Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...пак ќе кажам има примена како суплимент кај бодибилдери , така да не знам колку е паметно онака бе некои искуства да се примени ...
    [​IMG]
    јас би ти препорачала да внимаваш што јадеш ако воопшто нешто Јод внесуваш со исхрана ? или вештачи минимално секој втор ден Јод како таблети ... инаку таман работа да покаже промени на јетра на ехо , ако лабораториски хепатални резултати ти се добри (не си прележала жолтица ) потенцирај само Јод ... јас прошла недела бев да прашам дали водата воопшто се јодира ? ме погледнаа и почнаја да се смеат велејќи дека таа одамна не се јодира , тоа било во екс ЈУ како национална стратегија за вакви појави беше јодирање на водата , јодирање на тестото во пекарска индустрија , денес НИШТО од тоа , водата само ја хлорираат , а во пекарска индустрија користат бром наместо јод како поевтин за стабилизирање на тестото , така да кога ќе се додаде дека и солот никој не гарантира јодираност така озбилно со сертификат ( освен од Алкалоид кој го користам ) морска храна секој ден ама баш не користиме испаѓа дека ЈОД нема во нас освен минимално со исхрана што не е доволно да ни се синтетизираат овие хормони и верувај ова ќе биде засилено уште повеќе на цела женска популација ...
    кликни --->

    [​IMG]
     
    Последна измена: 30 октомври 2016
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.242
    Инаку антителата ми се ниски.
    43,4 и сум по нивна теорија Хашимото (а и треба да се под 60 нели). Не би рекла дека е така. На почетокот во ред, го прифатив како такво, но во себе знам дека не е така. Од причина што нема логика и идиотски е што само нашите доктори викаат дека секоја хипо е Хашимото, а никаде во свет не го третираат така. Само на психиа влијае ненормално многу. Имам многу алергии - мачка (и чувам мачка, имав лоша реакција на почетокот на летото, но сега се смири и пијам антихистамин, љубовта е поголема, но ќе мора да се помирувам полека со фактот дека не може вака на долг рок), житарици, прашина, треви, епител, грини и тоа појавени се во последниве години. Никогаш во животов не сум ги имала претходно.
    Не би да ги зимам овие билдерскиве затоа што консеквенците се големи. А и еве - Warnings:Do not use this product if you are pregnant or nursing a baby. Consult a health care professional if you have heart disease, thyroid disease, diabetes, high blood pressure, psychiatric condition, difficulty in urinating, prostate enlargement, or seizure disorders.
    А што се однесува до јодот, исто така не би на своја рака затоа што кај хипо може да создадат чворови и цисти.
    Водата не се јодира, а солта која ја имаме во Македонија е далеку од јодирана, дури и таа што пишува дека е, нема рок на траење, а тој е битен кога се работи за јодирањето.
    Родени 88-89 се со најголем процент со тироидни болести. Никој не искочил со официјален податок да објасни зошто.

    Сега одбегнувам кафе, гледам дека ми влијае доста. И веднаш има промени, но се случува нешто повеќе со телото и жлездите го осеќам тоа.
     
    Последна измена: 30 октомври 2016
    На agios, bijonse и LollySky им се допаѓа ова.
  3. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    може да се нарача Armour, од Канада. Ако има кој да ви го донесе.
    А за ова на @bijonse не знам... она си има некои извори кои ние не ги знаеме. Сепак, читајќи ги овие работи сфатив дека сите ги имам сретнато во некои текстови странски ама сите се наведуваат како многу ретки причини за лошо функционирање на тироидната жлезда.
    Така што...не знам
     
