam samo nekoe cuvstvo na strav(anksiozna sum) no ne e dokazano deka e od zlezdata.
    Pozdrav i ne plasete se voopsto, samo odete redovno na kontrola.
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    89
    Имам 20год, а веќе 7год пијам Eutyrox. Не е ништо страшно, подобро е да се открие на време отколку покасно. Само мачно е што процесот на лечење на било која болест на тироидната жлезда е многу долг. Јас ја пијам терапијата редовно 7год а сепак резултатите ми се со минимална разлика. Не се плаши слободно оди, зошто ова не е ништо страшно.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    :o
    Од 13 години го имаш проблемов?! :worried:hock:
    Срце малечко....
    Нема процес на лечење,цел живот е проблемот.
     
  7. Olence

    Olence Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    хипотиродизам го открив 5 години наназад ,секое утро по една таблетка еуротирокс од 75мг и се е ок...на котрола одам во ендоринологија.нема претерани турканици ..се закажува и со бројче се знае редот....контрола на секои 6 месеци...со години наназад 10тина постојано бев на диета...држев диета на која сите драстично симнуваа кг ...ве :) :) :) жбам на орбитрек и одам на јога,физички сум активна...а вагата покажуваше леллее :o многу килограми ...си реков немам среќа таков ми е организмот ,слаб метаболизам и од лековите ми е(имам и друга хронична болест)...и пред 5 години почна косата премногу да ми паѓа,килажа вауууу 80кг и кусур и лекарката под итно ме прати на ендокринологија,резултатите си покажаа на ивица,минимални...ми кажаа дека сум имала среќа,ако не сум дошла за некој ден сум можела да паднам во кома,но фала му на бога тоа не се случи..скоро две години требаше да се регулира нивото на фт4 и тсх и сега е се ок ,само шти ми е тешко со килограмите никако не одат надоле ;( ве советувам и најмал проблем ако приметите од наведените одете на проверка ,се проверува со крна анализа ...поздрав и без гајле посе се ке си биде ок
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Јас се ставив на рестриктивна диета во која за една недела се симнуваат 5 килограми и рака на срце тамам симнав.Имам вишок 10 те имав,сега имам 5,ама поентата е што тежината ми е во рамките на нормалното,но лошо ми се распоредени килограмите.Вежбам активно 2 месеци на орбитрек и не симнав ниту килограм,а се стегнав и изгледав послабо,но има еден проблем кој што се јавувам со тироидата,склоноста на целулит многу повеќе него ли кај останатите.
    Сега секое утро обавезно појадувам по две овошки или чинивче мусли и некако ми прејде во навика и подоцна во текот на денот помалку ми се јаде.Си направив тест од три дена и сфатив дека е во тоа цаката,наутро ако не јадам попладне јадам како ненормална,па се до 00 часот и тоа незапирлив глад.
    Што е важно како се манифестира физички,важно е другото да биде во ред,нели?! :D
     
  9. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    89
    Па функцијата на Eytirox-от е да го регулира тироксинот и тријодтиронинот, па затоа процесот на лечење е долг... Тоа веќе ми е преминато во навика и веќе не го ни ставам во група на болести туку во секојдневие :)
     
    На love-love му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    101
    lilit, dietata e obicna za oslabnuvanje ili nekoja specijalna povrzana so tiroidata
    p.s. koja hrana pomaga pri hipo?
     
  11. marin4e

    marin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    9
    I jas imam problem , so hipo, veke 6 godini pijam Eutirox , pocnav so 50mg a eve sega stignav do 125mg.Do kade ke se tera pojma nemam.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Диетата е обична,само избегнувам продукти кои содржат железо,цинк и слично,но сепак мора во извесни колични ради нормална функција на организмот,инаку треба да се избегнуваат ради еутироксот,потешко се апсорбира инаку.
    Во секој случај,се трудам избалансирано да јадам,не јадам многу месо,а од тоа што го јадам е само риба или пилешко и тоа не саламурено,избегнувам сирење и кашкавал,а јогурт и млеко пијам со помала масленост и така...
     
  13. bibikim

    bibikim Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Jas imam problem so tiroidnata zlezda veke 5 godini. Sega imam 24 godini, i redovno pijam Eutirox 25. Imam hipotiroiditis t.e. potocno Hasimoto tiroiditet. Go smetaat za avtoimuno zaboluvanje,pri koe antitelata koi treba da ja stitat tiroidnata zlezda go napagaat sopstvenoto tkivo. Na eho snimkite zledata mi izgleda kako sunger...celata e so dupcinja kako izedena od molci... Toa znaci deka atrofira t.e. deka se sushi. A osven sto se sushi i mi otekuva od vreme na vreme i pritoa imam bolki i oteznato goltanje.Se zdebeliv 15 kila no poleka se vrakam vo normala. Tahikardija imam strasna, okolu 120 pa ponekogas i 150 otcukuvanja vo minuta. Zamor custvuvam, posebno pri napor ili odenje, a najmnogu osekam gushenje koga ke si legnam navecer.
    Posebno mora da se vnimava na vremeto na pienje na lekot. Toa mora da e nasabajle odma posle budenjeto, i najmalku pola saat da ne se jade nisto, a potoa da se doruckuva. I lekot mora da se pie sekoj den vo isto vreme.
    Za bremenost mi kazaa deka lekovite voopsto ne se stetni, duri naprotiv deka go sitat plodot, i deka vo takva situacija ja zgolemuvaat dozata t.e. prepisuvaat dupla doza od taa sto se piela do togas.
    Vo sekoj slucaj bolesta ne e opasna no e mnogu naporna i neprijatna. Mora da bideme uporni i da ja prifatime kako nase sekojdnevie...
     
