А кои сме ние да ја оценуваме докторската стручност? Се што можеш да направиш е да отидеш кај него, и кај друг и кај трет и да споредиш мислење. Дури и да се поклопуваат 3 мислења, не значи дека сите се во право. Викаш никој не се најде тука да каже: дај да видиме што се случува? Тоа ти е како да преиспитуваш професор по физика дали предава добро и да му речеш: ајде сега ти докажи ми дека знаеш физика? А тој професионалец во областа - ти лаик. Дури и да не си лаик, секако не си во никаква позиција за да го оценуваш неговото знаење. Тоа на факултет го правеле. Некој стекнал доверба во луѓево кои работат по нашите болници и ги примиле како доктори. Тие се тие кои одлучиле да го примаат тој некој извесен доктор и одлучиле дека луѓето треба да имаат доверба во него, па друи и ако тоа значи да пасиш трева ако тој така ти рече. Никогаш не сум се револтирала од докторите. Особено не од приватните болници затоа што таму одиме ПО СВОЈ ИЗБОР. Ако не ти се свиѓаат, ако имаш сомнеж-едноставно не одиш. Толку. Среќни околности се што и во државно здравство можеш да бираш кај кој доктор ќе одиш, ако веќе толку сметаш дека си компетентен да оценуваш нечија стручност.
... и? очекуваш да ти рече нешто поинаку од последен пат што ти рекла? можеш дамо да прашаш само кого го уврстува во Хашимото со кој параметар и колкава вредност ?
Znaete sto ke vi kazam medicinata e nauka sto cel zivot se uci a nasite doktori ne site no golem del od niv toa sto go naucile na studiite im samo toa go znaat
...но мора да сте на самите доктори себе и да не верувате слепо , секоја чест на дипломите на теорија пред 20 години која прашање дали и кои методи и лекови се применуваат од тогаш и прашање како се пристапува на болеста , но ако не се има пракса индивидуално за секој пациент ,туку сам инертно сите пациенти иста болест исти методи и исти лекови...тешка работа ! Не знам колку пати пациенти лутаат со проскрипција на лекови кои дури не се применуваат или не се произведуваат остранети како штетни , а докторите упорно ги препишуваат како да се во тој свет пред 20 години ? ( не зборувам за двајца тројца исклучоци кои и тешко да се каже кој се ) ... јас долго време се прашувам , зашто само кај нас нема по форумите ниеден лекар од ниедна специјалност НИЕДЕН ама баш никаде , да даде барем некои совети како се дава во форуми во цел свет ? зарем сите прашања и одговори се даваат во ординација? зашто овде да нема ,,до_прашување,, ,,до_објаснување,, и дебатирање ?? ..ете баш и со мене со вкрстување на прашања и одговори зашто?_затоа ! Ги читам порталите со медицински авторски текстови иста шема на копи пасте со само широко образложување симптомите на болеста , школски терк ...
Најново од клиниката за Нуклеарна медицина и патофизиологија: јод никако ни за хипотиреоза. Откако почнав да пијам јод+фолат во бременоста, ТСХ е пораснато значително. Ова е мое искуство. Ако некој се консултира со друг специјалист, ве молам да го сподели тоа. Без погодувања, гугл текстови и рекла-казала муабети...
Zavisi za kakva hipotireoza stanuva zbor ima primarna sekundarna i tercierna kaj mene e sekundarna i dozvolen mi e jod
... штом кажуваш дека си пиела Јод фолат јас ти верувам , но не можам со сигурност да кажам дека тој јод се апсорбирал во твојот организам , тоа докажува баш тоа ДЕКА НЕМАШ ВООПШТО ЈОД ВО ТЕБЕ уште поголемо покачено ТСХ дефинитивно ГО ПОТВРДУВА ТОА...а како трудница и те како треба поголема потреба од тој јод ако нормален дневен внес на возрасен човек би било 150 мцг дефинитивно за тебе треба едно макс 250 мцг , а не да не го внесеш воошто ...оф мори мајко ... јас не можам да разберам како може некој да каже дека ТСХ е покачен И ПОРАДИ ТОА не смееш воопшто да се внесеш ЈОД кога покачувањето на ТСХ е баш поради недостаток на јод во твоето тело... тоа е улогата на ТСХ во организмот да СЕ ЗГОЛЕМИ ЛАЧЕЊЕ НА ТСХ АКО НЕМА ДОВОЛНО ЈОД во тело да се синтетизираат тиреохормони , дефинитивно ова ќе да е национален проблем , бог да чува невидена работа ... па што ако немаш во тебе доволен внес на селен ? без селен јодот не се ресорбира ...што ако во тебе има многу хлориди , бромиди , флуориди тие го завеземаат местото на јодот на рецепторот и тој не се ресорбира ти што ако го пиеш јод кога тоа само ќе прошета без да се ресорбира и нормално ТСХ уште повеќе ќе се покачи , а не дека пиеш јод фолат ...леле која грешка се прави !!!