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Хашимото или не, не е битно, многу побитни се симптомите отколку името на состојбата...
    И јас имам алергии, и пијам цетиризин во тек на цела година. Од стандардниве работи исфрлив глутен, додадов кокосово масло, омега 3, ашваганда, многу природна исхрана итн, и барем кај мене веќе година и пол функционира.
    Ме плаши еутироксот, читајки ги сите искуства кои претежно се баш песимистички. Ако некогаш почнувам терапија, веројатно ќе пробам прво со armour, на бугарски форуми читав дека си нарачуваат преку амазон или ebay и чини околу 15 евра месечно.
    Мислам дека загаденоста не испоразболе. Конкретно за мене, во Скопје сум, воздухот е одвратен, а близу ни е и Косово и Србија каде се бомбардираше со осиромашен ураниум. Храната е преполна со адитиви и пестициди....
    Си пробала ли аутоимун протокол?
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.242
    Jaс пијам никсар, едини без негативни последици врз мене, цела година исто.
    А што се со искуствата со еутирокс кои те плашат?
    И јас сакам армор, ама како ќе го дозираш? Нема како... мора доктор да ти ги дозира. Премногу одговорност ќе навлечеш на себе, а не си стручна, ќе треба да лечиш после друго. Не би си играла така.
    Имам менувано и начин на исхрана, како што кажав, краткотраен е ефектот и по некое време имам сериозен дефицит на витамин К од таквиот начин на исхрана.
    Го имам и автоимуниот протокл поминато (ако збориме за оној со каранфил, пелин и орев), конзумирам омега 3, чага, цинк и селен, кокосово се подразбира веќе. До душа протоколот не го издржав, од одредени причини, ама ... се нема избор. Сега навлеков и други здравствени проблеми за кои немам уште дијагноза, ама и да се лечат потребна е тироидата е добра.
    Абе знаеш како, ако е загадено, загадено е за сите, па немаат сите проблеми со тироидата. Ние сме најслаба карика и имаме друг тригер.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    - Не знам дали знаете дека чвор во штитеста жлезда доколку функцијата на тироидната жледа не е пореметена не преставува БОЛЕСТ ?
     
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Мојата теорија е дека кај секој човек тие стресови удираат на различен орган, кај некој чир на желудник и проблеми со варење, кај некој психички заболувања, кај мене конкретно удриле на тироидна. Не знам, освен неа, организмот ми е во совршена состојба, немам од кај друго да почнам.
    Веројатно не е тој аутоимун протокол. Овој за кој читав јас е наменет за смирување на автоимуните заболувања, односно на воспалителните процеси во организмот, а со тоа и смирување на симптомите. Според таа теорија, луѓето со аутоимуни заболувања имаат т.н. пропустливи црева, односно не се во состојба правилно да ја апсорбираат храната и поради тоа во самиот систем се пропуштаат токсини и со тоа и настануваат аутоимуните воспалителни процеси. Се состои од исфрлање на житарици, млеко и млечни производи, шеќер, јаткасти плодови, семиња, легуми, јајца, некои зеленчуци во период од 6-8 недели. Потоа постепено се додава по нешто во исхраната, и се набљудува на што конкретно реагира организмот. По странски форуми читам дека овој протокол направил потполно да им исчезнат симптомите.
    Накратко имаш на странава https://aiplifestyle.com/what-is-autoimmune-protocol-diet/

    Негативните работи што сум ги читала за еутироксот се баш тие што ги чувствуваш ти за жал, дека кај некои луѓе едноставно не е доволен поради тоа што организмот не може да го конвертира во т3, и со тоа и симптомите се изразени. Исто така замената на хормон ја тера тироидната да атрофира, и со тек на време и ќе престане да функционира.
    Ако почнам Armour, би почнала со најмалата доза, и редовно ќе пратам како се движи TSH, fT4 fT3, па ако треба ќе зголемам доза или ќе го прекинам. Еутироксот не ми бега како крајна опција, но ќе дадам се од себе да го избегнам. Веќе година и пол делуваат овие промени за кои пишував во форумот, ако се вратат симптомите ќе пробам аутоимун протокол, па armour, и ептен ако мора ќе почнам еутирокс.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.242
    Знаеме, но исто така никој не може да го предвиди однесувањето на тој чвор и е темпирана бомба.

