Форумџика на годината

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Точно е дека се јавуваат јазли на здрава тироида,се оперирав пред 2 недели од тироидната жлезда и имаше една жена која во истиот ден се оперираше иако не пиела никаква терапија и тироксинот и бил цело време ок,баш ми беше и мене чудно и ја прашав зошто се оперира кога сите резултати од крвта и се ок,тогаш ми објасни дека пред една година и се појавиле јазли кои се зголемиле и после една година кога направила биопсија и нашле туморни клетки и поради тоа ја оперираат,MrSasinka пред да отидеш да ја провериш крвта дали ја пиеше терапијата од докторот што ти ја препишал,зашто ако ти дал таблети може од тие таблети да ти се во ред резултатите, јас првпат кога отидов да се проверам мене FT ми беше 40 и со терапија ми се намали ми дојде во нормала,но сепак имав голем јазол и ако ми ја намалеа терапијата одма ми се зголемуваше FT и на крај морав да се оперирам :hai:
     
  2. MrSasinka

    MrSasinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Значи прв пат кога отидов на преглед со анализите на крв на овие два хормона Докторот ми рече дека се во ред,а од друга страна гледајќи ме на Ехо каза дека има неколку јазли и врз основа на нив ми даде терапија да пијам која еве 1 месец како ја пијам.Денеска имам пак заказано преглед во 14.00,со повторно нормални резутати на крв кои вчера ги зедов.Незнам што ќе ми казе овој пат Докторот и це ви пишам после пладне,а ако рече операција значи се е изгубено кај мене,и никогас деца нема да имам :(
     
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.203
    Допаѓања:
    259.858
    Пол:
    Женски
    Зарем по операција со лекови не се регулира нивото на хормони во крвта? Зошто да неможеш да имаш деца? :^)
     
  4. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Не е точно дека со операција никогаш деца ќе немаш,напротив со операцијата ти го нормализираат лачењето на хормонот да не треба цел живот апчиња да пиеш,не се секирај ништо не е страшно јас една година се мислев додека да отидам да се оперирам мислејќи којзнае колку е страшно и да не имам некакви болки после тоа,но излезе дека само првиот ден имав мала болка кога голтав како кога грло те боли после тоа ништо,само сега имам проблем со гласот како засипната сум кога зборам,но докторот рече со тек на време ќе ми се пушти,затоа ич не се секирај,посебно не за деца :hai:
    Инаку незнам која е разликата бидејќи читам некои одат на ендокринологија ги праќаат јас одев на патофизиологија незнам која е разликата што едните таму ги пракаат а другите ваму :^)
     
  5. MrSasinka

    MrSasinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    По вчерашната контрола ми намали Докторот лековите во помала доза и контрола после 6 недели,уфф нема да има никаква операција,слушајќи ги лугево околу мене ми влеаја само несигурност во себе,нема да мозеш да имас деца ова она...фала на вашите исцрпни постови вие сте вистински пријатели и искрени,ви посакувам се најубаво.Пзодрав :hai:
     
  6. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127

    Веќе Лилит ти одговорила, јас само да се надополнам дека месец дена пиење на Еутирокс, не значи дека ќе донесе совршени резултати. Значи треба време и истрајност, резултатот сам ќе дојде.

    Поздрав.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.457
    Да ве прашам,можеби знаете...
    По колку време се чувствува ефектот од зголемената доза на еутирокс?!
    Јас еве на пример,од денес ќе го зимам за четвртинка повеќе од до сега,значи 75мг и една половинка.
    Може имате некоја информација,јас не можам да најдам такво инфо,а докторката ќе си ја видам за месец дена,глупаво е да ја прашувам тоа по телефон,а рака на срце важно ми е.Затоа што деновиве отежнато голтам,концентрација на нула,а за другите работи и да не коментирам,значи важно ми е чудово да ме оправи брзо! :@
     
  8. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127

    Кај мене почнува ефектот после две недели, а после четири недели веќе има значително подобрување. Си доаѓам на место. Сепак тоа е индивидуално, кај тебе може порано да биде.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.457
    Така и си мислев.Како и да е,денес го лапнав и другото четвртинче,се чувствуваат мали промени.Ако ништо друго посконцентрирана сум и цревава ми проработеа малку од малку!

    Аман веќе...
     
  10. MrSasinka

    MrSasinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1

    Нова јас пијам Propiltouracil не тие другите,затоа што имам Хипертироидна зледза и ова кај мене се лечи полсе една година и пол со редовно зиманје на терапијата така ми каза Докторот,тоа е точно дека треба време и истрајност се слозувам со тебе.Поздрав.
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.777
    Допаѓања:
    116.922
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Кај мене мајка ми има хипо тироидеа веќе подолги години. Јас на секои 4 месеци правам контроли на крвта и хормоните затоа что велат дека е наследно ( хормоните се во нормала), а и имав некои стресови скоро време. Сега сакам да одам на ендокринолог за да ја прегледам на ехо жлездата.

    Дали може да ми препорачате добра приватна ординација ( без разлика дали работи со плави картони или не).

    Поздрав,
     
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.203
    Допаѓања:
    259.858
    Пол:
    Женски
    Ендомед-Скопје (02) 3122 484
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.777
    Допаѓања:
    116.922
    Пол:
    Женски
    Во ЕНДОМЕД имаат и ехо и лабарторија?? Да не ме шетаат по клиники за хормоните!
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.203
    Допаѓања:
    259.858
    Пол:
    Женски
    Е Нена ехо имаат а јас хормони проверувам во Јане Сандански немаат лабораторија ама имаат многу фина докторка.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.777
    Допаѓања:
    116.922
    Пол:
    Женски
    Благодарам но сепак јас би сакала на едно место да биде и тоа и тоа. Проблем ми е излегување од работа па не можам да губам многу време :(
     
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам од тебе дека е наследно. И мајка ми има едно 20 год. па јас фала богу немам ништо, а и не сум се проверила.
     
  17. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Да и јас знам дека често пати е наследно.Инаку според мене кај Др Каранфилски би препорачала за приватен преглед
     
  18. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127

    Кога се вели наследно, се мисли дека голем фактор е генетиката. За секоја болест да се активира со помош на гените, постојат и многу други предиспозиции. Кај мене имаше многу други фактори, но ете и тетка ми пати од истата болест.

    Значи збир на повеќе фактори е секоја една болест. Затоа нема потреба да му ја мислиш. :)
     
  19. dita982

    dita982 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите кои пишат на оваа тема.Мене ме интересира дали има некој со искуство околу намалување на телесната тежина,бидејќи јас имам хипертиреоидизам односно зголемено лачење на хормоните.Веке 6 месеци сум со терапија тиамазол и почнав да се поправам.Со самата терапија ми се намалија хормоните ама допрва ми кажаа дека ке се здебелувам.Ве молам кој има некоја ефикасна диета во ваков случај нека ми пише.
    Поздрав
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Др. Каранфилски е најдобар доктор , и јас имам одено кај него на прегледи,т.е. тој откри дека ,мојата тироидеа нема фукција, и ми даде кои лекови треба да ги пијам, за да се надомести функцијата.

    Бидејки навистина е професионалец, а скап, секако, се префрлив кај Др. Миладинова на Патофизиологија, таа е ептен супер докторка, и сум повеке од задоволна од неа.