јас после овој преглед каде што разговарав 30 минути со докторката - реткост во јавно здравство, имам целосна доверба. бирам да и верувам. ако тие викаат така-така нека биде. можеби има вистина и во ова што го тврдиш ти, не велам не - не сум стручна. само пренесувам специјалистичко мислење во кое имам доверба... ќе ве апдејтирам за понатамошното лекување...можеби некој ќе има корист од ова.
Добредојов во клубот. Бев на болница... Хипер сум. Бев кај една Снежана мислам во Битола и воопшто не ме бендиса... Ќе одам кај Кети сега. Наводно неа поќе ја бивало. Кажете битолчанки советувајте кој доктор го бива по малце барем... Ми ја виде на ехо жлездата ми била малце зголемена ама ништо страшно. Ми рече ова да го повторам тестот за секој случај оти еднаш штом се почнало со лекарства било до крајот на животот.. Се зачудив колку симптоми биле резултат на проблемите со тироидната.... Можно е долго време да ја имам оваа состојба... Косата Ми се намали во еден месец за една четвртина. Паѓа корни. Се надевам од како ќе се почнат лекарства се враќа косата...... Депресија ме фати.
а да ни кажеше со што вредности ,,те направија хипер,,? ...инаку косата се обновува во текот на годината кај секого различно претежно есен или пролет..тоа не значи дека имаш симптом
...мене ми жал што не ми посвети со мои совети барем два месеци ....и да направиш повторно лабораториско испитување трет месец да ти докажам дека сум во право ...и онака ако продолжуваш вака ќе дојдеш до готов хормон да го внесеш ... посебно ако си бремена дефинитивно уште повеќе јод треба да внесеш во првите три месеци до 150 mcg дневен внес ( и тоа само за потребите на штитна жлезда не и за други процеси во организмот) мене ми е жал што јас немав можност 10 мин да разговарам со твојата докторка да мене ме убеди во тоа што тебе те убеди ... јас и понатаму ќе пишувам овде ... ако не ти е тешко следи ми ги коментарите ...
многу имам читано на темава... и претходно ти пишав дека имам пробано многу, многу алтернативни методи за лекување на проблемот со тироидната. И испитувања имам правено и се... Не е работава дали некој ме убедил или треба да ме убеди, туку тоа што веќе со години слушам многу слични мислења од најмалку 5 специјалисти од оваа област... според нивното мислење и според она што јас лично го доживеав во борбата - без еутирокс и со еутирокс - сфатив дека за мене единствениот лек е токму оваа таблета. не велам дека си грешка некаде, можеби си целосно во право - но не можеш да генерализираш. секој организам е различен, кај мене функционира само еутирокс, кај некого може ќе функционира само мед и ореви или не знам уште што... целта на муабетот ми е дека сепак треба да се почитуваат лекарските мислења и да се споредат со нашето искуство и она што организмот ни го кажува (а ние нели, го слушаме)
Tocno e ova oti tsh se kacuva za vreme na bremenost mojata sestra isto ima hipotireoza i za vreme na bremenostite i ja kacuvaa dozata na eutirox i potoa i ja namaluvaa dozata po poroduvanjeto
Мислам дека не е логиката тоа. Со хипо кога си трудна има опасности кон здравјето на жената и детето( може да испадне со некои синдоми ау). Затоа ја зголемуваат дозата за да се елиминира секаква можност тироидната да забега. Инаку јас имам слично мислење. Алтернативите сметам дека можат да го подобрат квалитетот на животот, но опасностите да не се пие терапија се мн сериозни. Човек може во кома да падне ако не се лечи. Треба да се комбинираат двете работи. Нешто што сметам дека има исто влијанје а не се зборува доволно е дневна рутина. Пиење на апче во ист период, исхранување во одредени периоди, работа исто добро организирана. Да дополнам, се разбира ова е отворена дискусија и добро е да има различни мислења.
Многу се нервирам на тој муабет дека на есен паѓа косата и се обновува. Значи не сум од вчера. Коса имам 22 години и јасно ми е како се обновува и колку е нормално да паѓа. Во рок од еден месец ми падна четвртина од косата и уште активно ми паѓа многу. Имам и други симптоми кои ги имам подолго време но не сум ги поврзала. Минатиот циклус ми каснеше 3 месеци. Имам цисти, тремор за кој бев пред 6 месеци на доктор и ми рекоја магнезиум да пијам, нервоза, вознемиреност, прекумерно потење, и најлошото срцето ми чука напати ко лудо. Утре сум пак на доктор ќе ми кажат официјална дијагноза, ќе правам уште една проверка на хормоните за да се сигурни. Иначе тсх ми е 4.64 и на ехо ми е зголемена жлездата.