... од самиот почеток што се среќавав при проблематиката со штитната жлезда (конкретно за Хашимото) е дека тоа е автоимуно заболување , природата нас не направи да бидеме здрави и ни подари одбранбен систем - имунолошки систем кои функционира и не држи здрави , но под одредени услови тоа киксира и се пробива нашата најслаба страна како орган и се појавува болеста која како наследна преку ДНК не следи од нашите предци , тука нема што да се превземе тоа е тоа си го носиме генот , но може да се регаира што ни го активира односно кое нешто ни го тргна имунолошкиот одбранбен систем и се активира овој ,,фаличен ген,, и се појави болеста ?? и како второ затоа што се работи за автоимуна болест односно антитела- антиген внимание треба да се даде на цревната пропустливост ...се мисли на преосетливост на глутенот - целијакија- нетолеранцијата на глутен, која е одговорна за автоимуни болести како конкретно и кај Хашимото , така да со остранување од исхрана на сите продукти што содржат глутен има можност на подобрување до излечување на некои со Хашимото синдром т.е. ако глутенот бил единствената причина за цревната пропустливост така да целосна ремисија на антитела би била за некои би рекла 3 до 6 месеци , ако нема нормализирање се оди понатаму ... заборавив да спомнам дека лабораториски резултат која дава повисока вредност на антителата на тиреоидеата т.е.ТРО не значи позитивен наод односно Хашимото има многу причини за тоа покачување , конкретно зборувам за мое искуство кое покачена антитела ме етикетираа веднаш на Хашимото , а тоа може да биде последица од било кое имунолошки одговор на антиген антитела САМО ВИСОКИ ВРЕДНОСТИ зборуваме 100 х повисоко од нормалните и плус докажаување со биопсија на штитната жлезда може да ми речат ДА ! ти имаш Хашимото синдром ....
ете јас имав нормални Т3 Т4 но со ТСХ 8,4 ... денес го имам 4,0 без никаков надворешен хормон Еутирокс , само со промени што ги внесов во секојдневна исхрана и навика за точно 6 месеци со постапно намалување со мерење секој месец.... и биди сигурна дека мора секогаш да правиш контрола ако нормализацијата ти е од вештачкиот хормон тоа ти е од привремен карактер , ако не ја најдеш вистинската причина која ќе делуваш на неа секојдневно и тогаш ќе биде подолгорочен карактер..
otkako sum na Eutiroks, vrednostite na TSH postojano se normalni. Ova zboram ne ednas ili dvapati tuku so godini... Za mene promenite vo ishranata i navikite ne funkcioniraa za podobruvanje na tiroidnata
sekako...bremena sum, osobeno posledniov period site mozni bakterioloski ispituvanja gi imam napraveno
Да не ти ги цитирам сите претходни коментари, само ќе кажам дека апсолутно баш сите како јас да сум ги пишувала, ама баш сите Имам пишувано наназад во форумов ама слично како и ти наидов на скептицизам. Јас успеав TSH да го симнам од 5,9 на 3,1 досега, а анти-ТПО oд 250 нa 90, веројатно потполно на ист начин како и ти. Медицината е моја втора професија така што баш ништо не правам без да увидам дека држи вода. Многу ми е жал што кај нас не наидов на некој ендокринолог кој гледа малку надвор од таа рамка да препише еутирокс и да не се замара повеќе. Ако знаеш некој таков лекар, пиши ми.
ТРО треба да е со висок износ зборуваме за 1000 а не 250 ..ај ма тоа е друга причина , но не Хашимото , а кој ендокринолог има само еден пациент и сето свое внимание нему да му го посвети ? затоа што секој пациент си е приказна за себе.. понатака ќе напишам како присуство на кандида може да биде причина за автоимуна болест Хашимото... пиши и ти свои искуства..ама овде сите да читаме ...
@bijonse Здраво, би сакала совет од тебе, година дена ТСХ ми е околу 2,5 а антителата на почетокот пред скоро 3 години беа околу 35 а другите хормони во граници на нормала. Дали би можела да ги прекинам еутирксот ( 5 дена 75мг, 2 дена 50мг ) ? Фала.
Пак јас дечки Месец дена откако ми ја појачаа дозата Еутирокс 50, ми се намали забрзано срцебиење. Таман се израдував кога последниве 4-5 дена повторно истото и тоа навечер кога ќе легнам да спијам. Не ми чука толку брзо колку што е силно чукањето, мислам од гради ќе ми излезе срцево. Се напив диазепан после саат време несоница и не знам како сум заспала. Се плашам вечер повторно истото ме чека. Незнам на каков друг начин да го смирам тоа, не се плашам толку туку ми смета и не можам да дишам.