  14. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    101
    gi imav simptomite za hipo, denovive gi ispitav i se vo granica na normala, me interesira (bidejci dobro se odmoriv denovive) mozno li e sami da se svedat na normala, bez nikakvi lekovi?
     
  15. bibikim

    bibikim Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Би сакала да ми кажеш колку точно ти биле резултатите... Мене од самиот почеток ми беа во границите на нормалата, но ми дадоа лекови да пијам... Хормоните варираат од ден на ден,па дури и во текот на денот може да се сменат по неколку пати... Затоа е неопходно да се пијат лекови за да не настане некој поголем проблем... Мене ме оставија еден месец без лекови на почетокот за да ја следат состојбата каква е без терапија, потоа ми ја дадоа најслабата доза на Еутирокс и нив ги пијам веќе неколку години. Состојбата ми е иста но ми кажаа дека ќе мора да ги пијам цел живот. Мора да почнеш со лекови ако навистина имаш потреба пред се затоа што сме женски и треба да раѓаме деца. Лековите делуваат превентивно во текот на бременоста...Поздрав
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Искрено да ти кажам не знам дали варираат,но еутирокс не се дава за хормони во нормална граница зошто може да предизвика хиперфункција на тироидата.Постои можност да варираат,ама тоа се минимални вредности,претпоставувам затоа што јас во текот на викендот примам за 25мг повисока доза ради тоа што нели помалку сме активни,служи за одмор викендот,но истовремено може да биде и постресен,си има нешто кое што искрено не знам да ти го објаснам! :lol:
    Инаку за во бременост се зголемува дозата за да не дојде до спонтан абортус,перманентно треба да се реагира штом се дознае за бременоста за да не настанат компликации.Не дај боже,имам слушано дека има и случаи кои не знаат за проблемот,успеваат да го износат бебето,но се раѓа со аномалии и помала интелигенција,колку е тоа вистина,не знам,ама верувам на тврдења на лекарите.
     
  17. bibikim

    bibikim Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Taka e LILIT, i mene toa mi go kaza doktorot ( mislam za vo bremenosta ) deka dozata se zgolemuva duplo radi preventiva, a tocno e i toa deka dokolku ne se tretira zenata so lekovi vo tekot na bremenosta deka deteto moze da se rodi so anomalii bidejki stitnata zlezda go regulira fizickiot i psihickiot razvoj kaj deteto, kako i celiot metabolizam.
    Jas prviot pat koga bev na lekar ( vsusnost koga mi otkrija deka imam problem so zlezdata ) hormonite mi bea samo za nijansa nadvor od granicata. Togas mi dadoa Eutiroks 25. Potoa koga odev na kontrola hormonite sekogas mi bea vo granica, no lekarstvata ne mi gi prekinaa. Navodno poradi toa sto dokolku mi gi prekinat mozelo da mi se napravi gusa ( struma ).
    Inaku tocno e deka hormonite variraat vo tekot na denot. Mnogu se osetlivi i na najmal stres, promena na vremeto, bolest, odmor-zamor i slicno. Zatoa treba strogo da se pazime.

    Sakam da te prasam nesto ako znaes da mi pomognes...: Dali moze pokraj lekovite sto gi pieme da se lecime i so nekoi prirodni lekovi,na pr. so onoj univerzalen lek so mladi zeleni orevcinja i med...? Vo mladite orevcinja ima dosta jod pa moze da se koristat kako priroden lek...Bi salkala da znam dali toa ja podobruva situacijata ili moze da napravi uste pogolem problem...? Pozdrav
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Уууу да,да,може!Се што е богато со јод може!Јас пијам едни таблети од алги,од свансон мислам дека беа и да ти кажам право одлично ми влијаат!Имаше период од некои причини не пиев еутирокс,пиев само вакви и колку-толку хормоните ми ги држеа на повисоко ниво.Само посочи му го тоа на докторот кога ќе одиш на преглед за да има во предвид дека не само еутироксот си врши работа.
    Јас имам и малку гуша,ама незначително е,но доволно да ме нервира и да ја чувствувам кога голтам.Мислам не изгледа убаво кога ќе погледнеш над клучната коска веднаш се познава.
     
    На love-love му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    15
    mene mi rekoa da odam da proveram tiroidna zlezda zatoa sto sum mnogu slaba,deteto go nosev na alergolog i tamu doktorkata mi rece da proveram,kako se proveruva?se plasam da odam zatoa sto dosta mi e de cisti de so nokti problemi itn.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Кај ендокринолог,ќе ти направи ехо на тироидата,две мин.работа,а ако види зголемување или некоја промена ќе ти напише упат за во лабараторија (не секоја ги прави овие тестови,ќе ти кажат во која) и ќе ти проверат преку крв.