    Лолискај, со нешто се согласувам со нешто и не. Ако си спремна да ја преземеш одговорноста на себе за последиците, ок.
    Јас ја имам оваа состојба 10 години, нема нешто што немам прочитано.
    Еутироксот во крајна мера не е ова што јас го чувствувам, туку предизвикува остеопорозта директно од него. А она што јас го живеам, е неговото недејствување кај мене, не е контраиндикација.
    Има и третман за менување на тироидата од клетка, меѓутоа го има во Русија и истиот е препрескап. Се друго не дејствува на долг рок и еднаш оштетена клетка останува таква.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Тоа е, имам многу помал стаж од тебе и може сеуште летам во облаци, не знам.
    Како и да е, се надевам нашиве ендокринолози ке се ангажираат повеке околу увозот и употребата барем на т3, па и armour.
     
  10. flower11

    flower11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Всушност еве хронолошки:
    1. Јануари 2014г - ТСХ 8.7 и ФТ4 12.27 по два дена повторени ТСХ 4.18 аТПО 54.8 со почетна доза 5 дена 25мг еутирокс а потоа 50
    2. Мај ТСХ 3.2 ФТ4 16.8 - 50 мг еутирокс
    3. Ноември ТСХ 3.88 ФТ4 16.2 - 5 дена 50 и два дена 75
    Овие дози беа даени од приватен доктор во Битола врз основа на сите симптоми за хипотироидизам вклучително и многу нередовен циклус.
    Потоа почнав кај др Кети ( во болница Битола )
    4. Април 2015 ТСХ 4.76 - 4 дена 50 и 3 дена 75
    5. Јуни ТСХ 1.8 - иста доза
    6. Ноември ТСХ 5.07 и ФТ4 21.63 - 5 дена 75 и 2 дена 50 мг
    7. Декември ТСХ 1.8 - иста доза
    8. Јануари 2016 ТСХ 2.45 - иста доза
    9. Октомври ТСХ 2.61
    Ти благодарам @bijonse
    Мислев дека ги имам испитано ФТ3, Т3 и Т4, нареден пат секако и нив ако ги има.
     
  11. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... кажи ми барем еден ендокринолог или општ лекар во било која болница во било кој град во МКД кој освен готов хормон да препише или препорача при хипо / хипер тиреоза направил нешто повеќе односно да подолго време се занимава со секој пациент како посебна индивидуа од што настанала таква состојба и да проба нешто во тој правец? Јас пак ќе кажам доколку Т4 и Т3 се во нормални вредности , а ТСХ 8,7 ( а треба до 4,0 ) како што е кај тебе ова состојба се вика СУБКЛИНИЧКА односно не си за терапија со готов лек- хормон односно не си уште,,клинички случај,, и никако не смееш да одиш механички само на готов хормон , затоа што со давање на готов хормон твојата штитна жлезда ќе замре со функцијата и тогаш еутироксот ти е доживотен лек- крај на приказната !!! (тоа делење или помала поголема доза во текот не неделата не значи дека се подобрила функцијата на штитната жлезда туку дека само дозирањето на еутироксот не соодејствува со потребите на твојот организам , секој човек е приказна за себе! ) ... примени го тоа што напишав во предходните коментари...јас сум сигурна дека ќе биде ОК , тргни го тој еутирокс !
     
    На agios и LollySky им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.242
    Не би се согласила со ова.
    Ако само ТСХ е толку треба да оди да се провери хипофизата, но кај нас толку детални испитувања не прават.
    Тироидата е здрава, но далеку е од субклиничко лечење.
     