Зошто треба anti-TPO износот да е повисок? Нормалните вредности се до 30, така да и ова е осумкратно зголемување.... Колку сака пациенти нека има ендокринологот, сепак треба да направи комплетно испитување и внимателно да земе се во предвид, особено кога станува збор за доживотна терапија. Мене повеќе ми беше муабетот што кај нас е традиционален третманот, исклучиво еутирокс. Во САД и други земји на пример е активна и функционалната медицина, станува збор за класично образувани лекари кои сепак не ги третираат само последиците туку се пред се фокусирани на наоѓање на основната причина за заболувањето и третман на симптомите што ги чувствува пациентот, а не само третман на база на повишен TSH. Би сакала да има опција и за третман со Armour на пример. Имам многу пишувано назад во темата за своите досегашни искуства. Eве во спојлер копирав стар коментар, да не ја полнам темата. Спојлер Немам пиено никаква терапија досега, а tsh oд првобитното 5,9 постојано ми опаѓа, веќе неколку месеци си е во нормала, еве скоро година и пол од првите тестирања. И т3, т4 се во нормала. Мојот режим си го составив сама, на база на информации од интернет.Различно јадам секој ден, основно ми е што тотално исфрлив глутен, значи се што содржи пченица, јачмен, рж. На што и да купам готово гледам во состав да нема некое од тие брашна. Исфрлив и шеќер, засладувам со мед или стевиа. Исфрлив кравјо млеко. Леб и бели печива си правам сама, со мешавина од безглутенски брашна, (хељдино, пченкарно, киноа, амарант итн.). Исфрлив зелка, брокули, карфиол... Обично доручек ми е смути (блендирам авокадо, цвекло или блитва со банана, аронија, капини или друго овошје, јогурт, ѓумбир, чиа и ленено семе, или пак некоја друга комбинација), или кришка леб со путер и јогурт, некогаш си варам хељда или киноа. Ужина овошје или јаткасти плодови. Ручек протеин (месо, риба или јајца) и прилог зеленчук, или готвен грав, грашок, леќа и сл., плус обавезно салата (без леб). Вечера ми е салата, некогаш кашкавал, некогаш си правам пуканки Пијам 2-3 литри течности на ден (вода или чај). Избегнувам било што со адитиви и конзерванси (салами, паштети, всушност кога ќе видиш скоро се во продавница...) Додатоци ми се магнезиум, селен (преку бразилски ореви), цинк, б-комплекс, oмега 3, кокосово масло и ашваганда а плус пијам и фитовал капсули за да ја зацврстам косата и ноктите. Многу се подобрија симптомите. Не сум веќе цело време уморна, омалаксана, со болки по цело тело. Коса, кожа и нокти ми се во многу подобра состојба, немам киселини, гасови и грчеви во стомакот... Ослабев 10 кила за пет месеци без воопшто да бројам калории а крвната слика ми е фантастична. Е тоа е тоа отприлика. Пак ќе кажам, овој режим го составив сама на база на интернет, читав многу медицински истражувања и написи од цел свет, искуства по форуми и сл. Значи не е препорака од доктор. Ќе додадам само дека во континуитет ми се подобруваат резултатите, а симптоми немам веќе одамна. И самата жлезда на ехо изгледа подобро, беше зголемена хетерогена, а сега е гранична хомогена. Официјалната дијагноза ми е Hashimoto thyroiditis, subclinical hypothyroidism.
...може да си смениме мислење , но никако драга моја не смееш да слушаш други најмалку од Нет да прекинеш некоја терапија дадена од лекар , овие наши коментари се со цел да се превземе нешто повеќе да се внимава и да се откријат причинителите на пореметувањето , но не смееш да прекинеш терапија туку така... дури не разбирам зашто пиеш еутирокс ако пред 3 год антитела ТПО ти била 35 а др хормони во номални граници ?? или сакаш да кажеш дека со пиење еутирокс 3 год доби нормализација на истите ?
Здрaвo... Нa еутирoкс сум 2 гoдини пoследни 6 месеци сум нa 100 мг сегa сите вреднoсти ми се oк tsh ми е 2.4 a предхoднo ми беше 9.8 Дaли aкo би oстaнaлa бременa би имaлa прoблеми и дaли тoгaш би ми дaле пaк дa пијaм еутирoкс. Фaлa
Антитела на тироидна пероксидаза (TPO) клучен ензим во формирањето на Т4 и Т3 во тироидната жлезда. Фактори кои придонесуваат за оштетување на тироидната жлезда : -вирусни заболувања , воспалителни процеси , повреда на тироидната жлезда , изложување на радијација , недостаток или вишок на јод TPO антитела се произведени од страна на Б-лимфоцитите, кога тие погрешно ја перцепираат како туѓи протеини и како резултат на тоа ова антитела почнува да влијаат на тироидните клетки за нивно уништување - бројот на клетките кои произведуваат хормони од штитната жлезда ќе се намали толку многу што тие не се доволни за да се обезбеди целосна функционалност на организмот и доаѓа до хипотироидизам, автоимуна болест на тироидната жлезда е една од најчестите автоимуни болести , но антитела на TPO ќе се зголеми во болести како што се: -Автоимун тироидитис (тироидитис Хашимото) -Грејвова болест (дифузна гушавост ) -Постпартална тироидитис но и други автоимуни заболувања : -витилиго, -ревматоиден артритис и ако сме пронашле покачени нивоа на TPO не треба да паничеме и нивото не се контролира често на секој 3-6 месеци....во моментов, не постојат средства кои ќе доведат до намалување на нивото на TPO на нормалните вредности ако тие се зголемени тоа ќе се зголеми во тек на целиот свој живот , зголемена TPO во науката не е точно позната- може да се припише дури на инфекција!! ?? сите клинички искуства односно медицина базирани на докази ги црпиме од цел свет , но за разлика од нашите ендокринолози јас се свртев кон Русија каде барав одговор на многу прашања кој лично бев засегната, одсекогаш ја ценев кинеската и руската медицина ќе ви пренесам оригинални прашања и одговори околу ова проблематика понатака...
На други хормони мислев на ФТ4, Т3, Т4. Уште од почеток овие беа нормални а ТСХ беше околу 4,5. Последнава година тсх ми е околу 2,5 докторката мисли ако го имам истиов тсх уште 1 година и антителата се нормални можеби ќе го прекинам еутироксот. И покрај олку низок тсх неможам да се изборам со вишокот килограми и нередовната менстуација.
... со нормални тироидни хормони Т3 и Т4 ? и со ТСХ - 4,5 ( нормална граница е 4,0 ) докторката ти препишала готов хормон да пиеш? и ќе чека уште една година за да ти го прекине , а ТСХ ти е сега 2,5 ? ... невидена грешка ти имаш апсолутна здрава штитна жлезда , готов хормон еутирокс НИТУ ТОГАШ НИТУ СЕГА НЕ ТРЕБА ДА ВНЕСУВАШ !! искрено да ти кажам под хитно да си одиш кај друг ендокринолог !
Последните анализи ми покажаа Т4 во нормала, ама многу ниско, а Т3 надвор од нормалата. Упорно ми зголемуваат еутирокс, ама јас очигледно не го трансформирам добро т4 во т3. (т3 не ми ни проверуваа, сама си платив приватно го проверив) Искрено смачено ми е. Читам искуства во светот дека има и терапии со т3 и дека луѓето се препородуваат после тоа. Без симптоми се и живеат одлично. Периодов ми се собраа повеќе работи, тироидата ми е зголемена многу, имам милијарда други симптоми кои ги немав претходно. Ми се вришти од мака, не можам да се нормализирам. Да, сум живеела со комплетно сменет животен стил. Убавината трае три месеци и потоа повторно се е по старо. Планирам да се стабилизирам и да платам некаде во Европа преглед каде што се волни да дадат терапија со т3. Ако имате информации и препораки, пишете. Јас секако ќе гуглам.
Баш никоj не препишува т3, воопшто го нема во Македониja? A може ли да се нарача преку интернет? Всушност вероjaтно може така да се нарача или т3 или Armour.
... двата основни хормони на штитна жлезда tiroksin (T4) и trijodtironin (T3) регулирани од хипофизен хормон tireotropin (TSH) , пореметувањето може да биде : - недостиг на ЈОД ? како составен дел на хормоните Т3 и Т4 - состојба на јетрата ? доколку се намали продукција на хормон T3 и T4 хипофиза лачи повеќе хормон TSH за да ја активира повеќе жлездата , како најодговорен хормон со најголемо билошко дејствување е T3 , во јетрата Т4 се претвара во Т3 секое пореметување или промена во јетрата може да има улога во тоа претворање и да делува на намалена количина на Т3 во крвта - влијание од некои лекови ? propranolol, glukokortikoidi , amiodaron - не_тироидни болести ? anorexia nervosa , кардиогени & септички шок во интензивна нега , декомензирана цироза на јетра , рак , тешко оштетување на бубрезите . * Т4 во нормала ама многу ниска ? не постои таков резултат , референтна вредност тој интервал од-до е НОРМАЛНА ВРЕДНОСТ , ама Т3 надвор од нормала ?? се мисли нагоре или надоле ?? која е вредноста? ...инаку лабораториски го испитуваат често само Т4 , базирајќи се на факт дека тие вкупни хормони кои се излачуваат 90% го сочинува Т4 ili tiroksin , а само 10% Т3 или trijodtironin !
Од каде ти е извадено ова? Да допрочитам поише, не друго. Т3 ми е под нормалата. Од 4,2 до 8,1 е, моето е 2,5. Од комплетна крвна слика, не покажува промени на јетрата и од ехото исто така. И ај... сега? Чаре? Те гледа бледо... Баш никој. Немаме ни таков хормон.