  13. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ista situacija e i kaj mene. SAMO Tsh e pokaceno, stalno, pa me vodat so dijagnoza hipotireoza. Nema vrska ovaa dijagnoza so T3 i T4, dokolku TSH e pokaceno do volku
     
  14. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... точно дека се лачи од хипофиза ама тоа е само стимулирачки хормон кој е задолжен ,, да ја притиска штитната жлезда ,, за да лачи хормони Т3 и Т4 -- затоа ТСХ не е во нормала за да ги држи во нормална Т3 Т4 и затоа границата се преминува и ТСХ вредност се зголемува ( обратно се намалува кога имаме состојба на хипер состојба на Т3 Т4 повеќе лачење ) , а не дека се има проблем со хипофиза , тоа се други симптоми !
     
  15. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... ги читам сите сајтови околу нодуси , цисти или јазли во штитната жлезда и сите форуми коментари околу тоа и буквално е копи/пасте со мала измена на исти реченици , јас не се сложувам во потенцирање на нивното формирање поради други причини не дека не може , може ! но не на прво место ! ...тоа се само специфични еднострани причини, првенствено при недостаток Т3 и Т4 во крвта се намалува и функцијата на штитна жлезда и клетките се закржлавуваат оти не се тоа за што постојат и се претвораат во т.н.јазли ... е тука ќе речам главна улога има ЈОДОТ , штом нема јод нема нормална Т3 Т4 и создавање на тие јазли и зависно во која фаза ( малку сложено) тие можат да се ревитализираат или се скроз ,,мртви,, и затоа е вистинска уметност да се дозира внес на Јод да се средат тие јазли , најчесто кажуваат дека не смее да се дозира Јод при такви јазли што апсолутно не е точно , НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕДОЗИРА ЈОД за тие јазли тоа е точно , но во минимални дневни потреби и те како треба Јод , ама што е сигурно - сигурно е ! најдобро никаков Јод велат докторите , а посебно за Хашимото , што апсолутно не се сложувам ! ...од каде тогаш примери кај пациенти со јазли потврдени на ехо по извесен период веќе се исчезнати нема наод , а не се под терапија ? ...чудо се случило ? не би рекла...само си го подобриле внесот на јодот !:clap:
     
  16. flower11

    flower11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    За жал нема таков доктор, најлесно им е да препишат терапија. Не го симнав ТСХ од 8.7 на 4.18 со еутироксот туку со проверка на хормоните во различни лабаратории во рок од два дена. Ми дадоа терапија врз основа на тоа што антителата требало да бидат под 35 а моите беа 54 а овде читам требало да бидат под 60. Ќе ги проверам сите хормони ( Т3 и Т4 некој доктор досега не ми рекол да ги проверам туку само ТСХ им е важен ) и ако се добри би требало да го прекинам еутироксот па макар повторно би ја сменала докторката. Фала.
     
    Последна измена: 31 октомври 2016
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... некогаш треба да се биде сам на себе доктор ;)
     
    На agios му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Kaj кој доктор одиш? Веќе кога споделуваме искуства барем и тоа да спомнеме. Јас одам кај Саша Јовановска на Ендокринологија. Нејзин став беше дека под TSH 10 не дава терапија. Е сега, освен еутирокс и таа не е отворена за алтернативни методи, ниту пак дава било какви препораки за исхрана и додатоци.
     
  19. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Имате ли раѓано? Сте останале ли бремени со ТСХ над 2.5?
    Знаете ли дека високиот ТСХ е причина за женски стерилитет? Мене сите доктори со кои се консултирав - и оние од нуклеарна медицина и гинеколози ми рекоа дека со ТСХ повисоко од 2.5 не можам да останам бремена. Така и беше. Додека не го спуштив ТСХ со терапија, имав проблем со забременување. Токму затоа јас сите ги советувам да го одржуваат ТСХ во нормала, затоа што може да настанат проблеми при забременување, а уште полошо и после тоа... спонтан абортус.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Немам раѓано,а не се ни обидувам да забременам, кога ќе дојде време за тоа ќе ги следам препораките од лекарите. Ти благодарам :)